Дали сте ја анализирале вашата продуктивност како еден претприемач во вашата канцеларија?
Дали ви се случило да заглавите на состанок неколку часа со вашиот тим во вашата канцеларија? Дали ви се случило да губите време да најдете нешто? Дали ви се случило додека работите на некој проект едноставно да ви заѕвони телефонот, да добиете порака на мобилен, или преку eпошта или пак преку Skype, социјални медиуми и други алатки за комуникации? Дали ви се случило да влезе некој од вашиот тим и да ве прекине во работата?
Канцеларија и работна маса на еден претприемач (и не само на еден претприемач) прикажува слика на хаос во кој само лицето кое го менаџира може да се снаоѓа. Но, снаодливоста понекогаш не е лесна. Се губи време, се бара нешто премногу време, се појавуваат стресни ситуации… Сето тоа доведува до продолжување на работното време, намалување на квалитетот на извршената работа и зголе,мување на севкупното незадоволство.
Прашањето е како да бидете попродуктивни кога работите во сопствениот хаос на вашата канцеларија.
Што еден претприемач работи во канцеларија?
- Работи на проекти.
- Одржува состаноци со својот тим, купувачи или потенцијални купувачи.
- Развива планови.
- Вклучен е во постојана електронска комуникација.
- Делегира задачи…
Подолу се презентирани 10 чекори кои може да ве водат низ процесот на обезбедување вашата канцеларија да биде попродуктивно работно место за вас.
1. Што работите во вашата канцеларија?
Започнете со забележување на онаа што го работите во канцеларијата. Едноставно направете листа на активности кои ги изведувате.
2. Анализирајте ги сите тие активности
Во вториот чекор анализирајте ги активностите. Ова значи едноставно да ги означите на важни и неважни. На потребни и непотребни.
3. Можете ли нешто да исфрлите
Сега отфрлете се што не е важно и се што не е потребно, така што ќе остане листа со важни и потребни активности.
4. Определете го саканиот резултат на тие активности
За секоја активност на листата што ви остана пределете го саканиот резултат. Што сакате да постигнете со таа активност?
5. Приоритизирајте
Во овој чекор приоритизирајте ги активностите, односно подредете ги по приоритетот што секоја активност го има.
6. Оптимизирајте ги комуникациските активности
Сега можете да започнете со оптимизирање. Првин комуникациските активности кои согласно повеќето истражувања заземаат дури и една третина од вашето време во канцеларија.
7. Ограничете го времетраењето на состаноците
Состаноците може да имаат важна улога во вашата секојдневна работа, но може и да претставуваат извор на намалување на продуктивноста.
Ограничување на времетраењето може драстично да ја зголеми вашата продуктивност.
8. Користете агенда за секој состанок
Агенда за состаноци претставува алатка која обезбедува состанокот да се одвива во вистинската насока. Мора да ги користите.
9. Кога работите на важни работи елиминирајте ги сите прекини
Направете вашата канцеларија во време кога работите на важни работи да биде изолирана од сите можни прекини кои може да ви се случат. Врз основа на времето во кое работите на тие важни работи осигурајте се дека вашата канцеларија може да се изолира.
10. Постојано анализирајте и подобрувајте го самиот процес на работа во канцеларија
И секако принципот на постојано подобрување. Од прва, нема да ги постигнете посакуваните резултати за нивото на продуктивноста. Но, постојана анализа и подобрување ќе ве доведе до тие резултати
Во зависност од видот на бизнисот и времето кое го поминувате во вашата канцеларија ќе зависи и влијанието на канцелариската работа врз вашиот бизнис. Обидете се да бидете колку што можете попродуктивни.
Доколку сакате да прочитате повеќе за темава тука ќе најдете повеќе наслови за продуктивност.
Speak Your Mind