post

10 Задачи за пред започнување на бизнисот

Задачи пред започнување на бизнис
Задачи пред започнување на бизнис

Започнување на бизнис претставува резултат на повеќе активности уште пред самиот старт на истиот. Во зависност на бизнисот некогаш ќе има потреба од повеќе активности.

Во овој пост ќе се обидеме да ги наведеме 1о задачи кои ќе треба да ги спроведете уште пред започнување на вашиот бизнис.

1. Одговорете на прашањето зошто започнувате бизнис

Што сакате да постигнете?

Зошто започнувате бизнис? Дали заради тоа што пронајдовте одлична бизнис можност која што сеуште не е задоволена на пазарот? Дали заради тоа што сакате да обезбедите подобар живот за вас и вашето семејство?

Многу е важно пред да донесете одлука за започнување да бидете начисто со самиот себеси околу вашите желби, можности и капацитети.

2. Проучете ја индустријата и пазарот

Што се случува во индустијата и пазарот?

Иако сите сме свесни дека светот не е перфектен и постојат многу можности за еден претприемач сепак не можете да очекувате дека ќе бидете сами на пазарот или во таа индустрија или пак дека за долго време ќе останете сами да го собирате колачот од вашиот бизнис.

Затоа направете анализа на индустријата и пазарот на кој ќе настапите со вашиот нов бизнис. Како помош за спроведување на овие активности прочитајте ги следниве постови на претприемач:

3. Тестирајте ја вашата идеја

Дали производот и/или услуга ќе биде прифатен од пазарот?

Иако иидејата или бизнис можноста може да биде уникатна, перфектна и да изгледа дека нема да има промашување, сепак тоа вие не го одлучувате. Затоа е препорачливо секогаш да ја тестирате идејата на пазарот во однос на оа дали ќе биде прифатена.

4. Диференцирајте се уште сега

Што е она што ќе ве разликува од остатокот од светот?

Мора да изградите доволно силна супериорна вредност преку соодветна диференцијација на вашиот бизнис во однос на останатите учесници на пазарот.

5. Изработете маркетинг стратегија

Како ќе стигнете до потенцијалните потрошувачи?

Во почетните фази од вашиот нов бизнис маркетинг стратегијата ќе биде суштествена за привлекување на потенцијални потрошувачи и генерирање на доволно продажба за финансирање на нормалното функционирање на бизнисот.

6. Предвидете ја продажбата барем за една година

Како ќе се движи продажбата и приходите од продажбата?

Мора да направите иницијално предвидување на продажбата за да можете останатите проекции да ги базирате на истата. Оваа предвидување е основа која има за цел да ви покаже како ќе изгледа влезот на финансии во вашиот бизнис кој е многу значаен за секо стартап бизнис.

7. Анализирајте ја рентабилноста

Ќе бидете ли профитабилни или ќе работите со загуба?

Освен продажбата која ја предвидовте во претходната задача ќе мора да ја внесете и трошочната структура која ќе ви покаже колку треба да продавате за да ги покриете трошоците. Како алатка која можете да ја искористите за овој чекор е графиконот на рентабилноста.

8. Финансирање

Колку пари ми требаат, имам ли толку и како ќе дојдам до тие пари?

Оваа задача треба да ви обезбеди една структура која ќе ви покаже како стоите во поглед на потребни финансии како за започнување така и за финансирање на функционирањето на бизнисот барем за првта година.

9. Слушајте

Што се зборува околу мене и на пазарот воопшто?

Многу елементи на вашата понуда можат да се подобрат во оваа фаза на пред започнување на вашиот бизнис. Бидете добар слушател истовремено кога ги продавате вашите идеи.

10. Побарајте помош

Можам ли се сам?

Клучното прашање е дали имате капацитетот сето ова сам да го спроведете. Доколку се чувствувате слаби во било кое подрачје не двоумете се да побарате помош, како од пријател така и од некој професионалец.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*