post

10 Начини да ги Задржите Најдобрите Вработени

Дали сте загубиле некој солидно вешт вработен во Вашиот бизнис? Зошто си одат, кога Вие инвестиравте толку многу пари и знаење во него? Дали е тоа заради повисока плата или заради тоа што Вашиот бизнис не ги третира на вистински начин највредните ресурси – вработени?

Вработените претставуваат срце на бизнисот. Можете да имате добри, но исто така и лоши вработени. Но, опасноста е што добрите вработени може да ве напуштат. Ова е губиток за бизнисот како целина и секако претприемачот мора да најде нови вработени што секако не е лесно тие нови да бидат квалитетни.

Employees1 Слика: FreeDigitalPhotos.net

Додека за оние лошите воопшто не ве интересира, за оние добрите и тоа како ќе бидете заинтересирани бидејќи ќе го ослабнат Вашиот бизнис во многу аспекти.

Една реалност кај малите бизниси е дека вработените порано или пак подоцна си заминуваат. Но, интересно е што вработените со слаби вештини ќе сакаат да се сокријат и останат засекогаш во бизнисот. А, од друга страна оние добрите и вештите ќе ве напуштаат. Доколку оваа реалност продолжи без да се сопре ќе продолжите да ги губите квалитетните вработени, а во исто време ќе го зголемувате бројот на не вешти вработени. Оваа состојба ќе ја намалува бизнис потенцијалната енергија складирана во вештите вработени со што ќе се намали и целокупната бизнис потенцијална енергија на Вашиот бизнис.

Зошто квалитетните вработени си одат?

Постојат повеќе причини зошто вработените го напуштаат бизнисот.

Една од најголемите причини е што тие не воспоставуваат добра бизнис и приватна релација со бизнисот, претприемачот или пак менаџерот.

Друга причина е што тие не се задоволни со платата која што ја добиваат за работата која ја сработуваат.

Како причина може да биде и самата работна околина во која што работат и која што не ја поднесуваат.

Ако продолжиме понатаму ќе видиме дека постојат премногу причини.

Вие како еден претприемач мора навремено да реагирате и да го спречите заминувањето на вештите и квалитетните вработени во Вашиот бизнис.Ова е една од најважните работи на претприемачите и на менаџерите.

10 Начини да ги задржите наjдобрите!

  1. Кога избирате вработени за Вашиот бизнис, размислете два пати пред да одлучите.
  2. На квалитетните понудете им повеќе пари, а на неквалитетните намалете им ја платата. Да бидеме реални, парите се најголемиот мотивациски фактор за секој вработен. Зошто лошите и добрите момци да бидат на исто ниво. Не е фер!
  3. Бидете лојални кон нив во добрите денови и тие ќе бидат лојални кон вас и Вашиот бизнис во лошите денови.
  4. Помогнете им да ја завршат работата на правиот начин од прв пат.
  5. Обидете се со ветување дека ќе ги платите повеќе кога Вашиот бизнис ќе излезе од „лошите“ денови.
  6. Бидете искрен со нив.
  7. Наградувајте за квалитетно завршената работа иако наградата може да биде само некој добар и пофален збор. Развијте план за бонуси бидејќи секој сака бонуси. Користете ги бонусите како вид на награда за најдобрите вработени.
  8. Дајте им слободни денови кога бараат и прашајте за дополнителна работа кога на Вас ви се потребни.
  9. Размислувајте за работни места со работникот во умот. Работните места за кои вработените немаат познавање или пак здодевни работни места можат да предизвикаат отпор кај вработениот. Распределувајте вработени на работни места за кои тие имаат знаење, а од друга страна обидете се да ги дизајнирате работните места така што воопшто да не бидат здодевни.
  10. Нагласувјте ја тимската работа. Понекогаш односите помеѓу членовите на тимот се помоќни отколку другите односи во бизнисот. Тимско размислување може да има големо влијание на членовите на тимот.

Зошто е важно спречување на заминување на најдобрите?

Прво, Вашите вработени се најважниот дел од Вашиот бизнис. Тие се пред Вашиот производ или услуга, пред технологијата, пред се друго во бизнисот. Без нив ништо нема да биде реалност. Без вработени, ќе немате производи или услуги, нема да можете да ја користите технологијата и нема да можете да ги изведете бизнис активностите.

Од друга страна во секој вешт вработен вие имате инвестирано време и ресурси и кога тие си заминуваaт порано отколку што сте успеале да си ја повратите инвестицијата ќе мора да го започнете повтoрно целиот процес. На ваков начин губите време и секако пари кои ги инвестирате во вработените. Вашето време и пари претставуваат бизнис елементи кои имаат складирано голема бизнис потенцијална енергија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. I’m impressed! You’ve managed the almost imospsilbe.

Trackbacks

  1. […] Стапката на невработеност ја дава структурата на распложливиот кадар кој би можел да се најде на пазарот на трудот. Доколку […]

  2. […] успешноста на бизнисот и начинот на поттикнување на вработените! Три години поминаа откако воведов еден ваков систем […]

  3. […] успешноста на бизнисот и начинот на поттикнување на вработените! Три години поминаа откако воведов еден ваков систем […]

  4. […] и затоа процесот на најмување, мотивирање и задржување на квалификувана работна сила претставува еден од најголемите бизнис предизвици на […]

  5. […] теории во менаџментот во поглед на мотивацијата на вработените за да знаете што може да се […]

  6. […] со добавувачите, со потенцијалните купувачи и со вработените. Велам мора или може бидејќи не секогаш […]

Speak Your Mind

*