Archives for октомври 2013

post

Идеи кои можете да ги искористите од Септември 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Овој пост се однесува за месецот септември во 2013 година.

идеи од септември на претприемач

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Продолжи…

audio

Епизода #17: Што мора да направите како еден стартап претприемач

Еден стартап, па и еден стартап претприемач на својот пат ќе имаат доста комплексни предизвици кои на ваков или онаков начин ќе мора да ги надминат и тоа во своја полза. Затоа и оваа тема за седумнаесетата епизода на подкастот “претприемачки пат”.

Претприемачки пат за стартап

Оваа епизода на претприемачки пат всушност ќе биде надополнување на постот кој го напишав на претприемач насловен како 20 мора за стартап претприемачи. Во тој наслов само ги нафрлав тие 20 „мора” кои се дел од една листа на 100 такви мора. Таа листа како што напишав и на претприемач ја подготвив уште во 2009 година, а сега истата таа листа само што ја проширив со уште 87 нови „мора” кои очекувам по уште едно седнување и преразгледување лесно ќе ја надминат бројката 200.

Продолжи…

post

Значајност на навремени организациски промени

Значајноста на организациски промени е сè поголема во организациските системи од секаков вид, облик, големина, индустрија или пазар.

организациски промени

Притисокот од околината е сè поголем и поголем, особено изразен преку драстично зголемување на моќта на купувачите во последните пет до шест години и развојот на новата технологија која станува сè подостапна и за организациите и за индивидуалистите.

Продолжи…

post

Донесување на одлуки и спроведување на одлуки

Сите, ама баш сите се занимаваме на некаков начин со донесување на одлуки и со спроведување на одлуки без разлика дали станува збор за претприемачи или менаџери или обични луѓе кои секојдневно сме поврзани со некакви одлуки.

донесување на одлуки

Да се донесе одлука не значи ништо се додека не се спроведе донесената одлука. Но, проблемот кој се јавува е тоа што големите одлуки за да се спроведат ќе бараат многу, а во некои случаи и илјадници мали одлуки.

Продолжи…

post

Убедување на вашите купувачи дека токму вашето решение е вистинското

Кога имате некој проблем што правите прво? Прво треба да сте сигурни, односно да го почувствувате или да бидете свесен дека тоа е проблем. Проблемот предизвикува болка, фрустрација, незадоволство…

убедување

Кога ќе почувствувате нешто такво тоа е доволен сигнал дека имате некаков проблем. Од друга страна може и некој да ви кажал дека имате проблем за кој воопшто не сте знаеле дека го имате или пак воопшто не сте го почувствувале. Но, во секој случај веќе сте свесни дека имате проблем кој бара некој вид на решение.

Продолжи…

post

Градење на свесност кај купувачите за проблем кој вие го решавате

Мора да бидеме свесни дека бизнисите не продаваат само храна, облека или било кој друг производ кој служи за задоволување на основните човечки потреби. Бизнисите иновираат. И не значи дека само големите бизниси иновираат туку иновираат и мали  бизниси.

свесност кај купувачите

На пример, еден мал бизнис може да иновира производ или услуга со кој се скратува времето на реализирање на нарачки за некоја онлајн продавница, или пак да иновира интелигентни роботи за автоматизација на сите рачни активности во едно складиште. Не дека не постојат овие работи, но да кажеме дека вашето решение обезбедува помалку грешки, пократко време за изведување на операциите и секако најважното е дека има интегрирано самоучење со што колку повеќе време работи роботот во вашето складиште подобро ќе го осознава и поефикасно и поефективно ќе си ги завршува задачите.

Продолжи…

post

Епизода #16: Паметни одлуки при иновирање

Оваа е шеснаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода, а во оваа епизода ќе зборувам за ”паметни одлуки при иновирање.”

Претприемачки пат

Сега сигурно ќе се запрашате каков е тој наслов на оваа епизода, особено за паметни одлуки или пак дали одлуките може да се делат на паметни и глупави одлуки. Во секој случај, целта на оваа епизода на претприемачки пат е токму тоа, да разјасни нешто што може да се каже дека претставуваат паметни одлуки, а се останато нормално ќе се најде во останатата група. Сепак тука ќе слушнете за 6 паметни одлуки при иновирање кои ќе ви ќе ви помогнат во креирање на беспрекорен иновациски процес

Продолжи…

post

Не можам, не знам и не сакам

Неможам, незнам и не сакам од насловот се трите најлесни изговори за не преземање на акција која значи успех и живот за вашиот бизнис.

не можам

Како еден претприемач ќе имате многу изговори исто како што зборував и за вашите купувачи и нивните изговори да не купуваат од вас. Но, не смеете да дозволите изговорите да станат пракса која едноставно секојдневно ќе работат на уништување на вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис

Подобрување и особено континуирано подобрување е тема што постојано ќе биде актуелна за претприемачите и малите бизниси, па затоа идеи за подобрување секогаш ќе бидат потребни.

идеи за подобрување

Без постојано подобрување, бизнисот стагнира, привремено се одржува во состојбата во која што е, но сепак тоа се знаци кои кажуваат дека започнува патот на назадување на компанијата.

Продолжи…

post

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас

Кога нешто не сакаме да направиме, секогаш можеме да изнајдеме стотици, па дури и илјадници изговори. И кога купуваме и ни се нафрла упорно здодевен продавач кој едноставно само гледа да ни „натрапи” нешто исто така бараме изговори за да не купиме бидејќи едноставно не сакаме да купиме.

промени чекори

Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Продолжи…