Archives for јули 2013

post

Како да го надминете одбивањето како еден претприемач

Веројатно како претприемач веќе сте искусиле повеќе одбивања. Одбивањата како одбивања не се најголемиот проблем, но вистинскиот проблем е доколку вие сте премногу емоционални и чувствителни за нив.

одбивање

Вашиот претприемачки живот ќе биде соочен со премногу одбивања кои понекогаш може да бидат и на секојдневна основа. Можете да бидете одбиени од купувачите, вработените, партнерите, пријателите, смеејството… Тие се ваша реалност и не можете да ги зибегнете.

Продолжи…

post

Подгответе бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Денес бизнисите функционираат во едно крајно променливо опкружување, па затоа и еден бизнис план се подготовува во едно такво опкружување.

бизнис план

Може ли да успееме во такви услови да подготвиме бизнис план кој ќе ни гарантира успешна имплементација? Особено во вакви услови се јавува една временска разлика од планирање и имплементација.

Продолжи…

post

Како да водите ефективен состанок

Како да водите ефективен состанок? Навистина важно прашање за менаџери и претприемачи, лица кои треба да знаат како да водат еден едективен состанок.

ефективен состанок

Факт е дека состаноците се гледаат како важни алатки за комуникација во бизнисот, но исто така чето пати доведуваат до високо ниво на лична продуктивност за учесниците на состанокот.

Продолжи…

post

Како да се откачите од проблеми

Доколку сте претприемач, вие сте личност со многу проблеми. Тие се насекаде околу вас. Не можете да најдете место без да видите проблеми.

проблеми

Едноставно можеме да кажеме дека вие сте откривач на проблеми, создавач на проблеми и решавач на проблеми во исто време. Тоа е реалноста на еден претприемач.

Продолжи…

post

Кога ќе ве нападне конкуренција

На пазарот постои конкуренција поради ништо друго, туку поради тоа што вашите купувачи сакаат да избираат. Тие не се на пазарот поради вас, туку поради вашите тековни и потенцијални купувачи.

конкуренција

Да, вашите купувачи скааат да избираат, сакаат повеќе од една опција бидејќи знаат дека ако постои конкуренција и тие мора да избираат помеѓу повеќе опции ќе добијат подобра вредност за нив.

Продолжи…

post

12 Причини за одложување кои треба да ги знаете

Одложување е нешто што често се користи од страна на претприемачите во нивната секојдневна работа. Но, одложување е навистина опасно кога станува збор за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат.

одложување

Претприемачите по природа се луѓе со многу идеи, концепти, проекти, задачи… Доколку ја одложуваат имплементацијата на тие идеи, концепти, проекти или задачи во секојдневната работа на нивниот бизнис не може да очекуваат успех за себеси и бизнисот воопшто. Едноставно, без имплементација не може да се каже дека постои претприемач. Затоа и одложувањето се смета како еден од најголемите непријатели на претприемачите или потенцијалните претприемачи.

Продолжи…

post

Откријте ги тајните желби на вашите купувачи

Секој има различни видови на тајни. И вашите купувачи имаат нивни сопствени тајни. Затоа е важно за вас како еден претприемач да знаете кои се тајните желби на вашите купувачи.

купувачи

Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку имаме двајца кои знаат нешто, тогаш тоа нешто веќе не е тајна. Но, како можете да ги откриете тајните на вашите купувачи кога самите тие нема да ви дозволат да ги дознаете тие тајни?

Продолжи…

audio

Епизода #10- Email маркетинг и основни прашања на кои треба да одговорите

Оваа е десета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на тој ваш пат.

Претприемачки пат

Темата за email маркетинг е доста интересна тема и секако дека ќе бара многу поголем простор за да се опфатат сите важни елементи од овој процес кој доколку го дизајнирате како што треба, ќе постигнете неверојатни резултати.

Продолжи…

post

4 Совети за мерење на перформанси

Како еден претприемач постојано ќе следите и мерите различни перформанси на вашиот бизнис од кои ќе зависат и акциите кои ќе ги преземате, но и успехот на вашата компанија.

мерење на перформанси

Во овој пост сакам да презентирам четири совети кои ќе ви помогнат во примена на посистематски приод кога станува збор за мерење на перформансите во вашиот бизнис. Едноставно ќе тргнеме од кои мерки да следите па се до еден процес на следење и мерење на перформанси.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Јуни 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Тука ќе ги извлечеме сите оние најкорисни од месецот Јуни 2013 година.

Претприемач најдобро - јуни 2013

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Продолжи…