Archives for јануари 2013

post

Конечно нешто најблиску до моите email потреби

Пред една недела започнав еден нов процес кој е наменет конечно да пронајдам алатка за десктоп менаџирање на email. Сфаќајки ја значајноста на оваа средство за комуникација како и анализите во однос на мојата лична продуктивност и учеството во таа продуктивност на менаџирање на разни епораки морав веќе еднаш да го преземам овој чекор.

Можеби ќе прашате зошто? Секој ќе си помисли дека тоа е едноставна задача и многуте алатки кои се бесплатни ќе ја завршат работата. Но, сепак не е така. Еве и зошто.

Во досегашното мое искуство имам користено повеќе алатки започнувајќи од веб на Hotmail и Yahoo, потоа Outlook Express во раните денови, Microsoft Outlook, Thunderbird, па повторно онлајн долго време Gmail, па накрајот до пред десетина денови Apple Mail.

Продолжи…

post

Процес на вработување на успешен стартап

Како стартап претприемач ќе имате потреба да најмите луѓе кои ќе бидат дел од вашиот стартап тим. Успехот на вашиот стартап во голем дел ќе зависи и од успехот на вашиот стартап тим.

Погледајте одлично видео кое опишува процеси на најмување на вработени на успешнис тратапи изработено до OnlineMBA. Вреди да потрошите помалку од две минути.

post

Оптимизација за пребарувачи e континуирано подобрување

Ајде да се навратиме на темата за која не пишував долго време – SEO или оптимизација за пребарувачи.

На тој линк ќе ги најдете сите наслови од серијалот кој ќе ве воведе во основите на проблематиката кој иако е од 2010 година сеуште околу 90% од работите држат вода и се применливи и може да ви донесат резултати.

Ако не пишував, тоа не значи дека мојата лабораторија подесена за таа намена не работеше во овој период. Додјов до многу нови сознанија за кои ќе ми треба многу поголем простор, но и многу нестабилни сознанија затоа што во овој период се случи Panda и Pinguine и секако донесоа многу новитети во самата тематика.

Продолжи…

post

Подобрете ги вашите финансиски перформанси во 2013

Финансиските перформанси на вашиот мал бизни се важни особено поради фактот што тие обезбедуваат стабилно работење на вашиот бизнис. Можете ли да ги подобрите финансиите во 2013? Подолу ќе бидат презентирани неколку совети кои можете да ги имплементирате во овој процес.

Колку можете да трошите оваа година? Можете ли да инвестирате во нова опрема во бизнисот? Можете ли да имплементирате важни, но скапи проекти за подобрување на вашиот бизнис? Можете ли да го зголемите тимот во вашиот бизнис?

Овие прашања и многуте други слични на овие ќе зависат од финансиската моќ на вашиот бизнис. Затоа, вие како еден претприемач, ќе треба постојано да работите на подобрување на вашите финансиски перформанси.

Да разгледаме еден едноставен, но моќен процес кој може да ви помогне во вашите напори за подобрување на финансиските перформанси.

Продолжи…

post

Справување со лутите купувачи

Како претприемач, веројатно имате искуство во справување со лути купувачи. Понекогаш вашите лути купувачи се во право поради направените грешки од ваша страна, или грешки направени од страна на вашата компанија, но понекогаш нивната лутина е затоа што тие постојано се лутат или поради други проблеми кои што ги имаат.

Како можете да се справите со различни разлутени купувачи?

Вие веројатно знаете дека купувачите се секогаш во право. Но, во многу случаи тоа може да биде погрешен пристап. Велам погрешно, заради вас и вашето време кое ќе ви треба за да се справите со таа лутина.

Еве еден процес кој би можеле да го користите.

Продолжи…

post

Процес на безхартиено работење – Мала автоматизација

Ккао што најавив на крајот од минатата година ќе се обидам оваа година да споделувам наслови кои произлегуваат од моето исксутво од имплементација на процес на безхартиено работење.

Морам да напоменам дека ништо не е конечно. И јас постојано го подобрувам самиот процес и целта на овие постови на претприемач ќе бидат да ви обезбедат една рамка доколку сакате да започнете со тоа.

Да се навратиме на онаа што досега помина и е објавено на претприемач во однос на безхартиено работење:

  • Безхартиено работење. Овој пост имаше цел да ги презентира некои конкретни придобивки кои започнав да ги чувствувам при започнување со имплементацијата.
  • Имплементација на процес на безхартиено работење. Тука продолжив со придобивките и ги скицирав основните елементи на процесот, односно основните подпроцеси на самиот процес.
  • Процес на безхартиено работење. Тука веќе преминав на конкретна скица на првата верзија од процесот кој го применив. Таа скица е доста променета досега, за што ќе зборувам во идните постови (сепак се е сеуште тестирање и до конечна верзија на она што дава најоптимални резултати се надевам дека ќе дојдам до крајот на годината).

Сега би сакал да презентирам една мала автоматизација која ја користам во процесот. Морам да напоменам дека јас постојано се обидувам да автоматизирам и веќе имам над десетина чекори целосно автоматизирани, сега ќе презентирам само еден чекор од тој процес, а тоа автоматско креирање на нотес во мојот Evernote акаунт.

Продолжи…

post

Важноста од поставување на вашите цели

Се започнува од вашите цели и уште поважно вашето обврзување за нивно постигнување. Погледајте го следниов инфографик од Education Database Online за поставување и постигнување на вашите цели.

Продолжи…

post

Можете ли да изградите лојалност кај вработените

Сите ја сакаме лојалноста. Сакаме семејството да ни биде лојално. Сакаме пријателите да ни бидат лојални. Сопругите или девојките и обратно да бидат лојални.

Како претприемачи сакаме купувачите да ни бидат лојални на нашиот бизнис.

Но. што е со вработените? Дали сакате тие да бидат лојални на вашиот бизнис?

Прашањето е што можете да направите за да обезбедите повеќе лојалност од страна на вашите вработени.

Продолжи…

post

75 Алатки за градење на супериорен бизнис

За успешен бизнис потребен е труд и соодветна имплементација на разни активности кои полека но сигурно ќе ве направат посупериорни од вашата конкуренција.

За да ги имплементирате дневните претприемачки активности во вашиот бизнис потребни ви се повеќе алатки, форми, темплејти, калкулатори…

Подолу се дадени алатките кои би требало да ги имате и користите, а се дел од Премиум претприемач 1.0. Но, оваа е само почеток, оваа година како дел од Премиум претприемач 2.0 ќе има барем уште толку како дополнување.

Бизнис идеи

  1. Алатка за ваша самоанализа во однос на бизнис идеи
  2. Книга со бизнис идеи
  3. Систем за прибирање на информации за бизнис идеи
  4. Алатка за анализа на бизнис идеи
  5. Алатка за спроведување на анализа на за бизнис идеја (анкетирање, собирање и анализа на податоци)

Истражување на пазар и планирање

  1. Алатка за планирање на истражување на пазарот
  2. Алатка за прибирање и анализа на информации за купувачи
  3. Алатка за прибирање и анализа на информации за конкуренти
  4. Алатка за прибирање и анализа на иформации за доставувачи
  5. Алатка за прибирање на информации од пазарот
  6. Калкулатор за бизнис план
  7. Калкулатор за готовински тек
  8. Калкулатор за рентабилност
  9. Водич за подготовка и користење на бизнис план

Градење на супериорна вредност

  1. Алатка за подготовка на елементи на супериорност
  2. Алатка за анализа на супериорноста во споредба со конкуренција
  3. Алатка за анализа на супериорноста на вашиот бизнис
  4. Акционен план за градење на супериорна вредност
  5. Форма за пресметка на повраток на инвестиција на купувачот
  6. Форма за изработка на јасен систем за тоа како вашата понуда креира вредност за купувачот

Привлекување на внимание

  1. Форма за креирање на 4 јадра на вашиот кредибилитет
  2. Форма за план за привлекување на внимание
  3. Форма за анализа на конкуренција
  4. Форма за анализа на онаа што прави конкуренција
  5. Форма за анализа на онаа што прават лидерите во индустријата и пазарот

Вистински цени, пат кон успех

  1. Форма за анализа на влијателни фактори за вашите цени
  2. Форма за анализа на понудата заради зголемување на бизнис вредноста во очите на купувачите
  3. Форма за анализа на понудата заради зголемување на потрошувачка вредноста во очите на купувачите
  4. Форма за докажување на севкупната вредност на вашата понуда
  5. Форма за пресметка на повраток на инвестиција и период на отплата за купувачот
  6. Форма за докази за вашата вредност
  7. Темплејт на студија на случаи за докажување на вашата вредност
  8. Форма за анализа на вашите клучни конкуренти
  9. Форма за споредба на вас во однос на конкурентите
  10. Форма за анализа и избор на ценовна стратегија
  11. Форма – Што да понудите наместо ниски цени
  12. Форма за самоанализа во однос на цените (дали сте за ниски или високи цени)
  13. Формата за анализа на цените во однос на тоа дали се прениски или превисоки

Маркетинг

  1. Формата за определување на подцели или тактики за остварување на главните цели
  2. Форма на основен план за имплементација на маркетинг стратегија
  3. Форма за анализа на маркетинг средства
  4. Форма за анализа на нови маркетинг средства и дали да се додаде во стратегијата
  5. Форма за онлајн маркетинг средства
  6. Форма за офлајн маркетинг средства
  7. Форма за избор на маркетинг средства врз основа на клучни критериуми
  8. Форма за следење на потенцијални купувачи/сообраќај
  9. Форма за следење на посетители во продавница или вебсајтот
  10. Форма за следење на клучните стапки во однос на маркетингот
  11. Форма за следење на клучни мерки за генерирање на потенцијални купувачи
  12. Форма за анализа на генерирање на потенцијални купувачи
  13. Маркетинг календар
  14. Алатка/Темплејт за имплементација на процес на подобрување во маркетингот

Онлајн стратегија

  1. Темплејт на уредувачки календар
  2. Темплејт на матрица за содржина
  3. Основен план за имплементација на онлајн стратегија
  4. Форма за анализа на онлајн канали во твојот бизнис
  5. Форма за анализа на нови канали пред да се имплементираат во стратегијата
  6. Форма за анализа на различни онлајн маркетинг средства
  7. Форма за критериуми за избор на онлајн маркетинг средства
  8. Форма за анализа и имплементација на Upsell стратегија
  9. Форма за определување на стратегии и тактики за Upsell стратегија
  10. Форма за имплементација на методи за континуирана онлајн комуникација
  11. Форма за техники за зголемување на зачестеноста на купување

Социјални медиуми

  1. Алатка за следење и мерење на настапот на социјални медиуми
  2. Темплејт – Scorecard за Социјални медиуми

Постојано подобрување

  1. Темплејт/План за подобрување
  2. Форма за следење на клучните елементи во вас како претприемачи а кои може да бидат предмет на подобрување
  3. Форма за следење на клучните елементи во маркетингот кои може да бидат предмет на подобрување
  4. Форма за следење на елементите од вашите стратегии кои може да бидат предмет на подобрување
  5. Форма за следење на елементите од бизнис моделот кои може да бидат предмет на подобрување
  6. Форма за следење на луѓето и одредени елементи кои може да бидат предмет на подобрување
  7. Форма за следење на ресурсите и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
  8. Форма за следење на идеите и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
  9. Форма за следење на продажбата и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
  10. Форма за следење на финансии и и елементите кои може да бидат предмет на подобрување

Сите овие алатки, темплејти и калкулатори можете да ги добиете со премиум претприемач сеуште по стара цена се додека не започнеме со имплементација на новите модули (овој месец тргнуваме со модул 1 од Премиум претприемач 2.0 – Лин стартап).

post

Некои индикатори за состојбата на стартапот

Кога станува збор за стартапи веќе повеќе пати нагласив дека тие претставуваа привремени организации кои едноставно ја тестираат својата способност да опстојат како главен бизнис.

Во лин стартап модулот кој во текот на овој месец најверојатно ќе биде испорачан за Премиум претприемач 2.0 основата на која најмногу се базираме е токму тестирање. Таму, составив еден цел процес од А до Ш низ кој треба да помине еден стартап.

Тука би сакал малку да нагласам некои индикатори за состојбата на стартапот.

Знаеме дека самиот процес бара пивотирање. Знаеме и дека во соодветно време ќе треба да пивотираме. Но, што треба да следиме за да донесеме вистинска одлука дека е потребно пивотирање и особено таа одлука да биде навремена одлука. Оваа е потребно затоа што секоја ненавремена одлука ја зголемува веројатноста на смртност на еден стартап.

Најгенеролно гледано индикациите можат да се поделат на две главни групи.

Продолжи…