Archives for декември 2011

post

Среќна нова 2012 година

Почитувани читатели на претприемач, тимот на претприемач ви ја честита новата 2012 година и ви посаку многу успех во работата и животот. Нека новата година ви донесе многу здравје, среќа, успех и секако љубов.

post

Интернет маркетинг – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата интернет маркетинг на претприемач има вкупно 112 наслови од кои на оваа година отпаѓаат 52 постови. Денес и не може да се замисли бизнис без да се гради присутноста на интернетот. Иако малку ја запоставивме оваа категорија бројката од над 50 наслови ја зголемува предизвикот за блогирање за бизнис во 30 денови.

Да ги издвоиме најдобрите од оваа година во категорија интернет маркетинг.

  1. Подобрете ја вашата email кампања во 2011. E-mail маркетинг претставува основа за бизнисите преку која можат да поттикнат комуникација со потенцијалните потрошувачи, да ја зголемат препознатливоста на брендот, да ги едуцираат потенцијалните потрошувачи, да соработува со потенцијални потрошувачи… Во постот се презентирани 7 елементи кои може и треба да се подобруваат постојано.
  2. 11 чекори за маркетинг со содржина. Содржината е основата кога станува збор за настап на интернет на еден бизнис. Во постот се презентирани 11 чекори кои треба да ги преземете.
  3. Зголемување на конверзија – Интернет маркетинг. Една од целите на следење на сите активности во однос на интернет маркетинг претставува зголемување на конверзијата.
  4. Google + и можното влијание врз бизниситеGoogle + e статистички најбрзо растечка социјална мрежа, која пак од друга страна има или пак ќе има огромно влијание на рангирање на вашиот веб сајт. Иако сеуште платформата не е подготвена за бизниси сепак добро е да започнеш како физичко лице да ја градиш присутноста и едноставно да ги учиш правилата на игра.
  5. Блогирање за бизнис е-книга. Овој пост е опис на она што е опфатено во е-книгата блогирање за бизнис која сите регистрирани за билтени ја добиваат бесплатно.
  6. Предизвик за блогирање за бизнис во 30 денови.  Овој пост ги групира серијата на постови кои одеа секојдневно како предизвик за блогирање за бизнис.
  7. SEO оптимизација за пребарувачи: 5 најчести грешки. Во постот потенцирани се 5 грешки, кои спаѓаат во групата на ненамерни или несвесни грешки кои што може и во најголем број на случаи се прават.
  8. Зошто онлајн успех води до офлајн успех? Можеби постои мислење дека еден бизнис кој целосно е фокусиран на офлајн продажба нема потреба од онлајн присуство. Но, сето тоа не е точно. А, во постот е опишано и зошто.
post

Менаџмент – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата менаџмент на претприемач веќе содржи околу 230 наслови од кои дури половината или 115 се од оваа година. Се чини дека доста поголем акцент ставивме токму на менаџментот.

Значи имаме бизнис идеја, правиме план, започнуваме со бизнисот, се грижиме да дознаат колку што може повеќе луѓе како би станале купувачи. Потоа доаѓа првиот раст, ширење на бизнисот, потреба од системи, управување… Тука веќе доаѓа на сцената менаџментот.

Да ги издвоиме најдобрите постови од оваа гупа од 115 постови во категоријата менаџмент за оваа година.

  1. Подобрување – последица на грешки. Секоја грешка може да се гледа како основа за подобрување.
  2. Концепт на еж. Ежот знае само еден трик, кој постојано го применува и во најголем број на случаи успева. Наместо да користи или да пробува различни стратегии тој ја користи онаа за која е специјализиран и секако која најдобро ја знае.
  3. Дали структурата е во тек со времето? Структурите се тука во бизнисот и си имаат своја цел. Но, истите мора да бидат во тек со времето во кое функционира бизнисот. Застарени структури претставуваат опасност.
  4. Однесување на менаџерите кон вработените. Начинот на однесување на менаџерите кон вработените има големо влијание во севкупното работење на организацискиот систем. Какви односи може да имаат менаџерите кон вработените?
  5. Развој на вашата стратегија во 4 чекори. Во постот е даден еден едноставн пристап за развој на стратегија во вашиот бизнис.
  6. Работни задачи на менаџерите. Ова е еден серијал на постови кои се однесуваат на менаџерите и нивните работни задачи.
  7. Дали носите добри одлуки? Дали вашите одлуки се добри? Во постот се дадени прашања кои што ќе ви помогнат да видите дали сте добар „одлучувач“, односно дали носите добри одлуки и да ја увидите можноста од ваше лично подобрување.
  8. Стилови на менаџментот. Постот ги презентира 6 најчесто користени стилови во менаџментот.
  9. Знаења и вештини распределени низ менџерски нивоа. Презентиран е еден преглед на знаењата и вештините како и нивната распределба низ менаџерските нивоа.
  10. Истражување: Главни извори на промени во компании. Резултати од едно истражување спроведено од EIU (Economist Intelligence Unit) спонзорирано од Celerant Consulting спроведено во ноември 2010 година преку анкетирање на 288 менаџери од Северна Америка, Западна Европа и Латинска Америка.
  11. 24 Совети за менаџирање на времето. Сите го имаме истото време на располагање. Успешните стигнуваат да го искористат, но некои не успеваат. Разликата е во ефикасно користење на времето кое го поседуваме.
  12. 8 стапици за продуктивноста. Во овој пост опфатени се 8 стапици кои може да се јават како непријатели на вашата продуктивност доколку не се менаџираат на вистинскиот начин.
  13. Ефективно и ефикасно користење на времето. Постот опишува фрустрирачко работно време и чекори кои би можеле да ги преземете за да избегнете една таква состојба.
  14. Делегирање за зголемување на продуктивноста. Успешен менаџер делегира и знае како, кога и на кого треба да делегира дел од работните активности.
  15. Видови на моќ во компаниите. Лидерот со своите: способности, углед, авторитет, популарност, може многу да постигне кај вработените, но мора во одредени случаи да поседува и користи моќ, за да биде во состојба да ги реализира задачите.
  16. Добар менаџер – постои ли такво нешто? Кои се некои од најдобрите особини кои треба да ги поседува еден менаџер? Во овој пост се дадени некои од нив и секако доколку сакате да ги погледнете преку една видео презентација можете да го погледнете и видеото.
  17. 10 книги за менаџмент кои мора да се прочитаат. Еден начин за да ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија во твоите менаџерски вештини е да најдеш, прочиташ и научиш од различни книги за темата. Во постот е дадена листа од најважните книги за кои јас сметам дека ти како еден претприемач мора да ги прочиташ доколку сакаш да ја менаџираш твојата компанија кон успехот.
  18. 30 цитати за одложување. Дали си се нашол во ситуација да одложиш некоја твоја важна активност? Во постот се дадени 30 цитати кои се однесуваат на оваа зло за еден претприемач.
  19. Претприемнички стратегии. Ова е еден серијал од постови кои содржат претприемнички стратегии.

 

post

Маркетинг – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата маркетинг има околу 250 постови од кои 60-тина според нашата евиденција се од годинава. Може да се има бизнис идеја врз основа на која ќе се направи бизнис план и ќе се започне бизнисот. Но, без да дознаат за бизнисот и за производот или услугата, односно проблемот кој тој бизнис го решава оној кој треба да купува, не може да се очекува успешноста на бизнисот. Тоа е целта на маркетингот.

Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.

Да ги извлечеме најдобрите во оваа категорија за 2011 година.

  1. 5 прашања за ефикасни рекламиЕфикасна реклама е нешто што ќе поттикне купување кај постоечки купувачи и ќе донесе нови купувачи за Вашиот бизнис. Во постот се опфатени 5 прашања на кои ќе треба да дадете одговор за да дизајнирате поефикасни реклами за Вашиот бизнис.
  2. Како до повеќе купувачи? Прашањето кое секој претприемач си го поставува. Ајде да се обидеме да го одговориме или да помогнеме во одговарањето.
  3. 4 знаци дека потрошувачите мислат вие сте број еден. Постојат повеќе знаци кои ти како еден претприемач ги следиш, но кои се оние кои ќе ти ја покажат лојалноста на потрошувачите кон твојот бизнис.
  4. 40 маркетинг совети кои мора да ги имплементирате? Разгледајте ги овие совети во однос на вашиот маркетинг и започнете со имплементација.
  5. План за промоција преку одговор на 40 прашања. Одговори ги прашањата и веќе ќе имаш рамка за твојот план за промоција.
  6. 100 маркетинг активности кои треба да ги спроведувате. На едно место групирани се 100 маркетинг активности кои треба да бидат спроведувани од страна на вашиот бизнис.
  7. Маркетинг пред започнување. Понекогаш е доцна да се започне со маркетинг откако ќе се започне бизнисот. Од друга страна овие активности може да ви помогнат да го подобрите бизнисот уште пред истиот да биде започнат.
  8. Бизнисот и видео камери. Видео камери, камери на мобилни телефони и она што е околу нас а може да сними нешто од бизнисот треба да се искористи како некое маркетинг средство за бизнисот.
  9. 22 Прашања за конкуренција. Анализа на конкуренцијата и чекорите кои таа ги спроведува е значајно за вашиот бизнис. Во постот се дадени 22 прашања за конкуренција на кои постојано ќе мора да барате одговор.
  10. Анкета за лојалност на купувачите. Постот претставува еден водич со мапа за спроведување на анализа на лојалноста на купувачите преку анкети.
  11. Конверзија на купувачи – чек листа. Овој пост претставува едноставна чек листа која ќе ве води низ процесот на конвертирање во купувачи.
  12. Видео: 3 Состојки на вирозностВо оваа видео се презентирани трите најважни состојки кои ќе мора да ги инсталираш во твојата кампања за да обезбедиш поголема веројатност на вирозност на истата.
  13. 26 Начини твојата понуда да биде неодоливаТвојот, па и сите бизнис функционираат врз основа на понуда. Имаш понуда која се разгледува од потенцијалниот купувач пред да донесе одлука за купување. За да го зголемиш успехот на твојата понуда потребно е истата да биде колку што може повеќе неодолива.
  14. Слушање како нова бизнис функција. Дали ги слушате вашите потрошувачи? Дали ги слушате вашите потенцијални потрошувачи? Полека но сигурно слушањето прераснува во една од најзначајните бизнис функции.
  15. Твоите маркетинг пораки треба да ги дадат овие одговори. Ако успееш во овие напори, ќе успееш како претприемач и твојот бизнис ќе биде на вистинскиот пат.
  16. Повик за акција – 7 работи кои можеш да ги подобриш.  Една од клучните компоненти на неодолива понуда е твојот повик за акција, бидејќи воопшто не постои потреба од некоја понуда што не поттикнува некоја акција.
  17. Не што тие велат дека сакаат или што ти мислиш дека сакаат. Честопати она што мислиме дека го сакаме и она што навистина сакаме е сосема различно. Но, и она што бизнисите мислат дека сакаме е различно од она што ние навистина сакаме. Во постот се дадено препораки кои можете да ги искористите за бреинстормирање на различни потреби на твоите сегашни или потенцијални потрошувачи колку што може повеќе.
  18. Како да изградиш силни односи со твојата заедница. Освен градење и одржување на твојата заедница мора да градиш и подобри односи со таа твоја заедница. Мора да комуницираш со неа. Мора да направиш да ти бидат партнери. Ти треба нивната помош доколку сакаш да го раснеш твојот бизнис.
  19. Како да се диференцираш себеси. Во постот е презентиран еден можен процес кој ти како еден претприемач можеш да го користиш за да се диференцираш себеси и твојот бизнис.
  20. Како да ја комуницираш вредноста? Секој бизнис нуди одреден вид на вредност за потрошувачите. Но, за да успее мора да ја комуницира таа вредност со потрошувачите или потенцијалните потрошувачи.
  21. Како да ја анализираш конкуренцијата? Кои се тие? Што прават? Кои се импликациите врз твојот бизнис од она што тие го прават? Што треба да направиш?
  22. Како да го користиш Gmail како CRM алатка? Ова е едно упатство во кој се прикажани некои идеи како Gmail да се користи како една CRM алатка за мал бизнис.
  23. Користење на Gmail и Evernote како CRM алатка. Како едно надополнување во однос на користење само на Gmail со помош на Evernote ќе можеш да ги следиш и сите други маркетинг активности поедноставно, да додадеш едноставно било што друго поврзано со нив и секако да имаш едноставен и брз пристап до информациите.
post

Бизнис план – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата бизнис план на претприемач има околу 75 наслови од кои 27 се од оваа година која ја испраќаме. Секоја година вршиме ажурирање на процесот на бизнис планирање во однос на самите наслови и нормално со нови наслови кои согласно искуството сметаме дека треба да бидат дел од тој процес. Но, идната година ќе биде година во која многу повеќе ќе навлеземе во темите на бизнис планот.

Да ги издвоиме најдобрите постови од категорија бизнис план на претприемач за 2011 година.

  1. Бизнис план – следење на имплементација. Безполезен ви е бизнис планот доколку не ја следите имплементацијата на истиот и нормално да го ажурирате.
  2. Бизнис план грешки кои не знаете дека ги правите. Многу често правиме грешки. Оние кои си ги знаеме се ОК. Но, опасни грешки се оние грешки за кои воопшто не сме свесни дека ги правиме.
  3. Дефинирање и редефинирање на бизнис моделот. Како ќе изгледа, односно што ќе содржи, или поточно кои ќе бидат вашите идни чекори ќе се базираат на бизнис моделот. Добро е да го има во бизнис планот.
  4. Ризик и менаџирање со ризикот. Не е лошо во процесот на бизнис планирање да размислите и да ги дефинирате можните ризици и како ќе се справувате со нив.
  5. План за социјални медиуми. Овој пост е уште едниот елемент додаден во процесот на бизнис планирање или како посебен наслов кој би требало да се опфати во еден бизнис план, доколку веќе се прави.
  6. Предвидување на продажба. Добро предвидување на продажбата ја олеснува работата за во иднина. Колку пари ќе имаш како прилив ќе влијае на тоа дали ќе можеш и што можеш да преземеш.
  7. Секогаш имајте SMART цели. Секој бизнис план се базира на цели. Она што ќе се стави како цел ќе влијае на сите останати чекори и активности кои ќе ги преземете во вашиот бизнис. Целите мора да бидат SMART  celi.
  8. Добар бизнис план – 10 елементи. Кои се основните 10 елементи на еден добар бизнис план?
  9. 30 работи кои можете да ги направите во однос на вашиот бизнис план. Се она што можете да го направите уште денес во однос на вашиот бизнис план за да го подобрите и да обезбедите поквалитетна имплементација на истиот.
  10. Постави ги твоите бизнис цели одговарајќи на следниве прашања. Се што ти или твојот бизнис го превземате или секоја акција која ја превземаш е за да постигнеш нешто. Тоа нешто се твоите бизнис цели.
  11. Твоите бизнис вредности ќе ти кажат што треба да направиш. Кога возиш автомобил низ пат кој е полн со кривини има поставено патобрани кои служат доколку изгубиш контрола да те вратат на самиот пат или барем да ја ублажат катастрофата. Така и твојот бизнис патува низ пат кој е во цик-цак форма и му се потребни патобрани, а тоа се вредностите кои ги имаш поставено.
  12. Бизнис план – нови погледи. Ова е видео во кое се презентирани неколку цитати  во однос на бизнис планот.
  13. Прирачник за бизнис планирање, темплејт и алатки за бизнис план. Како до еден прирачник за бизнис планирање придружен со темплејт за изработка на бизнис план и MS Excel алатки за подготовка на истиот.
post

Бизнис идеи – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата бизнис идеи има околу 70 наслови од кои 28 беа од 2011 година и кои се однесуваат на совети и препораки во однос на стекнување и анализирање на разни бизнис идеи за започнување на бизнис. Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.

Кога станува збор за претприемништво и бизнисите како и нивно започнување неможе да продолжиме да зборуваме без бизнис идеи. Тоа е почетокот на секој бизнис, без разлика за што станува збор. Претприемач без бизнис идеи нема да постои, бизнис без претприемач и без идеи исто така не може да постои.

Тука ќе ги издвоиме најдобрите постови од оваа категорија според најголемата читаност од страна на читателите на претприемач.

  1. Бизнис идеја и нулта хипотеза. Бизнис идеите мора да бидат тестирани пред да се донесе одлука за започнување на бизнисот. Една можна случка е бизнисот дека нема да успее. Зошто да не започнеме со тестирање и анализирање на нашата бизнис идеја токму од оваа хипотеза?
  2. [Видео] Бизнис идеја и нулта хипотеза. Она што е презентирано во постот преку практичен пример е објаснето во едно видео.
  3. 4 нотеси кои секој претприемач мора да ги има крај себе. Сигурно сте се нашле во ситуација во која чувствувате дека едноставно вашиот мозок ќе експлодира од нови идеи. Некои можеби во моментов сосема безвредни, но со одреден потенцијал кој ветува за иднина. И, не само идеи, вашиот мозок работи со огромни капацитети, кои доколку се заборават се безвредни.
  4. 11 совети да се биде креативен при работа. Креативноста претставува основа за добри бизнис идеи. Доколку се обезбеди, недостаток на идеи нема да биде случај за тебе и за твојот бизнис.
  5. Вклучување на конкурентската предност уште во фаза на бизнис идеја. Многу добар приод во текот на обработка на твоите идеи е веднаш да размислуваш за конкурентска предност.
  6. Бизнис идеите се само почеток. Да, добра бизнис идеа не значи и добар бизнис по автоматизам.
  7. Веројатно си одличен за нешто. Кога станува збор за започнување на бизнис, мора да бидеш одличен во нешто што ќе биде основниот концепт на твојот бизнис.
  8. 10 вештини кои на секој претприемач му се потребни веднаш. Бизнисот во голем дел ќе се базира на вештините на претприемачот.
  9. Иновативни можности на еден претприемач. Ова е еден серијал од повеќе постови за различни иновативни можности, за кој вреди да се потроши време заради проучување.
  10. Развој на идеи за започнување на бизнис. Во постот се презентирани некои научни методи за развоја на идеи за започнување на бизнис.
  11. Анализа на бизнис идеи. На што треба да се внимава особено при анализа на бизнис идеите?
post

Претприемач – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата претприемач веќе содржи скоро 300 постови кои се однесуваат на различни совети, препораки и анализи за претприемачите. Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.

Централна фигура од кого зависи скоро се во еден бизнис и особено мал бизнис претставува еден претприемач.  Почеток, крајот, успехот, неуспехот, акции, молчење, вработување, отпуштање, финансирање, планирање, контролирање… Сето ова се само мал дел од активности кои еден претприемач ги презема.

Да ги издвоиме најдобрите постови од оваа категорија според најголемата читаност од страна на читателите на претприемач.

  1. Како да успеете со се што ќе започнете. Успехот наједноставно кажано претставува остварување на целите поставени пред некоја акција која ја превземате. Постои ли некој кој не сака да биде успешен? Во постот се презентирани 6 чекори кои ќе ти помогнат за постигнување на успех.
  2. Одговорност на еден претприемач. Време е одговорноста да се префрли на вистинската страна. Многу е лесно да се бараат изговори, но без одговорност за преземени акции, чекори и постигнати резултати, не може ни да постои еден претприемач.
  3. 4 Алатки за стратешка анализа. Постојат огромен број на алатки за стратешки анализи кои што можеш да ги користиш. Тука се презентирани 4 алатки со чија помош ќе можете да донесувате поквалитетни стратешки одлуки.
  4. Дали Toyota ќе се врати од катастрофа. Овој пост едноставно претставува едно видување и анализа како на случувањата околу една од најиновативните компании во автомобилската индустрија.
  5. Развој на вашата стратегија во 4 чекори. Како да ја зравиете стратегијата за твојот бизнис која едноставно ќе ве води низ патот преполн со неизвесност? Во овој пост е презентиран еден процес во 4 чекори со кој ќе можете да ја развиете стратегијата која што ви е потребна.
  6. 10 совети да бидеш успешен претприемач. Да се биде претприемач не е лесно. Многу предизвици, многу различни патишта, многу различни можности, многу закани, многу проблеми… Во овој пост ќе ги систематизиравме најважните совети кои треба да бидат следени од еден претприемач
  7. Што е она што го продаваш на твоите купувачи? Што ти или твојот бизнис им продава на купувачите? Твојот одговор како и одговорот на повеќето претприемачи би бил дека тоа се твоите производи и/или услуги. Но, сепак одговорот може и да не е точен.
  8. Претприемништво – Дали си вистинската личност за ова? Постојат различни сили – покренувачи за да се стане претприемач. Сепак,  дали тоа се вистинските сили, кои ќе ти донесат долгорочна успешност на твојот нов, или иден бизнис?
  9. Колкав ризик можеш да толерираш – дел 1. Претприемништвото е во блиска релација со ризикот и превземање на ризик од страна на претприемачот. Не можеш да станеш претприемач без да превземеш одреден вид на ризик. Но, прашањето е колкав ризик можеш да толерираш?
  10. Колкав ризик можеш да толерираш – дел 2. Во првиот дел, опфативме некои можни ризици кои постојат за тебе како потенцијален претприемач. На крајот, дојдовме до некои конкретни бројки за тебе како потенцијален претприемач за можните заработки за следните 10 години. Но, да се провериме повторно.
  11. Ти си претприемач, дали се разбираш доволно себеси? Голем дел од твојот бизнис успех ќе биде базира на тебе како еден претприемач и на твоето разбирање на себеси. Но, дали доволно се разбираш себеси? Кои се твоите вистински потреби?
  12. Што е она што го убива твојот бизнис? Знаеш ли што е она што те спречува, сопира, запира…? Што е она што го убива твојот бизнис?
  13. Како да станеш претприемач? Навистина едно од најпоставуваните прашања. Овој пост претставува колекција од 87 чекори, совети, препораки или активности кои ќе те направат претприемач.
  14. Надминување на одложување преку елиминирање на причините. Дали си одложувач? Дали понекогаш за твоите важни задачи или активности велиш има време утре ќе ги завршам? Што мислиш за ова? Биди реален во твоите одговори на прашањата. Како човечки суштества сите ние имаме одредени видови на одложувачи елементи во себе. Потребно е да ги откриеме и елиминираме причините.
  15. Постигни повеќе со подобар квалитет и помал напор. Иако се чини како невозможно, сепак во постот е дадена една корисна листа на совети кои можат да го направат ова да биде возможно.
  16. 10 правила за успех на претприемачи. Различни претприемачи имаат различна дефиниција за нивниот успех. Затоа и не може да се земе еден јасен патоказ кој ќе ти го покаже патот кон успехот. Но, можеме да ги исцртаме основните правила кои доколку ги следиш на твојот сопствен пат, ќе го најдеш успехот.
  17. Дали знаеш зошто го правиш она што го правиш? Мислам дека нема потреба од дополнителен коментар.
  18. Како твоите соништа да станат реалност? Секој бизнис е резултат на сон на претприемачот. Како тој сон да се трансформира во успешен бизнис или успех за еден претприемач?
  19. Што е карактеристично за секој претприемач и секој мал бизнис? Постои само еден и единствен одговор кој ќе одговори на оваа прашање и ќе биде применлив за сите претприемачи и за сите бизниси.
  20. Што претставува успех за тебе? Како можеш да очекуваш да го постигнеш успехот доколку не знаеш прецизно што тој претставува за тебе.
  21. Постигнување на совршенство во се. Може ли да се постигне тоа совршенство кое го сакаме. Прочитај за концептот на “несовршено совршенство”.
  22. Верувај во себе, да ти можеш. Без да веруваш во себе не можеш да очекуваш дека другите ќе ти веруваат.
  23. Претприемнички циклус на ветувања. Ветуваш дека твојот бизнис ќе ги реши проблемите и задоволи потребите на потенцијалните потрошувачи, и доколку тие ти веруваат, ќе купат од тебе. Но, доколку го испорачаш ветеното, автоматски ти стануваш личност од доверба и со поголем кредибилитет.
  24. Визијата на Steve Jobs за светот. Видео во кое еден од најголемите менаџери во изминатиот период зборува за визијата и погледите кон светот.
post

Најдоброто на претприемач во 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Полека но сигурно ја испраќаме и оваа 2011 година. За некој ден завршува годината која ќе ја паметиме по добри работи, а ќе се обидеме да ја заборавиме по сите лоши работи. Како и секоја година на претприемач во изминативе три години, така и оваа ќе ја завршиме со серијал на постови за најдоброто на претприемач и воедно да ги презентираме некои досегашни постигнувања и секако планови за развој за 2012 година.

Првин за бројот на објавени наслови, кој иако не ја исполни зацртаната цел да се стигне до бројка од 1000 оваа година сепак е блиску (ќе завршиме со некаде околу 930 објави) и за тригодишно постоење и обработка на оваа тематика навистина претставува солидна бројка. Оваа година има вкупно 370 постови на претприемач од различни теми кои ја опфаќаат оваа проблематика. Некои се информативни, но поголемиот дел,  односно над 90% се од делот на извор на знаење за претприемачи – целта за која е и направен овој сајт.

Оваа година се случи и камбек на Илија Чубровиќ кој даде свој придонес во повеќе наслови врз основа на неговите анализи, проучувања и практицирање на претприемништвото во последите 20 години во Република Македонија. За сите гостински постови им се заблагодарувам на сите кои дадоа придонес во збогатување на оваа содржина.

Иднината! Што ќе се случува во 2012 на претприемач. Прво продолжуваме со уште посилно темпо на нови содржини преполни со знаење за претприемништвото. Она што ќе биде карактеристично и што можеше да се забележи во последниов месец е користење на повеќе видео материјали. Да, целта е да ја зголемиме сопствената продукција на видео материјали на претприемач.

Кога станува збор за билтените на претприемач и регистрираните може да очекуваат неколку изданија на книги од следниве теми (точните наслови не се определине бидејќи ова ќе бидат спакувани од 2 магистерски работи и една книга):

  • Блогирање за бизнис во 30 дена
  • Претприемништво
  • SWOT анализа
  • Организациски промени

Во следните неколку денови ќе имате можност да видите серија на постови, избор на најдоброто на претприемач, кои ќе влезат во делот Започни тука. Постовите ќе бидат групирани по теми и тоа:

Како што ќе ги објавувам постовите, така и ќе ги ажурирам линковите во оваа листа од овој серијал.

post

Започнување на бизнис: Предности и недостатоци

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Започнување на бизнис носи одредени предности, но има и свои недостатоци.

Треба точно да се определи што во дадениот момент претставува предност, а што недостаток, за да можат предностите да се искористат, а влијанието на недостатоците да се амортизира и неутрализира.

За оваа цел најмногу се користи SWOT-анализата, со чија помош се определуваат јаките и слабите страни кои настануваат во самото претпријатие, како и шансите и заканите кои се јавуваат како надворешни чинители.

Ајде да разгледаме некои предности и некои недостатоци во однос на започнување на бизнис.

Предности на започнување на бизнис

Предностите на започнување на бизнисот од нула се:

  • Можност да се позиционира бизнисот на посакувана локација. Самиот си анализира, избира и одлучува за локацијата претприемачот. Кога станува збор за купување на постоечки бизнис, ова не е можност, или пак бара вложување на многу повеќе финансиски средства.
  • Физичките капацитети се инсталираат според однапред дефинирани цели, предвидени со бизнис план.
  • Можностите за иновацијата се поголеми доколку се отпочне нов бизнис, при што сите фази во проектирањето се запазени.
  • Со отпочнувањето на нов бизнис, претприемачот креира сопствен имиџ, што не е случај при купување на веќе постоечка фирма.
  • Со купување на одредена фирма се купува и нејзината профитабилност, а со новата фирма може до ист или поголем профит да се стигне со помалку пари.

Недостатоци на започнувањењ на бизнис

Недостатоци на започнување на бизнисот од нула се:

  • Многу поголем ризик во однос на купување на веќе постоечки бизнис;
  • Потреба од време за да се стекне довербата на потрошувачите;
  • При започнувањето секогаш, ама баш секогаш ќе постои проблемот околу обезбедување финансиски средства;
  • Процесот на воведување во работата бара големо време за воспоставување на канали за набавка, продажба, кредитни аранжмани;
  • Неискуството со работата може да биде причина за неуспех;
  • Започнување со бизнис често пати носи и неискуство на претприемачот во однос на менаџментот;
  • Започнување со бизнис е напорна работа, да не се лажеме дека е лесно.
post

Започнување на бизнис: Фактори на кои треба да се внимава

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Постојат одреден број на фактори на кои треба да се внимава при започнување на нов бизнис, за да може бизнисот успешно да функционира.

Иако постојат многу фактори кои можеби ќе предизвикуваат главоболки во оваа фаза, сепак треба да се обезбеди фокусот на претприемачот на најважните од кои можеби и ќе зависи иднината на бизнисот.

Да ги разгледаме оние фактори на кои треба да биде посветено посебно внимание од страна на претприемачот.

#1 Пазарна студија

Пред да се превземе некаков чекор во врска со отпочнување на нов бизнис, потребно е да се испита пазарот и неговите можности.

Потребно е да се утврди каков пазар имало пред пет години, а врз база на тоа и врз база на сегашни истражувања, да се утврди каков пазар ќе има во наредните пет години. Дали пазарот ќе се прошири или ќе се намали? Каква е економската можност на пазарот? Каква е конкуренцијата на пазарот?

#2 Локација

Без оглед дали се работи за производство, услуги или трговија, локацијата претставува клучен фактор при реализирањето на секоја деловна идеја.

При тоа е потребно да се анализираат следниве фактори: 

  • Трошочни фактори (земјата, работната сила, материјалите, транспортот).
  • Фактори на побарувачка (големината на пазарот, локација на конкурентите, потенцијалот на продажбата).
  • Невидливи фактори (склоност кон посебно опкружување, сигурност, други лични и семејни размислувања).

#3 Финансиски барања

Финансиите претставуваат клучен фактор при реализирање на секој бизнис. Тие се потребни како на почеток, при стартување на бизнисот, така и во понатамошниот тек.

Доколку финансиите не се обезбедат во потребната мерка, бизнисот може да згасне.

#4 Правни барања

Кога се отпочнува со новиот бизнис, секогаш мора да се води сметка за правните аспекти во работењето.

Правни совети се потребни во почетната фаза: кога се регистрира претприатието, за прибавување на финансиските средства, за вработување на работниците, за заштита на патенти и друга интелектуална сопственост, при склучување на бизнис-зделка со цел да се оневозможи каква било манипулација од страна на партнери со кои се соработува.

Доколку нема добра правна заштита, можни се судски спорови, а резултат на тоа е најчесто уништување на бизнисот. Доколку сите договори се склучени со почитување на целокупната правна регулатива, тогаш судот ги штити интересите на претприемачот, кога истите се загрозени од други лица.