post

10 Навики за успех на еден претприемач

Претприемач е човек кој креира нешто од ништо, кој знае како да го направи тоа нешто достапно за севкупната јавност и да им го подобри животот на оние кои ќе го поседуваат тоа нешто.

Не е лесно да се креира. Потребни се многу активности, добри навики и секако желба за креирање.

Да разгледаме 10 навики на успешните претприемачи.

1. Јасно дефинирана визија

Мора да знаете каде сакате да стигнете, што сакате да постигнете и како сакате да изгледа вашата иднина и индината на вашето опкружување, па и многу повеќе.

Визијата е нешто што треба да биде длабоко вкоренето во вас. Треба успеете да создадете следбеници на истата кај сите членови во вашиот бизнис.

Доколку ја немате, нема да знаете каде треба да се движи вашиот бизнис, а нема да постојат и следбеници кои можат да ви помогнат да ја реализирате.

2. Поставување и прилагодувањена цели

Но, визијата не е доволна за обезбедување на успех. Таа само го покажува одредиштетот, додека целите го покажуваат патоказот како да се стигне до тоа одредиште.

Добра навика е да поставувате цели во согласност со визијата кои постојано ќе се прилагодуваат како што се реализираат и како што ќе бара реалноста.

3. Фокусирање кон реализација на целите

Фокусирање е третата навика која придонесува за успехот на еден претприемач.

Дефокусираност и расфрланост на повеќе цели, активности или задачи е сигурен пат кон неуспех.

4. Рокови за реализација на целите

Целите нема да бидат реализирани навреме доколку не постојат рокови. Точно е дека за се има време, но едно нешто е сосема јасно во бизнисот брзината е една од клучните карактеристики за успех.

5. Планирање

Целите треба да ги расчлените во задачи и активности кои ќе бидат на дневно, неделно и месечно ниво.

Обидете се бројот на задачите на дневно ниво да го одржите на најниско можно ниво.

6. Приоритизација

Кога користите план и “да направам” листа, не можете никогаш да бидете сигурни дека се ќе биде онака како што сте замислиле. Ќе се појават многу нови ургентни задачи.

Сепак, не дозволувајте ургентноста да ве заведе и тргне од приоритетите.

7. Истрајност и упорност

Успехот бара надминување на многу препреки, решавање на многу проблеми и избегнување на многу стапици. Успехот не е резултат на случајност, успехот е резултат на работа, експериментирање, повеќе неуспеси, паѓања и станувања…

Затоа мора да бидете истрајни и упорни доколку сакате да стигнете до одредиштето.

8. Постојано учење

Знаењето е важна карактеристика на еден претприемач и бизнисот.

Но, тоа знаење е променливо и исцрпно, што значи она што денес е доволно утре може да не важи.

Затоа учењето е важна навика на претприемачите, со што се обезбедува постојано надополнување на знаењето.

9. Преземање на акција

Доколку нема акција, ќе нема ни реакција. Нема приближување кон визијата, нема ни мерка со што ќе се види дали сте погрешиле, треба ли нешто да менувате и што треба да менувате.

Доколку не го преземете тој прв чекор за секоја цел, се останато ќе ви биде залудно.

10. Ризикување

Ризикот е составен дел во секој аспект на нашиот живот. Така е и во бизнисот.

Секогаш нешто ризикувате, секоја акција претставува потенцијален ризик. Но, сепак тој не смее да биде причина за вашата статичност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*