Archives for април 2012

post

Избор на бизнис идеја од листа со бизнис идеи

Маркетинг пред започнување Како еден претприемач, или пак како некој кој ќе стане претприемач веројатно доаѓаш до голем број на идеи за бизнис. Денес кој нема идеи за бизнис? Барем идеите се најлесни. И тоа е добро, се додека водиш соодветна евиденција дали во твојата книга со бизнис идеи за која што пишував уште во 2009 година и која е дел од 10 бизнис темплејти или пак во некаков нотес било да станува збор за хартиен или пак електронски како што е Evernote.

На ваков начин барем обезбедуваш дека ништо нема да остане во заборав, туку дека можеби некој ден ќе дојде на ред да се претвори во конкретни акции или чекори како за започнување на нов бизнис така и за проширување на активностите на веќе постоечки бизнис.

Но, и тој збор можеби некој ден не гарантира дека некој ќе стане претприемач, ниту пак дека идеите ќе бидат имплементирани.

Вообичаено, претприемачот врши некоја анализа и ги споредува бизнис идеите една со друга врз база на таа анализа и одлучува која ќе ја започне. Иако, овој процес може да се спроведе различно и еден начин се презентира и ќе биде презентиран во текот на оваа година како дел од теорија на бизнис идеи која тука ја развиваме, сепак би сакал да ги опфатам тука можностите за избор на наједноставен можен начин. Во премиум претприемач користам посебна поопширна книга со бизнис идеи каде се врши иницијална анализа и со дополнителни анализи на пазарот и претприемачот се оценуваат бизнис идеите при што се избира онаа со најголема оценка.

Начините на кој може да се избере една бизнис идеја вредна за започнување генерално може да се групираат во:

  • Едноставен начин и
  • Комплексен начин.

1. Едноставен начин за избор на бизнис идеја

Што претставува едноставен начин за избор ан бизнис идеја за започнување?

Првин, овој начин претпоставува дека имаш повеќе бизнис идеи, можеби десетици. Второ, земаш една бизнис идеја и ја споредуваш со друга по случаен избор. При споредбата една ќе биде подобра, така да едната ќе отпадне. Потоа продолжуваш со идејата “победник” и некоја друга од листата и повторно ги споредуваш при што една од нив ќе отпадне. Процесот продолжува се додека не се дојде до една идеја “абсолутен победник”.

2. Комплексен начин за избор на бизнис идеја

Комплексниот начин претставува нешто посистематски начин на рангирање и избор на една од повеќе бизнис идеи преку поглед на различни влијателни фактори кои може да бидат значајни за успехот на бизнисот. На кратко процесот би изгледал вака:

  • Направи листа на атрибути кои ќе се вреднуваат. На пример, лична сатисфакција, големина на пазарот, можности за монетизација на идејата, ризик за неуспех, потребен труд…
  • Додади тежина на секој атрибут која ќе ја определи важноста на атрибутот во процесот валуацијата. На пример, доколку личната сатисфакција претставува нешто важно за тебе, ќе ставиш поголема тежина да има тој атрибут во однос на другите.
  • Оцени ја секоја идеја врз основа на секој атрибут. На пример, може да користи оценка од 1 до 5 или пак од 1 до 10. Внимавај оценката да има нумерички карактер.
  • Помножи ја секоја тежина од атрибутите со оценката на идеата. На ваков начин за секоја идеја ќе добиеш соодветна оценка за соодветен атрибут.
  • Собери ги поединечните оценки на атрибутите за секоја идеја. Ова веќе ќе претставува конечната оценка за секоја идеја.

Идејата со најголемата оценка е идејата која би требало да се избере. Процесот е сличен на оној кога ги споредувавме бизнис моделите.

post

Креативност и смелост преку промени во образованието

Враќање во училиште за да станеш одличен Навистина кога сме деца се е едноставно. Живееме во тој детски свет каде лесно можеме да бидеме кој сакаме, да фантазираме, да креираме, но и да не бидеме разберени.

Потоа доаѓаат зборовите од нашите родители, не тоа, ќе се повредиш, не смееш…

Потоа доаѓа училиштето. Ах, тоа училиште кое уште повеќе не “дотепува”, а тоа е цената која ја плаќаме за да научиме да пишуваме и читаме. Во мое лично искуство, учев во ОУ Крсте Мисирков во Куманово, и освен што научив да не бидам креативен, да јадам ќотек и кога не требав од страна на професорите, да пишувам, читам, собирам, одзимам, множам и делам ништо друго не научив. Всушност научив и за моќта. Кога татко ми не го издаде нашиот дуќан под кирија на мојата професорка по географија од четворка добив единица. Секој час бев пред таа “проклета” географска карта и секој ден бев пред тие книги насловени како географија кои и ден денес ми се гадат. Дали научив географија? Не.

Од мојот професор по историја повторно научив дека има некој со моќ, а некој кој треба да молчи. Првиот час, од тој професор добив шлаканица со изговор дека тој е добар пријател на татко ми, а јас не сум бил на своето место кога влегувал. Вториот час ме влечеше за уво низ целата училница за да ме доведе до моето место, притоа намерно грешејќи го патот. Дали научив историја? Не. Научив нешто по повеќе години кога ги читав томовите од Историја на Македонскиот народ. Но, научив дека треба да молчам, да седам на место, да го слушам моќниот…

Музичко на крајот во осмо одделение имав тројка, иако сите имаа петки затоа што не сакав да пеам, отворено му кажав на професорот не сакам, ќе бидам инженер. Мојата казна затоа што му го нарушив угледот беше единица која со оние просеци дојде до тројка. Казна, затоа што знаев што сакам. И преживеав со тројка музичко. Но, она што е важно е дека не молчев и се побунив. Сепак, не ја уништиле смелоста целосно во мене. Иако целта им беше токму тоа.

Потоа дојде средно. Техничко училиште со најлош глас во градот, но тоа ме смени. Имав професор по математика со кој седевме во кафуле и одговарав следниот час на табла затоа што пиев пиво. Но, математиката ја научив. Целта ми беше тројка и имав тројка. Но, тој ми постави поголема цел да добијам четворка и добив четворка. Потоа ми постави цел која никогаш не мислев дека би можел да ја реализирам, да имам петка математика. Но, и тоа го реализирав. Професорот беше строг, никој не го сакаше, но ме научи математика. Потоа следуваше матурирање кога и ме прогласија за најдобар математичар во последните две децении во тоа училиште.

Дојде и факултетот. Првите години со слабо развивање на креативноста и смелоста, но и доста големи поттикнувачи на креативноста кога се запишав на насоката каде луѓето од Институтот за производно машинство го формираа Индустриско инженерство и менаџмент. ја имав таа среќа да бидам на Машински Факултет во Скопје каде се беше поразлично од останатите факултети во земјата.

Ова е само еден дел од моето искуство кога станува збор за образовниот систем и едно мислење дека тој игра и може да игра важна улога во развојот на претприемништвото (Очигледно дека во последно време се прават се поголеми напори, особено во средното и високото образование). Но што е со основното? Кај мене постојат изгубени 4 години (од пето до осмо).

И сега нема многу промени, освен “ќотекот”. И сега се користат истите методи како пред повеќе од 20 години, а децата се далеку поинтелигентни, баратаат со многу посилна технологија.

Промените се потребни во кои ќе учествуваат сите инволвирани страни, затоа што развојот на претприемништвото бара смелост и креативност кои пак се градат од мала возраст.

Професори, учители, палката е кај вас и родителите. Мора да работите заедно за развој на поквалитетно општество во оваа земја. Тоа мора да ви биде првата работа без разлика на верска, етничка или политичка припадност. Оставете ги проблемите (кои сите ги имаме) пред влезот во училиштето и вклучете се иако несвесно во развојот на претприемништвото.

post

Можеш ли да го направиш она за што мислиш дека не можеш?

Фокус на претприемачот Можеш да го направиш она што сите други го прават! Тоа е факт.

Можеш да го направиш она за што сите други немаат храброст да го направат! Тоа е исто така факт.

Но, исто така можеш да ги правиш нештата, за кои што мислиш дека не можеш да ги направиш!

Како човечки суштества многу пати ние самите немаме доволно верба во нашите сопствени способности за да направиме нешто што се чини неверојатно за нас.

Сè може да се направи. Сè  може да се подобри. Сè може да се научи.

Ако веруваш во себе, и си подготвени да преземеш активности, можеш да направиш работи за кои мислиш дека не можат да се направат.

Стравот е една од најопасните сили која ќе те повлече назад. Твојот страв ти прави да не веруваш во себе. Твојот страв ти кажува да не се преземаш акција секогаш кога ќе треба да се презема акција. Стравот ти кажува да запреш кога знаеш дека треба да продолжиш. Зошто ти е потребно да го слушаш твојот страв? Што ќе изгубиш ако ќе продолжиш? Што ќе добиеш ако запреш? Дали ги знаеш одговорите на овие прашања?

Мора да се направи нешто. Мора да се промени нешто ако сакаш да успееш. Започни со зголемување на својата верба во себе, а потоа победи го стравот и започни да ги работиш работите за кои мислиш дека не можеш да ги направиш.

Ако си просечен претприемач, просечен сопственик на фирма или просечен човек кој продава просечни производи и услуги како можеш да очекуваш дека твоите купувачи ќе те разликуваат од твоите конкуренти?

Поради тоа треба да бидеш исклучителен. Треба да бидеш број еден. Ти треба да го направиш она што мислиш дека не можеш да го направиш! Треба да ги направиш работите за кои твоите купувачи сметаат дека не можеш да ги направиш. Твојот бизнис треба да биде уникатен, затоа што е твој, но со доволно самодоверба и без страв.

Добиваш сила, храброст и доверба со секое искуство во кое што престануваш да гледаш страв… Мора да започнеш да ги правиш работите за кои мислиш дека не можеш да ги направиш. ~ Eleanor Roosevelt

post

Проверете ги вашите пораки за подобрување на перцепција

Како еден претприемач ќе испраќате секојдневно многу пораки.

Им испраќате пораки на своите вработени. Им праќате пораки на вашите купувачи. Праќате пораки до вашите потенцијални купувачи.

Тие можат да бидат испратени со збор од уста кога зборувате со вашите вработени или купувачи. Можат да бидат испратени преку пишани зборови кои можат да бидат во форма на е-маил, писмо, извештај, маркетинг материјали…

Пораките можат да бидат автоматизирани, како кога се користат аутореспондери за да се испрата е-маил пораки или различни маркетинг пораки. Понатаму, можете да ги испратите рачно кога ќе зборувате на состаноците, или праќате e-mail на вашиот бизнис партнер.

Таквите пораки се важен дел од вашата бизнис комуникација. Вашиот бизнис зависи од нив.

Но, што е со перцепција? Како тие пораки се перцепирани од страна на примателите?

Запомни дека има само еден сигурен извор кој ќе ви каже за перцепциите на твоите пораки, а тоа се приматели на тие пораки.

  1. Дали имате јасни цели за различните видови на комуникација која вие или вашиот бизнис ја изведувате? Важно е да се имаат јасни цели за различни канали на комуникација кои ги користите во вашиот бизнис. Јасни цели се нешто што може да ви каже за успехот на вашата комуникација. Без нив, не може да се оцени перцепција на примачот.
  2. Оценете ги перцепциите на примателите. Единствениот тест за успехот на вашите напори во комуникација, е она што примателите го перцепираат. Мора да најдеш начини како да се оцени таа перцепција без оглед на тоа дали станува збор за внатрешна или надворешна комуникација.
  3. Несакана перцепција ќе бара акција од твоја страна. Ако најдеш нешто погрешно во пораките кои ги комуницираш внатрешно или надворешново форма на неповолни перцепција треба да направите нешто. Започни со анализа на причините зошто тоа се случило. Тоа ќе ви даде основа за ефикасна комуникација во иднина.
  4. Треба да добиеш корисни повратни информации. Процесот треба да има систем кој ќе ти овозможи корисни повратни информации од корисниците на твоите пораки. Но, уште поважно е што ти можеш да направиш за тој фидбек. Што треба да се направи за подобрување на идната комуникација?
  5. Ако можеш најдеш повеќе од еден примач со негативна перцепција, веројатно ги има многу повеќе. Ова е важно правило ако сакаш да ја подобриш твојата целокупната комуникација. Не мисли дека станува збор за малцинство, секогаш мисли дека веројатно постојат повеќе лица со негативна перцепција. Само на тој начин ќе бидеш мотивирани да го подобриш твојот комуникациски процес.
  6. Излезете надвор од канцеларија во потрага по вистински повратни информации. Знам дека можеш да користиш анкети, фокусни групи и состаноци внатре во твојот бизнис, но ако сакаш да знаеш каква е перцепцијата надвор од твојата компанија за тебе и твојот бизнис ќе треба да излезете надвор.
  7. Треба првин да ислушаш пред да праќаш пораки. Ако сакаш да се зголеми успехот на твоите пораки, треба да знаеш што примачот сака да слушне, да прочита или да направи. Слушајте ги своите вработени, купувачи и потенцијални купувачи. Тоа се најдобарите повратните информации кои можете да ги добиете од нив за идното подобрување.
post

Како да организираш попродуктивни состаноци?

Состаноци Како еден деловен човек, кој поседува бизнис или како некој на менаџерска позиција или пак вработен во компанија постојано ќе се соочуваш со присуство на различни деловни состаноци. Дури како претприемач или менаџер поголемиот дел од твојот работен ден ќе биде присуство на различни состаноци.

Состаноците претставуваа посебна форма за комуникација каде повеќе луѓе со различна експертиза разговараат врз однапред определена агенда за одредени проблеми, проекти или предлог на решенија кои треба да се спроведат.

Состаноците може да бидат интерни каде се присутни само луѓето од компанијата, но може да бидат и со луѓе од надвор како состаноци со купувачи или потенцијални купувачи, состаноци со снабдувачи, состаноци со партнери…

Многу често состаноците од страна на учесниците се гледаат како нешто многу непродуктивно, здодевно и некорисно. Но, како и да е, големиот дел од работата во еден бизнис се одвива низ состаноците. Бизнисот се потпира на нив. Тие не може да се избегнат, но може да се обезбеди да се спроведат онака како што треба за да се постигне целта на нивно одржување истовремено обезбедувајќи дека истите нема да траат долго.

Следи ги следниве препораки кои ќе ти помогнат како еден претприемач да одржиш продуктивни состаноци.

  1. Доколку можеш, обиди се да организираш мали состаноци, колку што можеш повеќе. Некои состаноци може да имаат доста специфична цел. Тие се одржуваат поради определена специфична ситуација која мора да се дискутира на состанокот и да се донесат заклучоци за идните акции во таа ситуација. Малите состаноци со помал број на луѓе ќе обезбедат да бидат пократки и фокусот ќе биде насочен кон специфичниот предмет на состанокот.
  2. Обиди се да организираш состаноци еден на еден. Ваквите состаноци се попродуктивни отколку големите формални состаноци. Тие може лесно да се контролираат и ќе донесат заеднички заклучок многу побргу. Кога и да можеш да разрешиш некоја ситуација со таков состанок, искористи го без некоја поголема формализација и вклучување на други луѓе за предметот кои само би ја усложниле дискусијата.
  3. Биди сигурен дека учесниците ја знаат целта и нивната улога на состанокот. Многу е подобро да се има подготвени учесници пред започнување на состанокот отколку лица на самиот состанок кои ќе бидат изненадени зошто тие се присутни и која ќе биде нивната работа. Доколку учесниците ја знаат целта, ја знаат нивната улога и се добро подготвени уште пред состанокот ќе се обезбедат брзи одлуки и попродуктивен состанок.
  4. Секогаш подготвувај агенда за состанок. Агендата е алатка која го организира текот на состанокот и може да има големо влијание на времетраењето на состанокот. Кога веќе имаш агенда која ги содржи темите, нивниот редослед, па и времетраење за дискусија на секоја тема, обиди се да го менаџираш состанокот согласно таа агенда.
  5. Осигурај се дека темите кои бараат лесна одлука се меѓу првите на агендата. За да состанокот биде попродуктивен понекогаш е подобро најлесните теми да бидат први на агендата. Вака ќе се креира чувство на постигнување и ќе ги поттикне учесниците да направад рапиден прогрес.
  6. Држи се до оригиналниот термин. Доколку состанокот е закажан за 9:00 часот наутро, тогаш и нека започне тогаш. Не чекај ги оние кои доцнат и не губи време за да им објаснуваш за она што го пропуштиле.
  7. Дозволи секој да дискутира, но согласно нивната улога. Дозволи секој кој учествува на состанокот да се искаже, но мора да обезбедиш дека дискусијата ќе придонесе за подобри заклучоци од состанокот. Не дозволувај да се дискутираат теми кои не се на агендата.
  8. Заврши го состанокот со специфични заклучоци од истиот. Зошто да држиш состанок? Веројатно за да решиш некаков проблем, да одлучиш, да преговараш… Секој состанок треба да произведе јасни заклучоци кои ќе бидат основа за идните чекори к
post

Мора да знаеш што треба да направиш

Цитати кои вреди да се потенцираат

Цитати кои вреди да се потенцираат

Денес живееме во свет во кој преовладуваат информациите. Секојдневно сме бомбардирани со различни информации за се.

Веројатно читаш на интернет и користиш RSS читач. Се обидуваш да прочиташ колку што може повеќе пораки на Twitter или Facebook статуси. Сега тука е и Google+, повеќе конекции, повеќе споделувања, повеќе конверзации…

Добиваш различни email пораки. Некои од нив ти продаваат нешто. Некои сакаат да купат нешто од тебе. Некои сакаат да те едуцираат, а некои едноставно сакаат да навлезат во конверзација со тебе. Веројатно, добиваш премногу email пораки на дневна основа.

И на сето тоа, на твојата маса може да се видат различни извештаи, различна хартија, различни книги…

И сето ова е само еден мал дел од секојдневието на еден модерен претприемач. Како да се справиш со се околу тебе, а има многу работи за справување?

Некои од тие работи се бескорисни. Некои се користни или може да бидат корисни во иднина иако сега за сега не се.

Во еден од претходните наслови како Evernote и GTD систем го најавив преку еден дијаграм еден од најпознатите системи за продуктивност во светот кој во последниве неколку месеци се обидувам да го имплементирам, притоа користејќи разни помошни алатки во имплементација.

Тука би сакал да споделам еден цитат кој е во согласност со тој систем на продуктивност и кој може да помогне да направиме некој ред во целосно неорганизираниот свет околу нас.

You Need to Know What You Need to DoLike this graphic? Get more productivity tips from My Productivity Tools.

post

Безготовинско плаќање како мобилизирачки сегмент за менаџирање на глобалните пазари

Купување на постоечки бизнис Извезената или увезената стока може да биде целосно платена, може да биде делумно платена – делумно компензирана за друга стока, а може и целосно да се компензира со контра испорака. Најголем број од испораките на производите или суровините во меѓународното работење, се одвива со плаќање. Но доколку компаниите или државите имаат баран производ, суровини или енергенси, а на нив им требаат други производи, но имаат проблем со платниот биланс, неконвертибилна валута, недостаток на финансиски средства или некој сличен проблем, во тој случај се оди на целосно компензирање на купената стока со контра испорака на друга стока. Во вакви случаи контраиспораката носи голема заработка и на двете земји и на двете компании кои соработуваат.

Клириншкиот начин на плаќање, подразбира размена на стока за стока. При што вредноста на стоката се врзува за одредена валута, а банките водат евиденција за клирнишките износи на побарувањата и инсистираат на обавезно затварање на побарувањата. Овој начин особено бил присутен во работењето на земјите од Источниот блок, но сеуште се користи и им овозможува на државите и на компаниите да дојдат до одредени стоки, за чие купување не можат да одвојат пари, односно во случај кога не се ликвидни.

Подиректно работење овозможуваат бартер аранжманите или трампа, со која се овозможува размена на стока без посредство на пари. Трампата се користи за работа меѓу партнерите кои немаат пари и не се кредитно способни. Тука постои опасност компанијата, за да ја пополни квотата, некогаш да земе стока која целосно не и одговара, но високото ниво на заработката овозможува и овие недостатоци да се надминат, бидејќи на другата страна најчесто се постигнуваат енормни заработки. Проблем е доколку стоките не се разменат истовремено, па излегува дека едната страна ја финансира другата за определен период, додека да се изедначат побарувањата, но со договори и овој проблем се надминува.

Противкупување е реципрочен договор за купување. Тој настанува кога компанијата се согласува да купи одредени количини на производи од земјата на која таа им продала производи. Пример доколку земјата А, купи производи од земја Б и ги плати, тогаш земјата Б се обврзува дека, за определен износ на добиените средства, ќе ги купи производите од земјата А.

Пребивањето е слично на размената со противкупување за сметка на извршената продажба, така што едната страна се соглесува да купи стоки и услуги со одреден процент од вкупната продажба. Разликата е во тоа што зделката може да се реализира со било која компанија од земјата во која е направен извозот.

Компензацијата може да се оствари и кога компанијата гради фабрики во земјата домаќин или обезбедува технологија, опрема или обука на кадри и се обврзува да превземе одреден дел од крајниот производ на фабриката, како надокнада за извршената работа. На компанијата од земјата домаќин, ова и одговара, бидејќи обезбедува сигурно пласирање на производите. Но и одговара и на компанијата која ги извезува услугите, бидејќи најчесто добива производи по поевтини цени, па заработува двосмерно, во еден правец извезувајќи ги своите услуги, а во друг правец увезувајќи евтин производ за своја употреба или за понатамошна продажба.

Свич трговијата се однесува на користење на специјализирана трета страна или трговска куќа, која се вклучува во договорот за размена, бидејќи има добро разгранети дистрибутивни мрежи и на тој начин го олеснува работењето на двете страни. Во овој случај заработката на двете компании се намалува, бидејќи се јавува посредник. Но, доколку компаниите не се сигурни дека ќе ја продадат понатаму превземена стока или доколку меѓусебно не се познаваат, сосема е прифатливо да се одстапи дел од заработката за сметка на сигурен пласман.

post

9 Прашања на кои треба да одговориш пред определување на цена

Грешки при определување на цени Многу работи во бизнисот ќе зависат од цената со која ќе се продаваат производите или услугите. Од цената ќе зависи продажбата, ќе зависи покривање на трошоци, ќе зависи профитот, приходот… Со еден збор успехот или неуспехот на еден бизнис.

Како консултант имам и странски клиенти и работам и работев на неколку проекти каде им помагам да изберат вистинска ценовна стратегија. Еден од почестите проблеми е што претприемачите се обраќаат за помош кога ќе настане проблем. Вообичаено започнуваат со влезни цени како стратегија на цени со драстично ниски цени, што во последниот случај изнесуваше дури 90% од просекот во индустријата.

Оваа стратегија вообичаено се користи од стартап бизнисите и бизнисите кои сакаат да влезат на нов пазар. Но, сепак претставува опасна стратегија, не заради одлуката на претприемачот туку заради стравот дека бизнисот нема да успее. А, стравот постои затоа што приодот на започнување не содржел елементи од Lean Startup и правилен начин на развој на купувачи. Но, тоа е друга тема која посебно ја обработуваме тука.

Досега повеќепати имаме пишивано за определување на цената која слободно може да се каже дека претставува комбинација на умешност, уметност и наука.

За да може даа комбинација да функционира и барем малку да влијае на вистинскиот избор на ценовна политика за претприемачите, потребно е пред да ја донесат одлуката да одговорат на следниве прашања.

  1. Дали цената ги покрива трошоците за твојот бизнис? Да не се лажеме, секој бизнис има трошоци, работел или не работел. Пред и да помислиш било што друго мора да бидеш сигурен дека цената ќе ги покрие во целост трошоците што твојот бизнис ги прави.
  2. Дали цената обезбедува профит за твојот бизнис? Откако ќе бидеш сигурен дека цената ги покрива трошоците, следното нешто е да провериш дали таквата цена ќе обезбеди профитабилност на бизнисот. Сепак, твојата цел како еден претприемач е да оствариш профит.
  3. Колкав е профитот и дали би бил задоволен од истиот? Следното нешто е самиот износ на профитот. Некои ќе се задоволат со помал износ, додека некои ќе сакаат поголем. Дали профитот што ти го овозможува цената ќе овозможи реализација на твоите лични цели?
  4. Каква е твојата позиција на пазарот во споредба со конкурентите? Од твојата позиција на пазарот ќе зависат и цените. Доколку твоите производи или услуги се нешто навистина квалитетно, сеуште недостапно за конкуренцијата, тогаш ќе имаш можност за повисоки цени. Просекот на на цените во индустријата и твоето присуство исто така ќе ти кажат повеќе детали за тоа како би требало да постапиш.
  5. Што е со купувачите, дали тие би ја прифатиле цената? И се би било ОК, доколку одлуката за тоа дали твојата цена е превисока или прениска не ја носи купувачот. Сепак, тие се оние кои би требало да се прашаат. Сега, сите претходни прашања и сите наредни прашања ќе треба да ти ја отстранат можноста за субјективизам од страна на купувачите. Секој сака пониски цени, а ти сакаш повисоки цени. Мора да се најдете во вашите желби.
  6. Дали ќе имаш различни купувачи од различни сегменти? Различни купувачи и различни сегменти на пазарот ќе бидат различно спремни да платат различна сума на пари за твојот производ. Твојата цел е да го максимизираш износот од секој сегмент. Затоа мора да размислиш на оваа прашање.
  7. Дали твоите маркетинг активности ќе содржат и попусти? Често пати кога се поставуваат цените се заборава на маркетинг активности кои ќе содржат попусти. Доколку не го предвидиш овој дел, може да се доведеш во состојба доколку обезбедуваш попусти да навлезеш и во непрофитабилно работење. Сепак, како еден претприемач ти тоа не го сакаш.
  8. Дали количината на продажба ќе влијае на цената? Понекогаш поголемите износи во обем на продажба може како промотивен пакет да влијае на цената. Пред да ја поставиш цената ќе мора да размислиш и за овие прашања.
  9. Дали твојот бизнис модел се базира на повторена продажба? Некои бизниси се базираат на трансакциска продажба, каде купувачот купува еднаш и мала е веројатноста дека ќе се врати повторно да купи. Таквите бизниси имаат цел да наплатат колку што може повеќе при таа една трансакција, бидејќи знаат дека нема утре. Но, доколку успехот на бизнисот се базира на повторување на продажба, најверојатно ќе одиш со нешто пониски цени како би обезбедил да се врати и го повтори купувањето.
post

Капитал како мобилизирачки сегмент на менаџирање на глобални пазари

Компании во меѓународни услови Освен институциите кои имаат влијание на глобалните пазари тука е и капиталот.

На светскиот пазар не може лесно да се конкурира, бидејќи дејствуваат моќни компании и нивни подржувачки мрежи. Доколку компанијата сака да се развива и да го освојува пазарот, мора да има капитал.

Парите се многу посакуван производ, кој може да се пласира во било која држава или компанија. Главни изори на финансирањето се: банки, држави (владини агенции), приватни инвестициски групи, богати поединци, пензииски фондови, заеднички фондови, осигурителни компании.

Банките се големи фактори во светската индустрија. За да ги контролираат случувањата во индустријата, банкарите купуваат акции и влегуваат во управните одбори на индустриските капацитети. Но, бидејќи и индустријалците зависат од активностите на банките и тие купуваат акции од банките и влегуваат во управниот одбор на банките. Со овие активности се создава индустриско банкарска олигархија, која ги контролира економиите во голем број на држави.

Приватниот капитал, главно се движи воден од економскиот профит. Државата на тој капитал може да влијае и да го насочува преку одредени стимулации. Најголеми финансиски центри во светот се берзите во: Њујорк, Лондон, Токио, Франкфурт, Париз. За да може компанијата да котира на овие берзи, каде во оптек е најголемиот дел на светскиот капитал, односно за да може да се врши продавање или купување на акции и обврзници, компанијата мора да води сметководство, применувајќи ги светските стандарди.

Меѓународните сметководствени стандарди во голема мерка се слични со Американскиот сметководствен стандард. На ова инсистираат финансиерите, за да можат јасно да разберат какви деловни резултати постигнала компанијата. Ова претставува дополнителна обврска за компаниите кои се надвор од САД, но бидејќи на овие берзи котираат силни компании, вработувањето на сметководителите кои ќе го направат сметководство да биде стандардизирано не претставува претешка задача, бидејќи се смета на прилив на свеж капитал.

Со голема количина на капитал располагаат и ММФ, Меѓународна банка за обнова и развој, Лондонскиот и Парискиот клуб. За да се добијат пари од овие институции, потребно е да се исполнат нивните, некогаш и неповолни барања. Најважната светска валута е долар, неговото влијание се намалува но сепак е огромно. Тоа овозможува, Америка да добие многу големо значење во светската трговија, бидејќи штом има побарувања за одредена валута и надвор од матичната држава, тоа овозможува државата да печати поголеми количини на валута и на тој начин бескаматно да се финансира.

Развиените земји се најголеми извори на финансирање. Ширењето на капиталот може да се ограничува со забрана на неговото изнесување од матичната држава или со забрана на поседување на удели во одделни компании во странство, повеќе отколку што нивните закони тоа го дозволуваат (пример државата може да ја ограничи висината на странските вложувања да биде максимално 49 % од вредноста на компанијата). По Втората светска војна имаше недостиг на капитал во развиените земји и тие го ограничуваа износот на финансиски средства, што беше дозволен да се изнесе од државата. Со подобрување на економската состојба, развиените држави стекнуваат голема количина на финансиски средства и настојуваат тој вишок да го пласираат во други земји, каде би оствариле поголем профит.

Во поново време, со настанокот на светската економска криза, кога дојде до криза на банкарскиот сектор во Америка, а потоа се прошири и во останатиот свет, се намалија паричните средства, достапни за пласирање во помалку развиените земји. При што, голем број на земји ги почувствуваа негативните последици од оваа криза.

Кога компанијата вложува финансиски средства во својата странска филијала тоа претставува директно странско вложување и компанијата очекува за определен временски период да ги поврати своите вложени средства. Извозот на капитал зависи од состојбата во светските стопанства, а мотиви за извоз на капитал се:

  1. Остварување на поголем профит од вложениот капитал (камати, дивиденди).
  2. Зголемување на ефикасноста (специјализацијата).
  3. Искористување на поевтина работна сила.
  4. Пониска цена на суровини и енергенси.
  5. Комплетирање на производните капацитети.
  6. Отварање и проширување на нови пазари.
  7. Пласирање на капитални добра (машини, бродови).
  8. Избегнување на плаќање на царини.
  9. Обезбедување на политичко или воено влијание во определената држава, односно да се остварат стратешки интереси.

Извозот на капитал може да се стимулира и преку: намалување на данокот на доход за работа во странство, осигурување на пласманот од комерцијалните и политичките ризици, одобрување на кредити од државните фондови. Некои компании се двапати оданочени и во матичната земја и во земјата домаќин, па некогаш матичната држава е принудена да го намалува данокот за висина на средствата која компанијата ги има платено во земјата домаќин, за да им овозможи полесно работење во странство. Доколку една земја има квалификуван и способан кадар, таа ќе се определи за увоз на капитал во вид на финансиски кредити и лиценци. Доколку е сиромашна со финансиски, технички и организациски знаења, ќe се определи за заеднички вложувања со странските компании. Земјите увознички на капитал, со увоз на капитал стануваат посилни. Но, извозниците на капитал често ги насочуваат дадените финансиски средства за развој на индустрии, кои ќе бидат зависни од нивните компоненти. Некогаш и земјите увознички на капиталот нерационално го користат капиталот, со што само повеќе ја вовлекуваат неразвиената земја во проблеми.

Позитивни ефекти од увозот на капитал за земјата увозничка се:

  1. Увозот на капитал претставува увоз на дополнителни акумулации, па благодарејќи на нив доаѓа до поголеми стапки на стопанскиот раст.
  2. Зголемените инвестиции овозможуваат да се зголеми вработувањето. Се врши дополнителна обука и оспособување на кадар, кој стекнува додатни искуства и знаења.
  3. Поради развојот на домашното производство, може да дојде до супституција на увозот со домашните производи, а може да се смета и на евентуален извоз.
  4. Трансфер на технологии.
  5. Растат приходите во буџетот.
  6. Влијанието од позитивниот пример во работењето може да се одрази и врз други компании.

Негативни ефекти на увозот на капитал врз земјата увозничка се:

  1. Стопанството се развива спрема интересите на инвеститорите, па може да дојде до големи диспропорции во развојот на поедини гранки на стопанството.
  2. Странските инвеститори најчесто прекумерно ги исцрпуваат природните богаства.
  3. Профитот се одлева во странство.
  4. Доаѓа до зависност, бидејќи производството не може да се одвива без странски делови, со што се загрозува националниот суверенитет.

Девизниот пазар влијае врз заработката. На девизниот пазар се претвараат валути од една земја во валути во друга земја. Заработката може да се врши и со купување на одредена валута и нивна замена за друга. За да обезбедат сигурност на својот капитал, голем број од земјите извознички на капитал потпишуваат билатерални договори околу заштита на капиталот, со земјата увозничка на капиталот. Компанијата може да договори работа, но со промена на курсот на валутите тој бизнис може да се обезвредни или да стане премногу скап и другата страна да мора да го раскине договорот. Заради тоа, доколку владее валутна нестабилност, компаниите кои соработуваат обично го врзуваат договорот за вредноста на стабилна валута (најчесто долар или евро). Пловечките девизни курсеви ја прават економијата многу ранлива, бидејќи со менување на курсевите се нарушуваат условите од договорите.

Можно е земјата домаќин да ја девалвира или ревалвира своја валута. Инфлацијата може негативно да влијае врз постигнатите економски резултати на компанијата, преку обезвреднување на заработката.

Домашната валута може да биде преценета или подценета. Преценетоста на националната валута е состојба што се јавува кога внатрешната вредност (куповната сила) на валутата е помала од надворешната вредност (официјален валутен курс). Поради ова, цените и услугите за странските купувачи се високи, па затоа опаѓа нивната конкурентска способност, во однос на странските стоки и услуги. Потценетост на валутата е состојба кога внатрешната вредност (куповна сила) е поголема од надворешната (официјален валутен курс). Во овој случај цените на домашните стоки и услуги се атрактивни, односно конкурентни, во однос со странските стоки и услуги. Со тоа се создават услови за зголемување на извозот, а за намалување на увозот што на долг рок овозможува прилив на девизи.

Краткорочниот капитал, кој влегува во една земја и нема намера подолго да се задржи се нарекува шпекулативен капитал. Транснационалните компании мора да ја заштитат својата заработка, искажана во локалната валута. Затоа работењето со пари претставува голема обврска. Проблем претставува немањето на пари, но проблем претставува и вишокот на пари, односно треба да се сочува нивната ведност. Некои компании користат даночни засолништа како Бахамските острови, Бермудските острови, за да ја минимизират даночната обврска, а со тоа да остварат поголем профит.

Владата употребува монетарна, фискална и девизна политика за да влијае на економската состојба во државата. Монетарната политика дејствува преку промените на понудата на пари, фискалната политика дејствува преку промени во државната потошувачка или даноците, додека девизната политика претставува однос на државата кон девизните средства. Ако државата е голема и економски појака, промените во овие сфери влијаат на промените во светски рамки. Пример: хипотекарната криза во Америка цел свет го доведе до поголема или помала рецесија. Преголемиот дефицит, најчесто се јавува поради преголемите трошоците на владата или поради некои грешки во економското работење (пример инвестирање во погрешен сектор). Некогаш дефицитот може да биде корисен, доколку владата се задолжува во странство за да ги развива своите економски потенцијали, со што државата станува способна да ги врати средства и да заработи. Пример: повоениот развој на Германија и Јапонија.

Дефицитот може да се јави и кај преоптимистичкиот инвестиционен план, кој не дал очекувани резултати, а се потрошени рационално или нерационално големи финансиски средства. Заради овие грешки, кредиторите немаат желба да позајмат нови финансиски средства и државата влегува во криза. Прекумерниот суфицит исто предизвикува криза. Суфицит на тековна сметка значи дека земјата акумулира средстава во странство. Преголемиот суфицит предизвикува помалку инвестирање во матичната држава, а поголемо инвестирање во странство. Преголемото инвестирање во странство може да биде опасно за државата, доколку не биде во состојба да ги наплати побаруваните средства. Државата може потешко да влијае врз инвестициите пласирани во странство. Со зголемување на инвестирањето во странство се намалува домашното вработување, со што се намалува националниот доход и се нарушува социјалниот мир. Земјата со преголем суфицит, може да стане мета за напад од друга земја увозник на инвестиции, која може да воведе различни ограничувања, како што беше случај со Јапонија, кога создаде голем суфицит во трговијата со САД и со земјите на ЕУ.

post

Институции како мобилизирачки сегмент на менаџирање на глобалните пазари

Глобализација Во областа на светската економска соработка постојат три значајни меѓународни институции, Меѓународен Монетарен Фонд (ММФ) или IMF – International Monetary Fund, Меѓународна банка за обнова и развој или IBRD-International Bank for Reconstruction and Development, Светска Трговска Организација (СТО) или WTO – World Trade Organization.

ММФ била формирана со цел да се обезбеди соработка во областа на меѓународните плаќања и политиката на девизните курсеви и обезбедување на кредити за краткорочно урамнотежување на платниот биланс. Ние можеме да констатираме дека меѓународниот монетарен поредок е фундамент на светскиот економски поредок, нема економски поредок без монетарен поредок, но нема ни трговски поредок без монетарен поредок. Дури нема ни правен поредок, без монетарен поредок.

Сферата на финансиите, сферата на меѓународниот платен промет, сферата на доверителните односи во светот, сферата на меѓународните односи во многу случаи е еден од најважните правци и насоки со кои се определува физиономијата на целиот светски поредок. Во светот денеска функционира светски монетарен поредок. Светската Банката добила задача со долгорочни кредити да овозможи обнова и развој на стопанството на земјите членки. Додека задачата на СТО е да го контролира работењето во светската трговија. Сублимирано, цел на овие организации е да ги контролираат:

  1. Меѓународните парични текови.
  2. Меѓународните инвестиции.
  3. Меѓународната трговија.

Со овие три организации се постигнува контрола врз меѓународните бизнис текови и тие претставуваат лостови за развој на глобализацијата.

На конференцијата во Bretton-Woods 1944 година се формирани ММФ и Меѓународна банка за обнова и развој. ММФ се финансира преку уплата на квоти од страна на земјите членки. Висината на квотите се определува врз база на претходно направени анализи, како што се: големината на земјата, нејзините количини на злато, висината на БНД, големина на извозот и слично. Висината на квотите може да се корегира на секои 5 години, а доколку е потребно може корекција да се изврши и порано. 25 % од квотата треба да се плати во злато, а 75 % во национална валута.

Декларираните цели на ММФ се:

  1. Унапредување на меѓународната соработка врз основа на консултации и заедничко решавање на меѓународните проблеми.
  2. Проширување на меѓународната трговија, пораст на: вработеноста, приходите и производството.
  3. Стабилноста на девизните курсеви и спречување на конкурентската депресијација.
  4. Мултилатеризмот во меѓународните плаќања за тековните трансакции и отстранување на девизните ограничувања, кои го спречуваат растот на меѓународната трговија.
  5. Обезбедување на финансиски средства, за помош на земјите членки и урамнотежување на платниот биланс.
  6. Намалување на платнобилансната нерамнотежа.

ММФ инсистира на комбинација на цврсти макроекономски политики, вклучувајќи намалување на јавните расходи, повисоки каматни стапки и цврста монетарна политика. ММФ притиска и за дерегулација на одредени сектори (пример: цена на струја, нафта), кои порано беа штитени од домашната и странската конкуренција. Понатаму, се ангажира за приватизација на капиталот во сопственост на државата и подобро финансииско известување од страна на банкарскиот сектор. Со овие мерки се контролира инфлацијата и се намалуваат државните расходи и долгови. ММФ може да воведе дури и драконски мерки против определени држави, уништувајќи ги нивните економски потенцијали, заради што ММФ е често на мета на големи критики.

Со прифаќање на чланството во ММФ, државите ја намалуваат слободата во креирањето на монетарната политика, но поради можноста да обезбедат финансииски средства, во случај на потреба или криза прифаќаат одредени монетарни ограничувања. Основните обврски на земјите чланки се:

  1. Стабилност на цените.
  2. Обезбедување на економски услови и функционирање на монетарен систем кој не предизвикува нестабилност.
  3. Дозволено платнобилансно прилагодување
  4. Соодветна девизна политика.

При појава на дебаланс на платниот биланс, ММФ влегува со финансииска помош но наметнува и одредени услови на однесување. Особено се инсистира на намалување на јавната потрошувачка и на пазарно определување на цените, што директно влијае на падот на стандардот на населението, па во поголем број на држави се јавува негативно мислење за ММФ. ММФ дава позајмици со пониски камати, но голем број на други кредитори (пример Лондонски и Париски клуб) вршат притисок или уцена за доделување на кредити, за земјата што бара кредит претходно да постигне договор со ММФ, околу одредени економски параметри, што и дава дополнителна сила на ММФ.

ММФ определува и меѓусебни односи на валутите. Односот на валутите најчесто се врзува за вредноста на златото или за вредноста на доларот. Првобитно ерата на златниот стандард важела во периодот од 1870-1914 год. Висината на секоја валута била врзана за вредноста на златото.

Во периодот помеѓу две светски војни 1918-1939 год., поради економската криза наречена Голема Депресија, престанува да важи златниот стандард.

Во периодот по Втората светска војна од 1946-1973 год., повторно се воспоставува златниот стандард. Но, во 1973 год. САД го напушта златниот стандард и преку воведување на дополнителни царини изврши притисок на други моќни земји и тие да го напуштат златниот стандард и да ја врзат вредноста на својата валута за вредноста на доларот. Овој систем функционира и денеска. Поради недостиг на злато и недоверба во доларот се воведоа уште и Специјални права на влечење или Special Drawing Rights.

Врз база на висина на уплатените квоти во ММФ, секоја земја располага со одредена висина на Специјани права за влечење, кои можат во случај на финансиска криза да ги повлечат, за да се стабилизира кризата. Висината на една единица на оваа имагинарна валута е врзана за вредноста на златото или доларот и е подложна на корекција. Бидејќи ова е имагинарна валута, државата која ќе добие право да повлече определен износ, тој износ го конвертира (претвора) во пожелна светска валута и се исплатува во постоечката светска валута. Оваа опција не заживеа во голем обем во пракса, поради тоа што не се создаде доволна потреба од нејзината примена. Некои автори сметаат дека Специјалните права за влечење, претставуваат нова светска валута.  Сепак, допрва ќе се актуализира користењето на овие права.

Првична мисија на Меѓународна банка за обнова и развој, била да го обнови разурнатиот економски систем на Европските земји, настанати после Втората светска војна. Потоа банката се посветува на развојот на другите неразвиени држави. Финансирањето на Светската банка го вршат богати земји и врз база на висината на учество во финансирањето, добиваат право за одлучување за активностите на банката. Активностите на банката се фокусирани на земјите во развој, во области како човеков развој (образование, здравство), земјоделие и развој на рурални области, заштитата на животната средина, инфраструктура, владеење (антикорупција, развој на владините агенции), сообраќај, енергетика. Таа обезбедува кредити по повластени стапки, како и грантови за најсиромашните земји членки.

СТО е формиран 1995 год. во Женева, како продолжение на договорот ГАТТ постигнат 1947 год. ГАТТ претставува Генерален Договор за Царини и Трговија или General Agreement for Tariffs and Trade–GATT. Светската трговска организација влијае врз надворешната трговска политика на своите членки и врши унапредување на меѓународната трговија.

Основните функции на СТО се:

  1. Усогласување на националните надворешно трговски политики.
  2. Спроведување на спогодбите кои се постигнати во рамките на СТО.
  3. Надзор над водењето на националните надворешно трговски политики.
  4. Решавање на трговските спорови, настанати помеѓу земјите членки на СТО.

Основни принципи на СТО се:

  1. Недискриминација.
  2. Принцип на реципроцитет.
  3. Принцип на национален третман.
  4. Заштитата на домашното производство, согласно со одредбите на СТО.
  5. Намалување на царини.
  6. Елиминирање на нецарински бариери.
  7. Зголемување на транспарентноста на национално трговските политики.

Земјите во развој во голем број на случаи, се ослободени од принципот на реципроцитет. Земјите членки на СТО се обврзани да дадат статус на најповластена нација на сите земји членки на оваа организација, со што се одбегнува дискриминација на определени земји. Сите нецарински мерки на ограничување на увозот станаа недозволиви, а се настојува континуирано да се намалат царините, до нивно укинување. Тоа не им одговара на неразвиените земји, бидејќи не можат да ја заштитат својата индустрија. Доколку одредена земја ги прекрши овие договори, спрема нејзе се воведуваат санкции. Земјите членки на СТО мора да се придржуваат до пропишаните царини, со континуирано настојување тие да се елиминираат, па членките не се во можност сами да ја определуваат надворешната пазарна политика и губат суверенитет во таа област. Поради ова царините се помалку можат да се користат како инструмент за надворешната економска политика. Односно, се потешко е со подигање или спуштање на царината, да се овозможи остварување на позитивните ефекти врз економијата, но не може ни да се постигне послушност кај определени држави.