Промотивната продажба се дефинира како промоција, која подразбира моментално поттикнување на купувачите за купување на одреден производ (услуга).
За разлика од рекламирањето, каде ефектот може да биде подолгорочен, промотивната продажба е пред се тактички инструмент, преку кој најчесто се продават новите производи, но секако дека има и рекламен карактер. Промотивната продажба е директно насочена кон купувачите и има за цел директно да се контактира со купувачите (преку рекламна пошта, рекламни медиуми, бесплатни примероци, поклони, купони за попусти), со цел да се увиди нивното мислење и став спрема производот и спрема компанијата, но истовремено се настојува и тој производ да се промовира и прикаже во најдобро светло, за да се продаде.
Во меѓународните услови на работењето, често се наметнува потреба промоцијата да ја врши промотер кој доаѓа од друга држава.
Секако дека тие промотери добро го познават англискиот јазик, но најчесто не ги познаваат локалните јазици што некогаш може да претставува проблем во комуникацијата. Во тој случај организаторот на промотивната продажба мора да обезбеди човек, кој ќе биде врска помеѓу англискиот и локалниот јазик. Но, не е доволно само познавање на јазиците, тие личности мора да поседуват и технички знаења, но и преговарачки знаења, за да може промотивната продажба да се реализира.
Промотивната продажба најчесто се организира таму каде што има голем број на потенцијални купувачи. Потребно е купувачите да се поттикнуваат да ги пробаат производите, за да се уверат во нивниот квалитет и да ги купат во поголеми количини. Промотивната продажба може да биде насочена кон целен пазар, односно кон поединец, група, но и кон одделни канали на дистрибуција на производот како што се трговијата на големо и трговијата на мало.
Доколку дистрибутерот е голем и значаен, тогаш презентацијата може да се организира само за него, но во некои случаи може да се организира промоција и пред повеќе дистрибутери, што на некој начин би ја поттикнала конкуренцијата меѓу нив и би се направил обид да се создаде мислење дека претставува престиж купувањето на производот на таа компанија.
Преку промоцијата, трговците се стимулираат да купуваат (за понатамошната продажба) одреден производ, а бидејќи се запознаени со квалитетот кој го поседува производот или пак го виделе начинот на производството, кое се одвива на квалитетен начин, не се сомневаат дека при користење на тој производ може да дојде до несакани дефекти. Со тоа го потврдуваат мислење дека купувачите ќе бидат задоволни и ќе има побарувања за тој производ.
Промоцијата во продавниците има за цел да се комуницира со купувачите при купувањето на одреден производ во реално опкружување. Најчесто се определува место во продажниот простор, каде што се врши промоцијата на новите или подобрените производи.
Доколку се рекламираат пијалоци или храна, најчесто се овозможува дегустирање на истите, со што купувачите би се увериле за квалитетот на производите. Доколку се промовира нов автомобил, тогаш би им се дозволило на заинтересираните, во присуство на промотерите, да извршат пробно возење. Доколку се рекламират одредени машини, тогаш се презентираат техничките карактеристики и можности на тие машини. Доколку машините се големи, промоцијата може да се организира и во самата компанија, каде би се повикале потенцијалните купувачи и би се организирала промоцијата.
Саемските манифестации, изложби и слични случувања се погодни за вршење на промотивна продажба, бидејќи тоа се места на кои се собираат голем број на луѓе. Колку бројот на луѓе е поголем, поголем е и ефектот од промоцијата, но и од продажбата. На купувачите најчесто им се нудат специјални попусти, доколку го купат одредениот производ, додека трае манифестацијата, што за купувачите претставува дополнителна стимулација. При тоа треба да се организира и паралелно течење на рекламните пораки преку различни медиуми, за кои се смета дека ќе постигнат најдобар ефект. Врз база на изнесеното, заклучуваме дека промотивната продажба има двоен ефект. Како прво се врши промоција на производите и на компанијата, но не се останува само на тоа, туку се врши и продажба, што е крајна цел на секое производство, производот да се продаде.

Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






