Archives for август 2012

post

Науката на мотивација [TED]

Мотивацијата е една од поважните функции на секој претприемач или менаџер без разлика дали станува збор за мало или големо претпријатие.

Одлична TED презентација во однос на мотивацијата и влијанието на традиционалните системи на наградување од страна на Dan Pink вреди да се погледа.

post

Претпоставки на кои НЕ треба да се потпрете

Многу активности што како еден претприемач ќе ги преземете се базираат на претпоставки. Затоа и насоките во кои ќе се движи бизнисот се базираат на претпоставки.

Понекогаш и немаме доволно информации за да донесеме одлука, па затоа мора да се водиме од претпоставките. Но, некои претпоставки може да бидат навистина опасни за претприемачот и за бизнисот воопшто.

Некои одлуки не смеат да бидат базирани на непотврдени претпоставки, особено во фазата на започнување на бизнисот. Кои се тие претпоставки?

Одговорот е едноставен, тоа се два вида на претпоставки на кои се базираат повеќето бизниси:

  • Претпоставка за тоа што купувачите сакаат и
  • Претпоставка за тоа кои карактеристики треба да ги содржи вашиот производ.
post

2 Значајни теста што ќе треба да ги изведете пред започнување

Започнување на бизнис слободно може да се каже дека претставува тестирање на идејата. Тестирање на идејата во однос на пазарот и едноставно утврдување преку тоа тестирање дека таа бизнис идеја вреди.

Постојат повеќе тестирања кои ќе треба да ги изведете. За сите тестирања во еден логичен редослед и во еден покомплексен процес на започнување на бизнис ќе зборуваме во некоја друга прилика и место каде што ќе имам поголем простор.

Тука би сакал да наведам само два теста кои се едни од поважните при започнување на бизнис.

Продолжи…

post

7 Работи кои треба да ги поседувате уште пред започнување

Започнување на бизнис бара повеќе елементи со бизнис потенцијална енергија кои во самата фаза на започнување, но и потоа ќе се трансформираат во елементи во кинетичка енергија.

Ништо не е лесно, особено фазата пред започнување кога ќе треба да се ситематизираат сите идеи нафрлани во мозокот, да се направи план за започнување и да се дојде до првите купувачи за да се тестираат идеите.

Што е она што ќе ви биде потребно уште пред започнување?

Одговорот на оваа прашање е во следните 7 точки кои не се конечни, но сепак едни од најважните.

Продолжи…

post

3 Дополнителни прашања за секоја идеја која ја имате

Пред повеќе години тука напишавме пост насловен како 3 елементи кои секоја бизни идеја мора да ги има.

Тие елементи доаѓаат од купувачот и пазарот при што:

  • Тој треба да има проблем,
  • Тој треба да има силна желба да го реши тој проблем и
  • Да постојат мали шанси дека проблемот ќе биде решен без идејата која се разгледува.

Оваа логика претставува одлична појдовна точка за развој на една бизнис идеја. Но, сепак недостатсува една важна алка. Алка која ги држи сите останати алки во синџирот. Тоа е претприемачот.

Што е со претприемачот? Каде е тој во процесот? Го нема. Во пракса постојат повеќе случаи кога на пазарот постои проблем, постои и желба за решавање на проблем и досега проблемот не е решен, а сепак претприемачот да не биде задоволен со резултатите кои ги носи бизнисот.

Тука се три дополнителни прашања кои ќе реба да ги одговорите за секоја бизнис идеја.

Продолжи…

post

9 Тактики при успешно лансирање на вашиот стартап

Иако голем дел од работата е завршен пред лансирањето, сепак вашата задача како еден претприемач во самото лансирање и периодот по лансирање на вашиот стартап бизнис не завршува.

Има уште многу работа. Сега е време да се потврди сето она што сте го правеле во подготвителниот период. Сега е време да се стекнат првите вистински купувачи кои ќе платат за вашите производи или услуги.

Можете да ги следете следниве 9 тактики за да си го олесните патот.

Продолжи…

post

Креативно решавање на проблеми

Има ли некој кој ги посакува проблемите?

Сигурно нема? Или барем повеќето не сакаат да им се појави проблем кој ќе бара решение. Но, животот не е едноставен, па дури и може да се каже дека целиот живот ни е посветен во решавање на проблеми. Исак Адижес вели дека само мртов човек нема проблеми.

Дури имаме проблеми значи дека сме живи и имаме цел која треба да ја постигнеме.

Кога станува збор за бизнисите проблемите претставуваат неизбежен дел од секојдневието. Некои се тешки и сложени, некои пак се едноставни дури и не бараат ваш личен ангажман како еден претприемач.

Сепак, проблемите постојат за да се решаваат, за да се подобри бизнисот, и да се подобри искуството на купувачите со вашиот бизнис.

Постојат повеќе дефинирани и научно презентирани процеси за решавање на проблеми и донесување на одлуки. Јас тука би сакал да ги избегнам тие процеси и едноставно да презентирам еден повеќефазен процес кој ќе ви обезбеди можеби старовремско, но сепак креативно решавање на секој проблем во вашиот бизнис.

Продолжи…

post

5 Системи кои треба да започнете да ги градите уште денес

Системи и систематизација се едни од најкористените зборови во бизнис светот.

Секој бизнис започнува како мал или поточно микро бизнис каде еден човек (или во одредени случаи двајца или неколку партнери) кои себеси се нарекуваат како претприемачи одлучуваат да го променат светот во кој што живеат помагајќи им на останатите луѓе (купувачи) да ги решат сопствените проблеми. Во еден таков случај тој човек е се. Од менаџер до кафекуварка, чистачка, секретарка…

Но, долго со таква работа не може да се преживее или едноставно само ќе се преживува. Визијата за промена на светот ќе ја снема, инспирацијата се повеќе ќе се намалува, а заморот ќе почне да си ги зема првите жртви.

За да успее бизнисот, тој треба да почне да се гради на силни темели. Тие темели имаат потпорни столбови кои уште повеќе го зајакнуваат темелот и се она што ќе се гради на нив. Тие потпорни столбови се петте системи за кои ќе зборуваме денес.

Продолжи…

post

Кризи во транснационални компании

Рецесија или криза, означува пад на стопанската активност, раст на невработеноста, нестабилност на домашната валута и ред други негативности.

Рецесијата може да се јави во било која држава на било кој континент. Кризата најчесто настанува поради лошите економски потези на владите (поради сопственото незнаење или поради остварување на сопствените интереси) или поради влијание на меѓународни или домашни субјекти, поради тоа што новите технологии или индустрии не можат да продуцират зголемени профити и создавање на нови работни места, поради одливот на капитал и слично.

Одливот на капитал се случува кога вредноста на домашната валута брзо паѓа поради хиперинфлацијата, лошите економски перспективи на земјата, лошите политички или воени случувања и слично, па домашните и меѓународните инвеститори го повлекуваат свој капитал во други земји, каде нивниот капитал би бил подобро чуван и зголемуван. Доколку економската состојба е лоша во една земја, тоа веднаш се рефлектира на работењето на компанијата.

Рецесијата може да се надмине на три начина:

  1. Намалување на цените и отпуштање на работниците, односно со намалување на трошоците за да производите станат конкурентни (болна варијанта).
  2. Девалвација на сопствената валута, со што ќе се намали цената, ќе се дестимулира увозот, а ќе се стимулира извозот.
  3. Остварување на економска соработка помеѓу две или повеќе земји.

Една од подраматичните кризи се случи во периодот помеѓу двете светски војни во САД и Германија, таканаречената Голема депресија. Чести се економските кризи во Јужна Америка поради намалениот прилив на финансиски средства, како и поради намалување на цените на извозните артикли. Кризите особено силно се изразени поради големината и во земјите како што се Аргентина, Бразил, Мексико.

Со паѓање на Берлинскиот ѕид почнува постепено рушење на Источниот блок, при што социјалистичките земји се обидоа да се трансформират во капиталистички. Односно тие земји влегоа во една фаза наречена транзиција.

Поради низа лоши потези, овие земји имаа пад на бруто националниот приход и до 60 %. Најдобро помина Кина, која иако беше во социјалистичкиот блок, поучена од негативното искуство од земјите со слично општествено уредување, постепено го комбинираше пазарното и планското работење, затекнато од социјалистичкиот систем, со што обезбеди функционирање на свое стопанство, избегнувајќи ги наглите падови, а применувајќи одредени капиталистички методи на работење, комбинирано со евтина работна сила, остварувајќи дури и економски подем.

Стопанските проблеми се случуваа и во Западна Европа, при што неколку пати е евидентиран помал степен на рецесија. Најголемата криза во Југоисточна Азија, придонесе одредени валути 1998 год. да девалвираат и до 70 %. Оваа криза означи крај на хипер развојот на “азиските тигри”. Капиталот кој до тогаш пристигнуваше во овие подрачја почна нагло да бега. Кризата зафати голем број на земји, па Г7 и ММФ за кризата ја обвинија Јапонија, иако и самата беше зафатена со криза и доживеаја негативна стапка на раст. САД долг период ја одбегнуваа кризата, се до пред некое време, кога поради хипотекарната криза неколку големи банки отидоа под стечај, а државата мораше во стил на долго критикуваниот социјалистички систем, директно да влезе со капитал на даночните обврзници, за да се стопира понатамошното разгорување на кризата. Оваа криза се чувствуваше во сите земји и овозможи уште појасно да се согледа големината на постигнатата глобализација, односно меѓувлијанието на светските економии.

post

Идеи кои можете да ги искористите од Јули 2012

Повеќе од половина од оваа 2012 година е веќе зад нас. Длабоко сме навлезени во годишни одмори, опуштање, море, плажа… Но, и размислување за остатокот од годината и подобрување на резултатите на бизнисот во периодот кој ни останува.

Како и секој месец, овој пост е сублимирање од претходниот месец, или  серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Јули 2012.

Овој пост претставува збир на најчитаните наслови кои како идеи можете да ги искористите за развој или подобрување на вашиот бизнис, но и на вас самите како еден претприемач.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа на популарноста ќе влезат на страната Започни тука.

Во јули 2012 на претприемач беа објавени 31 наслови во кои немаше одредена доминантна тема која би ја издвоиле. Како и да е, тука се презентирани 9 наслови од тие 31 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот. Јули месец беше и месец на додавање уште една екнига на претприемач, а која се однесува на процес на изработка на маркетинг план. Очекуваме дека до крајот на месецот ќе биде завршена и втората екнига која е резултат на анкетата која ја направивме при што го определивме приоритетот на објавување.

Сега, да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од Јуни 2012 година.

1. Започнување на бизнис

2. Маркетинг

3. Менаџмент

4. Продуктивност