post

10 прашања како за почеток на годината

Секоја нова година започнува со дефинирање на определени цели кои ќе треба да се реализираат. За тоа имам пишувано доста пред завршпување на минатите години и по започнување на новата година.

прашања за нова година

Но, проблемот со целите е што често пати тие остануваат на хартија и само на хартија без нивна конкретна трансформација во специфични чекори и мерливи индикатори кои ќе доведат до нивното остварување. На еден таков начин целите иако важни, стануваат само обични желби на еден претприемач изразени во пишана форма во некој документ.

Дали може да се влијае на целите? Секако дека може, но пристапот мора да биде променет. Зошто ни се цели ако не влијаеме на нивната реализација?

Затоа, оваа година не ги спомнувам целите, но на некој начин ќе се обидам да поставам 10 прашања кои би требало да ги одговорите уште денес, а чии одговори ќе ви дадат одлични насоки во кои ќе треба да го движите вашиот бизнис оваа година.

Еве ги прашањата:

  1. До каде стигнав со реализација на планираното од минатата година?
  2. Зошто планираното не е реализирано?
  3. Како во 2014 да ги надминам препреките кои ме спречиле да реализирам се што сум планирал да реализирам?
  4. Кои се трите најважни подрачја во мојот бизнис на кои треба да работам на подобрување?
  5. Како ќе ги подобрам тие три подрачја?
  6. Согласно моите стратешки определби што се треба да правам во 2014 година?
  7. Како ќе ги правам тие работи што треба да ги правам согласно моите стратешки определби?
  8. Кои се најважните ресурси кои ќе треба да ги зајакнам во 2014 година а кои ќе помогнат во реализација на моите стратешки определби во 2014 година?
  9. Дали бизнис моделот кој го практицирам и натаму ветува успешен бизнис?
  10. Што би можело да се подобри во бизнис моделот за да се продолжи по патот на развојот кој го имам зацртано?

Одговорете го секое прашање по можност на лист хартија или пак во некоја електронска форма. Целта е да дојдете до соодветни насоки и да извлечете конкретни чекори кои ќе треба да ги преземете.

Запомнете, се е во ваши раце доколку навистина сакате да успеете.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*