Archives for септември 2011

post

Дали си доволно самокритичен?

Самокритичност Дали си доволно самокритичен?

Ова е веројатно едно од најконтроверзните прашања за претприемачите. Сепак, многу е важно да се знае прашањето и нормално одговорот.

Што мислиш дали си доволно самокритичен како еден претприемач кога станува збор за тебе и за твојот бизнис?

Треба ли и зошто треба да бидеш самокритичен?

Ти не си и неможеш да бидеш секогаш 100% во право. Самокритиката ти укажува кога грешиш а кога си во право. Тоа е потенцијал кој може да го зголеми твоето знаење за самиот себеси, и на таков начин ќе ја зголеми и твојата самодоверба.

Гледаш дека е ужасно тешко да се зборува или пишува за сопствените работи, бидејќи ако тоа нешто било добро, ти си знаеш колку е тоа добро – но ако само кажеш така, се чувствуваш како гомно. ~ Ернест Хемингвеј

Ти си човечко суштество, и можеш да направиш грешки, но ако си самокритичен пред да направиш грешка, тогаш ќе можеш да ја избегнеш. Ова значи дека ќе се подобриш пред да направиш некаква идна грешка.

Носиш стотици или повеќе важни одлуки за твојот бизнис, но како можеш да очекуваш дека сите тие се исправни, ако не си доволно самокритичен?

Самокритиката може да донесе значајни подобрувања во твојот бизнис. Доколку си самокритичен, тогаш знаеш дека ништо не е совршено.

Самокритиката може да ги подобри твојите процеси во донесувањето на одлуки. Ако сите твои бизнис одлуки се критикувани, тогаш ќе застанеш за момент и провериш уште еднаш пред да одлучиш и направиш можна грешка со имплементација на одлуката.

Ако си доволно самокритичен, ќе овозможиш и да бидеш критикуван од другите. Уште поважно е дека ќе очекуваш и ќе ги поттикнуваш критиките кои можат да го подобрат твојот бизнис без разлика од каде доаѓаат.

Најпаметен од сите, според мое мислење, е оној човек кој себеси се нарекува будала најмалку еднаш месечно. ~ Фјодор Достоевски

post

Бизнис блог – Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Бизнис блог за 30 дена Да продолжиме со дваесетивториот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесетипрви ден од предизвикот се однесуваше на ставање на сервер на постовите преку платформа за блогирање кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетивтори ден.

Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Досега ги имате напишано постовите и ги поставивте како драфт на сервер. Иако можеби сте размислувале за редоследот, сепак целта е преку овој предизвик да имате покриеност барем за една година, а во меѓувреме нормално со нови идеи (кои ќе ги имате) да надополнувате.

Но, со она што во моментов го имате би било добро да размислите за еден логичен редослед на објавување. Освен тој редослед мора да размислите и за приоритетот на објавување (некој пост е поважен од друг). Од друга страна ќе се појави пореба некои понови постови да се повикуваат на претходно објавени, што исто така треба да го имате во предвид при реорганизација на овие постови.

За да си ја олесните работата во организација на време на објавување како и редоследот на објавување добро е да имате еден уредувачки календар. Една алатка која може да ви помогне е додатокот Editorial Calendar кој би требало да го инсталирате и во еден поглед во вид на календар ќе можете со едноставно влечење на насловите да ги подредите во најдобар редослед за објавување.

  • Определете го приоритетот на постовите. Некои ќе бидат промотивни за одреден период во година. Некои ќе бидат важни заради содржината на информациите. Сето тоа мора да го означите со соодветен приоритет за објавување.
  • Размислете и одлучете за логичен распоред на објавување. Гледајте ги насловите како една голема функционална целина. Што треба да биде прво, а што потоа?
  • Инсталирајте го додатокот Editorial Calendar и врз основа н претходните две точки подредете ги постовите.

Следува: Бизнис блог – ден 23: Интерно линкување

post

Совет за еден мал бизнис: Користи upselling стратегијa

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Ти како еден претприемач вложуваш големи напори зa да ja направиш првата продажба кај еден потенцијален купувач. Зошто не би се обидел/а да продадеш повеќе? Зошто да не се обидеш да презентираш дополнителна понуда од твојт бизнис и да ја зголемиш просечната продажба. На таков начин, би го зголемил твојот бизнис потенцијал за да обезбедиш поголема продажба за твојот бизнис.

Дали користиш една таква можност за твојот бизнис? Или, пак, едноставно тој потенцијал за продажба го оставаш или се откажуваш онака?

Доколку сеуште не си ја користел таа можност, веројатно ова е вистинското време да дизајнираш нешто што ќе може да ти користи за зголемување на севкупната бизнис потенцијална енергија во твојата компанија. Така може да видиш драматични зголемувања во твојот приход.

Откако ќе успееш со таа прва продажба ти како еден претприемач ќе сакаш да купат што е можно повеќе од твоите понуди. Вака не ризикуваш ништо, бидејќи твоите купувачи веќе донеле одлука за да купат нешто. Тука само им нудиш дополнителна вредност под посебни услови, бидејќи тие веќе купуваат. Ако не сакаат да ги купат твоите дополнителни понуди, едноставно ќе ги игнорираат, и животот продолжува понатаму.

Она што е важно е што доколку не се обидеш со дополнителни понуди како дел од upselling стратегија, се откажуваш од можноста на дополнителни продажби.

Еден факто кој претставува добра основа за мерење и подобрување е стапката на конверзија. Доколку го дизајнираш процесот на вистински начин, стапката на конверзија ќе биде многу поголема. Кога зборувам за вистински начин, мислам на следново:

  • Да им понудиш производи и услуги кои на твоите актуелни купувачи им се навистина потребни.
  • Да понудиш производи и услуги кои се во согласност со веќе купените производи и услуги, или дополнување на тие производи и услуги.
  • Да понудиш нешто што навистина вреди за купувачите.
  • Да направиш навистина една неодолива понуда.

За оваа недела совет за еден мал бизнис: Анализирај ги твоите тековни понуди и обиди се да најдеш каде би можел да користиш upselling стратегија. Дизајнирај го процесот правилно и анализирај ги резултатите. Твојата работа ќе биде да ја зголемиш стапката на конверзија преку тестирање на различни производи и услуги и различни понуди.

post

Бизнис блог – ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

WordPress лого Ќе продолжиме со дваесетипрвиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесети ден од предизвикот се однесуваше на оптимизација на постовите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетипрви ден.

Ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

Ова можеби е и наједноставната работа, затоа што ти во претходните десетина дена веќе работеше на подготовката на постовите кои сега се целосно комплетни и спремни за објавување. Затоа денес сето она што го имате завршено едноставно едноставно го пренесувате да биде на сервер во драфт верзија.

Веќе имате 100-тина наслови напишано и оптимизирано во однос на клучните зборови кои ќе ги користе. Сега е време сите тие постови да ги поставите на сервер преку платформата за блогирање која ја користите (во Блогирање за бизнис ја препорачав WordPress). Сите тие сеуште се драфт верзии, не брзајте со објавување, важно е денеска да ги имате подготвено на сервер заради објавување.

Следува: Бизнис блог – ден 22: Уредувачки календар

post

Бизнис блог – ден 20: Оптимизација на постовите

SEO Да продолжиме со дваесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, деветнаесети ден од предизвикот се однесуваше на пишување на додавање на повик за акција во твоите постови кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесети ден.

Ден 20: Оптимизација на постовите

Задачите од овој ден се едни од поважните кои што ќе треба да ги спроведеш за твојто бизнис блог. Она што сакам да го напоменам е дека оптимизација не значи „превара“ туку едноставно да им помогнете на пребарувачите полесно да дојдат до секој блог пост и полесно да сватат за што станува збор. Доколку започнеш со еден ваков пристап се друго е полесно и секако ќе ти се исплати.

Овој ден твојата задача ќе биде да ги оптимизираш постовите за пребарувачи. Како добро почетно место за она што ќе треба да го правиш го предлагам серијалот на постови на претприемач за SEO кои сеуште се актуелни и можат да ти помогнат секој твој пост да биде одлично оптимизиран.

Но, да презентираме една листа на активности за овој ден:

  • Секој пост на кој работевте во претходните неколку дена проверете го во однос на клучните зборови. Дали ги има доволни и дали случајно некаде си претерал?
  • Дали содржината е структурирана така да биде лесно разбирлива за потенцијалниот читател? Оваа прашање мора да го одговорите бидејќи интеракцијата на читателот со вашиот блог пост може да влијае и врз пребарувачите (подетално за ова ќе стане збор во книгата која ќе произлезе од овој предизвик).
  • Провери дали содржината содржи корисни линкови до твоите останати постови.
  • Провери дали URL-ата на постовите ги содржат клучните зборови.
  • Напиши го насловот на постот кој ќе биде читан и прикажан од пребарувачите.
  • Напиши го описот кој ќе биде читан и прикажан на страната со резултатите на пребарувачите.

Следува: Бизнис блог – ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

post

Твоите маркетинг пораки треба да ги дадат овие одговори…

Маркетинг пораки Твоите маркетинг напори се еден од најважните напори кои ќе треба ти како еден претприемач да ги превземеш во твојот мал бизнис. Ако успееш во овие напори, ќе успееш како претприемач и твојот бизнис ќе биде на вистинскиот пат.

Секој твој потенцијален купувач одлучува дали ќе купи или нема да ги купи твоите производи и услуги. Овие одлуки во наједноставна форма можат да бидат ДА (што нормални ти го сакаш) и НЕ (што не го сакаш како одговор). Твоите маркетинг активности треба да комуницираат со твоите потенцијални купувачи, едноставно така за да им помогнат да донесат правилна одлука.

Во овој пост, би сакал да спомнам некои од најчесто користените прашања на твоите потенцијални купувачи, кога тие се во процесот на донесување одлуки.

1. Дали е премногу скапо за мене?

Едно од првите прашања што си ги поставуваат потенцијалните купувачи е колку тоа задоволство ќе ги чини. Веднаш, одкако ќе го добијат одговорот тие ќе споредуваат повеќе елементи во својот мозок, за да ја најдат вредноста, и дали ќе имаат доволно пари за да си ги дозволат твоите производи и услуги.

Ако твојата маркетинг порака не е наменета да им помогне да го најдат одговорот во неколку секунди најверојатно ќе ги изгубиш тие потенцијални купувачи за твојот бизнис. Како може да се одговори на овие прашања?

Првин размисли за одговорите на овие прашања:

  • Дали твојот производ, може да им донесе на твоите купувачи повеќе пари?
  • Ќе можат ли тие да заработат повеќе?
  • Колку време ќе треба за да им се вратат нивните инвестиции од твоите производи и услуги?

Ако твоите маркетинг пораки ги објаснуваат овие одговори, тогаш тие многу брзо можат да одлучат да купат од вас. Уште поважно е што тие јасно ќе разберат за вредноста што ќе ја добијат.

2. Колку време ќе заштедам? Ќе бидам ли попродуктивен?

Понекогаш потрошувачите освен парите го користат и нивното време за да ја споредуваат вредноста што ќе ја добијат. Знаеш, времето е пари. Секој сака да заштеди од своето време, да биде попродуктивен додавајќи ја истата или подобра вредност како резултат на нивните активности.

Ако твојот производ е нешто што го прави тоа можно, тогаш твојата маркетинг пораки треба да бидат дизајнирани на таков начин, да објаснуваат брзо за овие вредности на твоите производи и услуги.

3. Дали е тоа нешто што ќе функционира и за мене?

Ова е третото прашање што потенцијалните купувачи се прашуваат кога се во фаза на донесување на одлука за купување.

За да се ​​направат овие можни стапици ирелевантни, твоите маркетинг пораки треба да дадат одговори на ова прашање. Алтернативно, барем да им помогнат да одговорат на ова прашање, но во твоја корист.

Ќе треба да им укажеш на некои луѓе кои ги користат твоите производи и услуги, и дека тие функционирале и им помогнале. Тоа е најдобрата помош која би можел да ја обезбедиш.

4. Како можам да ти верувам?

Оваа прашање е важно и е дел од изнаоѓање одговори од твоите потенцијални купувачи кога одлучуваат за купување на твоите производи и услуги. Од друга страна има голем потенцијал да доведе до губење на можната продажба.

Најдобро решение за овој тип на проблем е твојата маркетинг порака да покаже социјален доказ за тебе и за твоите понуди.

Друго можно решение, ако сеуште немаш изградено социјален доказ се тестови, примери или пробен период на твоите производи и услуги.

Многу мали бизниси станале успешни бизниси откако успеале да го изградат социјалниот доказ врз основа на бесплатна работа во деновите на започнување. Понекогаш во првите денови тие даваат дел од своите услуги бесплатно, затоа што сакаат да изградат социјален доказ дека постојат корисници на нивните производи или услуги и дека тие навистина функционираат.

5. Не ми се потребни твоите производи и услуги

Ова не е прашање. Ова е одговор, најлошиот одговор.

Ако примиш ваков одговор на твојата понуда, најверојатно си тропнал на погрешна врата. Едноставно си го промашил твојот целен пазар.

post

Предизвик за бизнис блог – ден 19: Повик за акција

Продолжуваме со деветнаесетиот ден од предизвикот за бизнис блог  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, осумнаесетиот ден од предизвикот се однесуваше на пишување на вовед и заклучок за секој пост кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој деветнаесети ден.

Продолжи…

post

Повик за акција – 7 работи кои може да ги подобриш

Дали користиш повик за акција во твоите понуди? Како тие помагаат во однос конверзијата кон целта на понудите кои ги имаш?

Една од клучните компоненти на неодолива понуда е твојот повик за акција, бидејќи воопшто не постои потреба од некоја понуда што не поттикнува некоја акција. Целта на твојата понуда е секогаш да биде превземена акцијата која се бара од страна на твојата понуда.

Ако твоите потенцијални купувачи не можат да видат јасен повик за акција во твојата понуда, не можеш да очекуваш дека ќе ја преземат акцијата што ја сакаш и што е целта на твојта понуда.

1. Одговори на прашањето зошто тие треба да преземат акции кои ќе ги побараш

Ти сакаш твоите потенцијални купувачи да преземат некој вид на акција. Зошто? Дали поради продажни цели при што ќе се генерираат веднаш одлуки за купување? Дали е тоа нешто што ќе ја зголеми твојата база на податоци со потенцијални потрошувачи? Дали е тоа нешто што ќе те натера да се доближиш до нив заради идните аранжмани со твојот бизнис?

Ќе треба точно да го знаеш она што го сакаш. Како можеш да очекуваш дека тие ќе превземат некои активности ако ни ти не знаеш која е целната акција, или зошто тие треба да преземат акција?

При одговарање на прашањето, размисли за корисностите кои тие ќе ги добијат ако преземат акција и најди соодветно место во твојата понуда, каде што ќе ги вклучиш истите.

2. Покажи јасна вредност која тие ќе ја добијат од акцијата

Можеш ли да ги подобриш нивните животи? Можеш ли да ги решиш нивните проблеми? Можеш ли да ги задоволиш нивните потреби? Можеш ли да го подобриш нивниот бизнис?

Ако одговорите  на овие прашања се да, тогаш ти имаш нешто да понудиш што ќе додаде вредност за твите потенцијални купувачи.

Затоа вметни ја вредноста која тие ќе ја добијат од акцијата но во близина на твојот повик за акција

3. Направи да биде можно за твоите потенцијални купувачи брзо да најдат одговор на прашањето: Што има за мене тука?

Секогаш, твоите купувачи ќе се прашуваат што ќе добијат од акцијата која би ја превзеле. Запрашај се дали твојот повик за акција е нешто што дава јасен одговор на ова прашање.

4. Играј се со визуелни ефекти на твојот повик за акција

Понекогаш можеме да гледаме во нешто, но не можеме да видиме ништо важно за нас, ако таа важност не е доволно ефективна за да го привлече нашето внимание.

Можеш да го имаш најдобар повик за акција со што ќе им ги покажеш вредностите на твоите клиенти, но ако тој повик за акција не го привлече вниманието на твоите потенцијални купувачи, тие нема да го видат.

Поради тоа треба да се играш со различни визуелни ефекти на твојот повик за акција. Користи ги најдобрите кои даваат најдобри резултати во превземање на акција ако сакаш твоиите потенцијални купувачи лесно да те најдат и да реагираат соодветно.

5. Поедностави, без да се изгуби функционалноста

Сакаш да имаш едноставен повик за акција, но во исто време да не ја изгубиш својата функционалноста на истиот.

Тоа значи дека твојот повик за акција треба да е јасен, едноставен и краток, но во исто време да ги прикажеш вредностите и придобивките за своите потенцијални купувачи кои ќе ги добијат кога ќе ја превземат акцијата која ја бараш.

6. Одговори на прашањето: Дали е акционо ориентиран?

Повик за акција е нешто што мора да ја охрабри акцијата. Затоа мора да биде акционо ориентирана.

7. Одговори на прашањето: Дали е доволно истакнат?

Повикот за акција мора да биде доволно истакнат пред сè друго во твојата понуда. Поради тоа запрашај се и одговори го прашањето и доколку не е доволно истакнат, направи да биде.

post

6 Совети за да го извлечеш најдоброто од твоите вработени

Најдоброто од вработени Ти не си сам во активностите да го направиш твојотот бизнис да биде успешен. Како еден претприемач ти си важен дел од твојот бизнис успех, но твоите вработени му даваат нуклеарната енергија на бизнисот за патот кон успешноста.

Многу од твоите планирани активности може да пропаднат, доколку вработените не ги спроведуваат на вистински начин. Можеш да го имаш најдобриот план, опрема, производи и услуги, но ако вработените не го дадат својот максимум во спроведувањето, твојот бизнис нема да успее.

Како да го добиеш најдоброто од твоите вработени?

Како можеш да го извлечеш максимумот од нив?

Еве неколку совети кои можат да ти помогнат во добивање на она што го сакаш од твоите вработени.

1. Секогаш имај ги вистинските луѓе за твојот бизнис

Ако сакаш твојот бизнис да успее, тогаш ќе ти требаат прави луѓе за него. Неможеш да ги вработиш сите. Но, ако ги имаш вистинските луѓе во твојот бизнис, тие ќе го дадат најдоброто од себе за спроведување на сите твои стратегии.

Затоа, многу е важно за да имаш прав систем за регрутирање на кадри во твојот бизнис.

2. Обезбеди фер плата

Правило е да дадеш, ако сакаш да го добиеш најдоброто од твоите вработени. Важно е за нив да не се чувствуваат како некој кој дава повеќе работа за помала плата.

Обезбеди фер услови за нивната плата, ако сакаш да го извлечеш најдоброто од нив.

3. Обезбеди добри услови за работа

Никој не сака да работи и да придонесува во лоши работни услови. Добри услови за работа се работните места кои овозможуваат непречено извршување на работните задачи и во исто време се инспиративни и задоволувачки за вработените.

Обезбеди одлични работни услови и работна околина, ако сакаш да го извлечеш најдоброто од нив.

4. Поттикнувај ги да работат подобро

Можеш да користиш различни стимуланси кои ќе ги охрабрат да работат подобро. Таквите стимуланси ќе ги поттикнат секојдневно да ги подобруваат сопствените резултати. Како пример за овие видови на стимуланси може да биде план за делење на профитот кој нормално ќе ги охрабри да придонесат во зголемувањето на профитот во вашиот бизнис.

5. Дај им целосна контрола на нивната работа

Тие се секојдневно во контакт со својата работа. Тие се супериорни во она што го работат. Зошто не би им дал/а можност да ги контролираат сопствените работи и активности што ги спроведуваат?

6. Дајте им дефинитивни одговорности

Дали би сакал/а да работиш нешто за што не ги знаеш своите обврски? Секој сака да знае што е неговата одговорност. Ако им објасниш кои се нивните одговорности и што се очекува од нив, се здобиваш автоматски со подобар потенцијал за извлекување на најдоброто од нив.

 

post

Предизвик за бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок

Да продолжиме со осумнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блог за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, односно од четиринаесетиот до седумнаесетиот ден од овој предизвик за подготовка на бизнис блог се однесуваше на пишување на текстот за секој од поднасловите кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите на тие денови пред да продолжите со активности од овој осумнаесети ден од подготовка на вашиот бизнис блог.

Продолжи…