Archives for март 2011

post

Facebook и се е можно! Сепак реалноста е поинаква!

Facebook Маркетинг Средство

Facebook Маркетинг Средство

Facebook и се е можно, но сепак не е семоќно. Реалноста е сосема поинаква.

Овој пост се гради веќе неколку недели и едноставно претставува следење на едно практично движење на нов бизнис и градење на присуство на Facebook.

Сите сме свесни за моќта која Facebook ја нуди во поглед на маркетингот. Ова е особено поради фактот што согласно SocialBakers во моментов кога го пишувам овој пост на Facebook има вкупно 831760 корисници од Македонија што претставува над 40% од популацијата.

Кога ја гледаме оваа бројка можеби ќе кажеме дека е лесно да стекнеме 50000 фанови (лајка) за бизнис страната на Facebook кога тоа е само 6% од вкупните корисници во нашата земја.

Зошто ја зедов бројката од 50000? Затоа што тоа ми го кажа еден претприемач кој овие денови направи страна за неговиот бизнис и очекува над 50000 фанови.

Бројката иако е само 6% не може лесно да се оствари особено поради следниве факти:

  • Можеме да имаме голем број на пријатели на личен профил, но сепак само мал процент од истите ќе станат фанови на страната бидејќи тие се пријатели со нас, и не се поврзуваат заради нашиот бизнис (тоа е реалност).
  • Страната секогаш е нова и празна во раните фази на нејзиното формирање и сеуште не може да се види каква вредност истата ќе понуди на потенцијалниот фан. Затоа е најдобро да се започне со креирање на стратегија за градење на настап на Facebook, доколку сеуште не е направено такво нешто. Стратегијата прилагодена на бизнис моделот и севкупните бизнис цели ќе ги даде вистинските насоки за вистинската содржина која ќе се објавува на страната.
  • Иако популацијата е голема, таа неможе да се земе во предвид како бројка за да кажеме дека ќе успееме во нешто. Ако бизнисот опслужува потрошувачи мажи, популацијата која можеби ќе биде заинтересирана за вашиот бизнис ќе биде 50% помала, па така да и бројката која ќе сакате да ја постигнете ќе биде веќе 12%. Ако земете во предвид и локација, старост или било што друго по што е сегментиран вашиот пазар можеби да стигнете до целта дека сакате 50% од потенцијалните потрошувачи за краток период да станат фанови. Што сепак не е невозможно, но временскиот период за остварување ќе биде подолг!
  • Кога бизнисот е сеуште нов и сеуште не се започнати останатите маркетинг активности преку останати маркетинг средства не може да се стигне до оптимална комбинација на различните маркетинг средства со новата страна на популрната социјална мрежа.
  • На крајот на краиштата целта не е да стекнете голема група на фанови за страната, целта е да стекнете повеќе таргетирани фанови за таа страна. Понекогаш 200 можат да бидат многу повредни од илјадници нетаргетирани фанови.

Првиот ден од пратени над 300 покани страната имаше 9 фанови, но сепак како поминуваше време така и растеше бројот на фанови, но сепак таргетот од 50.000 е преголем. Сепак очекувам многу поголема раздвиженост во периодот кој следува за што се надевам ќе имаме ажурирање и тука.

post

iPad и неколку корисни апликации за блогирање

Апликации за блогирање за iPad

Апликации за блогирање за iPad

Да продолжиме со серијалот на постови за iPad и корисни апликации за еден претприемач. Во изминатите две недели опфативме апликации за продуктивност и канцелариски (office) апликации. Со овој пост ќе продолжиме уште со неколку корисни апликации кои се поврзани со блогирање. Повеќепати на претприемач ја истакнуваме корисноста од блогирање како еден дел од ваша маркетинг стратегија, па затоа и оваа група на апликации е издвоена во посебен пост.

  • WordPress е првата апликација со која ќе го започнам оваа кратка листа. Ова е официјалната WordPress апликација преку која можете да го ажурирате блогот и да администрирате коментари. Оваа апликација иако е солидна и се гледа дека развивачите вложуват напори да ја направат колку што може подобра, сепак сеуште е далеку во целост да ја замени функционаноста на WordPress преку веб. Понекогаш може да направи таква збрка во однос на форматирањето што сепак ќе бара да си го отворите компјутерот и да ги направите исправките. Во секој случај за кратки постови без преголеми потреби за форматирање или едноставно за пост-слика или пак пост-видео е одлична. Апликацијата е бесплатна.

WordPress за iPad

WordPress за iPad

  • BlogPress е втората апликација која понекогаш ја користам. Првично ја купив за iPhone (чини 2,99$), но истата верзија е компатибилна без дополнителна инвестиција и за iPad. Една од главните карактеристики на оваа апликација е што ги поддржува скоро сите сервиси за блогирање како WordPress, Blogger, Movable Type, LiveJournal, Drupal, Joomla, Tumblr, SquareSpace… Друга корисна карактеристика е што има можност за лесна интеграција со популарните социјални медиуми како Facebook, Twitter, YouTube, Flickr и Picasa. Често пати може да се сретне како апликација за видео блогирање особено поради фактот што оваа апликација има интегрирано можност за аплоад на видео на YouTube, потребно е само подесување на акаунтот и апликацијата самата ќе го аплоадира видеото и ќе го постави во вашиот пост. Во секој случај оваа апликација вреди за вложените пари.

BlogPress за iPad

BlogPress за iPad

  • Essаy е уште една апликација која ја ставив во оваа група и не е нешто што служи за објавување на платформи за блогирање, туку претставува апликација за пишување на постови кои подоцна ќе ги објавите на блогот. Оваа апликација претставува rich text editor која ги содржи само најпотребните функционалности како оној кој ја користи ќе се фокусирана најважната работа – креирање на содржина. Во секој случај корисна апликација преку која можете да креирате секојдневна содржина за вашиот блог. Сепак, уникатната и квалитетната содржина е основа на оваа долгорочна стратегија. Цената на апликацијата е 3,99$.

Essay за iPad

Essay за iPad

  • Split Pea е последната апликација која ќе ја споменам во оваа група на апликации за блогирање. И оваа апликација се однесува на креирање на содржина за вашиот блог. Она што е добро и за што ја користам е кога истражувам бидејќи апликацијата го дели екрнот на два дела: еден за пишување и вториот за отворање на разни веб сајтови преку кои ја истражувате и проучувате темата за која пишувате. Понекогаш од старите постови правите нови при што оваа апликација може да ја зголеми вашата продуктивност. Цената на апликацијата е 3,99$.

SplitPea за iPad

SplitPea за iPad

Продолжува со:

  • апликации за социјални медиуми,
  • апликации за книги,
  • апликации за манипулација со податоци и
  • апликации за читање.

 

post

10 совети за преговарање

Преговарање во бизнис

Преговарање во бизнис

Вчера навлеговме во една тема која досега не беше опфатена на претприемач, а тоа е преговарање кое е неизбежен дел од секој бизнис. Денес ќе продолжиме со истата тема и ќе опфтиме неколку совети кои ќе ви помогнат за поефикасно спроведување н процесот на преговарање.

Па, да започнеме!

Првин треба да започнете со подготовка за преговарање пред да започне процесот на преговарање. Колку подобро сте подготвени, толку шансите за успех од преговорите ќе бидат поголеми.

1. Постави јасни цели на преговарање.

Што сакате да постигнете со преговарањето? Дали е тоа поголема цена? Дали е тоа поголема количинска продажба? Дали е тоа пониска цена од добавувачот? Напишете ги сите цели кои треба да се постигнат во процесот на преговарање. Целите ќе ви помогнат за определување на сите понатамошни елементи од процесот.

2. Определи ги границите до кои можеш да одиш во попуштање.

Мора да постојат граници до каде можете да одите, а повеќе од тоа не можете да прифатите. Добро е уште во фаза на подготовки да бидете сигурни за тие граници како целиот процес не би се одвивал во погрешна насока.

3. Добро проучи ја страната со која ќе преговараш

Обиди се да дојдеш до олку што можеш информации за другата страна. Дознај ги неговите силни и слаби страни. Подготви се со соодветен одговор за силните страни и обиди се да поентираш на слабите страни. Посебно внимание посветете на тоа дали страната со која ќе преговрате има овластување да донесе одлука. Доколку нема обидете се да не влегувате во процесот се додека од другата страна не седне некој со овластувања.

4. Стави се во положбата на другата страна.

Што другата страна очекува од преговорите? Какви се нивните граници? Доколку на еден ваков начин влезете во мозокот на другата страна едноставно ќе можете да ги погледнете работите од поинаков агол. Во една таква ситуација обидете се да пронајдете некои елементи кои можеби се премногу важни за таа страна, а за вас да не претставуваат некој голем проблем и на таков начин во самиот процес да се откажете од истите и би го превзеле првиот чекор за постигнување на компромис.

5. Осигурајте се дека во првата верзија на понуда е опфатено се што сакате.

Подгответе ја првата верзија на понуда која ќе биде предмет на преговарање. Таа е основа околу која ќе се поставуваат различни прашања, ќе се даваат различни одговори и ќе се прилагодуваат различни делови. Доколку нешто не побарате сигурно е дека нема да го добиете. Затоа бидете сигурни дека се што сакате е ставено во првата верзија на понуда, а потоа ќе преговарате, „пеглате“ и договарате.

6. Осигурајте се дека првичната верзија на понудата не е премногу радикална.

Иако претходниот совет е да опфтите се што сакате, сепак внимавајте да не претерате бидејќи претерувањето може да доведе до откажување на преговорите.

Сега сте подготвени да влезете во процесот на преговарање.

7. Покажете волја за преговарање.

Безусловно доставување на понуда за прифаќање не претставува преговарање. Иако, вашата цел е да се прифатипрвичната верзија на понуда сепак во многу ситуации тоа е невозможно. Затоа покажете и на другата страна дека сте спремни за преговарање и наоѓање на омпромис како би нашле заеднички прифатливо решение.

8. Слушајте внимателно.

Знам дека имате премногу за кажување. Но, и другата страна сигурно има за што да зборува. Додека зборува другата страна внимателно следете ја, не чекајте само една пауза за вие да започнете со зборување. Запишувајте се што е важно од зборувањето на другата страна. На ваков начин уште повеќе ќе го зголемите сопственото знаење за  другта страна. Најдобрите преговарачи се и најдобри слушатели.

9. Побарјте мислење за клучните елементи на понудата.

Секогаш инсистирајте другата страна уште на почетокот да даде мислење за клучните елементи на понудата. На ваков начин ќе дојдете до посакувани информации за можните елементи околу кои ќе се одвива преговарањето. Ова може да ја поттикне другата страна да каже нешто што можете да го искористите во ваша полза.

10. Следете и проценувајте.

Внимателно следете го однесувањето на другата страна кога вие зборувате. Ова може да се однесува на движење на телото, реакции, поглед… Ова се непроценливи информации кои можт да ви помогнат во вистинската проценка на спротивната страна.

post

Преговарање во бизнисот

Преговарање во бизнис

Преговарање во бизнис

Преговарање е составен дел од секој бизнис и не може да се избегне без разлика за каков вид на бизнис станува збор. Ова значи дека секогаш имате можност да преговарате за остварување на продажба по подобри услови или пак остварување на купување на репроматеријал по подобри услови. Забележувате дека и во двата случаи го споменувам зборот подобри услови.

За да може да се преговара мора да се исполнат следниве услови:

  • Да има минимум две страни учесници во преговарање
  • Да има предмет за преговарање помеѓу двете страни и
  • Да постојат различни цели помеѓу двете страни.

Со кого преговараат претприемачите?

Претприемачите мора (или може) да преговараат со добавувачите, со потенцијалните купувачи и со вработените. Велам мора или може бидејќи не секогаш претприемачите се базираат на тоа дека мора да преговараат. Ова значи дека во повеќе ситуации истите не ја користат моќта на преговарање за да обезбедат подобри услови за сопствениот бизнис. На пример, не се искористува можноста да се преговара со добавувачи за обезбедување на пониски цени, за обезбедување на поголем рок на плаќање, за обезбедување на подобри деловни односи…

Врз база на тоа какви ќе бидат во преговорите, во голем дел ќе зависи и успешноста на бизнисот.

Како последен услов за да може да се преговара го наведов да постојат различни цели помеѓу двете страни. На пример, ќе ги разгледаме 3-те највообичаени страни со кои преговара еден претприемач ќе имаме:

  • Добавувачи. Претприемачот има цел да постигне пониска набавна цена, додека добавувачот да постигне повисока цена.
  • Купувачи. Претприемачот има за цел да постигне повисока цена, додека купувачот да постигне пониска цена.
  • Вработени. Претприемачот има за цел да плаќа по учинокот, додека вработените имат цел да добијат повисока плата.

Ова се наједноставни примери на различни цели. Сепак во реалностаовие цели се многу покомплексни и на истите влијаат многу повеќе фактори во зависност од условите и видовите на преговори кои се изведуваат.

Кој е победникот?

Она што честопати погрешно се сфаќа во преговарање е дека треба да има победник и губитник. Забележавте дека како услов за постоење на преговарање не ставив дека едната страна треба да победи, а втората да загуби. Преговарање има за цел да ги задоволи сите страни учеснички во преговарање, а тоа значи обезбедување на компромис.

Наједноставно кажано компромис претставува попуштање во однос на нешто што едната страна го бара, со што конечниот договор кој би се постигнал би бил прифатлив и за двете страни.

Процесот на преговрање не претставува битка помеѓу две страни во кои едната секогаш е непријател на другата. Дали во преговарање вашиот потенцијален купувач го гледате како непријател? Сигурно дека одговорот е не. Многу попозитивен приод е кога страните меѓусебно се гледаат како идни пртнери со што ќе се осигура поголема веројатнос за постигнување на конечен договор.

Можни резултати на процесот на преговарање

Би сакал за крај од овој прв дел од постот за преговарање (следуваат совети за преговарање) малку да навлеземе и во можните резултати од процесот. Процесот на преговори може да доведе до следниве резултати:

  • Постигнување на договор помеѓу страните
  • Непостигнување на договор помеѓу страните и
  • Одложување на преговарањето и постигнување на договор.

Првиот резултат е оној посакуваниот. Вториот иако не е посакуван сепак е возможен и подобар бидејќи некогаш страните учеснички не можат да си ги преминат поставените граници за да се обезбеди општо прифатлив договор за двете страни.

Третиот резултат е најнепосакуваниот. Тоа е резултат кој може да има кобни последици и исцрпување на премногу енергија. Одложувањето може да биде на:

  • Определено време на што треба да се инсистира.
  • Неопределено време кое треба да се избегне.

Секогаш гледајте да постигнете одговор дури и негативен но во еден побрз временски период како на пример една недела. Најголем причинител на неопределено одложување на преговарање и постигнување на договор е еден можен одговор на друга страна во вид на МОЖЕБИ. Овој одговор звучи охрабрувачки и ви дава надеж дека преговорите не се неуспешни и дек во некоја иднина ќе се продолжи и на крајот ќе се постигне договор, но понекогаш и честопати можеби значи културно одбивање. На ваков начин ви влегувате во еден циклус на безполено трошење н време и енергија за некој кој не е способен и нема волја за постигнување на договор.

Затоа секогаш барајте одговор, дури и да резултатот е не.

Продолжува: 10 совети за преговарање

post

40 Маркетинг совети кои мора да ги имплементирате

40 Маркетинг совети

40 Маркетинг совети

Маркетингот слободно може да се каже дека претставува еден од најголемите секојдневни бизнис активности. Понекогаш може да донесе фантастични резултати, но понекогаш и не. Како и да е, не можеме да ја потцениме неговата вредност за секој бизнис.

На пазарот постојат илјадници, ако не и милиони потенцијални потрошувачи за вашата компанија. Тие ќе станат ваши потрошувачи само доколку слушнат за вашиот производ и/или услуга.

Маркетинг активности може да ви помогнат за да ја распространите пораката за вашиот производ и/или услуга или пак вашиот бизнис воопшто.

Во овој пост би споделил 40 маркетинг совети кои ги собрав во една листа преку искуство и едукација во последните 5 години.

Најдобри практики во имплементација на советите

Целта е да ги искористите овие совети и да направите вистински скок за вашиот бизнис. Затоа пред да започнеме со листата на совети би сакал да споделам неколку совети за тоа лалп да ги имплементирате советите подолу:

  • Најдобро е да започнете од првиот совет, но сепак останува на вас од каде ќе започнете.
  • Фокусирајте се на еден совет прво, а потоа на следниот. Не е лесно одеднаш да се имплементират сите, тоа се многу промени.
  • Документирај се што ќе се случува. Документирање на активностите ќе ви помогнат да креирате стандарди кои може да се користат во иднина.  На пример, доколку работите на обврзување кон маркетинг планот одговорете ги и документирајте ги следниве прашања: Како да се обврзам за остварување на маркетинг планот, што треба да направам, кога треба да направам…?

40 Маркетинг совети за претприемачи

  1. Знај кои се твоите потрошувачи.
  2. Знај што тие сакаат.
  3. Знај што тие не сакаат.
  4. Знај каде се тие.
  5. Знај што прават таму.
  6. Знај што размислуваат кога се таму.
  7. Знај што претставува вредност за нив.
  8. Знај ги нивните вистински проблеми.
  9. Знај го нивото на посакување да дојдат до решение за нивниот проблем.
  10. Секогаш биди таму каде што се тие.
  11. Специфицирај јасен пат како полесно да те најдат.
  12. Знај како да стигнеш до нив таму кај што се.
  13. Започни со градење на односи со нив.
  14. Знај што твоите конкуренти прават.
  15. Направи анализа на конкуренцијата.
  16. Познавај ги твоите производи и/или услуги.
  17. Направи неодолива понуда.
  18. Направи јасен повик кон акција.
  19. Користи различни медиуми за да стигнеш до потрошувачите.
  20. Тестирај постојано.
  21. Подобрувај постојано.
  22. Истражувај постојано.
  23. Биди креативен.
  24. Изгради силна бизнис репутација.
  25. Изгради доверба како внатре така и надвор од бизнисот.
  26. Имај кредибилитет.
  27. Секогаш подготвувај маркетинг план.
  28. Обврзи се кон твојот маркетинг план.
  29. Постојано проверувај го маркетинг планот за да видиш што следува.
  30. Споредувај ги реалните бројки со планираните.
  31. Постави јасни маркетинг цели кои ќе ги поддржат севкупните бизнис цели.
  32. Секогаш определувај маркетинг буџет.
  33. Исклучи го секој елемент од твојот маркетинг план кој претставува притисок.
  34. Гради листа.
  35. Направи систем за зголемување на листата.
  36. Сегментирај ја листата.
  37. Користи го блогирање како дел од маркетинг стратегија.
  38. Изработи стратегија за настап на социјални медиуми.
  39. Комуницирај со потрошувачите и потенцијалните потрошувачи преку социјални медиуми.
  40. Покажи ги корисностите наместо крактеристиките во твоите маркетинг средства.
post

Креативна деструкција и креативна имитација

Овој пост е реобјавување на претходниот пост на артиклите на претприемач и претставува еден вовед во еден серијал на постови за меѓународно претприемништво на претприемач (резултат на повеќегодишна научно-истражувачка работа), кои ќе претставуваат еден сосема нов поглед на реалноста и светот во кој живееме денес.

Креативна деструкција и имитација

Креативна деструкција и имитација

Во претприемничката пракса се користат повеќе стратегии. Повеќето стратегии се водат од ситуацискиот пристап и од начинот на практицирање на претприемништвото на претприемачот. Да видиме две слични но во суштина различни стратегии кои може да се користат од претприемачите.

Зборот претприемач entrepreneur потекнува од францускиот збор entreprendre, што значи да се направи (преземе) нешто.

Во прво време овој збор асоцирал на негативни луѓе и на нивните матни активности.

Претприемништвото како поим е познат уште во XII век и до XVII век се однесува на државен службеник кој се ангажира за изградба на патишта, мостови, воени објекти и др.

Во науката зборот претприемништво се спомнува за прв пат во XVIII век, во делото на економистот Richard Cantillon Природата на трговијата. Тој смета дека претприемачот превзема ризик купувајки стока по позната цена, а продавaјки ја по непознатата.

Еден од позначајни автори на претприемаштвото е и Joseph Alois Schumpeter кој смета дека претприемачот е динамична сила која го нарушува економското “status quo” со своето иноваторско однесување. Тој сметал дека претприемачот не мора да биде независен бизнисмен. За ризикот вели дека го сноси сопственикот, а не претприемачот. Прави разлика помеѓу претприемачот и менаџерот и смета дека креативната деструкција е основна задача на претприемачот.

Тука во суштина имаме контрадикторен термин. Се работи за два спротивставени термини со кои се опишуваат задачите на претприемачот. Од една страна имеме креативност (создавање), а од друга страна имаме деструкција (разорување). Па тука се поставува прашањето како да се спојат овие термини, бидејки она што е креативно не би требало да бидне и деструктивно?

Кога ќе отпочне со формирање на фирма претприемач почнува да креира. Значи тој креира нова фирма, нови работни места, нов начин на работење, ствара нови вредности, услуги, профит… Меѓутоа во работењето можаат да настанат потешкотии од различни причини и бизнисот да не успее. Можеби е изберена лоша локација, лош производ, нема доволно финансиски средства, лош маркетинг, лош менаџмент…

Тогаш претприемачот мора да дејствува деструктивно. Да го затвори тој бизнис, да ги согледа слабостите и да превземе чекори за да отпочне друг бизнис. Во секое опкружување може да се види дека еден ист претприемач отворил едно по друго повеќе различни бизниси се додека не се стабилизира по прашање на финансиите и профитот, и се додека бизнисот не профункционира на пазарна основа.

Овој термин креативна деструкција не се врзува само за работењето на еден претприемач. Туку се надоврзува и за работење на сите претприемачи, бидејки претприемништвото овозможува создавање на поквалитетни услови на живеење во едно општеството, создава нови работни места, создава нови услуги, создава подобра конкурентност во светските рамки на едно стопанство.

Значи доколку еден претприемач отворил еден малопродажен објект, и поради личните недостатоци тој бизнис не успее, друг претприемач кој ги согледал слабостите на првиот претприемач, и може на истата локација да отвори ист или сличен бизнис при што би ги отстранил недостатоците кои ги имал во работењето првиот претприемач. И тој бизнис успешно би продолжил со работата. Така да на првата стратегија ,,креативна деструкција,, се надоврзува стратегијата ,,креативна имитација,, која е промовирана од страна Peter Drucker. Креативни имитатори создаваат нешто ново, имитирајќи ги другите претприемачи во исправни одлуки, а менувајки ги грешките кои ги направиле претходните претприемачи и така за себе создаваат профитабилен бизнис.

Претприемачот носи одлуки. Тоа е една од карактеристиките на претприемачите. И креативна деструкција и креативна имитација претставуваа одлуки или стратегии. Согледајте ги Вашите тековни состојби, на Вашите конкуренти и изберете вистинкса стратегија. Ова е циклус кој не престанува. Токму заради тоа претприемништвото е двигател на развојот.

post

iPad и неколку корисни канцелариски (Office) апликации

iPad Office Апликации

iPad Office Апликации

Ќе продолжиме со серијалт најавени постови за iPad и апликации кои можете да ги користите како еден претприемач во целите на твојот бизнис. Претходно стана збор за апликации за продуктивност и во овој пост ќе опфатам неколку апликации за канцелариска работа (Office апликации).

Повторно би најавил дека за сите овие апликации во фаза е изработка на видео презентација со што полесно би ги увиделе можностите на истите.

Па, да започнеме со овие апликации:

  • Pages е првата апликација која ќе ја споменам во оваа категорија на апликации. Тоа е апликација на Apple која го менува MS Word, што значи дека претставува комплетно решение на апликација за обработка на текстуални документи во комбинација со слики, табели или се она што вообичаено го правите се MS Word. Функционалноста и дизајнот претставуваат вистинско волшебство што не изненадува кога станува збор за Apple. Изработените докуманти може да се експортираат во PDF, DOC и PAGES. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

Pages за iPad

Pages за iPad

  • Keynote е уште една апликација од семејството на Office апликација на Apple која претставува одговор на MS Power Point, што значи за изработка на презентации. Првично бев скептик за оваа апликација за тоа дали ќе ми вреди и дали ќе има примена во мојата секојдневна работа. Но, откако започнав да ја користам за некои презентации кои ги изработував во изминатиов период успеав овеќекратно да ја зголемам мојата продуктивност и секако креативност. Сепак изработка на презентација претставува и креативна работа. Се чувствувам како секогаш да имам покрај мене апликација за презентација и без разлика каде и да сум едноставно секоја идеја можам да ја претворам во интересна презентација. Изработените презентации може да се експортираат во PDF, PPT и KEYNOTE. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

Keynotes за iPad

Keynotes за iPad

  • Numbersе уште една апликација од семејството на Office апликација на Apple која претставува одговор на MS Excel, што значи за изработка и работа со табели. Оваа е последнта апликација за која се одлучив за да ја користам. Она што најмногу ми се допадна е лесна изработка на форми и користење на истите како една мини база на податоци во разни ситуации во кои можете да се најдете. Ги има поголемиот дел од функциите кои се во MS Excel и лесно се користат (она од што најмногу стравував).  Изработените табели може да се експортираат во PDF, XLS и NUMBERS. Експортираните документи може да се пратат преку email, iWork, iTunes, iDisk и WebDAV. Апликацијата чини 9,99$.

    Numbers за iPad

    Numbers за iPad

  • PDF Reader PRO е навистина корисна апликација кога станува збор за iPad и читање и обрботка на iPad документи. Мојот печатач веќе не мора да принта на хартија секакви PDF документи бидејќи лесно преку оваа апликација може да се прочитаат истите. По пробување на неколку бесплтни пликации се одлучив за оваа и не се разочарав. Секој PDF документ може да се чита како книга и што е најважно може да се додаваат забелешки, да се подвлекува и да се допишува. Апликацијата чини 9,99$.

PDF Reader PRO за iPad

PDF Reader PRO за iPad

Продолжува со:

  • апликации за блогирање,
  • апликации за социјални медиуми,
  • апликации за книги,
  • апликации за манипулација со податоци и
  • апликации за читање.

 

post

Дали структурата е во тек со времето?

Организациска структура

Организациска структура

Кога станува збор за малите бизниси често пати структурата (се мисли на организациската) се заборава едноставно со изговор дека бизнисот е мал и нема, ниту пак има потреба од структура. Дури и со 3 вработени малиот бизнис има потреба од структура, особено поради фактот што секој бизнис е составен од функции. Бизнис без функции нема и нема ниту да постои бидејќи секогаш ќе имате продажба, подршка на купувачи, сметководство, производство на производ/услуга, маркетинг…).

Во однос на овие прашања разликата помеѓу големите и малите бизниси е во тоа што големите располагаат со повеќе човечки ресурси додека кај малите заради помали ресурси се јавува до преклопување на функциите. Така, кај малиот бизнис можете да сретнете исто лице одговорно за финансии, продажба и набавка.

Организациската структура не служи само за определувањена позиции помеѓу луѓето опфатени со неа, таа многу повеќе ефекти има врз комуникацијата, функционирањето и ефективноста на различните бизнис функции во самиот бизнис. Затоа е корисно вие како претприемач да ја имате скицата на вашата структура. Со една таква скица многу полесно ќе можете да ги увидите „тесните грла“ кои можат да се јават како препрека за развојот на вашиот бизнис.

Со текот на времето се менуваат и околностите во кои една таква организациска структура на вашиот бизнис опстојува. Бизнисот е жив организациски систем, кој е подлежен на постојани реструктуирања, било да се тие во форма на кратење на трошоци, зголемување на продуктивност, зголемување на ефикасност и ефективност… Секоја промена влијае на промена на структурата. Можеби малите промени немаат некакво драстично влијание, но повеќе такви мали промени со мал интензитет во еден подолг временски интервал и тоа како можат да влијаат на функционалноста на структурата на вашиот бизнис.

Согласно горенаведеното структурата треба да биде прилагодена. Затоа на одреден временски период:

  1. Направете листа на сите промени во изминатиов период кои сте ги направиле во вашиот бизнис. Какво влијание тие промени имаат врз секоја функција во бизнисот?
  2. На скицата на организациската структура наведете ги сите промени и нивното влијание како и можните промени на релации помеѓу функциите.
  3. На истата скица додадете ги имињата на луѓето одговорни за секоја од функциите. Доколку има преклопувања (што за мал бизнис не е невообичаено) наведете го истото.
  4. Подгответе можни прашања за дискусија со секое лице од секоја функција кои треба да ги расветлат нивните проблеми. Дали некој е пооптеретен во однос на другиот? Дали постојат одредени нефункционалности во комуникацискиот систем?
  5. Организирајте состанок со сите тие лица на кој ќе присуствувате вие како претприемач и секое лице. За секое лице одвојте по 30 минути посебен состанок на кој ќе дискутурате за можните прашања од претходниот чекор. Инсистирајте на предлози за решенија на проблемите од нивна страна, не од ваша. Доколку не можат веднаш, бидете трпеливи, дајте им време, но сепак ограничете ги за да може процесот да заврши побргу. Идеално е да им дозволите 2-3 дена за размислување и давање на предлози.
  6. Сублимирајте ги предлозите и додадете ваши предлози кои ќе бидат во согласност со визијата на бизнисот и свикајте ги сите на еден заеднички состанок на кој ќе се дискутираат сите предлози. Дискутирајте за нови предлози и барајте начин целиот тим да најде заедничко решение за доброто на бизнисот.
  7. Откако ќе ги соберете сите идеи и дискусии направете скица на нова организациска структура со одговорностите на секое лице како и врските помеѓу истите. Повикајте ги повторно на состанок и презентирајте ја новата предлог структура. На истиот состанок определете одговорни лица за имплементација на оваа структура.
  8. Следи и подобрувај. На крајот следи ја имплементацијата и секаде каде што ќе се јави потреба од некои измени, менувај. Тоа е еден циклус на постојано подобрување.
post

Книга: Poke the Box од Seth Godin

Poke the Box

Poke the Box

Уште првиот ден кога излезе ја купив оваа книга насловена како Poke the Box. Пред една недела ја прочитав и последната страна и еве не тука денес со еден краток преглед на претприемач за оваа книга.

Во книгата во делот за насловна страна стои следново:

Човекот во брзање е еден архетип, првпат откриен во хиероглифите на античките египќани. Тоа си ти, возбуден, оптимистички експериментатор кој разбира дека ризикот е погрешно разбран и тоа движење нанапред е клучот за успехот. Сликата е трговска марка на The Domino Project, но ја имате нашата согласност да ја користите некомерцијално, за да ги поттикнете колегите да одат напред.

Оваа кратка (околу 80-тина страници) книга е последната книга на Seth Godin преку која тој не поттикнува да започнеме со нешто, да превземеме акција, да паднеме и повторно да станеме, да не се откажуваме, да го промениме светот иако тој и околината цврсто се противат на таквите промени…

Основната цел на книгата е да ве поттикне да започнете нешто. Не треба да чекате некој околу вас да каже ајде, едноствно вие бидете тој кој ќе поттикнува нови идеи, нови работи, нови начини, нови…

Seth вели дека скоро никој не вели „Јас започнав нешто.“ Точно, искуствено сметам дека никој не започнува нешто кога се му е дефинирано со опис и попис на работното место. Иновација = 0!

Кога работев во царина секогаш се обидував да ги подобрам тековните работни процеси преку различни мали но корисни иновации кои секогаш на крај остануваше само јас да ги користам. 🙂 Страв од ново? Страв од незнаење? Или пак страв да се променат нештата. Дури, и на еден состанок кај директорот бев нападнат дека некој си игра и прави различни бази на податоци надвор од она што се нарекува официјална IT структура во еден организациски систем. Но, тоа не беа играчки, денес тие бази станаа нераздвоен дел на работа на едно цело одделение. Јас ги викав калкулатори кои една работа наместо 10 дена да се завршува ја скратија на еден ден. И тие беа резултат на потребата на работниот процес, резултат на тоа што моите барања преку официјалната структура не беа исполнети (сигурно завршуваа во канта кај оние кои ме нападнаа) и секако резултат на потребата на зголемување на ефикасноста и ефективноста на одделението. Да не започнев сеуште ќе се работеше рачно.

Токму тоа преку оваа книга ни го кажува Seth Godin. Се зависи од нас.  Ова не значи дека треба да барате стратегија на син океан (книга за која ќе пишувам во друга прилика и во која пазарот авторите го делат на син и црвен океан – син океан без конкуренција и црвен океан со конкуренција). Една од најголемите пречки е што секогаш бараме перфектност, нешто што ќе го промени светот, нешто уникатно…

На едно место ја дефинирав веројатноста на успешност како број на успешни обиди во број на вкупни обиди. На пример ако имаме еден обид и тој е неуспешен, веројатноста е 0 (0/1). Ако имаме 2 обиди и двата се неуспешни, веројатноста повторно е 0 (0/2). Имаме 5 обиди и еден е успешен, веројатноста на успехот е 0,2 (1/5). Но, што доколку сме застанале на оној првиот обид? Вројатноста ќе останеше 0.

Во секој случај книгата е ОК, поттикнувачка и навлегува во некои основи на човековото размислување, страв, предрасуди… Секој претприемач ќе ја смета како нешто од корист, како еден манифест кој служи за поттикнување и превземање на судбината во сопствените раце.

post

Бизнис ефикасност и ефективност

Многу често во бизнис речникот се користат зборовите ефикасност и ефективност. Понекогаш кога се вели ефикасност се мисли и на ефективност, но заради скратено изразување се употребува само ефикасноста. Ефикасност и ефективност се взаемно поврзани. Не е доволно да сте ефективен, а неефикасен или пак обратно, ефикасен, а неефективен. Ефикасноста и ефективноста претставуваат елементи кои во голем дел можат да ја зголемат потенцијалната енергија на Вашиот бизнис. Ефикасноста и ефективноста треба да биде основа како на личен план (претприемачот), така и на бизнисот како целина (системска ефикасност и ефективност).

Но, што претставува ефективност, а што ефикасност? Ова е главно прашање и доколку биде сватено лесно ќе започнете да се насочувате да бидете поефикасен и поефективен.

  • Ефективноста наједноставно кажано претставува да се прават правите работи. Значи ефективноста се однесува на изборот на активностите на бизнисот, активностите на претприемачот.
  • Ефикасноста наједноставно кажано претставува правите работи да се прават на прав начин. Ефикасноста се однесува на начинот на изведување на тие бизнис активности.

На сликата подолу е дадена матрица за ефективност и ефикасност која може да се користи како за вашиот бизнис така и за вашиот личен живот.

Матрица за бизнис ефективност и ефикасност

Матрица за бизнис ефективност и ефикасност

Матрицата е составена од 4 квадранти и тоа:

  • Ниска ефективност и ниска ефикасност. Ова значи дека погрешните работи ги правите на погрешен начин. Каква катастрофа. Губите време за погрешни активности и покрај тоа ги правите на погрешен начин. За стие овие активности на бизнисот мора да ги стопирате (СТОП знакот). На пример, сте избрале погрешни производи за продажба и не знаете како да ги продавате.
  • Висока ефектвност и ниска ефикасност. Ова значи дека сте се насочиле кон вистинските работи за Вашиот бизнис, на работи кои ја зголемуваат потенцијалната енергија на бизнисот, но не ги изведувате на вистинскиот начин, што значи дека сте неефикасен. Ова значи дека сте го избрале вистинскиот пат, но наместо со авион да го поминете вие сте тргнале пешки и бара огромно време за да стигнете таму. Сите овие акивности мора да ги анализирате и да го најдете вистинскиот начин за нивна реализација бидејќи тие ќе го зголемат потенцијалот на Вашиот бизнис. На пример, сте ги избрале вистинските производи кои ќе ги продавате, но не знаете како да ги продавате или ги продавате на погрешен начин.
  • Ниска ефективност и висока ефикасност. Ова значи дека сте се насочиле кон погрешни работи за Вашиот бизнис, а ги изведувате на вистинскиот начин. Дали е ова добро? Дали е возможно ова? Ова и не е добро и не е возможно. Џабе што ги изведувате овие активности на вистинскиот начин кога тие не ја зголемуваат потенцијалната енергија на Вашиот бизнис. Ваквиот начин на работа само ви го губи времето. Анализирајте ги Вашите активности и сите што спаѓаат во овој квадрант стопирајте ги без размислување. Тие воопшто не ви се потребни. На пример, сте избрале лоши производи, кои ги продавате на вистински начин. Вие ќе направите некоја продажба но купувачот веќе нема да се врати.
  • Висока ефективност со висока ефикасност. Ова е вистинската пореба за секој бизнис. Работите она што најмногу ја зголемува потенцијалната енергија на бизнисот и тоа што го работите го работите на вистинскиот начин. Сите овие активности даваат резултати кои на крај ќе се одразат на профитабилноста на Вашиот бизнис. Насочете се секогаш да го работите она што спаѓа во овој квадрант. На пример, сте избрале вистински производи за Вашиот бизнис и ги продавате на вистински начин. На ваков начин обезбедувате долгорочна успешност за Вашиот бизнис и за Вас како претприемач.

Бидете ефективен и ефикасен во исто време бидејќи ефективноста без ефикасноста и обратно не одат. Така постојано размислувајте за вашите и бизнис активностите во поглед на ефективноста и ефикасноста. И работете го онаа што е и ефективно и ефикасно, успехот ќе ви биде загарантиран.