Како побргу да се надмине фазата проблематичен период?

Започнување на бизнис

Започнување на бизнисСекој бизнис откако ќе ја помине фазата започнување од животни циклуси на бизнисите ќе навлезе во нова фаза која ја нарекуваме проблематичен период.

Карактеристично за оваа фаза е недостатокот на финансии, сеуште слаба продажба, опаѓање на моралот на претприемачот доколку не се преземе нешто побрзо.

Потребно е колку што може побргу да се помине оваа фаза. Кај некои бизниси ова може да трае неколку месеци, но кај некои и неколку години што ќе доведе до ставање на тестирање на издржливоста и на бизнисот и на претприемачот. Во такви ситуации кога овој период од работење на бизнисот се оддолжи, повеќето бизниси не успеваат да преминат во следната фаза.

Но, како да се надминат овие притисоци и побргу бизнисот да се внесе во наредната фаза: лудување? Основните активности на кои треба претприемачот да биде насочен кога бизнисот се наоѓа во оваа фаза од животниот циклус на бизнисите се:

  • Продажба, продажба и продажба. Со зголемување на продажбата се зголемува и готовинскиот тек и се ублажува недостатокот на финансии кои се јавуваат доста изразено во оваа фаза.
  • Маркетинг, маркетинг и маркетинг. Продажба без маркетинг тешко ќе оди. Мора да се привлечат купувачи, доколку се сака зголемување на продажбата.
  • Следење на финансии:
  • Намалување на трошоците (видете за 45 совети за заштеда на пари)
  • Целосна посветеност на овој бизнис. Започнување не значи и решавање на сите проблеми и дека продолжувањето ќе биде ОК и едноставно. Посветеноста на претприемачот на развојот на овој бизнис сеуште е важна.
  • Користење на менаџерски техники (без оваа бизнисот нема да може да оди во наредната фаза). Менаџментот почнува да игра одредена улога во бизнисот. Потребно е нешто што ќе регулира, администрира, контролира, екипира, планира…
  • Одржување на моралот на високо ниво. Без соодветен морал кој треба да биде на високо ниво, оваа фаза ќе значи и смртност на бизнисот. Моралот е единственото нешто што може да го извлече бизнисот во наредната фаза.
Print Friendly
About Драган Шутевски

Dragan Sutevski е бизнис консултант кој им помага на малите бизниси да го проектираат нивниот сопствен пат кон успешноста.
Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*