Archives for мај 2013

post

[Инспиративно] Моќта на тимска работа од филмот “Гладијатор”

Како за инспирација, едни од најинспиративните реченици во одличниот “Гладијатор”:

…ќе имаме поголема шанса да преживееме доколку работиме заедно. Разберете дека ако бидеме заедно ќе преживееме.

post

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Не знам дали денес може да се постави оваа прашање без да се добие позитивен одговор. Колку и да се чини дека ситуацијата е идеална сепак проблемите ќе постојат.

Но, во овој наслов сакам да зборувам за “страшни” проблеми, проблеми поради кои завршува животот на еден бизнис кој со голема еуфорија бил започнат од претприемачот. Нема да навлегувам тука во начинот на решавање на проблемите (ќе бидат потребни десетина книги), туку доволно е за почеток да биднете свесни дека можете да ги имате, а решението самите ќе си го барате.

Генерално постојат 10 клучни проблеми поради кои може да згасне еден бизнис. Што е уште пострашно, овие проблеми не се исклучиви, туку еден проблем поттикнува друг, со што потешко се менаџираат и решаваат.

Кои се тие 10 проблеми?

Продолжи…

post

Купувачот како извршен директор во вашиот бизнис

Овој месец добив дури 4 книги од страна на разни издаавчки куќи за кои ме замолуваат да ги прочитам и напишам преглед за нивната вредност во однос на содржината на истите. Секако тоа се однесува за Entrepreneurship in a Box сајтот како и за оценка на книгите на Amazon, но и тука на претприемач ќе извлечам некои интересни размислувања до кои што дојдов во нив.

Добро, секоја книга е добра на свој начин и сигурно содржи некои информации кои се корисни барем да се размислат, а доколку се утврди нивната вредност и да се имплементираат новите начини во работата. Во секој случај станува збор за книги издадени во април 2013 година.

Ќе започнам со книгата насловена како Customer CEO – How to Profit from the Power of Your Customer од Chuck Wall, експерт за разбирање на потребите на купувачите при што има интервјуирано повеќе од 100.000 купувачи во скоро секоја индустрија и категорија на бизниси.

Интересно е што авторот ја базира книгата на формула од три елементи:

Продолжи…

post

Големи податоци и малите бизниси

Сведоци сме на тектонски промени во користење на информациската технологија и податоци за донесување на одлуки. Не сакам да навлегувам во историски развој на оваа технологија и улогата во водењето на бизнисот, но сите сме свесни дека уште во времето на Месопотамија се користеле одредени системи (не како овие што постојат денес) за да се забележуваат разни информации заради донесување на одлуки.

Од друга страна исто така сме сведоци на постапките на големите компании кои навлегуваат во скапи проекти само за да дојдат до големи податоци и да ги поврзат и искористат за знаењето кое им е потребно. На пример, Google навлезе во проект за дигитализација на книги, кој подоцна го искористи во подобрување на нивниот сервис за преведување преку учење на разните преводи од книгите и пресметка на веројатноста за позиција на зборовите.

Кога станува збор за малите бизниси, прашањето е дали големите податоци може да им бидат корисни? Секако да, затоа што колку повеќе се зголемува количината на податоците толку подобри основи ќе имаат за донесување на одлуките.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Април 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Овој месец малку задоцнивме, но сепак еве успеваме на крај да ги објавиме и овој наслов.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во април месец 2013 година на претприемач беа објавени 27 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата претприемач и претприемништво.

Продолжи…

post

Епизода #02: Бизнис план во услови на крајно променливо опкружување [Подкаст]

Бизнис план претставува една од најбараните, но и најконтроверзните теми во последните години кога станува збор за бизниси и претприемачи.

Оваа е втора епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме следна епизода.

Во оваа епизода зборувам за бизнис планот во услови на крајно променливо опкружување.

Продолжи…

post

[Истражување] Стратегија за претприемачко учење

Во тек е подготовка на стратегија за претприемачко учење. За таа цел досега се одржаа две работилници каде од страна на клучните стејкхолдери беа споделени различни идеи како предлози кои би требало и би можеле да се вклучат во стратегијата.

Изработен е анкетен прашалник преку кој може да се обезбеди вклучување на вашето мислење за онаа што веќе постои како предлог, но и сосема нови идеи кои би можеле да бидат дел од стратегијата.

Продолжи…

post

Бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Како тема за следната епизода која ќе биде објавена во понеделник (27.05.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Оваа тема е навистина интересна, особено за денес но и за утре бидејќи се наоѓаме на една крстосница при што како никогаш досега не се воделе дискусии за потреба или немање на потреба од еден официјален бизнис план.

Од друга страна некако претставува одлично продолжување од првата епизода: процес на следење и мерење на резултати.

Моето мислење, што ми се потврдува и од практиката е дека нема потреба од “традиционален” бизнис план, но потреба од процес на планирање постои и тоа како, нормално доколку се спроведува на вистинскиот начин.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Инаку во оваа подкаст епизода ќе зборувам за проблемите со кои се соочува процесот на планирање и самиот бизнис план денес, но и ќе образложам 9 препораки кои ќе ви помогнат во имплементација на процес на планирање и подготовка на бизнис план во услови на крајно променливо опкружување. Всушност препораките ќе одговорат на следниве прашања:

  1. Кој треба да го подготви бизнис планот?
  2. Колкава треба да биде големината на бизнис планот
  3. Од каде да започнете при започнување на подготовка на бизнис план?
  4. Што треба да докаже и покаже вашиот бизнис план?
  5. На кои прашања ќе треба да даде одговор вашиот бизнис план?
  6. Каква структура на бизнис план може да се користи?
  7. Како бизнис планот да се справи со неизвесноста во која функционира бизнисот?
  8. Како да се справувате со грешките во бизнис планот кои ќе се откријат по започнување со имплементацијата на самиот план?
  9. Како да се справите со перфекционизмот кога станува збор за подготовка на еден бизнис план.

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на овој пост.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

post

Однос помеѓу менаџер со помало искуство и вработени

Менаџмент и менаџер, зборови кои во последните 20 години станаа едни од најпопуларни зборови. Но, дали се практицираат онака како што треба?

Менаџер и вработен

Во последните неколку недели имав разговори со неколку топ, односно врвни менаџери во нивните организации. Сите се сложени и комплексни организациски системи со одредена комбинација на организациска структура. Но, кај сите се забележува висока неефективност и неефикаснос, а со тоа и висока дезорганизираност.

Компаниите, без разлика дали станува збор за јавни или приватни претпријатија, или без разлика на големината сите се организациски системи. А, дали во еден организациски систем е дозволива дезорганизираност?

Сигурно не!

Продолжи…

post

Што треба да знаете за вашите купувачи?

Купувачите како најважните личности за вашиот бизнис треба доволно добро да се знаат и познаваат, а врз основа на тоа знаење да се носат одлуки кои се директно поврзани со маркетинг активности но и со продажни активности на вашиот бизнис.

купувачи за бизнис

Имам доста пишувано за купувачите, за тоа како да ги спознаете подобро, како да им пристапите, што значат тие за вашиот бизнис… Доволно е само да пребарате на сајтов и ќе дојдете до голем број на идеи.

Тука би сакал да презентирам еден систематски пристап за спознавање на вашите купувачи преку пет прашања или пет најважни работи кои треба да ги знаете за нив.

Па, да започнеме без губење на време…

Продолжи…