Archives for јануари 2014

audio

Епизода #20: Зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот

Стигнавме до дваесетата епизода на “претприемачки пат” на тема која се однесува за едно клучно прашање за секој претприемач, а тоа е зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот.

Претприемачки пат

Насловот ”зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот” можеби е преопшт, но сепак онаа што го дискутирам во оваа епизода обезбедува повеќе oд 90% од одговорот на прашањето. Иако секогаш можеме останатите 10% да ги дискутираме со уште стотици или илјадници одговори, но прашањето е дали се важни за нас токму во овој момент.

Продолжи…

post

Премногу цели, добро или лошо?

Понекогаш навистина знаеме да претераме поставувајќи премногу цели кои сакаме да ги постигнеме без воопшто да се запрашаме дали можеме да ги постигнеме.

премногу цели

Да, премногу цели за постигнување, понекогаш, ако не и секогаш ќе биде многу полошо отколку воопшто да се нема цел. Зошто? Затоа што е подобро ништо да не преземаме отколку да се загубиме во џунглата на активности кои треба, а не можеме да ги спроведеме за да ги постигнеме поставените цели.

Еве некои факти кога станува збор за цели и нивната количина.

Продолжи…

post

Што треба да содржи презентација на иновативни идеи

Прашањето е што треба да содржи презентација на иновативни идеи. Иако можеби се чини како неважно прашање, сепак сметам дека треба да обрнеме поголемо внимание за во иднина.

Презентација на иновативни идеи

За што станува збор?

За нешто многу важно кога станува збор за стартапи или мали бизниси кои имаат идеја, но немаат финансиски ресурси за реализација на истата. Во една таква ситуација бараат начини да убедат потенцијални инвеститори или пак доколку учествуваат на бизнис план натпревар или некоја друга манифестација во стилот стартап викенд, старт бла, стартап блу… за да победат, добијат награда вообичаено финансирана од поголема глобална компанија…

Продолжи…

post

Ете зошто вашиот вебсајт не носи продажби

За авторот: Гостински пост од Блаже Аризанов, раководител на одделот за Дигитален Маркетинг во Mobiloitte Индија.
Многумина ќе ви речат дека треба да го промените ова или друго или трето во вашиот вебсајт. Банерот е премногу наметлив и делува одбивно, премногу детали на домашната страна (Home Page), или боите се несоодветно избрани и противречни во однос на вашата генерална бренд порака.

модел на приходи

Така и мене ми велеа. И на основа на такви совети многумина успеаа да се позиционираат себеси како гуруа, експерти итн. Но ние останатите и понатаму не реализиравме зголемена продажба. За нас тешко дека нешто се промени.

Продолжи…

post

Како да ги надминете сите слабости кои ги имате како претприемач

Слабости се постојано присутни кај сите претприемачи и еден факт е дека тие никогаш нема да може во целост или 100% да се надминат.

слабости

Но, тоа не значи дека треба да се откажеме од подобрување.

Веќе пишував дека совршенство во се тешко може да се постигне, па затоа и го нарекувам како „несовршено совршенство”. Но, повторно вашата задача како еден претприемач е постојано да барате начини и да преземате соодветни акции за да бидете блиску до тоа „несовршено совршенство”. Еден начин е да работите на надминување на вашите слабости кои претставуваат препрека за совршенството кое сакате да го постигнете.

Ајде да видиме што можете да направите на овој план како еден претприемач.

Продолжи…

post

Со подобрувања во следниве подрачја до раст на бизнис

Секогаш, ама баш секогаш една од главните цели на секој претприемач е да обезбеди солиден раст на бизнис. А, како можете да го обезбедите таквиот раст?

5 подрачја за раст на бизнис

Едно нешто е јасно, а тоа е дека растот се обезбедува преку подобрување, односно првин преку зголемена продажба, а со тоа и профитабилност. Зголемена продажба, односни приходи и профитабилност ќе се постигнат само преку соодветни постојани подобрувања.

Продолжи…

post

Стекнување и користење на влијание за вашиот бизнис

Зошто е важна темата за влијание? Затоа што едноставно нашето внимание лесно се насочува од една на друга работа, фокусот станува се понестабилен, околу нас е една “џунгла” во која дивеет разни диви животни, тие креваат врева, не напаѓаат, сакаат да го привлечат нашето внимание…

влијание

Ако ја користиме истата метафора со џунгла и диви животни кои беснеат околу вас, кое животно ќе ви го привлече вниманието? Дали најгласното, дали најсилното, дали најстрашното…? Секако вашето внимание ќе биде привлечено од онаа животно кое на некој начин има изградено најголемо влијание во однос на тоа што вие во моментот сакате да постигнете. А што сакате да постигнете? Кога сте во џунгла во претходно дефинирана ситуација сигурно првото нешто што сакате да го постигнете е да се спасите, да преживеете бидејќи едноставно се наоѓате во опасност.

Продолжи…

post

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете поодлучен претприемач

Сега се наоѓаме во петтиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за вашата одлучност како една потребна карактеристика за градење на бизнис кој победува на сите стази.

претприемачки мајндсет

Премногу размислување и одложување на донесување на квалитетни одлуки едноставно го забавува растот и развојот на вашиот бизнис. Не, тука не станува збор за брзоплети одлуки, туку станува збор за повисоко ниво на вашата претприемачка одлучност.

Продолжи…

post

Зошто процеси негативно влијаат на креативноста и продуктивноста

Можеби се чини нелогично, но сепак имам видено многу вакви ситуации. Дали некогаш сте се соочиле со ваква ситуација кога вашите сопствени процеси едноставно ги гледате како ја намалуваат креативноста во вашиот бизнис, но исто така продуктивноста не е на онаа ниво на кое вие би сакале да биде?

отпадоци и расфрлања

Доколку сте се соочиле со ваква ситуација сигурно знаете колку е тешка и фрустрирачка за вас како еден претприемач или пак менаџер.

Продолжи…

post

Претприемачки мајндсет – во 2014 вашиот фокус нека биде купувачот

Да продолжиме со четвртиот наслов од серијалот за промена на претприемачкиот мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за купувачот, бидејќи иако многу пишував за оваа на претприемач сепак сеуште не забележувам голем напредок кај повеќето наши бизниси.

претприемачки мајндсет

Си го поставувам прашањето зошто, што е проблем да главниот фокус биде на купувачот?

Продолжи…