Archives for април 2013

post

Кога можете да бидете сигурни дека идејата ќе даде резултати?

Кога можете да бидете сигурни дека вашата идеја ќе даде резултати? Навистина интересно и важно прашање за сите претприемачи и потенцијални претприемачи.

Идеја и резултати

Сигурно веќе сте свесни дека бизнис идеја значи решение на проблем. Проблемот може да биде опишан едноставно како проблем, како желба за нешто, или пак потреба од нешто. А, како еден претприемач постојано имате идеи за решавање на проблеми за купувачите, исполнување на нивните желби или пак задоволување на нивните потреби.

Продолжи…

post

Некогаш и сега во бизнисот

Претприемачите мора да бидат свесни дека деловниот свет претрпе огромни промени во последниве десетина години, а и ќе трпи уште брзи промени во иднина.

Иднина за бизниси

Вака изгледа се лесно кога се раѓаме и живееме во свето во кој што функционира се како што функционира. Но, сепак не можам да заборавам како се одвиваше работата на моето прво работно место и сега.

Продолжи…

post

Како тим лидер мора да обезбедите поддршка за вашиот тим

Вие сте претприемач, личност која креира нешто вредно за вашите купувачи од ништо. Но, исто така вие сте и лидер, бидејќи не можете да креирате и дистрибуирате вредност за купувачите како индивидуалец кој е сам.

Имате потреба и веројатно веќе имате тим кој ќе работи со вас и ќе ви помогне за да ги постигнете вашите цели.

Согласно моите анализи на група на претприемачи, открив дека без поддршка од страна на претприемачот постигнувањата на тимот (или малиот бизнис како целина) се 30% до 50% помалку отколку кај бизниси со целосна поддршка на претприемачот.

Што значи оваа? Еве некои примери:

Продолжи…

post

Ситуација кога едноставно не знаете што да направите

Во реалноста вие како еден претприемач ќе се најдете себеси во повеќе ситуации во кои едноставно не знаете што да направите како следно. Тоа е нормално, и не постои место за појава на сомневање во себеси или пак страв. Тука ќе објаснам 5 работи кои ќе можете да ги направите доколку се најдете во таква позиција.

Повеќе пати се имам најдено себеси во ситуација кога навистина не знам што да правам. Тоа беа навистина фрустрирачки ситуации пред да успеам ефективно да ги менаџирам.

Таквите ситуации се опасни за секое лице, а особено за претприемачите. Таквите ситуации ќе можат да го скршат вашиот цел свет за момент и не дозволуваат брзо враќање во реалноста. На пример, доколку не знаете што да направите како следно, лесно ќе:

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искоритите од Март 2013

Поминаа првите три месеци од оваа година. Многу подготовки кои ги направивте при крајот на минатата година и почетокот на оваа година со чекори кои треба да ги спроведете веќе се во имплементација со полна пареа.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во март месец 2013 година на претприемач беа објавени 22 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата менаџмент во која се содржани и продуктивноста и безхартиеното работење.

И повторно се држевме до главната тема за оваа година, а тоа е процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можете да го искористите за вашиот бизнис од март 2013 година.

Започнување на бизнис

  1. Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве прашања
  2. 4 Стапици при учење од тестирање на претпоставки
  3. Сигурни сте за вашите цели, но што потоа?
  4. 6 Важни прашања за вашите цели

Претприемач

  1. Како претприемач ќе треба да одговорите на 6 важни прашања
  2. Спроведете ги следниве вежби за да бидете пофокусиран претприемач

Mаркетинг

  1. Едноставна, но најдобра дефиниција за пазарот

Mенаџмент

  1. Инфографи – Топ 10 “вшмукувачи” на вашето време
  2. Како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела?
  3. Како лидерите можат да ги подобрат вештините на членовите на тимот
post

Презентација на тековна состојба со стратегии за претприемачко учење во Европа

Претприемачко учење е повеќе од потреба на секоја нација во светот. Со имање на една таква стратегија и ефикасна и ефективна имплементација на истата се обезбедува долгорочен равој на општеството во кое живееме преку поттикнување на претприемачкиот дух и развој на вистински компетентности потребни за времето во кое живееме, но и за иднината.

Во видеото подолу ќе ја видите презентацијата на Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ за тековната состојба со стратегии за претприемачко учење во Европа како дел од работилницата за стратегија за претприемачко учење од 18.04.2013 година во Скопје.

Република Македонија ќе треба да има ваква стратегија до крајот на годинава. Секое ваше размислување, идеја или насока можете да ја споделите преку коментирање на овој наслов со кликнување тука. Добредојдени се секакви идеи или размислувања додека подготовката на стратегијата е во оваа фаза.

За да ги следите сите информации во текот на изработката на стратегијата посетувајте го претприемач на следниов линк или следете ја Facebook страната како заедница за подготовка на стратегијата.

post

Претворете го лошото искуство на купувачите во исклучително доживување

Испорака на лошо искуство или доживување на купувачите преку вашиот бизнис е реалност која не може да се избегне. Но, онаа што е важно е како малите бизниси и претприемачи можат да го претворат лошото доживување во исклучително доживување. Тука ќе опфатам 6 совети кои ќе ви помогнат во овие намери.

Можете да ги имате најдобро дизајнирани системи да го поддржат вашиот бизнис, најдобрите вработени кои ќе имплементираат различни задачи поврзани со купувачите и повторно ќе има простор за различни видови на грешки. Тие грешки лесно може да креираат лошо доживување за купувачите. Но, сепак тоа не значи и крај за вашиот бизнис. Може да биде почеток на крајот доколку не преземете ништо за да ги решите проблемите и подобрите бизнисот.

Бидејќи грешките се реалност и испорака на лошо доживување на купувачите може да биде реалност, секој претприемач треба да изгради системи да го претвори лошото во исклучително доживување поради следниве причини:

Продолжи…

post

[Видео] Д-р Тодор Кралев за претприемништвото и ризикот

Каде се класифицира претприемништвото е прашање кое постојано кружи кај експертите. Дали во економија или организациони науки? Што е со ризикот, дали претприемачот се карактеризира со преземање на ризик, односно дали е коцкар или нешто сосема друго?

На овие прашања Д-р Тодор Кралев дава одговор на работилницата за стратегија за претприемачко учење која се одржа во четврток на 18.04.2013 година.

Погледајте го оваа кратко видео.

post

6 Знаци дека треба да прекинете со тековната визија

Вашата визија претставува една од најкруцијалните делови од вашиот претприемачки пат која ги става сите ваши погони на максимална моќност за да ве донесе до толку посакуваната дестинација опишана во визијата. Но, што доколку треба да прекинете со вашата визија?

Можете да имате визија за да станете милијардер. Но, што доколку не можете да станете милијардер поради објективни причини?

Веќе знаете дека ќе имате различни препреки на вашиот пат за реализација на визијата. Тие препреки можат да бидат објективни и субјективни.

Понекогаш едноставно ќе откриете дека не можете веќе да ја следите вашата визија што значи дека ќе треба да запрете и започнете одново со нова визија. Но, кои се знаците кои ќе ви кажат дека треба да прекинете со тековната визија и започнете со нова?

Да разгледаме некои од нив.

Продолжи…

post

Како можете да успеете и да изградите успешен бизнис?

Се онаа што го сакаме е да успееме во се она што ќе го започнеме. Како еден претприемач сакате да станете успешен претприемач што значи да изградите успешен и одржлив бизнис.

успех

Но, што треба да направите за да изградите успешен бизнис и на таков начин да станете успешен претприемач?

Дали вие и вашиот бизнис сте единствените ентитети на кои треба да се стави фокусот за да успеете во тие намери?

Продолжи…