Archives for ноември 2012

post

Релевантен бизнис план, наместо перфектен бизнис план

Еден бизнис план сеуште од страна на постоечките бизниси претставува основна алатка за управување на секојдневните активности на компанијата и врската помеѓу сегашната состојба и визијата на претприемачот.

Но, успехот не е едноставен како што изгледа. Зошто?

Едноставно затоа што еден бизнис план се изработува да биде перфектен, шгто пак од друга страна го одолговлекува времето на имплементацијата на истиот.

Перфекционизмот и одолговлекувањето претставуваат едни од најголемите непријатели на еден претприемач.

Затоа потребно е да се направи, доколку веќе се прави, релевантен бизнис план.

Што претставува релевантен бизнис план?

Релевантен бизнис план е:

  • План кој е создаден во согласност со вашите можности како еден претприемач и како бизнис во целина.
  • План кој е создаден согласно пазарните критериуми и целните купувачи на истиот.
  • План кој обезбедува реализација на вашата претприемачка визија.
  • План кој обезбедува реализација на вашите главни бизнис цели.
  • План кој содржи конкретни чекори за вас како претприемач и за вашиот тим.
  • План чија имплементација лесно може да се следи.
  • План кој обезбедува дека секој член на бизнисот знае што треба да направи, кога треба да направи, зошто треба да направи и кои треба да бидат резултатите од тие акции.
  • План кој лесно може да се прилагодува согласно потребите.
  • План кој обезбедува преземање на акција колку што може побрзо.

Значи не ви е потребен перфектен бизнис план со кој никогаш нема да можете да бидете задоволни, ви треба нешто што ќе обезбеди брзо започнување со имплементацијата, а потоа да се прилагодува согласно фидбекот од таа имплементација.

Вам како еден претприемач, не ви треба одолговлекување и губење на време во реализација на вашите стратешки цели. Ви треба нешто што ќе ве поттикне да го преземете првиот чекор кој води кон реализација на тие цели, чекорот кој иако можеби ќе биде мал, сепак е голем напредок за вашиот бизнис, едноставно затоа што преземате нешто, излегувате од удобноста на status quo ситуација.

post

[Видео] Запомнување со помош на Skitch

Skitch претставува апликација за скицирање како и создавање на сликички на кои можете да скицирате, означувате, забележувате идеи… Од пред извесен период оваа апликација е дел од семејството на Evernote.

Скоро една година како ја користам и веќе стана неизоставен дел од мојата секојдневна работа. Пред некој ден имав потреба да нарачам две парчиња иверици кои треба да бидат поголеми од онаа што го имав растурено. Едноставно за да ги знам димензиите при нарачка направив слика на која ги означив потребните димензии.

Ознаки за Skitch

Продолжи…

post

20 Работи што можете да ги направите за вашите купувачи

Купувачите се срцето на секој бизнис. Ние може да зборуваме за бизнис план, процеси, системи, процедури, менаџмент… Но, без купувачи сето тоа е непотребно. Затоа што на крајот работата на сите елементи на бизнисот има за цел да придобие, одржи и развива купувачи.

Да се стекнат нови купувачи ниту е лесно, ниту е евтино. Но, да се одржат постоечки купувачи е многу поедноставно, но често пати се заборава. Фокусот на малите бизниси се става на нови купувачи со цел проширување на бизнисот.

Еве некои идеи за тоа што се мжете да направите за вашите купувачи, во процесот на нивно задржување во добри релации со вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Insightly – CRM решение за вашиот бизнис

CRM (Customers Relationship Management) алатки претставуваат повеќе од потреба за сите бизниси, без разлика на големината или пак индустријата и пазарот во кој функционираат.

Досега пишував повеќе пати за можни решенија кои ви стојат на располагање. Можете да прочитате некои од нив во следниве наслови:

Пред некое време забележав уште една апликација како CRM алатка која сметам дека треба да се спомене и може да ви биде од користи – Insightly.

Meѓу поважните карактеристики кои ги поседува се вистински CRM систем, можност за менаџирање на проекти, интеграција со Gmail, интеграција со социјални медиуми, креирање на сопствени полиња по потреба, менаџирање на календар и настани, менаџирање на сет на активности…

Се на се една моќна алатка која со помош на Cloud технологијата обезбедува секогаш да го имате знаењето за вашите тековни и потенцијални купувачи со вас.

Цената е од бесплатна до 99$ за месец и зависи од бројот на корисници, просторот кој ќе го заземаат податците и бројот на контакти во базата на податоци.

post

22 Прашања при секоја акција на еден претприемач

Многу пати тука на претприемач пишував за идеи, за преземање на акции, за мотивација, за фокус…

Но, често пати како човечки суштества не ни е јасно зошто размислуваме да преземеме некоја важна акција. Најважно е да ја откриеме вистинскиата мотивациска сила за тоа зошто треба да преземеме нешто. Доколку знаеме, ќе започнеме и ќе завршиме.

Да разгледаме некои прашања кои како еден претприемач би можеле да си ги поставите секогаш кога чувствувате дека треба нешто да преземете, но сепак се двоумите, или едноставно не сте сигурни дали е вистинскиот чекор за вас или пак вашиот бизнис.

  1. Од што стравувам?
  2. Кои се основните факти на тековната ситуација?
  3. Што се обидувам да избегнам во однос на ситуацијава?
  4. Спремен ли сум да бидам отворен за овие прашања?
  5. Што е онаа за што се обидувам да не зборувам.
  6. Што е она за што не сум целосно искрен спрема себеси?
  7. Каде го фокусирам моето време?
  8. Каде ја фокусирам мојата енергија?
  9. Како би се разгледувал себеси или сопствените акции доколку не сум јас оној кој просудува.
  10. Што би направил доколку имам неограничен буџет?
  11. Какви промени треба да имплементирам?
  12. Кои потреби сеуште не се исполнети во мојот бизнис и личен живот?
  13. Во што успеав минатат недела?
  14. Во што потфрлив мината недела?
  15. Кои се работите кои се најважни за мојот бизнис и моето семејство?
  16. Кои се работите кои најмногу додаваат вредност во мојот личен и приватен живот?
  17. Дали сум свесен за потребите за моите најблиски (семејство, пријатели, членови на тимот, вработени…)?
  18. Дали ги знам потребите на моите најблиски (семејство, пријатели, членови на тимот, вработени…)?
  19. Што би направил доколку имам поголема храброст?
  20. Како се чувствуваат оние кои работат околу мене?
  21. Што можам да направам и другите околу мене да бидат попродуктивни?
  22. Која е таа една работа која можам да ја започнам, запрам или продолжам, а која ќе има најголемо влијание на:
    • мене,
    • моето семество,
    • моите пријатели,
    • мојот тим и
    • моите вработени?
post

[Презентација] Кога може да го лансирате бизнисот?


Минатата недела објавив едно видео за тајмингот и условите кои треба да се исполнат пред да се одлучите, односно да донесете одлука да го лансирате вашиот бизнис. Видеото можете да го погледнете тука.

Презентацијата на која се базира тоа видео можете да ја прегледате преку овој пост.

post

[Видео] Зголемување на продуктивноста со QuickEver


Продуктивноста, односно зголемување на продуктивноста е важна задача на секој претприемач.

Доколку користите Evernote тука е една апликација за iPhone која едноставно го поедноставува процесот на пишување на белешки.

Погледајте го оваа кратко видео, а очекувајте повеќе вакви видео материјали на се она што ќе ми остави впечаток како корисно.

post

10 чекори да бидете попродуктивни во вашата канцеларија

Дали сте ја анализирале вашата продуктивност како еден претприемач во вашата канцеларија?

Дали ви се случило да заглавите на состанок неколку часа со вашиот тим во вашата канцеларија? Дали ви се случило да губите време да најдете нешто? Дали ви се случило додека работите на некој проект едноставно да ви заѕвони телефонот, да добиете порака на мобилен, или преку eпошта или пак преку Skype, социјални медиуми и други алатки за комуникации? Дали ви се случило да влезе некој од вашиот тим и да ве прекине во работата?

Канцеларија и работна маса на еден претприемач (и не само на еден претприемач) прикажува слика на хаос во кој само лицето кое го менаџира може да се снаоѓа. Но, снаодливоста понекогаш не е лесна. Се губи време, се бара нешто премногу време, се појавуваат стресни ситуации… Сето тоа доведува до продолжување на работното време, намалување на квалитетот на извршената работа и зголе,мување на севкупното незадоволство.

Прашањето е како да бидете попродуктивни кога работите во сопствениот хаос на вашата канцеларија.

Што еден претприемач работи во канцеларија?

Продолжи…

post

Безхартиено работење

Безхартиено работење полека но сигурно станува еден стандард во работењето на бизнисите од сите видеови.

Читаме екниги, праќаме електронска пошта, комуницираме електронски, не користиме нотеси, добиваме и испраќаме фактури електронски…

Сето тоа доведува до намалување на потребата на хартијата во еден бизнис.

Не толку одамна (пред 3-4) години се сеќавам кога сите ги печатевме пораките од епошта. Кога секој документ без разлика на страниците требаше да го имам во печатена форма за да го прочитам, означам согласно потребите и да состанчам во однос на него. Кога ги принтав деловите од книгите или копирав тие делови за да ми се најдат во иднина. Кога ќе пронајдев нешто на интернет го принтав за да го имам за во иднина.

Сето тоа е минато на кое само можам да се сеќавам.

Продолжи…

post

Маркетинг стратегии за лин стартап

Маркетинг стартегии за стартапи не се и не треба да бидат исти со веќе посточеките бизниси.

Постоечките бизниси веќе имаат искуство со маркетингот. Веќе ги имаат купувачите и знаат што сакаат или не сакаат.

Лин стартап значи со најоптимални ресурси маркетингс стратегиите да обезбедат континуиран раст на стартапот, или барем знаење за тоа што треба да се преземе понатаму.

Па, да разгледаме што би можеле да направите за вашиот стартап.

Продолжи…