Archives for јуни 2013

post

Што претставува успех за претприемачи?

Прашањето кое многу пати го потенцирам тука на претприемач. А, еве резултати од едно истражување за тоа како претприемачите го дефинираат успехот и преку што.

Постот во целост можете да го прочитате на блогот на Infusionsoft.

post

Идеи кои можете да ги искористите од Мај 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Овој пост се однесува на месецот Мај од 2013 година.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во Мај месец 2013 година на претприемач беа објавени 17 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата претприемач и претприемништво.

Месецот мај на претприемач се карактеризира и со сосема нова категорија и вид на материјали креирани за вас, а тоа е неделен подкаст на претприемач.

Продолжи…

post

[Презентација] 10 бизнис лекции од играта Battlefield

Одлична презентација со одлични бизнис лекции од играта Battlefield. Иако слабо играм игри сепак сметам дека тие се корисни за подготовка на претприемачи.

post

Моќта на физичкиот контакт…

Иако живееме во свет во кој алатките кои ги поседуваме го поедноставуваат социјалниот живот на луѓето, сепак се чини дека физичкиот контакт останува моќно средство за подобрување на бизнисите.

Многу пати пишував за стартапи и проверка на бизнис идеите и хипотезите за бизнис моделот. Иако алатките дозволуваат без физички контакт да прибереме доста информации, сепак мора да ни биде јасно дека без директно гледање очи во очи нема да знаеме дали решението кое што го нудиме е навистина извонредно и дали тоа решение ќе биде нешто што ќе помине на пазарот.

Физичкиот контакт со вашиот купувач и натаму останува најмоќно средство за стекнување на информации кои не само што ќе бидат најблиски до вистината, туку и ќе ви помогнат да го прилагодите вашиот бизнис токму онака како што купувачите сакаат тој да изгледа.

Продолжи…

post

4 Прашања за вистински претприемачи

Градење на претприемачка кариера значи барање на одговор на многу прашања. Сигурно веќе сте забележале цели наслови на сајтов каде се презентирани прашања кои ве водат низ определен процес за постигнување на нешто во однос на вашиот бизнис.

Но, иако прашањата се важни и сите треба да се одговараат, сепак постојат неколку кои ќе значат живот за вас како еден претприемач, но и за вашиот бизнис воопшто.

Кои се тие прашања? Следува одговорот на прашањево.

Продолжи…

post

Епизода #06: Купувачот и неговата моќ која го содржи интересот за себеси [Подкаст]

Оваа е шеста епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Многу пати пишував на претприемач за купувачот и моќта која ја поседува во своите раце. Таа моќ едноставно постојано се зголемува се повеќе и повеќе. Постојат повеќе видови на моќ кои ги поседува еден купувач, не е само оваа моќ за која зборуваме денес во оваа епизода на “претприемачки пат”.

Продолжи…

post

Доколку сакате нешто, земете го… Точка!

post

Императив да се биде секогаш над просекот

Дали мора да бидеме просечни? Дали мора да бидеме подпросечни? Дали мора и треба да се задоволиме со просечноста? Дали мора да ја прифатиме просечноста?

Секако дека одговорот е не. Од нас и од вас зависи.

Да се биде просечен значи:
Продолжи…

post

Кога хобито станува бизнис

Сите имаме некаков вид на хоби. Децата имаат хоби. Возрасните имаат хоби.

Хоби наједноставно кажано претставува активност која постојано и постојано ја повторуваме, но не затоа што мораме да ја повторуваме, туку затоа што уживаме додека ја изведуваме таа активност. Некој игра шах, некој изработува рачно некои предмети, некој пишува, некој чита…

Но, интересно е што многу често хобито може да прерасне во вистински бизнис. Оној кој изработува ракотворби може да започне да ги продава на роднини и пријатели, тие да ги покажат на нивни други роднини и пријатели па да ја заголемат побарувачката на производот кој произлегува од обично хоби. И така се повеќе и повеќе да се зголемува побарувачката кога едноставно притисокот нема да дозволи веќе уживање. А, за да биде нешто хоби како што кажав погоре треба да претставува уживање за оној кој го има како хоби.

Продолжи…

post

Епизода #05: Учење за бизнис цели во денешни услови [Подкаст]

Оваа е пета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Во оваа епизода зборувам за ”Учење за бизнис цели во денешни услови.” Едно нешто е сосема вистинито, а тоа е дека учиме додека сме живи. Оваа е особено вистинито кога станува збор за претприемништвото бидејќи истото претставува една комплексна дисциплина испреплетена со многу други научни дисциплини, но и практична имплементација на истите во секојдневната работа без да постојат ограничувања за тоа како ќе се примени нешто, дали ќе се прилагоди и како ќе се прилагоди тоа што ќе се имплементира.

Продолжи…