post

10 Начини за привлекување на внимание

Започнуваш нов бизнис и потребно ти е внимание за да имаш успешно започнување.

Се подготвуваш да лансираш нов производ или услуга на пазарот и повторно ти е потребно внимание за да имаш успешно лансирање.

Па, и за нормално секојдневно функционирање на твојот бизнис, повторно вниманието е клучен елемент за успешноста на бизнисот.

Се чини дека живееме во ерата на внимание. Поголемо внимание поголема бизнис потенцијална енергија за секој проект кој ти како претприемач ќе го преземеш и обратно, помало внимание помала веројатност за успех на тој проект.

Иако постојат многу начини за привлекување на внимание, сепак тоа е процес кој бара макотрпна работа од страна на сите бизнис членови. И она што во овој пост го опфаќаме не е нешто конечно и не гарантира успех, но барем ќе те доближи до саканата цел.

Ти се бориш за вниманието на твоите потенцијални купувачи. Твоите конкуренти исто така се обидуваат да им го привлечат вниманието. Трети бизниси се обидуваат да им го привлечат вниманието за нивните производи или услуги кои немаат врска со твоите. Околината се обидува на секаков можен начин да им го привлече вниманието.

Се наоѓаш во еден океан каде сите се обидуваат да привлечат внимание на секого.

Привлекување на внимание

Привлекување на внимание

#1 Мора да имаш нешто вредно за внимание

Доколку сакаш навистина да го привлечеш вниманието на твојот пазар кон твојот бизнис, ќе мора да имаш нешто навистина вредно за нивното внимание.

Тоа нешто мора да решава некаков проблем на оној на кого сакаш да му го привлечеш вниманието, мора да е нешто навистина посакувано и потребно и мора да биде нешто што навистина се бара од страна на потенцијалниот купувач.

#2 Започни и пред да биде финалниот производ

Мора да креваш врева и пред да бидеш готов со финалниот производ или услуга околу која сакаш да привлечеш внимание. Не ти требаат сите карактеристики за да започнеш да зборуваш за твојот нов проект. Не треба да стравуваш од конкуренцијата.

Целта е да поттикнеш желба за имање на твојот производ или услуга. Целта е да поттикнеш нетрпение во очекување на конечната верзија. Целта е да имаш привремени корисници (оние први кои ќе го пробаат) и ќе ти помогнат во подобрување на конечната верзија, а во исто време ќе ја распространуваат информацијата за нивното искуство. Целта е да предизвикаш љубопитност за она што се “крчка” во твојот бизнис.

#3 Влијателни лица

Ти требаат влијателни лица кои едноставно можат да влијаат на другите во распространување на информацијата и искуството околу твојот нов производ. Дали тоа ќе бидат оние први корисници од претходниот начин, или некои кои навистина се активни во заедницата а кои ќе ја распространуваат пораката за твојот нов производ или пак некои трети лица кои едноставно имаат висок потенцијал да привлечат внимание околу нив, тебе ти требаат за привлекување на внимание.

Пронајди ги, дај им да пробаат и искористи го нивното влијание за да привлечеш внимание околу твојот проект.

#4 Социјални медиуми

Одлично место за кревање на врева и привлекување на внимание. Сето она што досега го опфативме во начините и сите останати можат добро да бидат интегрирани со социјални медиуми. Може да се прочита, да се слушне, да се види, да се презентира…

Немаш ограничувања, само твојата креативност е важна.

#5 Настани од индустријата

Семинари, конференции, собири, саеми… Сето тоа се настани дизајнирани за да ти помогнат да го привлечеш вниманието кон твојот нов проект. Мора да ги користиш, мора да бидеш присутен, мора да зборуваш, убедуваш, презентираш и комуницираш.

#6 Блог

Бизнис блог може да биде моќна алатка во твоите раце за привлекување на внимание кон твојот бизнис. Направи план за блог постови за новиот проект. Напиши, сними, покажи, едуцирај…

#7 Реклами

Старите добри привлекувачи на вниманието не треба сеуште да бидат отфрлени од користење. Но, можат да бидат додадени новите медиуми и новите технологии кои денес ги прават многу помоќни во привлекувањето на вниманието.

#8 Голема заедница околу твојот бизнис

Потребата и корисноста од имање на голема заедница околу твојот бизнис заради привлекување на внимание е нешто што не бара голем коментар. Колку поголема заедница поголемо ќе биде и вниманието кон твојот бизнис.

#9 Квалитетна заедница

Освен големината ти треба и квалитет на твојата заедница. Треба да имаат потенцијал за поттикнување на вниманието кон тебе и твојот бизнис. Мора да работиш постојано на подобрување на квалитетот на заедницата.

#10 Кредибилитет, репутација и доверба

Доколку ги поседуваш, вниманието само ќе си дојде. Но, потребно е време и работа во градење на твојот кредибилитет, репутација и доверба.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*