Овој напис е поврзан со еден претходен напис за бирократија во организациските системи. Ова писмо беше мој последен обид да организацискиот систем во кој што работев да добие квалитетна база на податоци со што би се зголемила ефикасноста и ефективноста на истата. Но за жал како такво не отиде заради некои непознати или пак познати причини. Целта на овој напис е да се покаже разликата помеѓу претприемничка организација и бирократска организација. Во претприемничка организација проблемите се решаваат со отвореност, а не со затвореност. Доколку искрено не се потенцираат проблемите нема успешно решавање на истите.
Еве какво беше подгтвеното писмо кое не отиде како такво туку цензурирано за следниве реченици:
- Знаејќи дека досегашните Ваши нови верзии на системот беа полоши од претходните неможеме во целост да бидеме уверени во Вашите намери за испорака на квалитетно решение.
- За ваше информирање ефективност претставува да се прават правите работи, додека ефикасноста работите да се прават на прав начин. Во вашиот случај вие не испорачувате ниту ефективност ниту ефикасност, а се трудите само да не убедите дека Вашето решение е она што е најдоброто за Вас, притоа заборавајќи за функционалните потреби на нашиот организациски систем.
- Едно Ваше решение при секое снимање не враќа назад од почеток. Ова претставува губење на непотребно време. Уште по втората Светска војна јапонците воведуваат една техника наречена 7W за исфрлање на се онаа што претставува ѓубре (waste) и непотребно во организацискиот систем а со што организацискиот систем ќе се направи да биде поефикасен и поефективен. (За 7W зборувавме во делот за методи и техники користени од KAIZEN)
- Секој нов систем особено IT систем треба да се прилагоди на функционалните потреби на организацискиот систем кој ќе го користи, а не организацискиот систем да ги прилагодува своите функции на IT системот. Ова е основното правило доколку сакаме успешен проект.
Ова беше само дел од тоа фамозно писмо кое е скратено за една вистина. Но, добро тоа е карактерисиката на бирократските организациски системи, кои доколку не се финансираат од граѓаните нема ни да постојат – ќе пропаднат.
Speak Your Mind