Бизнис блог – ден 19: Повик за акција

Менаџмент

МенаџментПродолжуваме со деветнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, осумнаесетиот ден од предизвикот се однесуваше на пишување на вовед и заклучок за секој пост кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој деветнаесети ден.

Ден 19: Повик за акција

Целта на овој ден е да додадеш уште еден елемент во твоите постови, а тоа е повик за акција. Сепак, ова е бизнис блог и ти имаш конкретна цел во форма на поддршка на твојот бизнис. Мора да го разгедуваш секој пост преку одредена твоја бизнис цел. И мора да одговориш првин на прашањето што сакаш читателот (потенцијален купувач за твојот бизнис) да направи кога ќе го чита и кога ќе заврши со читање.

Овој ден вашата задача ќе биде да одлучите во кои постови ќе имате повик за акција (запомнете не треба сите да бидат оптеретени со маркетинг пораки). Изберете ги постовите кои на некаков начин ќе бидат поврзани со вашите производи и/или услуги или пак оние кои сметате дека ќе бидат најкорисни и најпопуларни за да вметнете некаков вид на повик за акција. Од друга страна размислете за каков вид на повик за акција ќе стане збор и добро е да подготвите повеќе пораки кои би ги тестирале во иднина.

  • Преразгледај ги сите досега напишани постови и определи ги оние кои мислиш дека ќе бидат најпопуларни, кои ќе бидат најкорисни и оние кои треба да имаат повик за акција.
  • Наврати се на целите на твојот бизнис блог од ден 2. Преточи ги тие цели во можни акции кои би сакал потенцијалниот купувач да ги превземе.
  • Изработи повеќе повици за акција. Тие може да бидат линкови, копчиња, посебен оддел на крајот на блог постот или на почетокот, прашање…
  • Вметни ги во постовите од првата точка.

Следува: Бизнис блог – ден 20: Оптимизација на постовите

Print Friendly
About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*