Публицитет преку односи со јавноста

Публицитет

ПублицитетПублицитетот е еден вид на однос со јавноста кој и овозможува да се изврши промоција на компанијата, менаџментот како и производот/услугата.

Доколку компанија е силна, тогаш таа нема некој преголем интерес за создавање на позитивни врски со јавноста од оние кои ќе и ја обезбедат или одржат силината која веќе ја имаат. Но, доколку позициите на компанијата се нарушат, поради различни причини (судир со политичко раководство, разни обвинувања од страна на конкуренцијата и слично), тогаш доброто мислење на јавноста за компанијата претставува голем капитал, кој компанијата може да го искористи за остварување на своите цели.

Публицитетот е форма на бесплатна реклама (или многу евтина), меѓутоа нејзините цели се комерцијални. Фактот дека промоцијата за компанијата е ефтина, не значи дека со неа не треба ефикасно да се управува, заедно со останатите инструментите на промотивниот микс.

Менаџерот некогаш не може во потполност да ја контролира сликата која неговата компанија ја има во опкружувањето, но може значајно да влијае врз подобрување на таа слика преку примена на публицитетот како и со севкупното подобрување на односите со јавноста.

Еден од начините за ефикасно управување на публицитетот е градење на доверба со водечките менаџери на одделни информативни гласила, како и одржување добри односи со новинарски, радио и ТВ-куќи, односно обезбедување на информации, кои би се пласирале во вистинско време и кои во одреден момент би можеле да бидат атрактивни и вредни за објавување.

Публицитетот е моќен инструмент на промотивниот микс, бидејќи креира кредибилитет на компанијата, на производите/услугите и на менаџментот. На публицитетот по правило му се верува, и вистина е дека добриот или лошиот публицитет, има големо влијание врз имиџот на компанијата, како и врз обемот на продажбата.

Прво е потребно да се дефинираат целите кои треба да се остварат со публицитетот. Во креирањето на кампањата, менаџерите на располагање ги имаат следниве можности: објавување одредени информации за компанијата, за производот или менаџментот (во весници, на телевизија, радио, интернет). Понатаму, препорака е организирање на прес конференција, на која се најавуваат одредени деловни потфати (ова е добро доколку одредени објаснувања не можат да се дадат во кратките информации од весниците). Исто така препорачливо е да се организира прием за видни гости при промоција на нов модел на производот или при отварање на нова технолошка линија, што како големо случување треба добро да се подготви и маркетиншки испрати, со цел видните гости да бидат импресионирани, па тие понатаму во пошироката заедница да шират убави зборови за компанијата и нејзиното работење. Може да биде овозможена посета на компанијата и од други таргетни групи (ученици, студенти, одредени здруженија, и слично), кои ќе ги видат работните простории, магацини, ќе се запознаат со начинот на функционирање на компанијата и ќе се запознат со вработените во компанијата.

Сите овие контакти имаат за цел создавање добра слика за компанијата во јавноста, што за компанијата ќе претставува вреден потенцијален капитал.

Print Friendly

Speak Your Mind

*