Archives for февруари 2013

post

Неделен преглед на вашата да направам листа

Една од најзначајните алатки за зголемена лична продуктивност на секој претприемач претставува “да направам” листа. Досега повеќе пати пишував за составување на една таква листа, оптимално користење, подобрување…

Сега би сакал да презентирам дел од системот кој го користам, а кој навистина ми овозможува барем да се чувствувам полесно затоа што сметам дека се држам под контрола.

Неделни прегледи правам на мојот Inbox нотес во Evernote каде секојдневно нафрлувам се и сешто, што од глава, што најдам на интернет, што скенирам… Но, неделен преглед правам и на “да направам” листата која стана доста покомплексна одкако го користам OmniFocus како алатка за менаџирање на моите активности, имплементација на идеи и проекти.

Следниве прегледи се минимални прегледи кои би требало да ги правите барем еднаш неделно.

Продолжи…

post

Што претставува успешен бизнис?

Што претставува успешен бизнис? Прашање кое е значајно, но сепак заради неточен одговор предизвикува многу бизниси да пропаѓаат.

Успешен бизнис е оној бизнис кој ќе обезбеди реализација на сите ваши цели и соништа. Бизнис кој ќе ви го обезбеди животот кој што го сакате.

Успешен бизнис значи дека ќе ти овозможи да работите онолку часови колку што сакате и од каде што сакате. Да ги изведувате работите кои што сакате да ги изведувате и да заработите онолку колку што сакате да заработите.

А, за да го постигнете тој успех, ќе мора да ги разберете елементите кои доведуваат до него.

Најголемиот проблем зошто 80% од претприемачите не постигнуваат успех во првите 5 години од започнување, односно пропаѓаат, а оние 19% кои ќе успеат во тие 5 години, односно преживеат стануваат заглавени во бизнисот е што во самото креирање на бизнисот не знаат што е успех.

Можеби знаат што е успех, но сигурно успехот го гледаат како претесно нешто, а не нешто што е малку поопширно за да биде добра основа за вашата успешност.

Продолжи…

post

4 Клучни претпоставки на кои ќе се базира вашиот бизнис

Денес живееме во светот на претпоставки, а не на планови. Денес живееме во крајно неизвесен свет каде плановите во зависност за кој период се однесуваат можат само да не закочат. И денес грешките ни се потребни повеќе од кога и да е.

Бидејќи знаете дека планот нема многу да ви помогне во гарантирање на вашата успешност, туку едноставно ќе ви одземе драгоцено време и пари за што пишував во претходниот пост насловен како планирање на нешто што не може да се испланира.

Таму е мојата шкработина, односно график во кој ги базирам основите на оваа мое тврдење. Но, еве го повторно тука за да не мора да се префрлувате на тој наслов.

Продолжи…

post

Не ви треба брилијантна идеја, едноставно откријте ја

Првин да ви посакам успешен почеток на неделата. Некако сум навлезен во фазата на најиновативно размислување за бизнис, иновации и претприемништво што беше резултат на насловите од целата претходна недела и би сакал да ја започнам и оваа недела на ист начин, со ист тон и со ист интензитет.

Знам дека некои се најдоа погодени од овој серијал на постови на претприемач, но јавно им се извинувам дека немам намера да ги повредам, единствената намера е да ги поставам темелите на еден сосема поинаков начин на размислување кои подетално ги разработувам во премиум претприемач 2.0. Тоа се факти на денешницата и добро поддржани за утрешницата. Дали ќе ги искористите, односно ќе користите GPS наместо карта од 1960-тата година останува на вас.

Минатиот пат зборував за неизвесноста, избегнување на неизвесноста, безгрешен претприемачки процес, линеарен наместо кружен претприемачки процес…

Да продолжиме со уште некои иновативни размислувања и тоа за бизнис идеите. Сигурно веќе сте слушнале, сте прочитале или пак сте учеле дека вам ви треба брилијантна бизнис идеја која всушност претставува препознавање на можност на пазарот. Не, дека не е точно, точно е тоа. Но, проблемот што тој исказ е се помалку функционален денес.

Продолжи…

post

Предиктивно размислување во претприемништво

Сакам да ја завршам оваа недела со уште едно контрадикторно од традиционалните размислувања за бизнис, претприемништво и иновации. Тука малку ќе навлезам во еден традиционален пристап наречен како предиктивно размислување на што можеби се базира целокупното досегашно промовирање на претприемништвото.

Едноставно научени сме да размислуваме дека ако го направиме А чекорот ќе стигнеме до Б, а потоа до В.

Ако ја преземеме таа акција можеме да ги очекуваме овие резултати. И само доколку ги постигнеме тие резултати можеме да продолжиме со нашиот план.

Едноставно, се обидуваме процесот на претприемништво да го прикажеме како еден софтверски програм во кој можеме се да испрограмираме.

Но, што доколку не ги постигнеме тие резултати? Дали можеме да ги предвидиме сите можни ситуации во кои ќе се најде нашиот бизнис?

Продолжи…

post

Грешките се неизбежни, тоа е факт

Сите грешиме, тоа е факт. Но, сите ние не ги третираме грешките на ист начин. Некој од грешките учи, некој паѓа во депресија, некој не ги признава, некој едноставно ги игнорира…

Сите тие постапки доведуваат до различни иднини во однос на вашиот бизнис, нормално доколку грешките се однесуваат за бизнисот. А, тука зборувам за бизнис грешки кои ги правите вие како еден претприемач.

Вообичаено кога се проучува претприемништвото се тргнува од идеална ситуација. Иако имам 500 книги од оваа проблематика во кои може да се пронајдат различни примери и искуства, односно case studies, сепак нема ни 0,01% во тие книги опис на неуспеси или грешки.

Продолжи…

post

Лична анализа на вашиот бизнис

Од овој месец како дел од нашите напори премиум претприемач 2.0 да биде навистина еден постојан виртуелен консултант за вашиот бизнис започнуваме со месечна лична евалуација на конкретни бизниси на премиум членови.

Оваа е одлична шанса за сите премиум членови во која ќе добијат еден експертски и конструктивен фидбек за сопствениот бизнис како и можност да ги следат чекорите и да го подобрат бизнисот.

Во целиот овој процес ќе се обидеме во текот на членство барем еднаш да имате ваква можност, што пак ќе зависи од бројот на апликации кои ќе бидат поднесени. Но, и да не бидете избран некој во овој првиот круг предноста ќе постои за во следните кругови.

Како функционира процесот?

Продолжи…

post

Единствениот претприемачки пат е…

Како изгледа претприемачкиот пат? Кој пат треба да го помине еден претприемач?

Интересни прашања кои звучат едноставни, но сепак неможе да се даде едноставен одговор.

Вобичаено ќе ви го кажат следново:

Претприемачкиот пат претставува откривање на можност за бизнис (бизнис идеја), подготовка на бизнис план, определување на потребни средства и ресурси и реализација на бизнис идејата.

Јас и сите вие би биле пресреќни доколку е тоа така.

Зошто?

Прочитајте го повторно исказот.

Дали еден ваков процес ја содржи компонентата на динамичност во неа? Не.

Дали еден ваков пристап ги опфаќа грешките? Не.

Дали еден ваков пристап ја содржи неизвесноста? Не.

Дали еден ваков пристап ги содржи купувачите? Не.

Па дали може да се користи како одговор на нашите поставени прашања? Не.

Продолжи…

post

Научи па преземи акција… Погрешно!

Да продолжам со моето излагање од претходниот пост насловен како планирање на невозможно да се испланира со уште една погрешна теорија која сме научени да ја применуваме, а која едноставно е неприменлива денес.

Научени сме првин да научиме нешто, а потоа да преземеме акција која е поврзана со тоа нешто. Ако сакаме да започнеме бизнис со нова бизнис идеја научени сме добро да ја проучиме идејата, да анализираме и истражуваме, да направиме бизнис план и дури потоа да го имплементираме планот.

Зошто?

Затоа што денес на сите полиња постојат премногу нови знаења, кои се достапни.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Јануари 2013

Да продолжиме со практиката од минатат година по поминување на секој месец да ги издвоиме најчитаните, но и најкорисните наслови од претходниот месец кои можете да ги искористите како идеи за вашиот бизнис.

Почетокот на секоја година е почеток на големи подготовки за годината која следува. Што ќе се прави? Како ќе се прави? Кои ќе бидат целите? Како ќе ги реализираме целите? Што ќе користиме?

Сето тоа се прашања кои ќе треба да се одговорат а од кои ќе зависи текот на годината.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во јануари 2013 година на претприемач беа објавени 21 наслов од различни теми од областа на претприемаништвото. Како главна тема за оваа година ја одбравме темата за процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од јануари 2013 година.

Продолжи…