Archives for октомври 2011

post

10 Правила за успех на претприемачи

Како да станеш претприемач Како еден претприемач ти си жеден да бидеш успешен. Понекогаш процесот ќе биде спор, но понекогаш ќе биде брз.

Но, да знам дека сакаш да бидеш успешен колку што може побрзо. Постојат две различни, но важни прашања за тебе:

Но, пред да започнеме со правилата, запрашај се себеси едно прашање: Што претставува успех за тебе?

Различни претприемачи имаат различна дефиниција за нивниот успех. Затоа и не може да се земе еден јасен патоказ кој ќе ти го покаже патот кон успехот. Но, можеме да ги исцртаме основните правила кои доколку ги следиш на твојот сопствен пат, ќе го најдеш успехот.

Правило #1: Дефинирај ја твојата визија

Твојата визија е нешто што јасно дефинира што е успех за тебе како претприемач. Мора да имаш визија доколку сакаш да бидеш успешен. Не може да очекуваш да бидеш успешен доколку не знаеш каде треба да стигнеш, или пак што е успехот.

Правило #2: Не прави го она што не сакаш да го правиш

Како еден претприемач, треба да сакаш да го работиш она што го работиш во твојот бизнис. Понекогаш тоа нема да биде онака како што си испланирал дека ќе биде (всушност во повеќе случаи нема да биде како планираното). Мора да имаш пасија за твојот бизнис. Пасијата е една од најважните сили која ќе те турка кон успехот.

Правило #3: Гради ја заедницата околу твојот бизнис

Важна работа за успехот на твојот бизнис е дека ќе имаш потреба од луѓе, и тоа многу луѓе. Ќе ти требаат купувачи. Ќе ти требаат вработени. Ќе ти требаат луѓе со кои ќе зборуваш и комуницираш. Ќе мора да започнеш да ја градиш заедницата што поскоро.

Правило #4: Комуницирај со твојата заедница

Не мора да градиш заедница само за да им продаваш. Ти треба заедница со која ќе комуницираш и во одредени случаи ќе градиш партнерски односи. Таквите односи имаат голема моќ за да го направат твојот бизнис да биде успешен.

Правило #5: Слушај ја твојата заедница

Мора да слушаш и да учиш од твојата заедница. Тоа знаење е важно да биде интегрирано во твојот бизнис преку производи и услуги кои ќе ги задоволат потребите на заедницвата.

Правило #6: Користи ги грешките како алатка за подобрување

Доколку направиш грешка или не успееш во нешто, тоа не значи дека нема да биднеш успешен претприемач. Ќе бидеш неуспешен само доколку не учиш од тие грешки, и не се подобруваш себеси и твојот бизнис врз база на тоа искуство. Мора да знаеш дека грешките можат да те подобрат и тебе и твојот бизнис.

Правило #7: Промени

Доколку не се менуваш себеси и твојот бизнис, пазарот ќе се промени и ќе те остави изолиран во него. Подобро е да бидеш лидер отколку следач. Доколку немаш јасен пат за да станеш успешен, ќе има потреба од различни маневри. Треба да имплементираш промени.

Правило #8: Пронајди начини да ги надминеш лимитите

Ти како еден претприемач си личност која не размислува за лимити. Доколку гледаш лимити наместо можности, ќе мора да го промениш твоето размислување од корени и да започнеш да гледаш и зад тие ограничувања.

Правило #9: Диференцирај се себеси

Не мора да гледаш во она што сите други го прават. Тоа не е нешто што ќе те направи успешен. Мора да се диференцираш и себеси и твојот бизнис. Како твојот бизнис се разликува во однос на конкуренцијата?

Правило #10: Прослави и награди

Твојот пат за да станеш успешен нема да биде една права линија. Ќе имаш многу цели помеѓу она каде си сега и каде сакаш да бидеш во иднина. Доколку сакаш твојот пат кон успешноста да продолжи ќе мора да ги прославуваш и наградуваш сите постигнувања на целите на тој пат.

post

6 Видови на моќ кои може да ги поседуваат лидерите

Лидерот со своите: способности, углед, авторитет, популарност, може многу да постигне кај вработените, но мора во одредени случаи да поседува и користи моќ, за да биде во состојба да ги реализира задачите.

моќ и  вработени

Моќ се дефинира и како засилено влијание врз вработените. Да се има моќ, значи да се биде во можност да се смени односот и ставот на другите индивидуи. Постојат неколку извори на моќ,  кои лидерот или менаџерот може да ги користи.

Продолжи…

post

Совет за еден мал бизнис: Слушај, учи и превземај акции

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Една од најважните бизнис функции денес е слушањето. Како и да е, слушањето само заради слушање нема да ги реши твоите бизнис проблеми. Мора да го трансферираш слушањето во учење, доколку сакаш да знаеш што следно треба да направиш.

Дали ги слушаш твоите потрошувачи?

Дали ја слушаш твојата поширока заедница каде функционира твојот бизнис?

Една стара поговорка вели: Господ ни дал две уши и една уста, и треба да ги користиме во директна пропорција.

Ова значи дека ти како еден претприемач мора да слушаш два пати повеќе отколку што зборуваш. А дали е така? Кога слушаш, тогаш учи од тоа слушање за да знаеш што точно треба да кажеш.

Мора да ги слушаш твоите купувачи, твоите потенцијални купувачи, твоите конкуренти, се за твоите и конкурентските производи или услуги, се за твоите тековни или пак потенцијални потрошувачи…

Ти треба тоа знаење доколку ги сакаш да ги донесеш најдобрите одлуки за твојот бизнис.

Ти треба тоа знаење доколку сакаш да ги имаш најдобрите производи и услуги кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.

Ти треба тоа знаење доколку сакаш да се позиционираш себеси и твојот бизнис еден чекор пред конкуренцијата.

Започни со користење на Google Alerts за соодветните зборови и фрази што ќе ти овозможи секогаш кога некој ќе зборува за тебе, за твојот бизнис, за твоите производи или услуги, конкурентите и нивните производи или услуги или било што на некој начин поврзано со твојата индустрија, ќе знаеш за тоа колку што може побрзо.

Голем дел од конверзијата денес се одвива на Facebook или Twitter. Не заборавај ги. Направи систем кој ќе ти ги дава истите информации за се се што следиш и преку Google Alerts.

Со слушање, го зголемуваш твоето знаење кое пак од друга страна ја зголемува твојата бизнис потенцијална енергија.

За оваа недела совет за еден мал бизнис: Започни со слушање. Изгради ефективен систем кој ќе ти овозможи да слушаш се околу тебе и твојот бизнис. Трансформирај го слушањето во знаење и превземи ги идните чекори базираќи се на тоа знаење.

post

Ден 7: Лидерство – 77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Ќе продолжиме со седмиот ден од нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходниот ден се однесуваше за процесот на имплементација и подобрување на истиот.

До денес, ти веќе работеше на подобрување на твојата креативност која ќе ти даде подобри идеи за твојот бизнис. Си започнал со комуникацијата на идеите со твојата заедница. Си работел на подобрување твојата заедница за подобри повратни информации кои ќе ти овозможат да ги подобриш твоите основни идеи. Имаш приоритет на твоите идеи и направен план за имплементација. Си започнал со процесот на имплементација и постојано подобрување низ тој процес.

Сега, ако сакаш да имаш подобар процес на имплементација, ќе ти треба подобро лидерство.

Кој е лидер?

Кој е лицето кое ќе го води целиот процес се до конечниот успех?

Ти како еден претприемач мора да бидеш најголемиот лидер во твојот бизнис, ако сакаш да успееш со секој проект како резултат на идеи од креативниот процес во твојот бизнис. Меѓутоа, ако твојот бизнис има структура и различни менаџерски нивоа, освен тебе, ќе има потреба од лидерство и на менаџерско ниво во твојата компанија.

Лидери се лица кои водат нешто во твојот бизнис. Тие се одговорни да делегираат задачи потребни за остварување на процесот на имплементација. Тие се одговорни да користитат ефикасна комуникација помеѓу вработените и потрошувачите и потенцијалните потрошувачи. Тие се одговорни да ги мотивираат своите тимови. Тие се одговорни за успешно завршување на проектите.

Твојата цел е целиот процес на имплементација да биде успешен. Поради тоа твојата цел и на твоите менаџерски лидери е да се направи успешна имплементација на проектот.

Треба да сфатиш дека имаш многу важна улога во процесот на имплементација на твоите идеи како претприемач. Многу често она што го правиш ќе им биде императив на сите вработени. Ти си огледало во кое сите бизнис членови се огледуваат и се обидуваат да се најдат.

Да ги погледнеме прашања кои ќе треба да ги одговориш за подобрување на твоите и на твојот менаџерски тим лидерски способности:

  • Дали твојот комуникациски процесот е нешто што може да се подобри?
  • Можеш ли да комуницираш со сите вработени без никакви проблеми?
  • Како твоите  вработени те перцепираат? Можеш ли да подобриш нешто во врска со тоа?
  • Дали твоите упатства, стратегии и методи се јасни за твоите вработени?
  • Можеш ли да подобриш нешто во твоите инструкции, стратегии и методи за да бидат поразбирливи за твоите вработени?
  • Дали твоите вработени ги исполнуваат роковите за поставите задачи? Ако не, зошто не? Може да ли се подобри нешто што ќе ги направи постигнување во рокови?
  • Како се мотивира твојот тим? Може ла да се подобри нешто?
  • Како твоите нови идеи ги гледаат твоите вработени? Дали тие гледаат на нив како нешто што е дел од нив? Дали тие гледаат на нив како нешто што ќе им го подобри сопствениот живот? Што е потребно да направиш околу тоа?
  • Дали твоите вработени работат во тимови? Дали тие придонесуваат за целиот успех на твојот тим? Дали знаат што точно е нивната функција, што се твоите очекувања од нив и како тие придонесуваат за успехот на твојот бизнис?
  • Дали твоите вработени се горди, бидејќи работат за твојот бизнис? Може ли да се подобри нешто во врска со тоа?

Овие прашања се најважните делови од твоите лидерски способности. Тие ќе те водат низ можни подобрувања тебе и твојот менаџерски тим за лидерство.

Ќе продолжиме со осмиот ден каде што ќе разговараме за капацитет за имплементација на твојот бизнис.

post

Ден 6: Процес на имплементација – 77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Се наоѓаме во шестиот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис за 77 дена. Претходниот ден, разговаравме за подобрување на твојот план за имплементација.

Сега, имаш подобар креативен процес во твојот бизнис. Си го подобрил процесот на комуникација на твоите идеи кои резултираат во подобрувањата на основните идеи. Имаш голема заедница околу твојотот бизнис, знаеш што е приоритет број еден за твојот бизнис, и имаш план за имплементација на идеи кои треба да бидат имплементирани.

Сега, е време да се започне со процесот на имплементација.

Што може да се подобри таму?

Нам ни треба одговор на тоа прашање, но првин да видиме што овозможува еден процес на имплементација да биде одличен.

  • Треба процесот да се имплементира како што е планирано.
  • Ни треба подобрување во самиот процес кога ќе откриеме дека нешто што не е во ред.
  • Ни треба процес кој ќе создаде поголема вредност за нашите потрошувачи што е можно поскоро.
  • Ни треба процес кој ќе го избегне можниот отпор кон истиот.

Тоа се основните работи кои треба да се подобрат, кога станува збор за твојот процес на имплементација.

Секој процес има своја почетна точка и завршна точка. Стартот е врз основа на планот за имплементација. Целната линија мора да биде нешто што може да донесе остварување на нашите цели. Сепак, ова не значи дека не можеме да го подобриме процесот, бидејќи имаме јасен план.

Планови се базираат на претпоставки, а не може да се земат здраво за готово како нешто што не може да се промени во процесот на имплементација. Ние зборуваме за подобрувања и сето она што може да се подобри е дозволено да се промени.

Кога си во процесот на имплементација, или по процесот, треба секогаш да ги најдеш одговорите на овие прашања доколку сакаш да имаш постојано подобрување во твојот бизнис:

  • Дали твојот план е имплементиран?
  • Дали се појавиле некои грешки кои треба да бидат корегирани?
  • Како можат да се коригираат грешките од твојот план?
  • Зошто постојат  разлики помеѓу планот и резултатите од имплементацијата?
  • Што треба да направиш за да се отстранат тие разлики?
  • Што треба да се направиш во иднина за да се минимизираат појавите на такви разлики?
  • Дали она што го спроведуваш сега е нешто што создава вредност за твоите потошувачи?
  • Можеш ли да ја зголемиш вредноста за твоите потрошувачи ?
  • Што треба да се спроведе за да се зголеми вредноста на твоите потрошувачи?
  • Може ли некако да се скрати спроведувањето на таков начин при што ќе биде завршено што е можно поскоро, но ќе има многу поголема вредност за твоите потрошувачи?
  • Дали има некој вид на отпор на промените?
  • Како може да се минимизираат или елиминираат можните отпори кон промените?

Овие прашања и нивните одговори ќе те водат низ континуирано подобрување при имплементација на нови идеи во твојот бизнис.

Утре ќе продолжиме со седмиот ден кога ќе работиме на лидерство.

post

Знај зошто го правиш она што го правиш

Зошто го правиш она што го правиш Знаеш ли зошто го правиш она што го правиш?

Ти си претприемач! Имаш своја компанија! Имплементираш промени! Решаваш  проблеми! Превземаш акција! Гледаш можности онаму каде што другите гледаат проблеми!

Зошто го правиш она што го правиш?

Дали навистина си сигурен околу тоа зошто го правиш токму она што го правиш? Дали ти си главната причина, или пак ти и твоето семејство? Дали твоите потрошувачи се главната причина зошто го правиш она што го правиш како еден претприемач?

Веројатно, ќе одговориш дека она што го правиш затоа што сакаш да ги постигнеш твоите лични и деловни цели. Но, мислам дека мора да одиме подлабоко во одговор на ова прашање.

Како претприемач треба да имаш, а веројатно и имаш поттикнувачи кои ќе те буткаат на твојот претприемнички пат. Ти треба нешто што ќе ти каже да не застануваш кога ќе мислиш да застанеш. Ти треба нешто што ќе те поттикнува секојдневно да ја подобруваш твојата компанија. Ти треба нешто што ќе го извлекува твојот максимален потенцијал.

Без тие поттикнувачи, ќе го загубиш својот сопствен потенцијал да ја направиш твојата компанија успешна.

Треба да имаш пасија кога го правиш она што го правиш. Таа пасија е една од најважните движечки сили за тебе.

  • Кои се твоите чувства околу актуелен или потенцијален бизнис како претприемач?
  • Дали тој бизнис е возбудлив за тебе?
  • Дали треба нешто да се промени за да ја направиш твојата работа да биде со повеќе пасија?

Како и да е, нема да можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не уживаш во тоа што го правиш. Сосема логично.

  • Кои се работите во кои најмногу уживаш во твојот бизнис?
  • Зошто токму во нив уживаш?
  • Каков ефект има тоа уживање врз тебе и твојата компанија?
  • Можеш ли да ја направиш твојата работа попријатна?

Не можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не си исполнет со тоа што го работиш.

  • Што правиш за да се чувствуваш исполнет во твојата работа?
  • Има ли нешто што може да го зголеми твоето исполнување?

И да, твојата компанија не може да биде  успешна ако не ги задоволува твоите и потребите на потрошувачите.

  • Кои се потребите на потрошувачите кои што ги задоволува твојот бизнис?
  • Кога тие се менуваат, можеш ли да спроведеш брзи промени во твојот бизнис?
  • Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто за што ти имаш најголемо знаење и искуство?
  • Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто што претставува твоја пасија?
  • Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто во што ти уживаш?
  • Дали работата на задоволување на твоите клиенти е  нешто што те исполнува?

Како претприемач треба да имаш знаење, искуство, страст, задоволство и исполнување за да ги задоволиш твоите потрошувачи. Ако тие се задоволни, твоето уживање и исполнување ќе биде многу поголемо.

Размисли за одговори на прашања од овој пост. Тие можат да те охрабрат да размислуваш за блиските односи помеѓу тебе, твојот бизнис и она што го правиш во твојот бизнис.

post

Улога на лидер во една компанија

Менаџмент Секој менаџер е лидер на одредена група луѓе.

Улогата на еден лидер го обврзува менаџерот да ги мотивира, обучува и охрабрува соработниците, а има за цел да влијае врз придонесот на луѓето во компанијата.

Доколку менаџерот поседува или ги развил лидерските вештини за управување со луѓе, неговата работа ќе биде полесна, а постигнатите резултати ќе бидат поголеми. Лидерот треба да биде пример и предводник на една компанија. Тој мора да поседува авторитет, да се држи до морални и етички принципи, да поседува доза на праведност и искреност како спрема вработените така и спрема сите партнери со кои соработува. Лидерот може да послужи како пример, кој ќе влијае врз другите да ја зголемат продуктивноста.

На пример, лидерот може да го употреби своето влијание за да го подобри моралот. Големината на еден лидер може да се согледа и во неговата способност да делегира овластувања. Тоа не е ни малку пријатна задача, бидејќи голем број на менаџери се чувствуваат како некој да им ја зема нивната работа. Но, обврските на менаџерот се големи, тој треба да прифати директна одговорност за она што самиот го извршил со полн капацитет. Сето останато, што не бара негово директно ангажирање, треба да го делегира на подредените.

За да биде делегирањето успешно, претходно треба да се создадат способни и обучени заменици, кои ќе бидат способни тие задолженија квалитетно да ги реализираат. Довербата треба континуирано да се гради и проверува, а делегирањето да се врши од помали кон поголеми овластувања при што, паралелно би се создавале услови за тимска работа на група менаџери, под раководство на лидерот.

Доколку лидерот охрабрува и потикнува подредени менаџери, тие мошне бргу ќе се оспособат за извршување на комплексни функции кои бараат теоретско и практично знаење, но бараат и искуство и храброст за да се превземе нешто (или да се елиминира стравот дека ќе се згреши, доколку нешто се превземе). Тоа е и една од главните задачи на лидерот, да влева храброст и доверба.

Бидејќи знаењето и искуството се стекнуваат бргу, но стравот да не се погреши – парализира голем број на менаџери, па доколку менаџерот како лидер успее и тоа да го вгради кај своите подредени, тогаш може да се смета за успешен лидер.

Најголемите проблеми потекнуваат од луѓето, нивните желби, барања, однесувања и амбиции како индивидуални, така и групни. Раководењето претставува ефективно средство за мотивација на подредените, избирање на ефективен канал за комуникација и решавање на различни проблеми и конфликти. Ова не е едноставно и доколку би било едноставно не би постоеле неуспешни менаџери. Со оглед на својот карактер, знаењето, како и состојбата во компанијата и во општеството, менаџерите применуваат разни начини на раководење кои се повеќе или помалку успешни.

post

Совет за еден мал бизнис: Целта на постоење на твојот бизнис

Совет за мал бизнис

Совет за мал бизнис

Знам дека ова може да се чини како нешто чудно, нешто што сметаш дека и не е важно за твојот бизнис. Како и да е, сепак е круцијално за идниот успех на твојот бизнис.

Дали ја знаеш вистинската цел на постоење на твојот бизнис?

Можеш ли да одговориш во една едноставна реченица? Која е примарната намера на постоењето на твојот бизнис?

Запиши го одговорот на еден лист хартија и продолжи со постот.

Кога разговарам со претприемачи и го поставам овие прашања, она што можам да го заклучам е дека повеќето претприемачи неможат јасно да го дефинираат сопствениот бизнис или намерата на нивниот бизнис. Шокантно е што повеќето од нив имаат погрешни претпоставки или пак воопшто не ги знаат одговорите на прашањата.

Намерата е важна за тебе како еден претприемач бидејќи таа го дефинира или скицира бизнисот во кој навистина се наоѓа тој претприемач. Ова значи дека твојот пат ќе биде јасно дефиниран за во иднина без разлика на промените кои ќе следуваат.

Повеќето претприемачи целта на постоење на нивниот бизнис ја базираат и врзуваат со нивните производи или услуги. Тие сметаат дека се наоѓаат во индустрија на тие производи и услуги. Но, иднината може да ја промени целта индустрија, и индустријата илипазарот веќе да не ги сакаат токму тие производи или услуги. Тогаш, доколку си фиксиран за таквата цел на постоење на твојот бизнис која е базирана на производот, ќе значи и смрт за твојата компанија, или пак нема да ти дозволи соодветна флексибилност за да ги промениш работите во твоја корист.

Целта на постоењето на твојот бизнис мора да се базира на потрошувачите, односно на твојот целен пазар. Тие ќе ја дефинират вистинската цел на постоење на твојот бизнис.

Намерата треба да се базира на едно детално истражување на твојот целен пазар и потрошувачите. Што е она што им е потребно? Кои се нивните желби? Кои се нивните фрустрации?

Овие одговори ќе ти помогнат да дефинираш јасна и вистинска цел на постоење на твојот бизнис. Ова е поради фактот што твоите целни купувачи секогаш ќе бидат присутни таму некаде на пазарот. Доколку се појават промени, тие ќе ги променат нивните специфични потреби, но не и глобалната потреб да го решат нивниот проблем. На пример доколку си во индустрија за храна, секогаш ќе постои потреба од јадење. Купувачите можат да ги променат нивните навики во однос на јадењето што ќе го јадат, но ти ќе можеш да ги задоволиш нивните потреби доколку намерата на твојот бизнис е да им служи на тие потрошувачи, а не да ја испорачува храната која сега ја произведуваш.

Како што можеш да видиш разликите се големи кога станува збор за идниот развој на твојот бизнис.

За оваа недела совет за еден мал бизнис: Размисли за вистинската причина за постоење на твојот бизнис. Дали таа е базирана на твојот производ или услуга или пак на твоите потрошувачи? Доколку е базирана на производи или услуги, ќе мора да започнеш со вистинските промени во твојата компанија започнувјќи од самата намера, бизнис моделот и се друго што следува и што е базирано на тој бизнис модел.

post

Реклама – Добра или лоша

Знам дека рекламата е она што ги продава твоите роизводи и услуги.

Знам дека користиш реклами во различни форми за да продадеш повеќе од твоите производи или услуги.

Но, дали си доволно искрен за тоа што твоите производи навистина можат, а што не можат? Дали со рекламите им кажуваш н твоите потенцијални купувачи нешто што не е вистина? Дали навистина твоите производи и услуги го можат она што го наведуваш во твоите реклами? Дали корисностите кои ти и твојот бизнис ги рекламирате се исти со вистинските корисности кои твоите производи и услуги ги обезбедуваат?

Лаги во реклами

Со твоите реклами може да продадеш еднаш, но пота, твоите производи и услуги се единствените реклами за повторно купување. Не можеш да очекуваш дека ќе имаш уште една продажба на иста личност која се чувствува измамено. Бидејќи денес тие имаат многу можности за избор помеѓу тебе и твојата конкуренција.

Лагите се нешто што прават голема разлика помеѓу добра и лоша реклама. Но, исто така прават разлика и помеѓу добар и лош бизнис. Потрошувачите го знаат тоа и лесно можат да препознаат лага и вистина. Не играј си со огин. Опасно е за тебе и за твојот бизнис.

На лагата и се кратки нозете. Истото се однесува и за рекламните лаги.

Никогаш не пишувај реклама која нема да сакаш твоето семејство да ја прочита. Нема да и кажуваш лги на сопствената жена. Не кажувајте ми ги мене. Направи како што треба да направиш. Доколку кажуваш лаги за производот, ќе бидеш откриен – дали од страна на Владата, која ќе те казни, или од страна на потрошувачите, кои ќе те казнат така што нема повеќе да ги купуваат твоите производи. Добрите производи може да се продаваат со искрена реклама. Доколку мислиш дека немаш добар производ, немаш бизнис кој треба да се рекламира.  ~ David Ogilvy

post

Ден 5: План за имплементација – 77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Продолжуваме со петтиот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходниот ден се однесуваше за приоритизација на твоите идеи што ти обезбеди јасна слика за тоа што треба да спроведеш како прво.

До денес во овој предизвик, ние ги  подготвувавме нашите сништа, но сега сакаме да го направиме нашиот прв чекор со нешто опипливо, што ќе не подготви за ефективна имплементација на процесот.

Многу добри идеи не се трансформираат во успешен бизниси, или пак во успех на постоечки бизнис, едноставно затоа што тие не се спроведени. Меѓутоа, ако се направи добар план за имплементација, половина од спроведувањето ќе биде завршено.

Од друга страна, добри идеи се добри само додека не застарат. Да, ти имаш приоритети, но ако не започнеш со имплементација веднаш за да бидеш прв на пазарот со тоа што идејата го обезбедува, твојата идеја ќе застаре и ќе ја изгубиш конкурентската предност.

Кога зборуваме за планирање на имплементација, постои нешто што може да биде многу опасно за твојот бизнис. Тоа е кога ќе се обидеш да бараш перфекционизам во сè. Важно е се да биде перфектно, но понекогаш тоа може да те однесе во еден бескраен циклус на планирање. Ваквите планови никогаш не се спроведуваат затоа што не се перфектни.

Друга работа што сакам да ја напоменам кога станува збор за планови и процесот на планирање е дека најдобар бизнис план е план кој е целосно имплементиран.

Тука се дадени неколку прашања кои ќе те доведат до брзо планирање во процесот на имплементација на твоите идеи.

  • Која е целта на идејата што ќе треба да се спроведе?
  • Колку време ќе биде потребно за да се спроведе идејата?
  • Каков ќе биде процесот на имплементација?
  • Кој ќе биде одговорен за имплементацијата?
  • Кои чекори ќе треба да се спроведат?
  • Кој ќе биде одговорен за тие чекори и кога?
  • Кои ќе бидат показателите за мерење на процесот на имплементација?
  • Што треба да се подобри врз основа на процесот на имплементација?

Тоа е тоа! Одговори на прашања и ќе имаш план за имплементација. Што е уште поважно е дека овој вид на прашања, исто така, ќе те одведат во еден процес на континуирано подобрување.

Ќе продолжиме со шестиот ден, каде што ќе започнеме со процесот на имплементација.