Archives for декември 2012

post

Среќна нова 2013 година

Нова година

post

Продажба – Најдоброто од 2012

Да го завршиме серијалот на најдоброто на претприемач од 2012 со категоријата продажба.

Категоријата продажба содржи 68 наслови со материјал кој ќе ви помогне да ја подобрите продажбата на вашиот бизнис.

Оваа финална фаза на се она што претходно ќе правите или веќе сте направиле. Вашата и наградата на вашиот бизнис е сместена токму во оваа фаза од процесот – продажбата.

Да ги разгледаме најдобрите наслови од оваа 2012 година кои се однесуваат на продажбата.

 

post

Продуктивност – Најдоброто од 2012

Продолжуваме со категоријата продуктивност од серијалот најдоброто на претприемач.

Оваа категорија е една од поновите и оваа 2012 година една од најажурираните на претприемач. Веќе можете да најдете 85 наслови од оваа категорија кои може да ви помогнат во вашите обиди за зголемување на продуктивноста.

Продуктивноста е важна особина на секој претприемач. Повеќе продуктивен претприемач, повеќе завршена работа за пократко време.

Да ги разгледаме насловите кои влегоа во најдоброто од 2012 година

post

Менаџмент – Најдоброто од 2012

Одиме со менаџментот како категорија на претприемач и дел од серијалот за најдоброто на претприемач за 2012 година.

Оваа категорија (во потесна форма само менаџмент на малиот бизнис) содржи 144 наслови кои ќе ви помогнат во развој на вашите менаџерски вештини.

Менаџментот е важна тема во секој мал бизнис без разлика дали станува збор за бизнис со 2 или повеќе вработени. Секој претприемач ќе мора да менаџира.

Да ги разгледаме насловите кои спаѓаат во категоријата најдобро на претприемач за 2012 година.

post

Маркетинг – Најдоброто од 2012

Преминуваме на категоријата маркетинг како дел од серијалот за најдоброто на претприемач од 2012 година.

Категоријата маркетинг веќе има 388 наслови кои обработуваат различне теми од маркетингот.

Кога станува збор за еден мал бизнис, клучен елемент во неговото опстојување е да се обезбедат купувачи кои пак ќе обезбедат соодветно ниво на продажба на производите или услугите кои бизнисот ги продава. Што и да слушнете, сепак мора да бидете свесни дека со помош на маркетингот оваа цел многу полесно ќе ја реализирате.

Да видиме кои се насловите кои спаѓаат во оваа категорија најдобро од 2012 година.

post

Започнување на бизнис – Најдоброто од 2012

Овој наслов е дел од серијалот најдоброто на претприемач во 2012 година. Продолжуваме со категоријата започнување на бизнис.

Оваа година голем фокус дадовме на оваа категорија која има вкупно 133 наслови.

Започнување на бизнис не е едноставен и лесен процес. Многумина велат дека доволна е бизнис идеја и бизнис план кој ќе се имплементира со што бизнисот е започнат. Но, значењето на оваа фаза е поголемо отколку што можеме да замислиме. Колку подобро ја спроведеме оваа фаза толку подобро ќе се обезбеди нормално функционирање на бизнисот во следните фази.

Да разгледаме кои се најдобрите наслови од оваа година кои може да ви помогнат доколку размислувате да започнете бизнис. Насловите се разделени во подкатегории:

Продолжи…

post

Претприемач – Најдоброто од 2012

Го започнуваме овој серијал на најдоброто од претприемач од 2012 со темата за претприемачот.

Категоријата претприемач содржи анализи, видео материјали, општо за претприемништво, книги и разни совети за претприемачите. Може да се најдат 380 различни наслови кои ќе ви помогнат во вашите напори да се развиете како успешен претприемач.

Личен развој на претприемачот е важен аспект во развој на вашиот бизнис. Што ќе следува по започнувањето ќе зависи од тоа колку вие сте спремни за се она што ве очекува.

Да ги разгледаме насловите како најдобри од оваа 2012 година во категорија претприемач.

post

Најдоброто на претприемач во 2012 година

Започнавме да ги броиме последните денови од оваа 2012 година. За некого успешна, за некого просечна, а за некого…

Најлогично нешто, како и за сите години кои изминуваат е да се запаметат добрите работи, а да се заборават лошите. Надежта последна умира.

Како и секоја година тука на претприемач и оваа ќе ја завршиме со серијалот на постови за најдоброто на претприемач.

Прво би започнал со мала анализа на годината во заминување. До денес имаме објавено 1308 наслови, а оваа година беа вкупно 378 објавени наслови од различни теми од областа на претприемништвото при што преовладуваа темите за стартапи, односно започнување на бизнис и зголемување на продуктивноста.

Секоја година преовладува нешто ново. Можете да забележите дека оваа година воопшто не објавувавме теми на пример за интернет маркетинг, не дека не се важни или актуелни, туку едноставно поради фактот што последниве години сите веќе пишуваат за тоа, а тука веќе се обработени доволен број на теми со практични искуства. Од друга страна, од преголемата дупка (празнина) на македонското интернет подрачје за оваа тема (претприемништво) во веќе далечната 2007 и 2008 година кога се раѓаа идеите за овој веб сајт, полека но сигурно се обидуваме да ги пополниме сите тие празнини.

Продолжи…

post

Успешни стартапи и она што кретивни претприемачи го прават

Претприемачите се креативни луѓе, тоа е факт. Но, што е онаа што тие го прават на вистинскиот начин за нивните стартап бизниси?

Секое општество има потреба од претприемачи. Зошто? Едноставно затоа што тие се личности кои креираат вредност за целото општество. Тие прават нешто од ништо. Ги подобруваат животите на луѓето.

Можете ли да бидете еден од тие успешни претприемачи, но во вистинска смисла на зборот? Да, можете. Но, да ги разгледаме најкреативните работи кои претприемачите ги прават во нивните стартапи.

Продолжи…

post

Време е за целите за следната 2013 година

Секој крај на годината претставува еден вид на нов почеток за претприемачот и бизнисот воопшто. Кога си ја честитаме новата година посакуваме среќа, успех, подобро од минатата година…

Но, честитките сами посебе нема да дадат резултати. Резултатите во вид на подобра следна година ќе бидат реалност само доколку уште во старт знаете што сакате да постигнете.

Е сега, тоа постигнување е донекаде поврзано со јасно дефинирани цели. Но, сепак не земајте го ниту оваа како здраво за готово. јасно дефинирани цели, одлични цели или супер супер одлични цели повторно не се гаранција за нивната реализација и подтигнување на она што сакате да го постигнете.

Следното е акција.

Но, мора да одиме од почеток, Акциите се последици на јасно дефинирани цели. Не дека нема да преземете ништо доколку немате цели, но сигурен сум дека она што ќе го преземете ќе биде несистематично, можеби неадекватно и веројатно некорисно. А, вие како претприемач го сакате спротивното.

Па, ајде да ги дефинираме целите за следната 2013 година, но овој пат на малку поинаков начин.

Продолжи…