post

2 Значајни теста што ќе треба да ги изведете пред започнување

Започнување на бизнис слободно може да се каже дека претставува тестирање на идејата. Тестирање на идејата во однос на пазарот и едноставно утврдување преку тоа тестирање дека таа бизнис идеја вреди.

Постојат повеќе тестирања кои ќе треба да ги изведете. За сите тестирања во еден логичен редослед и во еден покомплексен процес на започнување на бизнис ќе зборуваме во некоја друга прилика и место каде што ќе имам поголем простор.

Тука би сакал да наведам само два теста кои се едни од поважните при започнување на бизнис.

1. Тестирање на купувачите

Не постои бизнис без купувачи. Тие се срцето на секој бизнис и успешноста на бизнисот во најголем дел ќе зависи од нив.

Доколку сакате да успеете вашиот стартап ќе мора да ги насочи целосно сопствените напори во тестирање и прилагодување на идејата кон нивната најболна точка, односно решение кое во целост ќе ги задоволи нивните потреби.

Разгледајте ги следниве прашања при овој процес на тестирање:

  1. На што се базира вашата идеја, односно каков проблем решава или потреба задоволува на идните купувачи?
  2. Има ли и каде се тие потенцијални купувачи?
  3. Што мислат за мојот производ или услуга?
  4. Што можам да додадам, а што да отфрлам од мојот производ или услуга за да бидат поблиску до купувачите?
  5. Колку се спремни да платат купувачите за мојот производ/услуга?
  6. Како сакаат да плаќаат за мојот производ/услуга?

2. Тестирање на конкурентноста

Иако тестирањето на купувачите можеби ќе ве направи единствени, сепак тоа не значи дека сте заштитени од конкуренцијата. И да не постои во моментов, очекувајте дека набргу ќе се појави.

Сега кога имате информации од првиото тестирање, вистински проблем или потреба на купувачите, ќе мора да го решите тој проблем или задоволитетаа потреба подобро од конкуренцијата.

Мора да внимавате дека вашиот успех ќе привлече многу имитатори, и доколку навистина не обезбедите солидна конкурентност, брзиот успех ќе биде запрен, а купувачите ќе се свртат кон имитаторите.

  1. Кои се потенцијалните конкуренти на пазарот?
  2. Што е она што тие го нудат?
  3. Каква е вредноста која им ја обезбедуваат на купувачите?
  4. Колку наплаќаат за вредноста која ја нудат?
  5. Како ја наплаќаат таа вредност?
  6. Која е нивната суштинска предност и како можете да ја надминете?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*