Претприемач – Нов дизајн и можности

Иако не помина многу време од последниот редизајн на претприемач кога помислив дека конечно сум задоволен повторно извршив големи промени. Овој напис е дел од написите за интернет маркетинг или интернет бизниси во кој сакам да кажам што направив за само неколку часа и кои алатки ги користев. Може да се забележи огромен редизајн на целата страна.

Претходно користев бесплатна тема за WordPres која навистина има убав дизајн во вид на магазини. Но, секоја промена или додавање на некој мој код во позадината на истата правеше толкава збрка што седев по цели ноќи за да ги поправам работите и повторно да ги вратам како што беа. Од друга страна, толку многу работи натрупани на една насловна страна правеа толкава збрка да понекогаш и јас не можев да се снаоѓам а да не зборуваме за посетителите. Уште една работа што не ми се допаѓаше е автоматското пребарување вградено во WordPress кое не даваше баш добри резултати. И пред неколку месеци купив професионална тема за WordPress лиценцирана за повеќе веб страни па си реков зошто да не ја искористам. А, од друга страна секоја промена ми е едноставно играње со нови можности и секако простор за проширување на знаењето.

Па да кренам со она што сега е карактеристично за претприемач:

Thesis WordPress тема

Ја искористив професионалната и уникатна Thesis тема за WordPress. Ова е тема која едноставно се персонализира, SEO оптимизирана, флексибилна  и која овозможува едноставно кажано да направите чуда со изгледот на Вашата веб страна и без знаење од програмирање. Од друга страна имаат одлична подршка и форум на кој ќе најдете кодови кои директно можете да ги искористите на Вашата страна.

FAQ – Постојано поставувани прашања

Имате една уникатна можност преку поставување на прашања да добиете одговор на истите било од претприемач или пак од голем број на луѓе од светот со кои сме поврзани можеме да добиеме одговор. Секое прашање ќе биде на страната. Така да ќе се формира една база на податоци со одговорени прашања кои секој посетител може да ги пребарува и чита.

Едноставно одете на страната FAQ:


Откако ќе влезете на страната ќе можете да поставите прашање како на сликата подолу. Инаку, можете и да не го внесувате mail-от, но во таков случај нема да го добиете одговорот по mail туку истиот ќе биде само објавен на страната. Значи мailo-от служи само за да бидете известени кога прашањето ќе биде одговорено. Ќе се обидеме одговорот да биде даден во тек на 24 часа по поставување на прашањето. Па повелете!

Google Custom Search

Како трета опција која со оваа нова верзија дојде на претприемач е што е подобрено пребарувањето низ истиот. Досега на претприемач го користевме дифолт системот на WordPress како можност за пребарување низ сајтот. Но, сега поставивме можност за пребарување базиран на Google, односно Google Custom Search кој навистина дава многу подобри резултати. Од друга страна пребарувањето се врши и на артиклите на претприемач кои веќе не ги ажурираме. Еве како изгледа новото пребарување:

Поврзување

Добро овој дел го имаше во една друга варијанта, но приметив дека отворањето на сраната ја успоруваа премногу. Да се тчита Twitter па Facebook бараше премногу време. Па, затоја ги дизајнирав разните копчиња за поврзување со претприемач во еден дел на самиот почеток на страната.

Преку првото копче можеме да се поврземе на Twitter. Второто е RSS Feed на претприемач да го поставите на вашиот RSS читач како што е Google Reader и да имате информација секогаш кога ќе излезе ново на претприемач. Третото копче е знакот на FeedBurner која исто така е поседувано од Google (го купија заради можноста рекламите да ги постават и преку mail). Оваа копче е исто како претходно што имаше форма со e-mail и кога ќе го кликнете ќе побара да го внесете Вашиот e-mail и да го потврдите за сите написи на претприемач да ги добивате во Вашиот inbox. И последното (4-то), добро познато на сите, е на Facebook за да биднете фанови на страната на претприемач на Facebook. На таа страна гледам да објавувам повеќе видео материјали од областа на претприемништвото како и секој напис кој се објавува на претприемач.

****

Иако само неколку часа ми требаа да го средам овој нов дизајн сепaк не беше лесно. Но, нема прашања на кои нема одговор на интернетот.

Print Friendly

Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:

  • Е-книга: Блогирање за бизнис
  • 10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис
  • 10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, и
  • По една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци

Слични теми

About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*