Archives for октомври 2012

post

Обезбедете исклучително доживување за вашите купувачи

Што претставува исклучително доживување за вашите купувачи?

Како можете да знаете дека сте им обезбедиле исклучително доживување на вашите купувачи?

Ако вашите купувачи се задоволни со вашата компанија, тие повторно ќе се вратат, ќе се чувствуваат добро кога купуваат или кога го препорачуваат вашиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги, тогаш најверојатно сте им обезбедиле исклучително доживување.

Дали постои претприемач, на кој не му се допаѓа таковото чувство кај нивните купувачи? Постои ли претприемач кој не сака купувачите да се вратат и да го препорачаат неговиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги? Одговорот на овие прашања е не.

Но, како ќе можете да ги фокусирате вашите напори и да обезбедите такво чувство кај вашите купувачи?

Еве шест важни активности со кои можете да почнете.

Продолжи…

post

Потребни вештини при развој на купувачи

Развој на купувачи претставува важен дел од започнување на бизнисот во што интервјуирање и состаноци со потенцијалните купувчи претставува клучен елемент за успех.

За таа цел ќе ви бидат потребни вештини. Кои се тие вештини?

  1. Аналитичност. Потребно е да имате добри аналитички вештини, особено поради фактот што и пред да започнете со интервјуа и состаноци со потенцијални купувачи ќе треба да дојдете и анализирате премногу информации и податоци. Аналитичноста е потребна и поради тоа што тие информации ќе бидат во различна форма. Треба да напоменеме дека аналитичноста е потребна и во понатамошните фази, односно фазите по изведување на интервјуата и изведување на заклучоци од истите.
  2. Способност од читање на говорот на телото. Знам дека ќе се обидете да преку интервјуа и претходно подготвен процес да извлечете се што можете да извлечете. Сепак, во повеќето ситуации тие резултати може да бидат сосема погрешни. Прашалници и анкети не се најдоброто решение за овој процес. Многу повеќе вистинити заклучоци ќе извлечете од говорот на телото, особено кога станува збор за чувства, емоции, изненадувања, посакувања…

Овие две вештини ви се најпотребни кога станува збор за организирање на интервјуа со потенцијални купувачи. Сепак не значи и дека се единствените. Различни бизниси ќе имаат различни потреби. Се започнува од целта, односно она што ќе треба да го откриете за нив.

Што ќе треба да дознаете кога станува збор за купувачите?

Две основни работи се значајни за вас како еден претприемач:

  • Да ги знаете и потребите на купувачите и што е она што тие го сакаат. Внимавајте потребите може да бидат различни од посакувања.
  • Да ги определите границите на идеалниот купувач за вашиот бизнис. Кога станува збор за граници на идеалниот купувач, мислам на границите кои ќе го дефинираат купувачот, односно точката во која тој купувач нема да сака да го купи производот или услугата од вашиот бизнис. Може да имате повеќе критериуми или такви точки како на пример, време, повраток на инвестиција, цена, карактеристики, бенефити, квалитет…
post

Дали знаете каде сте сега?

Сакаме да размислуваме за иднината и да заборавиме на минатото. Сепак, живееме во сегашноста, а денешницата е многу влијателна во создавањето на нашата иднина.

Размислете за прашањето во насловот на овој пост? Дали навистина знаете каде сте сега?

Не знам каде сум во овој момент во времето, но знам, каде сакам да бидам. Можно ли е тоа?

Како можeмe да отидeмe некаде, ако не знаeмe каде сме сега и што ќе треба да направиме со цел да стигнеме до местото каде што сакаме да бидеме во иднина?

Продолжи…

post

Интервју за дефинирање на проблемот

Започнување на нов бизнис или развој на нов производ мора да започне со развој на купувачи. Развојот на купувачи е процес во кој едноставно го доближувате тој иден бизнис или производ до купувачите, од идеја, прототип па се до готов производ или услуга.

Еден дел е и организирање на интервјуа со купувачите.

Подолу е дадена една структура која може да ви помогне во организирањето на таквите интервјуа. Мора да напоменам дека овие интервјуа не се изведуваат преку прашалници, туку преку разговор очи во очи со потенцијалниот купувач. Затоа добрата подготовка може да ви помогне во креирање на интервјуа чиј фидбек ќе обезбеди квалитетни одлуки за иднината на вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Колку “да направам” листи треба да имате

Многу задачи, многу активности, многу проекти… Преплетувања и преклопувања на задачи, проекти, места…

Тоа е вистината на секој претприемач. Не е едноставно.

Многу време изгубив во различни обиди да изградам еден функционален систем кој ќе ми обезбеди поголема лична продуктивност во моментов, но и можности за подобрување на истиот.

Доколку сте како повеќето претприемачи сигурно имате повеќе видови на “да направам” листи. Тие може да бидат:

  • Дневна “да направам” листа,
  • Неделна “да направам” листа,
  • Месечна “да направам” листа,
  • Листа на проекти,
  • Следни акции,
  • “Да направам” листа за дома
  • “Да направам” листа за работа
  • Некогаш/Можеби…

Сите овие листи може да бидат комбинации во една или пак во неколку листи, или пак едноставно некои имаат пповеќе ливчиња (тевтерчиња или пак нотеси во Evernote) со такви листи. Во таква ситуација доколку некој ве набљудува одстрана може да ве праша како можете да бидете продуктивни.

Продолжи…

post

Клучни фактори за определување на денот на лансирање

Многу добри идеи, иновации и бизниси не претставуваат ништо доколку се донесат на пазарот прерано. Историјата има покажано многу неуспеси за грешки во однос на тајмингот.

Но, причините за тие грешки не се толку околу тајмингот, причините се подлабоки, а кои на некој начин ќе бидат содржани и во овие клучни фактори кои подолу ќе ги наведам.

Да наведам само две промашување на големи компании во однос на доведување на иновацијата на пазарот: Nokia со првиот 3G телефон и Sony со првиот е-читач на книги. Причините иако можеби изгледа дека се нивниот тајминг (прерано доведување на иновацијата на пазарот кој сеуште не е спремен да ја прифати) сепак тој тајминг повеќе е во однос на самиот процес на носење на тие иновации, односно недостаток на еден поширок поглед од самата внатрешност и способност на компанијата да иновира и спроведува иновации.

Времињата се многу променети. А, пак новите времиња бараат и нови процеси, но и нови актери во самиот процес.

Кои се клучните четири фактори за определување на денот на лансирање на вашиот нов производ или пак нов бизнис?

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Септември 2012

Полека но сигурно доаѓаме до крајот на годината, последниот квартал кој треба да се помине во имплементација на сите задачи кои остануваат да се имплементираат, а се испланирани и секако проверка на реализација на целите поставени за оваа година.

Освен овие активности на еден претприемач, полека еден поглед се свртува кон идната година и можните цели и планови за период кој следува.

Како и секој месец, овој наслов претставува сублимирање од претходниот месец, или серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Септември 2012. Тука е даден збир на најчитаните наслови кои како идеи можете да ги искористите за развој или подобрување на вашиот бизнис, но и на вас самите како еден претприемач.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во септември 2012 на претприемач беа објавени 23 наслови во кои доминираше темата за претприемачот и започнување на бизниси и стартапи. Тука се презентирани 10 наслови од тие 23 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од Септември 2012 година.

Продолжи…

post

Нови вештини – како да додавате

Стекнување на нови вештини не е едноставен процес, туку бара макотрпно ангажирање во откривање и стекнување на истите до ниво во кое ќе се каже дека навистина станувате вешт со тие нови вештини.

Кога станува збор за претприемачите, стекнување на нови вештини треба да претставува еден континуиран процес. Но, лесно би било доколку тоа е единствената потреба.

Да видиме некои можности кои како еден претприемач ви стојат на располагање за оваа намена.

Продолжи…

post

Некои придобивки од лин стартап

Започнување на нов бизнис и процесот кој ќе се применува во голем дел зависи од бизнис идејата, но и видот на пазарот за кој е наменета таа бизнис идеја (решение на проблем).

Сепак, во научните кругови се позначајни стануваат обиди да се креира еден уникатен процес на за започнување на бизнис.

Но, знаеме дека тоа не е возможно. Сепак, една рамка во вид на лин стартап ни дава јасна слика за еден пат на идните претприемачи кога започнуваат сопствен бизнис.

Лин стартап, за што веќе пишував во повеќе наврати претставува најкомплетната рамка за започнување и креирање на нови бизниси.

Можете да прочитате за основите на лин стартап во следниве наслови:

Тој серијал на наслови всушност беше поврзување на лин стартап како еден процес, поточно една филозофија со лин производство и карактеристиките и методите, односно техниките користени од овие филозофии.

Во секој случај, лин стартап претставува една комплексна филозофија за започнување на бизнис која обезбедува квалитетна рамка за разни видови на процеси, методологии, техники и алатки во креирање на нов бизнис, преку креирање на нов или подобрен производ или услуга. Секако, тоа креирање на бизнис, производ или услуга оди заедно со самиот процес на развој на купувачи.

Но, прашањето во овој наслов е кои се главните придобивки од еден ваков процес?

Тука ќе се обидам, накратко да ги презентирам некои од придобивките.

Продолжи…

post

Претворање на проблем во вистински бизнис

Сите ние имаме почувствувано одредени проблеми. Сите ние имаме одредени незадоволени потреби.

Но, дали и некој друг има таков ист проблем или потреба? Веројатно да. Сепак потребно е и другите да го разбираат онака како што вие како еден претприемач го разбирате и гледате тој проблем кој е основа за вашиот бизнис.

Можете ли проблемот да го претворите во вистински бизнис или пак да го интегрирате во вашиот постоечки бизнис доколку веќе имате бизнис?

Сепак мора да размислувате и за раст и развој на постоечкиот бизнис доколку веќе сте претприемач, а не само за проблеми како основа за нов бизнис.

Подолу се дадени некои прашања на кои би требало да дадете одговор.

Продолжи…