Archives for март 2013

post

Што вашите купувачи навистина сакаат?

Вашите купувачи претставуваат срцето на вашиот бизнис. Без нив, вашиот бизнис нема веќе да постои. Без нив не можете да очекувате вашиот бизнис да расте.

Се онаа што го правите за вашиот бизнис ќе биде на некаков начин поврзано со вашите купувачи. Мора да ги познавате. Мора да разговарате со нив. Мора да ги задоволите нивните барања и потреби.

Дали сакаат подобар производ или услуга? Дали сакаат подобра услуга од вашата компанија по завршување на купувањето? Дали сакаат брзо време на испорака на вашите производи или услуги? Дали сакаат квалитет на вашите производи? Дали сакаат карактеристики интегрирани во вашиот производ?

Постои огромна база на вакви прашања кои се поврзани со купувачте и онаа што тие навистина го сакаат. Секое од овие прашања постојано ќе ви се вртка низ главата.

Продолжи…

post

Како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела?

Сигурно веќе сте свесни за тоа како вие се движите, но и како околината во која функционирате вие и вашиот бизнис се менува и се движи околу вас. Животот станува се побрз околу вас, особено ако сте претприемач. Времето едноставно ви станува претесно, имате премногу задачи кои треба да ги спроведете и тоа секојдневно.

Иако секојдневно користиме технологија за да ни помогне во завршувањето на секојдневните обврски, сепак тој развој на таа технологија со брзина која тешко може да се следи и со можностите за изведување на нашата работа кои ни ги овозможува предизвикува појава на една хаотична околина во која треба да се навикнеме да функционираме.

Што мислите да имате 10 часа неделно повеќе за онаа што ви е важно? Што мислите да потрошите 5 часа повеќе на семејството, 2 часа повеќе на вашето здравје, 2 часа повеќе на личниот развој? Нели тоа би било супер?

Продолжи…

post

Зошто вашите купувачи го прават онаа што го прават?

Зошто вашите купувачи го избираат вашиот производ наместо на конкуренцијата?

Зошто го користат вашиот производ онака како што го користат?

Зошто купувачите ви го плаќаат токму тој износ на пари за вашите производи или услуги наместо некој друг?

Зошто вашите купувачи зборуваат со вас?

Зошто вашите купувачи го имаат токму тој проблем или потреба?

Огромен број на прашања доаѓаат до вашиот мозок од оваа едно едноставно прашање од насловот на овој пост: Зошто вашите купувачи го прават онаа што го прават?

Продолжи…

post

Процес на безхартиено работење – Мора ли хартиена форма

Продолжуваме со нашата главна тема за оваа година на претприемач – процес за безхартиено работење.

Во минатиот наслов од оваа тема зборував за едно клучно прашање кога станува збор за дојдовна хартија, а тоа е дали таа мора да биде процесирана или не.

Сега ќе одиме со следното нешто што се наоѓа на нашиот процес дијаграм, а тоа е првата одлука која ќе треба да ја донесеме кога седнуваме да креираме нешто без разлика дали станува збор за Word документ или пак email, а тоа е мора ли да креираме и хартиена верзија или мора ли да креираме хартиена форма на копија заради нашата архива.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од февруари 2013

За малку ќе ја пропуштев оваа практика секој месец да ги издвоиме највредните идеи во вид на постови објавени на претприемач од претходниот месец, а тоа февруари 2013 година.

Полека, веќе се стабилизираме, веќе ги гледаме првите трендови во однос на оваа година иако изборниот процес сепак влијае на одредени бизнис активности. Сепак, месец февруари веќе ги дава првите знаци на стабилизација и вклучување на турбо погоните на нашиот мотор за реализација на онаа што е предвидено за следната година.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи.

Во февруари 2013 година на претприемач беа објавени 22 наслови од различни теми од областа на претприемаништвото. Знаете дека како главна тема за оваа година ја одбравме темата за процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од февруари 2013 година.

Претприемач

Бизнис план

Маркетинг

Продуктивност

Продажба

post

Како алтернативите влијаат на вас како претприемач?

Како еден претприемач сигурно повеќе пати сте се соочиле со различни алтернативи од кои треба да изберете една.

Исто како кога се наоѓате на пат и имате неколку можни рути за да стигнете до дестинација (најквалитетна, најбрза или најкратка), така и во бизнисот ќе имате повеќе насоки кои можете да ги изберете.

Но, проблемот со алтернативите не е само во вашиот избор. едно е тоа што вие можете да го изберете преку донесување на соодветна одлука за избор, но друго е тоа што и другите стејкхолдери имаат повеќе алтернативи, а една од тие сте вие и вашиот бизнис. Кога зборувам за стејкхолдери првенствено мислам на вашите купувачи, вработени и партнери.

Еве некои логични размислувања кога станува збор за алтернативите за вас и вашата непосредна околина во деловниот свет.

Продолжи…

post

[Презентација] Се за вашиот бренд

Оваа презентација е една од најдобрите презентации за градење на вашиот бизнис бренд. Ќе најдете доста корисни ифнормации за тоа што претставува бренд и како да започнете да го градите вашиот уникатен бренд.

Иако содржи 162 слајда сепак вреди да потрошите време и да ја разгледате, но и да примените нешто во работата.

post

Процес на безхартиено работење – Мора ли процесирање

Да продолжиме со нашата главна тема за оваа година на претприемачпроцес за безхартиено работење.

Како што веќе знаете овој процес може да одигра важна улога во подобрување на вашата продуктивност, но и да обезбеди значителни заштеди за вашиот бизнис. Затоа и го одбравме да биде тема на годината.

Во минатиот наслов од оваа тема зборував за Inbox каде што го дефиниравме и ги објаснивме двата вида на Inbox – физички и дигитален.

Сега ќе одиме со следното нешто што се наоѓа на нашиот процес дијаграм, а тоа е првата одлука која ќе треба да ја донесеме кога започнуваме со процесирање на Inbox-от каде се наоѓа сета хартија која сеуште не е процесирана, а тоа е дали мора да биде процесирана хартијата.

Процес на безхартиено работење - дали треба процесирање

Како што веќе знаете вие имате физички Inbox каде секоја дојдовна и непроцесирана хартија ја ставате без никакво размислување, но и дигитален Inbox каде се онаа дигитално што има потенцијал да се пренесе на хартија, а сеуште не е процесирано го чувате се додека не започнете со процесирање.

Кога седнувате и започнувате со процесирањето првата одлука која треба да ја донесете е дали определената хартија која ќе ја земете во рацете треба да биде процесирана за понатаму.

Нема потреба од процесирање

Доколку одговорот е не, едноставно таа завршува во канта за отпадоци и веќе не ве мачи на никаков начин во вид на префрлување од едно до друго место или да се чудите што да правите со неа.

Веројатно имате искуство со ваков вид на хартија. Сега би навлегол во неколку идеи за хартија која ќе биде предмет на ваквата постапка.

На пример, сигурно добивате телефонска сметка во која се наоѓа и еден лист кој претставува некаков вид на реклама. Едноставно ја скенирате со очите, барате дали нешто има интересно за вас и доколку не бара ништо повеќе завршува во канта со отпадоци. Исто така добивате ваква хартија и од банки кои ви праќаат месечно известување за кредитни картички. На сличен начин ќе завршат и рекламните хартии кои ги добивате по пошта или ви ги ставаат во поштенското сандаче од разни компании или пак политички партии кои во моментов се доста активни.

Вториот вид на хартија која може да биде предмет на непроцесирање и завршување во канта со отпадоци е хартијата која веќе ја поседувате, сте имале потреба од неа во минатото, но веќе сметате дека немате потреба од истата, ниту пак ќе имате во иднината. На пример, на определен временски период, обично една година ја разгледувам старата хартија и носам одлука дали треба да биде процесирана, со тоа што ќе биде дигитализирана и сместена на соодветно место во Evernote, или едноставно треба да заврши во канта со отпадоци. Така, оваа година успеав да се ослободам од еден метар кубен хартија која постојано ја преместував од едно место до друго, и која ја собирам повеќе од десет години и ја чував бидејќи сметав дека ќе ми затреба.

Има потреба од процесирање

Втората одлука за секој лист хартија од Inbox-от e дека има потреба од процесирање. Оваа одлука значи дека хартијата уште ќе ви биде потребна, треба да преземете некои чекори во однос на неа и ќе треба да ја складирате на соодветен начин.

Како пример на ваквата хартија е хартиена верзија на известување од банка за кредитни картички, разни сметки кои ги плаќате а сеуште стигнуваат по пошта и во хартиена верзија, известувања и решенија за плаќање од владините институции…

Значи за ваков вид на хартија ќе мора да преземете некој чекор и тоа може да биде во следниов редослед:

  • Дигитализација
  • Дигитално складирање
  • Поставување на задача во вашата “да направам” листа
  • Физичко складирање
  • Изведување на задачата
  • Складирање или фрлање на хартиена верзија
  • Преместување во соодветен дигитален фолдер.

На ваков начин нема да заборавите дека треба нешто да направите, но и се ќе биде на свое место.

Во следните наслови од оваа тема ќе го разработуваме процесот кој е на скицата подетално.

post

[Инфографик] Топ 10 “вшмукувачи” на вашето време

Постојано работам на подобрување на мојата продуктивност без разлика каде работам и во кој вид на контекст е базирана мојата работа, односно работните задачи. Во последните неколку месеци успеав да ја зголемам мојата продуктивност особено во намалување на времето кое го трошам, а кое не додава голема вредност за онаа што го работам.

Мојата продуктивност од претходната недела е прикажана на следнава слика каде можете да забележите дека мојата продуктивност е повисока од 84% луѓе.

Продолжи…

post

Како лидерите можат да ги подобрат вештините на членовите на тимот?

Како еден претприемач вие сте тим лидер кој постојано ќе треба да работи на зголемување на нивото на вештини на членовите на вашиот бизнис.

Вашиот сопствен успех како тим лидер во голем дел ќе зависи од успехот на членовите на вашиот тим. Тие треба да бидат доволно вешти за да излезат во пресрет на предизвиците на тимот, но исто така треба да бидат доволно мотивирани за да го дадат најдоброто во севкупните напори на тимот.

Како можете да ги подобрите вештините на членовите на вашиот тим?

Оваа е важно прашање за секој претприемач.

Да се обидеме да одговориме или да дадеме некои совети кои можете да ги користите во подобрување на вештините на вашите вработени.

Продолжи…