Archives for април 2009

post

ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА!

Дали го препознавате насловот? Сигурно повеќето од Вас го виделе овој наслов во рекламните кампањи на Владата како и соопштенија на телевизијата. Ние веќе пишувавме за тоа што значи знаење? Можете да прочитате за синџирот учење – знаење – моќ. Овие кампањи со кои секојдневно сме бомбардирани преку весници, радио и телевизија се за задолжително средно образование. И навистина колку повеќе знаење имаме толку подобро за нас сите. Едуцираниот човек ќе знае нешто да купи што вреди. Едуцираниот човек ќе знае како да започне бизнис. Едуцираниот човек ќе знае како да биде успешен претприемач итн.

И овој сајт кога го започнавме се постави цел да служи како непресушен извор на знаење за сегашни и идни претприемачи. И навистина за 4 месеци постоење има над 250 страни пишан материјал на артиклите на претприемач и над 100 страни пишан материјал на блогов како и 5 видео материјали. Но, она што е назначајно континуирано се објавуваат уште материјали и со оа навистина ја исполнуваме нашата поставена цел за непресушен извор на знаење. Ако ви кажеме дека само во моментов имаме спремено преку 50 различни текстови кои чекаат објавување на интернет.

Но, ова не е целта за овој наслов. Овој напис со ваков наслов ми дојде денес кога го пишувам (25.04.2009) бидејќи по распоред ќе биде објавен наредната недела. На телевизија видов соопштение од Владата за задолжително средно образование. Накратко ова го запомнив:

  • Поголема веројатност за иднина, среќа и успех ќе имаат само оние кои завршиле средно образование.
  • Само со знаење може да се оди напред.
  • Знаењето е моќ, знаењето е сила.

И можеби уште нешто но, сега не ми текнува. Но, она што сакав да го искажам со овој напис е тоа што кога го слушам соопштението, кое навистина содржи многу добри зборови и рака на срце се е вистинито, ми дојде во главата во вид на слика насловната страница од пред неколку денови во Вест. Еве ја сликата:

bajram

Што вика насловната страна? ЌЕ СЕ ЗАПИШАМ ВО СРЕДНО! Најверојатно се мисли на средно училиште. И добро, не е ништо страшно некој да нема завршено средно. За се постои можност доколку се сака. Но, она што мене ми изгледа страшно е написот: НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ВЕТУВА:.

Значи господинот кој сега ќе се запишува во средно е веќе градоначалник. Дали убедувањата на нашата Влада со соопштенија и реклами, кои верувам дека се доста скапи паѓаат во вода со една ваква информација. Кога ќе видиме дека некој кој има само основно училиште станал градоначалник во Република Македонија, а од друга страна знаеме колку со високо образование немаат работа. ОВА МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА ВРЕДНОСНИТЕ СИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОБРКАНИ. Дали ваквите луѓе можат да станат идоли на идните генерации. Со тоа што луѓе без соодветно образование доаѓаат и стануваат се и сешто можеме да очекуваме дека утре може и претседател или премиер да станат ваквите.

Од друга страна внатре во текстот стои дека немал време да заврши средно бидејќи морал да се посвети на бизнисот. ЗНАЧИ ОВА Е ПРЕТПРИЕМАЧ. Блазе си ни кога имаме такви успешни претприемачи. А, во исто време се прашувам дали заради тоа сме во ситуација каква што сме вопоследните 15-тина години.

Допуштање на вакви работи во еден систем како што е држава може да има големи негативни последици, особено за младата популација. Да не зборуваме какви последици ќе има за претприемништвото. Може да даде слика да оние кои сакаат да учат и знаењето да го претворат во сила и моќ да се откажат. Со нивно откажување губиме огромна потенцијална енергија во претприемништвото во република Македонија.

СЕПАК НИЕ ОСТАНУВАМЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА! ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ. Незнаењето може да доведе до високи позиции само доколку:

  • имате среќа
  • имате успешен татко
  • имате солидна криминална група околу вас (тепачи) кои ќе ви го расчистуваат патот.

Но тоа не сме ние! Само вредносните системи сеуште се поставени наопаку. Ние сме оптимисти дека ќе се сменат. Колку побргу, толку подобро за сите нас.

post

СОВЕТИ ЗЛО БЕЗ КОЕ СЕ МОЖЕ ИЛИ НЕ СЕ МОЖЕ?

Во текот на целиот живот добиваме совети. Со тек на време се зголемува животното искуство и се полесно се распознаваат различни типови на совети. Постојат неколку типови на совети. Добронамерни, кои се дадени од искрени и чесни луѓе, кои се пријателски настроени по разна основа или се блиски роднини или пак пријатели и тие најчесто кога ќе согледаат дека постои некој проблем или доколку бидат прашани дали знаат решение за некој проблем, ќе дадат одреден (добронамерен) совет како да се реши тој проблем или како да се постапи во одредена ситуација. Но, тука се поставува прашање колку е тој совет точен. Бидејќи понекогаш советите ги даваат луѓе кои немаат доволно искуство, немаат знаење или пак може да имаат погрешни согледувања за одредена проблематика. Но, на таквите луѓе дури и да дадат погрешен совет, со оглед на добрата намера не треба да им се лутиме бидејки нивниот капацитет бил на пониско ниво, иако она што тие го знаат несебично го нудат. Заради овој проблем треба претходно да се анализираат луѓето кои делат совети (ментори). Најчесто луѓе кои многу знаат малку зборуваат, за разлика од луѓе кои помалку знаат а повеќе зборуваат. Па претприемачот може да биде затрупан со огромен број на совети кои можат да го парализираат па тој да не биде во состојба лесно да одлучува и да ги превзема потребните чекори.

Постојат совети кои се бараат и совети кои се нудат. Има луѓе кои “знаат се” и кои се спремни да делат совети дури и кога никој не ги прашал за совет. Тие во некоја рака се “демагози” кои знаат се заради што нешто може да се случи и се заради што нешто не може да се случи. Доколку зад нив не стојат конкретно лично постигнати дела такви луѓе се во принцип, плашливи и паничари, кои само сејат страв и дефетизам и од чии совети колку и да се добронамерни не може да се има голема корист бидејки се добиени од недоволно средена личност. Најголема грешка прават претприоемачите кои кај собирање на бизнис идеи за започнување на бизнис, обрнат големо влијание на “хит бизнис” за кои сите зборуваат дека носи “многу пари”. Најчесто бизниси кои носат енормни профити доживуваат свој максимум во време кога за нив највеќе се зборува, а бргу потоа почнува нивната надолна пaтекa. Бидејки подготвените претприемачи кои имаат наврeмено достапни информации и отпочнати активности, веќе ги исполниле барањата на купувачите прозорецот низ кој би влегле новите претприемачи станува се помал, бидејки пазарот станува се позаситен. Од друга страна бидејки се зборува дека “некој” заработил многу пари за тој бизнис, постојат лесноверни претприемачи кои поведувајќи се по рекла казала муабети, без претходно да направат бизнис план или пак самите да излезат на пазар за да видат каква е состојбата и што се случува, со голем ентузијазам влетуваат во бизнис потфат кој уште во старт е осуден на неуспех. На таков начин се губат финансиски средства, претприемачот станува емотивно поразен и многу мал број од таквите претприемачи навистина успеваат да се опорават за да можат да продолжат со нов проект, бидејки “успех влече успех а неуспех влече неуспех”.

Поради сето горе наведено препорака е за совет да се побара искусен “ментор” кој веќе успешно го изодил патот низ кој новиот претприемач почнува да оди. Но, такви луѓе не ги има многу, тие се најчесто зафатени со своите обврски, но доколку се има можност да се дојде до таквите луѓе, претприемачот треба силно да се пробие до нив за да добие потребни сознанија и совети и со тоа да ги зголеми шансите во пазарниот натпревар, односно прерано да не “изгорат” во таа борба. Таквите успешни луѓе кои се и сигурни во себе искуствено кажуваме имаат желба за помагање и советување, но претприемачот треба да е лојален, искрен, вреден, чесен и да има желба тие совети да ги примени во пракса. Бидејки има големо искуство успешниот претприемач ќе го тестира својот ученик, давајќи му на почеток помали совети и задолженија за да види како ученикот ќе реагира и дали се придржува до дадениот совет. Бидејки тоа се искусни луѓе кои имаа претходни и позитивни и негативни искуства со луѓе секое калкулантско однесување на новиот претприемач ќе биде казнето со прекинување на понатамошното советување, па со некоректно однесување ќе изгуби само новиот претприемач.

Но доколку се нема во близина квалитетен “ментор” тогаш потенцијалниот претприемач може да ги искористи советите и од други помалку проверени извори, со тоа што ќе прибележува дадени совети, идеи и мислења, а потоа кога ќе биде сам внимателно ќе ги анализира, проучи и сепарира корисните од штетните совети, добронамерни од злонамерни, искусни и неискусни совети и ќе ги прифати оние совети кои се прикладни за нивниот статус, финансиска моќ, интелектуални и други перформанси, за кои претприемачот интимно знае дали ги поседува или не.

Покрај ваквите врсти совети постојат злонамерни совети кои дават лоши луѓе, луѓе кои од само за себе познати причини сакаат да му нанесат штета на претприемачот за да доживее неуспех и да пропадне. Секој претприемач кој не успее да ги препознае овие луѓе и нивните зли совети многу бргу ќе се соочи со проблеми и наместо да се бори за успех, ќе се бори за опстанок и излез од кризата.

Заради тоа потребно е внимателно да се пристапи кон секој совет, секој совет да се анализира, а да се анализира и личноста која го дава советот за да се уочат неговите намери (добри или лоши). Одмерено слушање, проследена со голема анализа и одлучно спроведување може да биде клуч за успешан бизнис и живот.

Од друга страна премногу совети ќе значи и премногу анализи. Премногу совети и анализи, ќе значи и преголема збунетост. Премногу совети, премногу анализи и преголема збунетост ќе доведе до неодлучно спроведување на конкретни акции. Ова претставува голема негативност. Од друга страна, советите се во ред, но карактеристиката на претприемачот е добра проценка и цврста одлучност. Претприемачот најчесто своите одлуки ги базира или пак треба да ги базира на својата сопствена проценка и не треба да допушти премногу луѓе да му се мешаат во процесот на донесување на одлуки.

post

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС – ДОБРА ИЛИ ЛОША ИДЕЈА?

Ова е многу зачестено прашање во последните неколку месеци не само кај нас туку и низ целиот свет заради тековната глобална рецесија. Но, и во услови на здрава економија секогаш е актуелно прашањето дали да се започне бизнис и да се работи сам за себе или да се работи за некој друг. Прашањето и не е сосема лесно? Со започнување на бизнис секој претприемач се откажува од некаква сигурност. На пример, со започнување на бизнис ќе се откаже од тековната работа која му носи каква таква плата и „преживување“ од денес до утре.

Од друга страна новиот бизнис може да му донесе подобар живот или пак може да го претвори животот во ноќен кошмар. Затоа пак во услови на рецесија оваа прашање е многу полесно, особено за сите оние кои остануваат без работа. Оние кои што остануваат без работа нема што да изгубат. Но, и во вакви услови е потребна одлучност, креативност и спремност.

Ние во Република Македонија сеуште си го носиме историскиот товар на размислување преку големи корпорации. Учиш и завршуваш факултет или некој занает и бараш работа во големи компании. Но, тие веќе не постојат. Па, каде тогаш? Ќе си седиме дома, ќе бараме огласи и ќе конкурираме за вработување некаде. Може и едно кафе во период на „дневна шема“ и муабет со пријатели. Колку е убав овој живот? На крај ќе завршиме како некој шанкер, келнер или пак како продавачка во бутик со некоја плата од 10-15 илјади денари. И добро е, имаме за кафе во дневна шема, па и за цигари, па и за некое парталче, а со еден кредит и добар одмор па ќе враќаме цела година. Познавам многу луѓе кои што работат за плата цела година од која половината ја даваат за враќање за кредит од летниот одмор. Па после нашите банки се вакви или онакви. Банките се бизниси како и секој бизнис. Тие само ги искористуваат можностите што им се понудени од пазарот. А тој пазар сме сите ние.

Познавам еден човек кој беше на печалба во странство и има заработено солиден износ на финансиски сретства. Во разговор со него вели дека е добро има некоја паричка за некој солиден живот, но сега доколку најде работа во Макпетрол да продава бензин би било супер. Вакви ги има многу. Овие луѓе не размислуваат за започнување на бизнис. А замислете колку потенцијал имаат за започнување. Имаат финансии, но немаат бизнис идеја и секако дека се страшливци бидејќи не сакаат да ризикуваат.

Па сега кој ни е крив? ЕУ, НАТО, САД, ММФ, соседи, или пак самите ние. Не би сакал да навлегувам во суштината на овој проблем или би го оставил тоа за некој друг ден бидејќи многу работи се испреплетени од историско минато, преку државни органи, едукациски институции до културата и начинот на размислување.

Можеме да заклучиме низ текстов дека постојат следниве типови на луѓе:

  • Едуцирани со бизнис идеја но без потребни финансии за започнување на бизнисот
  • Едуцирани со финансии но без идеја за започнување на бизнисот
  • Неедуцирани, имаат бизнис идеја но без потребни финансии за започнување на бизнисот
  • Неедуцирани со финансии но без идеја за започнување на бизнис.

Ова навистина е реалноста? Оние кои имаат идеја немаат пари. Оние кои имаат пари немаат идеја. Но и во двете ситуации недостасува една алка, а таа е превземање на ризик. Доколку постои карактеристика на превземање на ризик оној кој нема бизнис идеја ќе изнајми некој за да изработи добра бизнис идеја за него. Оној кој нема пари ќе разговара со роднини и пријатели за заем ќе контактира со банки за подигнување на кредит.

Да сублимираме основни карактеристики на претприемачот за започнување на бизнис се:

  1. Креативност за добра бизнис идеја
  2. Превземање на ризик
  3. Одлучност
post

ПРЕТПРИЕМНИЧКО ФОКУСИРАЊЕ КОН ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ

Секој бизнис има или би требало да има сопствени бизнис цели. Секој претприемач има или би требало да има сопствени или пак на својот бизнис цели. Се што правиме има некоја цел. Доколку превземеме некој чекор во моментов тоа има некоја цел. На пример, легнуваме за да се одмориме, работиме за да заработиме и овозможиме поудобен живот. Се во нашиот живот има одредена цел. Дури и бизнис идејата има некоја цел поставена од претприемачот. Зошто еден претприемач би барал бизнис идеи доколку нема цел да оствари профит и си овозможи за себе и за своето семејство подобар живот.

Но целите на бизнисот може да бидат:

  • Краткорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во денови, недели или пак месеци.
  • Долгорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во години.

Краткорочна цел може да биде:

„Потребно е да ја зголемиме продажбата во следниот месец за да собереме поголеми приходи и да го отплатиме кредитот кој достасува за еден месец.“

Забележуваме дека зборуваме за временски периоди кои се однесуваат за еден месец од сега.

Долгорочна цел може да биде:

„Потребно е да воведеме систем за подобрување на продажба во следните две години, да оствариме приходи поголеми за 30% и да ги вложиме парите во нова производствена опрема по 3 години за да станеме лидери на пазарот по 4 години.“

Со ваквите цели забележуваме дека користиме временски периоди кои се мерат во години.

И од двата примера имаме цели кои се вистински. Едната е да го отплатиме кредитот, а другата е да бидеме лидери на пазарот. И двете се остварливи со превземање на одредени чекори  акции од наша страна. Само што онаа втората има повеќе чекори и бара работа во подолг временски период.

Доколку на вистинскиот начин го трасираме и обележиме нашиот пат кон поставените цели, ние ие цели ќе ги оствариме. Секоја поставена цел во разумни граници е остварлива но некоја побргу, а некоја поспоро.

Најголема грешка на претприемачите е што целата сопствена енергија (потенцијална енергија) ја насочуваат кон краткорочните цели. Честопати се размислува во стилот да ми биде подобро утре отколку за 2 години ќе се снајдеме, ќе преживееме. Па, на таков начин кога ќе удрат некои надворешни фактори не можат да се снајдат. Често пати бизнисот се гледа во периоди од месеци за да се преживее од месец во месец наместо во периоди од година или пак 10-тина години однапред.

Можеби за ваквата состојба свој допринос има и државата. Често се менуваат правила на игра. Пред некој ден слушнав на улица како двајца претприемачи разговараат дека 90% работат за држава со воспоставените давачки. А оваа ги тера на размислување во однос на преживување. Но каква ни е државата и владата во неа таква е. Да се обидеме нешто да подобриме. Да размислуваме долгорочно. Тоа е еден елемент кој ќе ја зголеми потенцијалната енергија на Вашиот бизнис, ќе ја поедностви работата и едноставно поспремни ќе ја дочекаме турболентната иднина.

post

PRETPRIEMAC.COM ПО 4 МЕСЕЦИ

Поминаа четири месеци од постоење на претприемач на овие простори. Време е да сублимираме и да дадеме отчет за она што е сработено во претходните 4 месеци. Еве накратко што се можете да најдете на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com:

  • До 20.04.2009 има објавено 128 артикли на pretpriemac.com. Во просек секој артикал е по 3 страни при што се добива електронска книга за претприемништво од над 350 страници. Овој број постојано се зголемува и ќе се зголемува. Ова се материјали за претприемништво и бизнисот, започнување на бизнис, финансии, маркетинг, бизнис план, анализи итн. Тие се во вид на упатства, анализи, истражувања. Сите имаат одредена вредност која може да биде упоребна за Вашиот бизнис. Сите тие овозможуваат учење, а учењето ќе ве зајакне со знаење, а знаењето ќе ви даде моќ.
  • До 20.04.2009 објавивме 70 блог написи на блогот на pretpriemac.com. Секој од овие блог постови е над 1 страна и тоа се над 70 страни материјал. Ова е необавезен материјал како мислења, ставови, препораки и слободни состави кои едноставно можат да ви дадат идеа за некои насоки за Вашиот бизнис. Тие се дизајнирани да можете да давате и Ваши коментари со цел да се подобрува целокупната содржина на pretpriemac.com.
  • Завршивме со едно исражување кое ќе траеше 3 месеци. Оваа е општа нализа на пазарот во Република Македонија. Резултатите се објавени и на блогот и на pretpriemac.com. Во тек е изработка на еден извештај во pdf формат на резултатите од анализата проширен со поспецифични статистички методи и техники.
  • Имаме изработено 5 видео материјали кои се од 3-7 минути едно. Доколку една слика менува 1000 зборови, колку зборови менува едно видео? Овие видео материјали се и ќе биднат со практични содржини како да направите нешто, како да користите некој софтвер и се тоа во полза на Вашиот бизнис. Искористете ги тие се БЕСПЛАТНИ.
  • Подготвуваме специјален премиум сајт на претприемач кој ќе содржи над 70 видео материјали, над 70 скрипти по секое видео и над 70 акциони планови за спроведување за започнување и градење на Вашиот бизнис. Освен тоа ќе има 2 е-курса од по една недела, виртуелен консултант и листа на ресурси за бизнисите и претприемачите. Вакво нешто не постои на овие простори. 

Да сублимираме: 420 страни материјал од областа на претприемништво за читање, едно завршено и објавено истражување, видео материјали од околу 25 минути, подготовка на премиум на претприемач. Сето ова е достапно на pretpriemac.com за само 4 месеци. А што се ќе има по 2 месеци, сеуште и ние не можеме да замислиме. Се надеваме стартуван премиу сајт, една нова е-книга, уште видео материјали и секако континуирано текстови на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com.

post

ПО БИЗНИС ИДЕЈА – ШТО ПОНАТАМУ

Можеби една од најлесните работи при започнување на бизнис доаѓање до бизнис идеја. Ќе размислите малку повеќе, ќе стигнете до Вашата најголема креативност, ќе направите brainstorming, ќе разговарате со роднини и пријатели, може да ви помогне и гереатор на бизнис идеи и веќе ќе имате не една туку повеќе бизнис идеи.  Но, веќе тука се јавува вистинскиот проблем. Потребен е чекор во наредна фаза, а тоа е избор на една од тие бизнис идеи која ќе се започне.

Ќе се задржиме на 3 чекори од започнување на бизнисот што претставуват и три фази од животен циклус на бизнисот:

  • Првиот чекор во започнување на бизнисот е добивање на бизнис идеја.
  • Вториот чекор е анализа на тие бизнис идеи за да се избере најдобрата.
  • Третиот чекор е најопасниот чекор од животниот циклус на бизнисите а тоа е вистинско започнување – стартување на бизнисот. Зошто најопасен? Најопасен е затоа што преминот од вториот во третиот чекор може да трае, да трае и да трае се до бесконечност. А, ова значи смрт на бизнисот во раната фаза на постоење.

Значи една многу важна одлука која секој иден претприемач треба да ја донесе е да премине од фазата „сакам да започнам бизнис“ во фазата „имам и водам бизнис“.

Овој премин значи дека престанувате со сонување, планирање и анализирање и започувате со реалноста на Вашиот нов бизнис. Доколку дојдете до фазата во која имате изберено бизнис идеја, веднаш стартувајте ја за да не станете вечни сонувачи.

Но, како да се избегне овој потенцијално долг премин од втор чекор во трет чекор? Може да има две ситуации:

  • Имате бизнис идеја, но сеуште не сте сигурни дали е вистинскиот избор. Ако вториот чекор – анализа и избор на бизнис идеја сте го извеле на вистинскиот начин треба да ви даде самодоверба за да го покренете стапалото во третиот чекор – стартување. Оваа самодоверба ќе предизвика акција која ќе даде некои резултати, иако тие резултати нема да бидат спектакуларни, но сепак се резултати бидејќи Вашиот бизнис преминал во нова фаза од животниот циклус.
  • Не знаете која бизнис идеја да ја изберете иако сте полни со идеи. На ваков начин суште сте на првиот чекор од започнувањње на бизнисот и суште не можете да одите во третиот без да го поминете вториот чекор – анализа и избор на бизнис идеи. Искористете го темплејтот за анализа на бизнис идеи за да ви помогне за да преминете побргу во третиот чекор. И која било идеја да ја изберете преземете акција, направете го конкретниот трет чекор.

Основните елементи кои Ви се потребни за овој премин од втор во трет чекор е да ја изградите вашата самодоверба и да превземете акција. Непревземање на акција значи дека останувата во status quo ситуација и останувате вечен сонувач.

post

КОРИСТЕЊЕ НА STUMBLEUPON – ВИДЕО

На ред е нов видео материјал за уште една социјална мрежа како delicious, но сега stumbleupon до кој можете да дојдете преку следнава адреса: www.stumbleupon.com.

Во оваа видео ќе можете да видите за:

  1. Што е тоа stumbleupon?
  2. Како да отворите акаунт?
  3. Како да го користите?
  4. Како да барате пријатели?
  5. Како да поставувате нови стрници?

Неколку пати пишуваме за ефикасност и ефективност, за 80/20 правило, ефект на пеперутка… Сето ова ги зголемува перформансите на Вашиот биснис. Накратко, stumbleupon е социјална мрежа која ќе може да ви помогне да ја зголемите Вашата ефикасност и ефективност во пребарување на интернетот и прибирање на информации за Вашиот бизнис. Од друга страна, со мал напор во рангирање на сајтовите од Вашиот интерес и пронаоѓање на луѓе од целиот свет кои имаат ист интерес како и Вашиот ќе можете да стекнете пријатели кои ќе бидат добра основа за маркетинг активности за Вашиот бизнис.

Погледајте го видеото!

post

ШТО ПРЕТСТАВУВА STUMBLEUPON – СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Време е за уште еден сајт кој претставува еден вид на социјални мрежи. Претходно пишувавме за delicious за претприемачи како социјален сајт кој може во исто време да ја зголеми Вашата ефективност и ефикасност во пронаоѓање на содржини кои претходно сте ги забележале како интересни, не сте имале време да ги прочитате. Исто така објавивме и едно видео како да го користите delicious од отворање на акаунт до начин на користење. Сега ќе ве воведеме во еден друг тип на социјална мрежа наречена STUMBLEUPON.

Англискиот збор stumble значи сопнување. Како буквален превод ова би значело да се сопнеш на нешто. Ова нешто што не сопнува е некоја страница на интернет. Stumbleupon.com им овозможува на корисниците да откриваат и да рангираат одредени интернет страници преку посебен вид на технологија за препорака на тие страници кој користи принципи на социјална мрежа. Додека delicious овозможува обележување на страници и брзо пронаоѓање и делење со другите во мрежата, stumbleupon бира која веб страна да ви ја прикаже врз основа на Вашиот профил и Вашето рангирање на страниците кои ви се допаѓаат.

Може да се користи како:

  • Алатка за пронаоѓање на информации од сајтови кои се од интерес на луѓето како Вас и како
  • Алатка за забава за откривање на нови сајтови.

StumbleUpon претставува линија на алатки (toolbar) која се инсталира на Вашиот интернет прелистувач (Internet Explorer или Mozila Firefox) и преку него можете да кликнете на копчето Stumble! и секогаш да ве води до веб содржина која може да биде интересна за Вас. Од друга страна колку повеќе веб страници рангирате дека во се допаѓаат толку поквалитетни страници ќе добивате како повраток при кликнување на копчето Stumble!. Рангирањето го изведуваате со кликнување на копчето I Like It! Линијата на алатки е прикажана на сликата подолу.

ToolbarStumble

На линијава со алатки имате и повеќе функции за испраќање на некоја страна преку e-mail како и можност за да ги видите пријателите преку StumbleUpon. За да ја користите оваа мрежа ќе треба да:

  • Отворите акаунт на SumbleUpon
  • Да ја симнете линијата со алатки и да ја инсталирате во Вашиот интернет прелистувач
  • Откако ќе го инсталирате ќе бидете запрашани да изберете теми кои се од Ваш интерес
  • И веќе ќе можете да го користите со едноставно кликнување на копчињата опишани погоре.

StumbleUpon има база на податоци со веб страници, слики, видео материјали и друга содржина кои што биле испратени од други корисници и коишто имаат некаква вредност.

StumbleUpon не е само линија со алатки туку и социјална мрежа. Исто како на facebook ќе можете да барате и креирате пријатели. Пробајте го и искористете го за Вашиот бизнис.

post

ЗБИРКА НА ТОП 20 БИЗНИС ИДЕИ И КАЛКУЛАТОР ЗА АНАЛИЗА НА ГОТОВИНСКИ ТЕК

На почетокот на годината изработивме врз база на анализи и истражувања, збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа. Потоа изработивме еден калкулатор за анализа на готовински тек. На pretpriemac.com во една серија од 3 артикли за анализа на готовинскиот тек опишавме како се користи овој калкулатор. Можете да прочитате за:

За подобро да се совладаат овие три артикли кои навлегуваат во една многу значајна анализа за бизнисот и претприемачите и која доколку се користи на вистински начин – активно, може да доведе до рапидно зголемување на бизнис перформансите потребно е да го имате калкулаторот за анализа на готовинскиот тек.

Овој пост ќе го искористиме за да го опишеме процесот за добивање на електронската збирка и калкулаторот.

  • Кликнете тука.
  • Од левата страна на формата за регистрација за неделни билтени внесете го Вашето име и презиме. Оваа листа има дупла opt-in опција бидејќи не дозволува внесување на податоци без потврда. Ова значи дека Вашите податоци се безбедни и воопшто не се издаваат и изнајмуваат на други компании. Вие само ќе добивате mail-ови во вид на неделни билтени од pretpriemac.com. (Бидете сигурни дека Вашите податоци остануваат заштитени, бидејќи и ние не сакаме да добиваме несакани пораки какви што некои компании во Македонија испраќаат). На сликата подолу е претставена формата.

registracijaslika

  • Кликнете на Понатаму.
  • Ќе се појави страна како на сликата подолу. Потребно е да ги внесете симболите од безбедносната слика и да кликнете на Continue. Ова се користи од системот за да се избегнат несакани регистрации кои шират несакани пораки а доаѓаат од автоматски машини.

PictureML

  • Откако ќе кликнете Continue ќе се појави страна со следнава содржина на која ќе треба да кликнете на Return to Website како на сликата.

Konfirmacija

  • Откако ќе кликнете на Return to Website ќе ве одведе до страната на која е опишана постапката за добивање на калкулаторот прикажан на сликата подолу.

registracija-kalk

  • Во меѓувреме ќе добиете mail на кој ќе има линк кој мора да го кликнете за да ја потврдите регистрацијата. Mail-от што ќе го добиете ќе изгледа вака:

Mail

  • Кликнете на него и и на линкот кој се наоѓа во него (слика подолу):

Klik

  • Откако ќе кликнете на линкот ќе ве одведе до страната каде ќе можете да ја симнете збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа.
post

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ НА ПРЕТПРИЕМАЧ

Следниве видео материјали се изготвени од страна на pretpriemac.com и се објавени на блогов:

  • Два видео материјали за ABC анализа и Microsoft Excel. ABC анализа е корисна алатка за малите бизниси во однос на избор на производи кои допринесуваат најмногу во износот на приходите или успехот на бизнисот. ABC анализата не мора да се користи само во однос на контрола на залихите и избор на вистинските производи туку може да биде користена и како 80/20 правило за било кој бизнис процес. На пример, тие и тие процеси кои изнесуваат 20% придонесуваат 80% за успешност на бизнисот.

Како да се исконструира табелата за ABC анализа:

Изработка на график за претходно изработената анализа:

  • Третото видео е видео кое ќе ја зголеми Вашата ефективност и ефикасност при пребарување на интернетот, а од друга страна може да служи како социјален сајт за стекнување на разни пријатели и можни идни бизнис партнери. Оваа видео се однесува на користење на delicious.com за бележење и организирање на интернет страниците кои ви оставиле некаков впечаток и кои мислите дека ќе ви затребаат во иднина.

  • Четвртото видео се однесува на „бизнис ефектот на пеперутка“ и има за цел да поттикне пронаоѓање на елементите на бизнисот кои ќе доведат до еден бизнис ефект на пеперутка, односно со мали промени до големи успеси.

Во секој случај ќе следуваат уште видео материјали од подрачјето на малите бизниси и претприемништвото кои може да се најдат како корисни за водење на малите бизниси на претприемачите.