Бизнис успех во 7 чекори

Бизнис успех во 7 чекори

Успешноста во бизнисот иако не е далеку сепак може да се чини со километри одалечено од еден претприемач. Анализирајќи повеќе бизнис елементи во изминативе 3-4 години забележав дека се се врти малку или повеќе околу истите активности или навики на самиот претприемач. Тие елементи или чекори се прикажани на мапата подолу.

Бизнис успех во 7 чекори

Бизнис успех во 7 чекори

1. Истражување

Како претприемач вие постојано ќе истражувате, ќе собирате информации за она што се случува како во вашиот бизнис така и во надворешноста (околината). Истражувањето може да биде за интерни процеси, пазарот, конкуренцијата, производи и/или услуги, потрошувачки навики… Сето тоа дава непроценливи информации за вас како еден претприемач.

2. Анализирај

Собраните податоци не вредат доколку не се анализираат, што значи да се складираат, средат и оценуваат во однос на релевантноста и значајноста за твојот бизнис. Посебни методологии се развиени за овој начин на анализа особено кога се работи за повеќе податоци во различни форми. Разузнавачките служби се базираат на едни такви анализи.

3. Заклучи

Секое истражување треба на крајот да доведе до некој вид на заклучок. Што е она што ќе се извлече како заклучок од спроведеното истражување? Се останато ќе се базира на тие заклучоци. Одлуките кои што ќе ги донесете, планот кој ќе го подготвите или стратегиите кои ќе ги изготвите ќе се базираат во голем дел на тие заклучоци.

4. Планирај

Добрите заклучоци се трансферираат во стратегија и план за спроведување на таа стратегија.

5. Спроведувај

Планот се прави за да се спроведе, а не да стои заклучен во некоја фиока. Затоа откако ќе завршиш со планирање не оддолжувај, започни со имплементацијата на она што си го планирал.

6. Мери

Не е добро да се фати правец и да не се знае дали е вистинскиот или погрешниот. Затоа е тука мерење кое има за цел да проверува дали се е онака како што сте планирале и секако дали планот ви е ОК.

7. Подобрувај

Мерењето исто како и истражувањето ќе даде заклучоци во однос на тоа што е добро а што лошо. Лошото треба да го подобриш, а доброто да го задржиш или уште повеќе подобриш. Секако, тука процесот не завршува, туку продолжува од почеток. Ова е циклус, а не процес ос почеток и крај. Ова е суштината на бизнисот и претприемачот во него.

Print Friendly
About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*