Archives for јули 2015

post

Епизода #36: Зголемување на вашата моќ за набљудување

Како еден претприемач постојано се наоѓате во ситуација на набљудување без разлика дали станува збор за планирано експериментирање или секојдневната работа.

Набљудување

Во оваа епизода зборувам за “Зголемување на вашата моќ за набљудување”. Набљудување е кога следите што се случува околу вас и вашиот бизнис и колку сте подобри во набљудувањето, толку подобри податоци и информации ќе можете да соберете кои ќе ви бидат од непроценлива вредност кога донесувате клучни одлуки за вашиот бизнис.

Продолжи…

audio

Епизода #35: Користење на информациска технологија за поттикнување на иновации

Денес едноставно не смееме да имаме изговор за некористење на информациска технологија во секојдневните деловни активности, особено иновација.

претприемачки пат 35 - користење на информациска технологија за иновации

Во оваа епизода ќе зборувам за користење на информациска технологија за поттикнување на иновација во вашиот бизнис. Можеби веднаш ви звучи како нешто сложено, нешто што бара висока технологија и нешто недостапно во моментов за вас како еден мал бизнис. Но, верувајте имам искуство со некои бизниси користејќи ги нивните постоечки ресурси, малку креативност и имплементирање на процес на експериментирање да успееме да иновираме сосема нови процеси, да подобриме постоечки процеси и тоа да резултира во зголемување на приходи од 200-300%.

Продолжи…

post

Како да се справите со прекини?

Прекини претставуваат неизбежен дел од секојдневна работа на еден претприемач и тоа е факт од кој нема бегање. Прашање е дали ефикасно се справувате со нив.

справување со прекини

Сигурно сте почувствувале што значат прекини во вашата секојдневна работа. Во моментов веднаш ви доаѓаат на ум зборовите непродуктивност, неефикасност, одложување, пробивање на рокови…

Продолжи…

post

Мерки кои живот значат за успешна продавница на мало

Не постои претприемач или сопственик на мал бизнис кој не користи различни мерки за донесување на клучни одлуки за иднината на компанијата.

мерки за продавница на мало

Истото е случај и со продавници на мало. Традиционално ние постојано следиме и мериме нешто, споредуваме со некои таргети и донесуваме одлуки дали тоа нешто е добро или лошо, дали сме успеале или не сме успеале, дали треба да се корегираме или не…

Продолжи…

post

Епизода #34: Што да продавате производ или време?

Сигурно сте слушнале, ве учеле или пак сте прочитале дека услугите се наплаќаат врз основа на времето кое го вложувате во креирање на услугата. Сепак, тоа не е баш најдобар случај.

претприемачки пат 34 - што да продавате, производ или време

Во оваа епизода на претприемачки пат зборувам за eдно можеби суштинско прашање за вашата иднина, а тоа е што да продавате, производ или време. Не, ова нема да биде дефиниција на тоа што претставува производ, а што услуга, туку што добивате ако продавате услуга како производ, а што ако ја продавате истата како ваше време.

Продолжи…

audio

Епизода #33: Претприемачки часовник

Претприемачки часовник претставува еден вид на презентација на претприемачки процес со кој драстично се менува самиот процес кој се изведува од страна на претприемачите.

претприемачки пат - претприемачки часовник

Во оваа епизода, триесет и трета по ред на “претприемачки пат” зборувам за претприемачки часовник кој беше дизајниран пред неколку години за целите за книгата “Иновации и претприемништво”. Во последните неколку месеци часовникот претрпе неколку измени со што согласно моето искуство се вклучија сите елементи кои недостасуваа во претходната верзија.

Продолжи…

post

7 Причини зошто бизнис идеи се бесплатни

Бизнис идеите претставуваат почеток на претприемачкиот процес, што ќе видите и од утрешната епизода на “претприемачки пат”.

7 причини зошто бизнис идеите се бесплатни

Сепак, да се има бизнис идеја не значи дека се има бизнис или пак потенцијален бизнис.

Сите имаме идеи. Сите имаат идеи. Во изминатите десетина години имам добиено стотици пораки и имам разговарано со стотици претприемачи кои се полни со идеи и едноставно низ шепот ми кажуваат за што станува збор. Или пак кога станува збор за пораки бараат никому да не кажам или пак ми кажуваат дека стравуваат да излезат со бизнис идејата во јавноста поради страв дека некој ќе им ја зеде, “украде”.

Продолжи…