post

Бизнис Модел Наместо Бизнис План

Иницијатор за овој краток напис ми беше твитот од @GuyKawasaki за нешто што мора да биде прочитано од страна на претприемачите во однос на Бизнис план VS Бизнис модел. Ова е всушност линк до квалитетен напис на Steve Blank во однос на оваа тема. Моја препорака е да го прочитате бидејќи навистина ќе ви го претстави бизнис планот во едно поинакво светло.

Бизнис План - Бизнис Модел Извадок од Твит

Бизнис План наспроти Бизнис Модел Твит

За што всушност се однесува ова?

Во написот се прикажани примери на два стартап бизниси. Едниот кој изгубил 3-4 месеци на подготовка на бизнис план, оној таканаречен „формален“ и вториот кој воопшто не губел време на подготовка на бизнис планот туку едноставно се насочил на изработка на вистински бизнис модел.

Првиот бизнис по завршување на бизнис планот сфатил дека скоро половина од претпоставките во истиот не биле воопшто во согласност со претпоставките на потрошувачите. Додека вториот преку дизајнирање на бизнис модел кој ќе биде во согласност со потрошувачите, основното насочување му било тој бизнис модел да понуди вредност за потрошувачите, во што и успеал.

Воопшто не ме зачудува сето ова!

Сето ова воопшто не ме зачудува бидејќи и јас поминав низ слична ситуација пред неколку години при започнување на еден мој бизнис. Повеќе детали околу тоа мое патешествие можете да прочитате во Бизнис План – Опасности во стилот планирај го твојот бизнис план.

Од друга страна бизнис моделот е она што поминува на пазарот и што еден бизнис го прави различен од другите. Проекции во стилот на графикон на рентабилност, биланси на состојба, предвидувања на продажба … скоро сите се исти или слични. Тоа се темплејти кои секој претприемач може да ги подготви, разликата е што некој е подобар во предвидувањата во однос на друг. Но, моделот, односно дизајнот на бизнисот е она што се забележува од страна на потенцијалните потрошувачи бидејќи тие се опслужуваат преку еден бизнис модел.

Повеќе детали како и еден мој реален пример при дизајнирање на бизнис модел можете да прочитате во Бизнис модел – нешто што ќе ви помогне. И секако на крајот ќе треба да го вклопите и профитниот модел во дизајнот на Вашиот бизнис.

Ова е потврдено и од една од најбрзо растечките компании за што пишував во Иновација како основа во Facebook.

Па, дали имам потреба од бизнис план?

Ова е едно од основните прашања кои ми се вртат во глава по тоа мое искуство со бизнис планот. Кога ќе се навратам наназад во тој период единствено нешто од тој бизнис план што ми помогна беше тоа што успеав да навлезам во повеќе аспекти на тој нов бизнис уште пред стартување. Од друга страна вториот бизнис план во вид на листа на активности и секако рокови на завршување на истите ми помогна многу повеќе во таа прва година од постоење на бизнисот.

Така да не можам да кажам дека еден таков вид на формален план е бесполезен за еден претприемач на мал бизнис, а не можам да кажам и дека е суштински за опстанок.

Но, она што сметам дека може да биде Win-Win стратегија е да се почне со дизајн на бизнис моделот, па потоа да се инкорпорира тој бизнис модел во еден квалитетен бизнис план. Но, бизнис план кој ќе биде динамичен и кој ќе биде во функција на тековниот бизнис модел кој го користи претприемачот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Гого Рафајловски says

    Морам да кажам дека оваа теме ме заинтригира многу повеќе од останатите, прво затоа што професионално доста долго време се занимавам со бизнис планирање (изработка на бизнис-планови, креирање на бизнис модели, консултации…), и второ затоа што овој натпис е помеѓу најконзинстентните дилеми кај секој добар претприемач/менаџер…

    На почеток морам да кажам дека иако сум голем поборник на изработката на таканаречени „формални“ бизнис-планови, лично воопшто не сметам за потребно некој претприемач да има „совршен бизнис-план“ за неговиот сегашен/идеен бизнис. Ова можеби звучи и контрадикторно, но ева ја позадината на целата дилема – во факти:

    1.) Бизнис-планот не е задолжителен документ! Добро е и пожелно е секој (мислам на секој!) добар претприемач/менаџер (тука намерно ги вклучувам и раководните лица на во било која компанија) пред себе да имаат еден добар план на активности за тоа како го/ќе го водат својот бизнис. Ова е апсолутно круцијално за претприемачот/менаџерот затоа што:
    а.) ги пренесува сите замисли, планови, цели, стратегии, активности на хартија – со самото тоа тие прераснуваат во „официјален“ план на работа;
    б.) со самото ставање на хартија, плановите стануваат пореални и померливи – прераснуваат во мерлив обврзувачки документ;
    в.) јасно се дефинираат критичните точки и потенцијалите на бизнисот;
    г.) при успех/неуспех во реализацијата можност за правење анализи за причините и последиците – и барање на одговорност (во луѓе или ситуации)

    2.) Имам сретнато доста (навистина доста) голем број на претприемачи, кои немале изработено добар бизнис план, а сепак успеале во своите замисли. Ова е сосема во ред! Но, 99% од нив, при соочување со првата посериозна потешкотија, им треба доста повеќе време и енергија -читај пари, за да изготват оптимално решение, за разлика од некои кои тоа го предвиделе со самото планирање на бизнисот.

    3.) Може да успеете и без бизнис-план! Нема да можете да успеете без бизнис планирање! Никому не му треба „совршен бизнис-план“ на хартија. Тоа е обичен документ со податоци, кој можеби за година дена на сите ќе ни изгледа смешно… Но, бизнис планирањето е нешто без кое не се може- замислете некој што води/започнува бизнис да не умее да ви каже: кои се неговите примарни клиенти? како се врши продажба и плаќање? кои се конкурентите на бизнисот? колку е очекуваната добивка? колку се предвидените трошоци? или зошто јас да купам тоа што твојот бизнис го нуди?

    3.) Бизнис моделот е дел од бизнис планот! тоа е многу добро објаснето во последиоте пасуси од погорната статија – „Win-Win“ ситуација: во која можеби и целиот бизнис-план ќе биде вашиот бизнис модел.

    4.) Бизнис-планот е првенствено наменет за лицата кои не се стручно „потковани“ со термините на даден бизнис. На пример: еден претприемач сака да отвори сопствена фарма за одгледување на печурки. Тој има предходно искуство од 20 години, во тек на својот претстој на плантажа за одглеување на печурки во Франција, како надзорник. Во овој случај, тој ги знае сите можни аспекти на одгледувањето и пласирањето на печурки: набавка на семенски материјали, услови за чување, температури, одгледување, влажност на почвата и воздухот, берба и сл… тоа е неговиот бизнис модел. Ако со овој свој бизнис модел отиде во некоја банка да побара кредит, банкарот ќе го гледа бледо и ќе му каже дека мора да се направи: инвестициски план, биланс на успех, амортизационан план, и дека згора на тоа треба да има и: план на продажба (пласман), маркетинг план, SWOT Анализа и … и сега претприемачот е тој што гледа бледо! Значи, двајцата иако разговараат за исти теми, имаат различен вокабулар на бизнис-поими што ги користат за да се разберат. Зато што и двајцата носат одлуки врз база на факти на бизнисот, но од различни точки на гледиште! Ова се случува кога разговараат банкар и: компјутерски или програмски инжињер, архитект, агроном, машински техничар, бравар… И двајцата се во право нели? Или можеби не се?

    5.) Сметам дека, професионално никогаш, ама буквално никогаш нема да си дозволам да оценувам некој бизнис-план/модел/идеја само врз база на планот или идејата, а воопшто да не го запознаам претприемачот! И обратно – да го оценувам претприемачот само според тоа каква е неговата бизнис идеја! Ова го правам исклучиво врз база на фактот дека: еден обичен човек може да ја има најдобрата идеја на светот, а тој лично да не е во можност истата да ја реализира (од X причини), и еден човек може да ја има најобичната/најнеостварливата/„најпростата“ идеја на овој свет, ако тој може да убеди Х луѓе (покрај себеси) дека е способен да ја реализира, и ако за тоа добива пари/средства/поддршка, тогаш на таквите треба да им се симне капата, без разлика дали ќе успеат или не… Оние што мслат поинаку, сами можат да си ги образложат своите тези.

    Да резимирам: Бизнис-планот не е светост! Можете да успеете во бизнисот и без него. Но, развивањето и растот на бизнисот од голема мерка ќе зависат од планирањето (намерно не велам планот!) на работите, кои и не мора да бидат ставени на хартија и формализирани во планови. Бизнис моделот е еден дел од бизнис-планирањето (повторно намерно не велам планот!). Бизнис моделот е алатка која на Вас како на претприемач/менаџер ви објаснува како (ќе) правите пари! Не се чудете ако некој друг нема да може да ви верува, или да ве разбере ако му го доловите само бизнис моделот.

    Искрено се надевам дека на оние што ќе го читаат ова работите ќе им станат малку појасни, и ќе ги поштедат од тоа дали, и зошто да се изработат бизнис модел или бизнис-план. Јас би препорачал да се изработат и двете, не заради хартијата на кои се ставени, туки заради тоа што ќе го постигнете, ако реално ги остварите! А секако, многу повеќе информации секогаш може да се најдат во корисните натписи на Претприемач:

    – БИЗНИС МОДЕЛ – НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ
    – Како да го Дизајнирате Вашиот Бизнис?
    – Бизнис Цели – Обврзување за Остварување
    – Стратегија – Најбрз начин да ги трансформирате Вашите бизнис резултати
    – 10 ЧЕКОРИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС

    • Д-р Драган Шутевски says

      Благодарам Гого на обемното образложение или дообјаснување.
      Мислам дека навистина ги опфати клучните работи кои би ги потенцирал повторно:
      – Планирање е процес а не план.
      – Формата не е важна туку содржината и самиот процес на обврзување кон она што ќе мора да се исполни.
      – Формата е важна кога инженер бара пари од финансиер за да можат да се разберат. Со нејзина помош се стандардизираат работите.

  2. Анонимен says

    Токму така! Сите овие работи веќе беа одлично опфатени во Претприемач низ доста различни теми, кои навистина се значајни.

    Прашањето кое цело време се наметнува кај сите нас е: Дали е подобро да се подготви добар бизнис-план или добар бизнис модел и зошто?

    А одговорот би бил дека, како процес – и без едното и без другото не може да се функционира, а како форма – не е секогаш неопходно.

    Сепак, изборот е индивидуален, а таквки се и последиците

Trackbacks

  1. […] процесот на планирање што во коментрот на написот Бизнис модел наместо Бизнис план од страна на Гого […]

  2. […] бизнис модел ќе користите во 2011 […]

  3. […] различни теоретски и практични согледувања за бизнис моделот и стратегиите кои што еден бизнис би требало да ги има […]

Speak Your Mind

*