И овој месец ќе продолжиме со најкорисните идеи кои можете да ги искористите од минатиот месец кога станува збор за вашиот бизнис. Овој месечен серијал на постови ги издвојува најдобрите наслови кои ќе влезат во страната Започни тука на претприемач на крајот на годината.
Во август на претприемач беа објавени вкупно 25 постови, да видиме кои може да влезат во категорија на најдоброто согласно идеите и посетеноста.
Маркетринг
Не можеш да очекуваш силен бизнис без вложување на енергија во маркетинг. Пред извесен период седев на еден ручек со директор на една наша нова компанија и го слушнав традиционалното размислување за маркетингот: ние сме нова компанија а веќе имаме многу работа и не ни треба да инвестираме енергија и да губиме време во маркетинг. Одлично за стартап компанија која има многу работа на самиот старт, но што доколку тој начин на кој е дојдено до работа едноставно застане, пресуши (во моментов таков вид на компании прогласоваат банкрот во развиените земји)? Сепак сметам дека еден таков пристап е погрешен и може да претставува опасност за бизнисот на подолг рок.
Но, да видиме што е она најдоброто кое можеш да започеш да го применуваш уште денес:
- Google + и можното влијание врз бизнисите. Google + e статистички најбрзо растечка социјална мрежа, која пак од друга страна има или пак ќе има огромно влијание на рангирање на вашиот веб сајт. Иако сеуште платформата не е подготвена за бизниси сепак добро е да започнеш како физичко лице да ја градиш присутноста и едноставно да ги учиш правилата на игра.
- Видео: 3 Состојки на вирозност. Во оваа видео се презентирани трите најважни состојки кои ќе мора да ги инсталираш во твојата кампања за да обезбедиш поголема веројатност на вирозност на истата.
- 26 Начини твојата понуда да биде неодолива. Твојот, па и сите бизнис функционираат врз основа на понуда. Имаш понуда која се разгледува од потенцијалниот купувач пред да донесе одлука за купување. За да го зголемиш успехот на твојата понуда потребно е истата да биде колку што може повеќе неодолива.
Бизнис план
Бизнис план ти потребен бидејќи тоа единственото средство кое ќе служи како патоказ за движењето на твојот бизнис, но и како корективен елемент за подобрување на твоите идни бизнис активности.
- 30 работи кои можете да ги направите во однос на вашиот бизнис план. Се она што можете да го направите уште денес во однос на вашиот бизнис план за да го подобрите и да обезбедите поквалитетна имплементација на истиот.
Менаџмент
Без разлика колкав си, не очекувај дека нема дамемнаџираш или пак дека нема да имаш потреба од менаџментот.
- Разгледај ги овие идеи за да го подобриш твојот бизнис
- Обука – Создавање на успешни и ефикасни кадри
Финансии



При регистрација за двонеделни билтени добиваш пристап до е-книгата блогирање за бизнис, 10 Видео материјали за веб презентација на вашиот бизнис, 10 Бизнис темплејти, и по една тема за претприемништво месечно.








