Archives for септември 2009

post

ДОДАВАЊЕ НА ВИДЕО НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА – ВИДЕО – 8

Стигнавме до седмото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • Во петото видео видовме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.
  • Во шестото видео опфативме нешто за персонализација, односно промена на темата која сте ја избрале. Таму најдовте и користевте две бесплатни алатки за вршење на измените. Овие алатки ќе ги користите и понатаму.
  • Во седмото видео изработивме една статична веб страна. Ова значи дека не е систем за менаџирање на содржина туку веб страна со неколку страни за Вашиот бизнис. Исто така во тоа видео видовме како Word Press да се направи како статична веб страна и ќе симнеме една бесплатна алатка за едитирање.
  • Во оваа осмо видео ќе изработиме едно видео кое ќе го поставиме на веб страната и во Word Press и на статичната страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

http://pretpriemac.com/myPictures/Video-8.png

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Да го симнете Cam Studio
  2. Да изработите видео
  3. Да го upload-ирате на YouTube
  4. да го поставите на Вашата страна
post

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА КРАТЕЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА МАРКЕТИНГ ВО РЕЦЕСИЈА

Една од првите активности на менаџерите и претприемачите во услови на рецесија е дhttp://pretpriemac.com/wp-content/Marketing.pngа започнат со кратење на маркетинг трошоците на бизнисот. Во повеќето бизниси кога ќе се погледнат трошоците како една поголема ставка изгледаат маркетинг трошоците. Во време на рецесија кога продажбата и развојот на бизнисот се успорени се бараат начини да се скратат трошоците. Понекогаш оваа кратење може да доведе и до влошување на меѓучовечки односи и затоа вообичаено менаџерите бараат начин да не се случи некој оддел или некоја моќна група во бизнисот се почувствува како губитник. Во таков случај едно од најдобрите решенија е да никој не биде губитник туку бизнисот. Сепак бизнисот го водат луѓе. Па, маркетингот е најповолен за кратење на трошоците.
Наидов на едно интересно истражување спроведено од Jenny Darroch, експерт за маркетинг стратегии на факултетот Drucker School of Management на Claremont Graduate University под наслов Avoid the Temptation to Cut Marketing Budgets to Balance the Books.
Зошто маркетинг буџетот се крати?
Jenny Darroch вели:

Сите разбираме дека маркетинг трошоците не се директно поврзани со моментално производство на аутпутот (резултати). Ова значи дека маркетинг буџетот е меѓу први кој реба да биде скратен кога менаџерите се обидуваат да најдат начин да ги намалт трошоците за да ја задржат довербата на акционерите и да продолжат да со безбедно пловење… Размислувањето е дека кога рецесијата ќе заврши ќе можат да се вратат на претходното ниво на маркетинг трошоци. Размислувањето е дека може да се продолжи од таму каде што е застанато без да се наштети на брендот.

Jenny Darroch извршила едно мало истражување за перформансите на бизнисите во претходната рецесија во 1980-тите години. Таа извршила мерење на перформансите на бизнисите една година пред рецесија, ги мерела маркетинг трошоците пред рецесијата и перформансите на бизнисите една година и 5 години по рецесијата. Откритието го коментира:

Открив дека бизнисите кои трошат повеќе во текот на рецесијата уживаат повисока пазарна вредност пет години по завршување на рецесијата. За мене оваа претставува јасен доказ за долгорочните ефекти на маркетинг трошоците.

Во текот на рецесијата вообичаено се користат краткорочни маркетинг средства вовид на попусти и купони. Кои може да дадат брзи резутати. Но, градење на долгорочна вредност на брендот се избегнува. Оваа истражување навистина ни кажува како не треба да се однесуваме во текот на рецесијата.
Кога навистина ќе погледна во изминативе 15 години се чини дека ние нон-стоп сме во некоја рецесија. А кога ќе погледнам како малите бизниси се справуваат во време на рецесија навистина гледам само краткорочни маркетинг напори.
Едно клучно правило е дека производството или продажбата, маркетингот и сметководството никогаш не можат да се мирисаат. Ова е поради фактот што маркетингот што ќе зацрта производството и продажбата не можат да остварат. Што сметководството гледа како трошок останатите гледаат како развој. Но, затоа е тука добар менаџмент. Кој треба да гледа непристрасно и да пресече онака не како е најдобро за поединци туку како е најдобро долгорочно гледано за бизнисот во целина.
Втората работа е трпеливоста. Секој вложен денар во маркетингот не се враќа во вид на 3 денари денес или утре. Туку се враќа во вид на 3 денари по една, две или пак три години. Ова сметководителот не може да го види бидејќи книгите се однесуваат за денешното трошење на парите, а денес од вложеното не се враќаат.

post

ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ ЗА ДОЗВОЛИ ЗА УВОЗ, ИЗВОЗ, ТРАНЗИТ И ТАРИФНИ КВОТИ

Како што веќе наведов ќе гледам што попрактични информации и блог написи да објавувам на претприемач. Инспирацијата за овој напис е една алатка која навистина го олеснува животот на увозниците и извозниците а многу малку врева се крена за неа иако веќе функционира одредено време. Првин знам дека голем труд беше вложен од страна на царинската управа на Република Македонија за да се спроведе еден ваков проект. Луѓето што работеа на проектот остануваат до доцните вечерни часови за да профункционира системот. Проверив дека само една веб страна има линк до овој сервис за едношалтерски систем и тоа само официјалната страна на царинска управа. Затоа си зедов за право да напишам нешто за овој сервис.
Првин нешто за историја. Едно време сите увозници и извозници мораа да одат од една институција до друга за да соберат еден куп на докоменти за непречено работење во надворешно-трговскиот промет. Да не споменувам моето искуство какво беше кога 4 години работев како виш цариник и виш цариник контролор кога еден куп на увозници или пак извозници со пристигнат камион за царинење не ни знаеа дека им треба некое документче за да нормално си ја завршат работата. Што се губи:

  1. Време. Камионот со производите за увоз или извоз стојат на царински терминал. А, времето е пари.
  2. Клиенти. Ако е за извоз производите ќе доцнат. Никој не сака да доцни нешто што е договорено. Зборовите на основачот на Toyota кога поминувал низ погонот биле Just-In-Time, Just-In-Time. А, знаеме што претставува Toyota денес. Aко е за увоз ќе доцни продажба за веќе платени производи или пак доколку се работи за репроматеријал ќе доцни производството.
  3. Пари. Се плаќа царински терминал за поминато време. Се плаќа транспортерот зошто превозното средство му е заробено. Се плаќаат пенали за доцнење.

Дали е сето ова потребно. Секако не! Овој сервис можете да го најдете на http://www.exim.gov.mk.

Што е Exim?

EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење.

Претприемачите треба и мора да го користат системот за:

  • Добивање на информации. Можете да пребарувате тарифни ознаки. Тарифна ознака е нешто што ја кажува царинската стапка и износ на ДДВ како и потребата од некои дозволи согласно формите на увоз и на извоз пропишани со Уредба. Можете едноставно доколку го знеате производот кој треба да го извезете или увезете да се информирате за потребна дозвола и кое министерство ја издава. Можете да се информирате за тоа кои тарифни квоти и од кои земји се достапни за распределба. Квоти претставуваат ослободување од царински давачки согласно одредени договори за слободна трговија.
  • Електронско поднесување на барања. Ова се барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на бизнисите, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Значи електронски од Вашата канцеларија можете да аплицирате за дозволи распределба на квоти и електронски да ја добиете.

Предностите кои претприемачите можат да ги добијат се наведени на самата страна:

  • Достапност на услугата 24 часа, 7 дена во неделата
  • Заштеда на време и трошоци за компаниите поради електронското поднесување на барањата
  • Зголемување на ефикасноста на процесот за издавање на дозволите
  • Стандардизирани и хармонизирани податоци во барањата кои во иднина ќе овозможат посеопфатна размена на податоците
  • Електронско следење на искористеноста на дозволите
  • Електронско поднесување на барања и транспарентна електронска распределба на тарифните квоти

Јас би додал и дека ќе се избегне корупција да некој надлежен инспектор ви го одолговлекува издавањето на документот. Системот бележи се и нема играчки.
Мој совет е сите претприемачи кои се занимаваат со увоз и извоз да ги корстат услугите на овој сервис бидејќи истите се за претприемачите.
Пред било која зделка проверете дали ви треба некоја дозвола:


Пред да нарачате производи на квота проверете дали има преостаната количина:


Пополнете барање и аплицирајте за потребните документи.

post

Бизнис идеи – 3 Генератори

На претприемач пред повеќе месеци објавивме напис за еден генератор на бизнис идеи. Всушност тоа се онлајн алатки кои можат да помогнат во зголемување на креативноста при генерирање на бизнис идеи кога сте во фаза на започнување на бизнис или пак сакате да го проширите постоечкиот бизнис со нов. Извршив едно истражување и пронајдов уште некои такви алатки – помагала за зголемување на креативноста при генерирање на бизнис идеи.

  • Генератор на бизнис идеи на Тhe Director’s Bureau. Ова е алатката која веќе ја споменав. Од три категории на зборови по случаен избор креира сложенки кои може да претатавуваат извор на креативност за добра бизнис идеја.
  • Генератор на имиња на проекти online-generator. Овој генератор генерира по случаен избор креативни имиња на проекти. Целта на овој генератор е да изработи креативни имиња на проекти кои се инспиративни. Може да се извлечат интересни бизнис идеи. Има над 5 милиони случајни имиња на проекти. На оваа страна можете да најдете уште неколку онлајн генератори како генератор на бизнис име, на производ …
  • Генератор на бизнис идеја на randomzoo. Ова е уште еден генератор кој со еден клик генерира различни бизнис идеи. Има навистина забавни, па дури и смешни бизнис идеи како на пример, производи за ослабнување на свињи.

Ова се само алатки кои би ја зголемиле креативноста и не значи дека веднаш може да се применат тие идеи во започнување на нов бизнис. Прв чекор во започнување на секој бизнис е зголемување на креативноста заради генерирање на колку што можеме повеќе бизнис идеи. Можете да прочитате за 6 совети за зголемување на креативноста за добра бизнис идеја.
Ќе продолжиме со серијалот за бизнис идеи на претприемач. Следува:

  • Online места како извор на бизнис идеи
  • Ofline места како извор на бизнис идеи
post

Маркетинг Средства 22 – Квалитет

На ред е 22-рото маркетинг средство од овој серијал од над 100 маркетинг средства на претприемач. За оваа недела го избрав квалитетот како едно од маркетинг средства кое спаѓа во групата на оние бесплатни маркетинг средства кои може да се заборават. Квалитетот кога го разгледуваме како маркетинг средство слободно можеме да кажеме дека има најголем вирозен (viral) потенцијал во себе. Ова се однесува на ширење како вирус помеѓу потенцијалните потрошувачи кои може набргу да станат вистински купувачи. За вирозен маркетинг веќе пишувавме на претприемач. Исто така како резултат на тој текст и добивање на повеќе прашања напишав уште еден за тоа зошто користам зборот вирозен маркетинг наместо вирал.

Зошто вирозен потенцијал на квалитетот?

Една од основните елементи кој секој купувач го бара и сака да го почувствува во купениот производ е квалитетот. Сега има и купувачи на кои не им е важен квалитетот и купуваат понеквалитетни производи заради тоа што не можат да си го приуштат поскапиот. Тие потрошувачи ќе велат дека така им одговара и дека тој производ е квалитетен, и тоа е природно бидејќи постои срам. Но, сепак секој би го купил најквалитетниот производ доколку може да го плати. Што би одбрале помеѓу ново Yugo и BMW. Одговорот на повеќето од вас го знам! Но, и во тие поевтините производи може да се најде и бара квалитет. Цената секогаш не е мерило за квалитет. Цената е склоп на Вашата целосна понуда, а во вашата целосна понуда не е само производот, туку и дополнителните производи и услуги што ги нудите за тој производот. Можете да прочитате за маркетинг стратегијата пржено јајце на око која за претприемач ја напиша Предраг Стојковски.

Кога некој е задоволен од квалитетот на производот што го користи ќе го фали на сите страни. Првин дома кај своите најблиски роднини. Потоа на пријателите во време на кафе шема или пијанка во кафана или свечен излез во ресторан. Па потоа пријателите на пријателите ќе посочат нешто што слушнале за тој квалитет итн. Па, новите купувачи кои повторно ќе бидат задоволни го шират вирусот понатаму. На пример еден каже на 5 луѓе, тие 5 кажат на уште по пет и сега се 25, па тие 25 кажат на уште по 5 луѓе и тоа се 125… За еден циклус од 3 кажувања имаме 5 + 25 + 125 = 155 луѓе кои ќе разберат за нашиот квалитет. Но, вирусот продолжува да се шири. Тоа, навистина е неверојатно.

Како да се мери квалитетот?

Во бизнис светот едно од најчесто поставуваните прашања е како да се мери квалитетот на производот или услугата. Поради субјективната природа на квалитетот неговото мерење не е едноставно. Но, од друга страна и различни корисници на некој производ или услуга различно ќе кажат за квалитетот на тој производ или услуга. Па ова дополнително го отежнува процесот на мерење на квалитетот.

Второ, ако земеме четри типа на бизниси – малопродажба, големопродажба, услужен бизнис и производствен бизнис сите имаат различен аршин за мерка за квалитет на сопствените производи.

Но, едно е сигурно. Претприемачот, менаџерот, вработениот, бизнисот не го дефинираат квалитетот. Квалитетот го дефинираат и оценуваат корисниците на производот или услугата, односно оние кои што го купиле од Вас како претприемач. Вие само ги дефинирате стандардите на Вашиот бизнис во однос на квалитетот. На пример, доколку сте малопродажен бизнис имате стандрди за тоа кои производи ќе ги имате а кои не. Доколку сте производствен бизнис ги дефинирате стандардите во однос на толеранции, ги корситите стандардите за процесот на проверка на квалитетот пред да се определи дека производот ги задоволува стандардите и може да оди во продажба.

Како мерка на квалитетот можете да ги користите следниве показатели:

  • Задоволен купувач. Колку повеќе купувачи се задоволни од производот што сте им го продале толку и е поголем квалитетот на тој производ. Доколку се вратат повторно значи дек се задоволни. Сакам повторно да напоменам дека не мора да значи квалитетот само на производот, туку поважен е квалитетот на целосната понуда која сте ја продале. На пример, малопродажен бизнис има исти производи со друг малопродажен бизнис, но задоволен купувач ќе се враќа онаму каде бил подобро услужен или каде се почувствувал навистина прекрасно додека купувал. Малопродавачите немаат големо влијание на квалитетот на производот кој го продаваат освен во избор на брендови.
  • Број на дефекти – потрошувачите го рекламираат производот. Вториот показател кој може да се искористи е бројот на рекламации за еден производ. Доколку бројот на реклмации е голем тогаш квалитетот е помал. Потребна е брза рекција. Производителот да го поправи квалитетот. Малопродавачот веќе да не ги држи производите за кои прима рекламации.

Она што сметам дека е најважно за да се искористи како маркетинг за Вашиот бизнис во квалитетот да се гледа како една поширока категорија за малите бизниси. Освен производот, потребно е да се вклучат и дополнителни услуги, бонус производи, сервисирање, гаранција итн. Кога ја споменав гаранцијата и таа претставува една од мерките за квалитет на производите но од очите на производителот, а не од купувачот. Toyota го изгради својот имиџ на компанија која произведува автомобили кои не се кварат а го докажа истото со поголема гаранција на нејзините возила во однос на конкуренцијата. Дали некој може да го уништи митот на Toyota за висок квалитет. Мислам тешко.

post

ИЗРАБОТКА НА СТАТИЧНА ВЕБ СТРАНА – ВИДЕО 7

Стигнавме до седмото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • Во петото видео видовме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.
  • Во шестото видео опфативме нешто за персонализација, односно промена на темата која сте ја избрале. Таму најдовте и користевте две бесплатни алатки за вршење на измените. Овие алатки ќе ги користите и понатаму.
  • На ред е седмото видео во кое ќе изработиме една статична веб страна. Ова значи дека не е систем за менаџирање на содржина туку веб страна со неколку страни за Вашиот бизнис. Исто така во оваа видео ќе видиме како Word Press да се направи како статична веб страна и ќе симнеме една бесплатна алатка за едитирање.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

http://www.pretpriemac.com/myPictures/Video-7.png

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Да пронајдете темплејт кој ќе го користите.
  2. Да го симнете Kompozer за едитирање на тој темплејт.
  3. Да го персонализирате темплејтот.
  4. Да изработите други страни освен почетната.
  5. Да ги поставите страните на веб серверот.
  6. Да проверите дали се функционира како што треба.
  7. Чекајте го следното видео.
post

Организациски Промени – 8 Едноставни Чекори за Имплементација

Организациските промени претставуваат процес кој носи подобрување кај бизнисите. Тие се една и единствена константа во бизнис животот но и во животот на претприемачот. Во пракса постои размислување дека организациските промени и процесот на управување со промените претставува нешто многу тешко. Како и да е, доколку имплементирате систем кој ќе обезбеди брза имплементација на процесот на промените веројатноста од неуспех ќе биде многу помала.

Не би сакал да одам низ комплексноста на процесот на промени бидејќи таа комплексност доведува едно чувство на страв кај менаџерите и претприемачите. Кога ќе погледнете во едноставноста тогаш поедноставно е да се започне и имплементира еден таков процес.
За многу менаџери и претприемачи организациските промени претставуваат ноќна мора. Но, доколку тие (менаџери и претприемачи) се фокусирани на вистинските работи и изградат бизнис култура и организациска култура каде промените се широко прифатливи од вработените или организациските членови п-роцесот на имплементацијата ќе биде многу поедноставен.
Постојат повеќе причини за неуспешни организациски промени. Една од најчестите причини е отпорноста кон промените или отпорот кон промените. Во написот од линкот се претставени 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените. Овие фактори не се некоја измислица туку резултат од едногодишно мое истражување во однос на отпорноста кон организациските промени во 80 компании во Република Македонија. Доколку имате систем кој ќе ве информира за изворите на промените и доколку проверите дали постојат некои од факторите кои би предизвикале отпорност и ги елиминирате навремено пред започнување на процесот на имплементацијата ќе бидете на половина пат од успехот на проектот.

8 Едноставни чекори за имплементација на Организациски промени

  1. Имплементација на систем за следење на организациските промени. Најважниот дел од процесот на организациските промени е да се знае кога да се промени нешто и што е тоа нешто што треба да се промени. Доколку ги знаете вистинските предмети на промена и вистинското време и место на таа промена ќе бидете на половина пат до имплементација на успешни промени. Деловното разузнавање е процес кој обезбедува еден ваков систем.
  2. Изработка на план за имплементација на промените. Планот на процесот на имплементација на организациски промени претставува патоказ за успешен процес на промени кај бизнисите. Овој план мора да одговори на прашањата како што се: Што да се менува, кога да се менува и како да се менува.
  3. Пронајди ги можните фактори кои може да предизвикаат отпорност кон промените. Веќе го споменав написот за 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените, прочитајте го внимателно и размислете во однос на сите фактори дали има можност да се појават во Вашиот процес на промени.
  4. Намалете го влијанието на факторите на процесот уште пред имплементација на истиот. Пред да започнете со процесот на имплементација ќе мора да го намалите влијанието на факторите кои може да предизвикаат отпорност кон процесот на имплементација на промените. На ваков начин ќе го подобрите иницијалниот план бидејќи ќе добиете добри препораки од вработените и сите членови на бизнисот што би се противеле доколку нивните предлози не бидат вклучени во процесот на имплементацијата.
  5. Имплементирајте го процесот на промените. Кога ќе завршите со надминување на отпорноста кон промените можете да започнете со процесот на имплементацијата. Поминете низ сите планирани активности од чекорот 2 или ажурираниот план од чекорот 4.
  6. Прославете ја успешната имплементација. Ова е доста едноставен чекор, но сепак многу важен и честопати се заборава. Зошто е важен овој чекор? Доколку процесот на имплементација е успешен и го прославите успехот со Вашите вработени, мотивацијата за наредните процеси на промени ќе се зголеми. А, наредниот процес продолжува веднаш. Се сеќавате од почетокот дека промената е една константа во бизнис животот.
  7. Мерете ги резултатите. Мерење на резултатите е важен чекор во процесот бидејќи ќе можете да видите како процесот на промените после имплементацијата влијае на бизнис перформансите. Доколку нешто не оди онака како што е планирано, тогаш променете го или вклучете го во наредниот чекор.
  8. Рестартирајте го целиот процес повторно.

Можете да забележите дека ова е еден сличен процес како Lewin-Schein-овиот процес на организациски промени:

  • Одмрзнување – потреба од промени и подготовка на терен за промени.
  • Акција – Имплементација
  • Замрзнување – Стандардизирање и мерење на резултати.

Велам Lewin-Schein-ов процес бидејќи овој процес за првпат е предложен од Kurt Lewin а потоа доработен и разработен од страна на Edgar Schein. (Нешто што длабоко го проучував пред едно 5 години). Разликата е во комплексноста на речениците и чекорите.
Совет за крај: Гледајте во едноставноста пред комплексноста – процесот е поедноставен.

post

6 Ентитети кои треба да се привлечат за Вашиот Бизнис Имиџ

Го градиме нашиот бизнис имиџ за ентитети кои ќе не следат и кои сакаме да ги привлечеме. Бизнис имиџот е нешто што има голема бизнис потенцијална енергија која може да биде трансформирана во лојални потрошувачи за нашиот бизнис.

Каков е процесот на градење на бизнис имиџ?

Го градиме нашиот бизнис имиџ кој ќе биде толку моќен што ќе привлече се повеќе и повеќе потенцијални потрошувачи, но со голема желба да бидат наши купувачи. Но, не се за потрошувачи. Ние сакаме да привлечеме и други ентитети кои се поврзани со нашиот бизнис на одреден начин. На пример, дали сакате да привлечете лица со солидни вештини за да ги вработите? Секако одговорот е да. Дали сакате да привлечете медиуми кои ќе креваат прашина на добро околу вашиот бизнис и ќе ја зголемат видливоста на бизнисот? Повторно, одговорот е да. Дали сакате да ги привлечете најдобрите добавувачи за Вашиот бизнис? Дали сакате да ги привлечете луѓето од владата за да помогнат во развојот на бизнисот? дали сакате да привлечете конкуренти кои ќе погледнат во Вашиот бизнис и ќе бидат импресионирани и ќе се обидуваат да ве следат? И секако, најверојатно на сите овие прашања одговорот е ДА.
Процесот е да се привлечат сите ентитети околу нашиот бизнис кои ќе ни помогнат на одреден начин во растот на нашиот бизнис. Една од грешките на претприемачите е што тие го прилагодуваат нивниот бизнис имиџ само за потенцијалните потрошувачи и не кон сите потенцијални ентитети. Во графикот подолу претставени се најважните кои треба да се привлечат со бизнис имиџот (извор: www.entrepreneurshipinabox.com):
BusinessImages

6 групи на ентитети

  1. Потрошувачи: Ова е првата група на ентитети која ја поделив во две категории: тековни потрошувачи и потенцијални потрошувачи. Нашиот имиџ треба да обезбеди нашите тековни потрошувачи да се враќаат и да купуваат од нашиот бизнис. Од друга страна овој бизнис имиџ мора да биде толку моќен за да привлекува нови потенцијални потрошувачи. Но, тука не е само да ги привлече туку и да предизвика желба за купување бидејќи без желба потенцијалните потрошувачи ќе станат само потенцијални потрошувачи. Од тоа ќе нема корист нашиот бизнис.
  2. Вработени. Втората група на ентитети кои треба да се привлечат со бизнис имиџот се вработени. Ова е најважна група по потрошувачите. Без вработени, ние немаме бизнис. Секогаш ќе сакаме да ги привлечеме најдобрите вработени за нашиот бизнис со што ќе ја зголемите бизнис потенцијалната енергија на целиот бизнис. Оваа група исто така е разделена на два подентитети: тековни квалитетни вработени кои сакаме да ги задржиме и потенцијални квалитетни вработени кои ќе сакаме да ги вработиме.
  3. Конкуренти. Третата група на ентитети се конкурентите. Вашите конкуренти секогаш ќе ве следат Вас, вашите бизнис чекори и Вашите бизнис активности. Тие секогаш ќе сакаат да го пронајдат начинот како Вие го практицирате бизнисот. Вашиот бизнис имиџ мора да ја претставува Вашата бизнис надмоќност која не може лесно да биде копирана.
  4. Снабдувачи.  Снабдувачите се исто така важна група на бизнис ентитетиза нашиот бизнис имиџ. Доколку изградите одличен бизнис имиџ, тогаш снабдувачите ќе сакаат да работат со Вас. Ќе добиете различни типови на погодности од оваа. На пример, ќе добиете поголем попуст од Вашите конкуренти, подобар тек на плаќање на набавените производи, прв ќе ги добивате новитетите итн. Замислете имиџ на редовен плаќач што може да направи во очите на снабдувачите. Целта на бизнис имиџот е да привлече два типа на добавувачи: тековни добавувачи за подобрување на меѓусобните односи и потенцијални добавувачи за раст на Вашиот бизнис.
  5. Влада. Дали треба да ја споменуваме моќта на владата? Во секој случај имаат огромно влијание врз бизнисот. Тие можат и да помогнат и да одмогнат на бизнисите, но нашиот имиџ треба да се обиде да добие помош за развој на бизнисот.
  6. Медиуми. Иако последни, не и нејневажни. Медиумите се ентитети кои навистина можат да помогнат во растот на Вашиот бизнис со огромна брзина. Тие можат да Ви помогнат да ја зголемите видливоста на бизнисот. Целта на бизнис имиџот е да привлече колку што може повеќе медиуми кои позитивно ќе зборуваат за Вашиот бизнис и ќе ги распространуваат важните пораки поврзани со Вашиот бизнис.

Ова не се единствените ентитети, но се најважните. Размисли за ентитетите кои сакате да ги привлечете за Вашиот бизнис и направете план како да ги опфатите истите. После тоа следува акција во однос на градење на бизнис имиџ кој не може лесно да биде копиран.

post

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА – ROBO FORM – ВИДЕО

Уште едно видео на претприемач за зголемување на http://pretpriemac.com/myPictures/Video-Materijali-CD.png ефикасноста. Денес живееме во време кога многу работи се изведуваат електронски. Особено бизнисите користат еден куп апликации било да се веб или десктоп кои бараат поврзување со помош на корисничко име и лозинка. Да видиме што се еден просечен бизнис користи или пак може да користи. Ова кога велам бизнис мислам за вработени во тој бизнис или претприемачот.

  • Веб апликација. Ова се апликации за продажба или пак аналитика кои ги мбележат сите поважни бизнис активности. За да пристапите до апликациите Ви треба корисничко име и лозинка.
  • Десктоп апликации. Ова се апликации кои како веб апликации вршат одредени бизнис активности.
  • Е-mail. За секое поврзување на Вашиот е-mail морате да внесете корисничко име и лозинка.
  • Социјални мрежи. Како една маркетинг стратегија социјалните мрежи се се поприсутни. За да се поврзете до истите ќе ви треба корисничко име и лозинка.
  • Социјални обележувачи. Можеби користите социјален обележувач како што е delicious за да ги обележите Вашите омилени страни кои ќе сакате да ги искористите за читање подоцна. а да се поврзете до истите ќе ви треба корисничко име и лозинка.
  • Пристап до некоја веб страна за која треба корисничко име и лозинка.

Ако се собере се може да излезе еден просечен бизнис или вработен во тој бизнис да има 30-тина кориснички имиња и лозинки. Се е ОК доколку сите користат исти правила за корисничкото име и лозинка. Но, во практиката се јавуваат следниве проблеми:

  • Некаде не ви е дозволено да изберете самите корисничко име и лозинка туку ќе мора да ги користите автоматски генерираните.
  • Некои бараат сите да бидат мали букви или пак да не користат специјални карактери, додека пак другите бараат токму такви правила.

Па може да излезе дека ќе треба да паметите 10-тина различни кориснички имиња и лозинки или пак да ги имате некаде запишано. Или пак кога ќе ги заборавите да барате да ви биде испратен податокот по e-mail или пак да го контактирате администраторот. Сето ова е непотребно губење на време. Или што би се кажало активности кои не додаваат бизнис вредност.
Затоа во оваа видео ќе ви ја презентирам една од најдобрите апликации која оваа паметење ќе го врши место Вас и секогаш кога ќе пристапите до некоја апликација или веб страна која бара корисничко име и лозинка ќе ги пополни место Вас. RoboForm e најдобро рангираниот менаџер на лозинки и пополонувач на веб форми кој целосно го автоматизира внесувањето на лозинки и пополнување на формите. Можете да го видите како функционира и каде да го најдете преку оваа видео:

post

БИЗНИС – ШТО Е ТОА БИЗНИС И КАКО ДО БИЗНИС?

На претприемач постојано пишуваме за бизнис, но воопшто не навлегов во суштината за тоа што претставува бизнис. При крајот на 1980-тите години и почетокот на 1990-тите години овој збор стана многу популарен. Така да и децата во градинките и во училиштата знаеја за бизнис и го користеа на некој начин во своите игри. Тогаш и практично почнаа да се развиваат одредени видови на бизниси кои беа сосема поразлични од онаа што тогаш беше вообичаен пракса за ООЗТ или ОЗТ.

Интересно е дека многу луѓе се наоѓаат во некаков бизнис а не се ни свесни дека имаат бизнис кој можат да го развиват за да изградат бизнис империја. Некои успеват да станат свесни, па своето таканаречено „хоби“ го трансформираат во вистински бизнис.

Бизнис дефиниција за бизнис

Бизнис како термин може да се користи на различни начини.

  • Израз дека имаат работа – Имаме некој бизнис!
  • Израз дека поседуваат компанија – Имам сопствен бизнис!
  • Именка – Мал бизнис

Да видиме некои дефиниции за бизнис:

Wikipedia: Бизнис е легална организација усмерена кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Бизнисот доминира во капиталистичкото општество,највеќе како приватна сопственост на поедино лице или некоја друга форма на здружување,која има за цел остварување на профит,кој би го зголемил богатството на сопственикот и би го зголемил обемот на самиот бизнис. Сопствениците и операторите за да успеат во некој бизнис мора да бидат претпазливи со капиталот што го располагаат,состојбата на пазарот,како и да преземат ризик доколку тоа е неопходно.

Oxford Dictionary: Бизнис претставува активност на правење, купување, продавање и снабдување на одредени работи за пари; комерција, трговија.

Бизнис речник (Business Dictionary): Бизнис претставува економски систем во кој производите и услугите се разменуваат за друг производ или услуга или пак за пари врз основа на нивната вредност. Секој бизнис бара одредена форма на инвестирање и доволен број на потрошувачи за кој неговиот аутпут ќе биде продаден за профит на конзистентна основа.

Бизнис во Oxford Dictionary уште се опишува како задача, професија, занимање, настан.

Мислам дека овие дефиниции се доволни за суштината на овој напис: Што е тоа бизнис? Можеме да забележиме дека од три дефиниции сите се различни, а сепак сите опишуваат ист збор и сите се вистинити. Би тргнал со една кратка анализа на истите во однос на клучните аспекти во поглед на бизнис.

Прво, Wikipedia.

  • Бизнис е легална организација – Точно. Бизнис е само легална организација – Неточно. Постојат и нелегални и организации кои се занимаваат со бизнис. Легална организација значи кога бизнисот е внесен во правниот систем на државата. А, колку бизниси постојат кои не се внесени во правниот систем на државата. Но, сепак се бизниси. Тие бизниси продаваат производи и услуги на потрошувачи за пари.

Второ Oxford Dictionary.

  • Бизнис е активност – Точно. Таа активност е правење, купување, продавање и снабдување на одредени работи за пари. Значи бизнисот може да биде производство, трговија на мало и големо како и услужен бизнис.

Трето, бизнис речник.

  • Бизнис претставува економски систем во кој се разменуваат производи и услуги за други производи или услуги или за пари. Значи не мора да значи дека размената се врши само за пари, туку може и други производи или услуги. Но, сепак на крајот целта е да се добијат пари со продажба на тие други производи.

Едноставно можеме да кажеме дека бизнис е секоја активност со која заработуваме пари. Постојат и непрофитни бизниси, но од некаде мора да добијат пари за да ги платат вработените и останатите трошоци на таквите типови на бизниси. Значи секој бизнис во секој случај е поврзан со пари.

Бизнис практики

Она што го извлеков од дефинициите и мојата напомена дека бизнисот не мора да биде легална организација. Значи бизнисот може да се започне со некоја едноставна купопродажба. Идејата е да се купи нешто за повтино и да се продаде поскапо. Како пример, можат да бидат зелените пазари на кои се продава се и сешто. Производите кои се продаваат таму се купени за поевтино на пазарите на големо во Македонија или надвор од неа. За производите набавени од надвор не се платени царински и други давачки. Но, овој бизнис не може да биде вечен иако има некоја солидна заработка. Втора етапа во развојот е да се легализира бизнисот, односно да се внесе во правниот систем.

Но, ваквиот начин на развој на бизнисот ќе бара откажување од поголем дел од сегашната заработка и вложување во локација, во поквалитетни производи, во давачки кон државата итн. Но, во секој случај е подобро да се искористи моментот и да се започне со вистинскиот бизнис.

Како дете имав започато три бизниси со уште двајца мои пријатели. Првиот беше обична купопродажба. Ги купивме сите гумички во боја во книжара. Ако ги купивме за 10 денари ги продававме за 20 денари. Бидејќи ги купивме сите никој друг не можеше да ги најде во книжарницата, па имавме можност за поголема заработка. Значи, ја препознавме можноста и ја искористивме. Но, сепак се откажавме од секојдневните благодети на парите што ги имавме за јадење, сокче или нешто друго што ни следуваше во тие денови. Значи се откажавме од сегашната благосостојба за да инвестираме во еден „бизнис“, но затоа подоцна имавме доволно пари за секој викенд да бидеме во слаткарница.

Вториот бизнис не беше успешен како првиот. Но, третиот бизнис доживеа навистина огромен успех. Третиот бизнис во моето детство беше романотека. Изнајмувавме романчиња во сопствен продажен простор. Повторно со истите партнери ги здруживме силите со инвестиција на пари за нови романчиња и оние кои ги имавме. За време на целиот летен распуст работевме. Заработката беше одлична бидејќи можевме да си дозволиме секоја вечер да бидеме во слаткарница.

Значи и овие бизниси претставуваат бизнис.

Голема грешка е кога не се искорити моментот за развој на бизнисот. Не смеете да си дозволите да не ја искористите можноста.