Archives for јули 2014

post

За да имате супер идеи, треба да имате многу идеи

Да, за да имате супер идеја, ќе треба и да имате многу идеи од кои ќе изберете една врз основа на тестирања, споредувања и анализи.

тестирање на идеи

Кога зборуваме за идеи и бизниси, мора уште на почетокот од овој наслов да напоменам дека не станува збор само за идеи за бизнис, односно за започнување на бизнис. Идеи се и сите оние идеи за нови производи, нови процеси, подобрувања на производи или процеси или пак и подобрувања најситни движења во вашата работна средина.

Продолжи…

post

Причина за постоење на вашиот бизнис

Пред да започнете со дизајнирање на вашиот бизнис вие како еден претприемач ќе треба да бидете сигурни за тоа која е вистинската цел, односно причина за негово постоење. Што е логично при дизајнирање на било што друго.

мисија или причина за постоење

Иако целта на започнување на бизнисот е една, целта, односно причината за постоење на бизнисот (што се нарекува и мисија) не е иста со целта на започнување. На пример, целта на започнување може да бидете вие како еден претприемач, вашата благосостојба и вашиот подобар живот како и на вашето потесно семејство.

Продолжи…

post

6 Победнички практики за малопродажба

Конкурираат со исти или слични производи. Конкурираат со исти или слични цени. Конкурираат со сличен внатрешен дизајн. Конкурираат со сличен број на вработени. Конкурираат со исти или слични деловни процеси. Конкурираат со ист или сличен бизнис модел. Тоа се малопродажни бизниси. Тогаш прашањето кое често пати го слушам е дали и како може да се обезбеди силна конкурентска предност?

практики за малопродажба

Забележувате дека секаде како опции за конкурентност стои „или слични”, понекогаш токму таа разлика која ја прави сличноста доведува до голема конкурентска предност на еден малопродажен објект во однос на друг. Сепак сето тоа се нијанси обезбедени од различни варијации на функционалности како на понудените производи, така и на севкупниот бизнис модел на еден малопродажен бизнис.

Продолжи…