Маркетингот е срцето на секој бизнис. Мора да постои, но мора и да функционира за да даде резултати.
Некои го гледаат како трошок, некои како основа за развој на бизнисот, а некои како нешто без што не се може.
Но, користење на маркетингот во бизнисот не гарантира резултати. Статистички, промашувањата, односно неуспесите се повеќе отколку успесите.
Кои се основните причини за неуспех во маркетингот?
Еве некои од основните причини.
- Немање на маркетинг. Кога нешто воопшто не постои не може да се мери успешноста.
- Немање на систематски приод. Талкање од едно нешто на друго нешто, без еден систематски приод кој ќе покаже што се презема, какви се резултатите и што треба да се направи за да се подобри претставува една причина за неуспех на маркетингот.
- Се базира на претпоставки. Претпоставките иако се најкористени во бизнисот, сепак претставуваат и голема опасност за бизнисот. Маркетингот не треба да се базира на претпоставки, туку на истражувања, анализи, контакти, тестирања, мерење…
- Копирање на конкуренцијата. Иако може да се добијат квалитетни информации сепак целосното копирање без прилагодување кон уникатната вредност на вашиот бизнис претставува причина за неуспех на маркетингот.
- Игнорирање на конкуренција. Недозволено копирање, не значи и целосно игнорирање. Многу информации се сокриени во активностите на конкуренцијата.
- Игнорирање на купувачите. Купувачите се најсигурни извори на информации за тоа што треба да се преземе. Отфрлање на идеите, предлозите или барањата на купувачите претставува причина за неуспех на маркетинг активностите.
- Имплементација без цели. Како и се останато во бизнисот, така и маркетингот се базира на цели кои треба да се остварат. Доколку немате цели, откажете се од напорите.
- Имплементација без стратегија. Стратегијата го дефинира патот кој ќе треба да се изоди. Немање на стратегија претставува една од причините за неуспех.
- Имплементација без план. Планот ве води низ целиот процес на имплементација на стратегијата, но и низ подготовка на идните подобрувања. Без јасен план, ќе продолжите да талкате чувствувајќи се изгубено.
- Таргетирање на сите. Не се и не можат сите да бидат ваши купувачи. Затоа и со маркетингот не можете да ги таргетирате сите. Колку побргу сфатите кои се вашите идеални купувачи толку подобро за вас.
- Игнорирање на онлајн активностите. Денеска е недозволиво да се игнорира фактот дека повеќето луѓе се повеќе од своето време го поминуваат онлајн.

Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






