post

40 совети да бреинстормирате бизнис идеи – Дел 1

Бреинсторминг на бизнис идеи

Бреинсторминг на бизнис идеи

Бизнис идејата е основа врз која се темели секој нов, но и секој постоечки бизнис. Идејата е основниот двигател на една претприемничка економија. Тоа е и разликата што малите бизниси ги прави уникатни, единствени, прилагодливи и секако успешни.

Затоа во овој дел сакам да споделам некои препораки доколку се наоѓате во фаза на браинстормирање на бизнис идеи.

1. Прашајте го потенцијалниот пазар.

Секако доколку го знаете потенцијалниот пазар слободно можете да започнете со бреинстормирање на бизнис идеи од него. Во секој случај тие ќе бидат со најголемиот потенцијал.

2. Изберете место кое ја зголемува креативноста.

Креативноста е основа за добар бреинсторминг. Можете да прочитате повеќе во 6 совети за зголемување на креативноста.

3. Во текот на бреинстормин сесијата бидете слободоумни.

Слободоумноста ќе ве ослободи од различни предрасуди кога станува збор за бизнис идеите и секако ќе ја подобри секоја бреинсторминг сесија.

4. Кревајте врева.

Ова е добра препорака. Многу бизниси се изградени и опстојуваат врз основа на вревата што се дига околу нив. Затоа запалете го огинот со врева околу некоја идеја и следете што ќе се случува.

5. Секогаш имајте бележник кај себе.

Без бележник постои опасност идеите да бидат заборавени. Дури и најлудите и најглупавите и најневредните идеи во моментов можат да бидат најдобри во иднина.

6. Соберете колку што можете повеќе луѓе во кои имате доверба.

Бреинсторминг зависи од луѓето кои учествуваат во една таква сесија. Соберете колку што можете повеќе луѓе, но луѓе во кои што навистина имате доверба и за кои што сметате дека имаат потенцијал за една ваква задача.

7. Посетувајте саеми и секако електронски саеми.

Многу идеи може да произлезат од посетата на саеми и електронски саеми.

8. Патувајте.

Патувањето ја зголемува креативноста и секако видикот на еден човек, па затоа користете ги идеите што ви доаѓаат на ум кога патувате или пак кога сте на одмор.

9. Погледнете во Бизнис моделот на Вашиот иден или пак Ваш сегашен бизнис.

Секој повторен поглед на бизнис моделот ќе ве доведе до некои можни недостатоци, слабости или пак нови идеи за подобрување.

10. Бреинстормирајте и лоши идеи.

Не исклучувајте ги лошите идеи, затоа што добрите идеи претставуваат контратс на тие лоши идеи.

11. Проширете го сопствениот поглед.

Колку пошироко гледате толку поквалитетни идеи ќе произлезат од една бреинсторминг сесија.

12. Избегнувај премногу размислување.

Премногу размислување ја спречува нашата креативност и секако фантазијата. А тие се суштествени за добри и уникатни бизнис идеи.

13. Како да се разликувате?

Секогаш поставете си го ова прашање: Како да се разликувате од другите?

14. Што е она што го сакате?

Сите натамошни идеи, активности и постапки зависат од тоа што всушност вие сакате да постигнете. Тргнете од таму и навраќајте се наназад.

15. Побарајте кај гигантите.

Понекогаш добри идеи може да произлезат од оние големите компании кои се во иста или слична бранша. Затоа не заборавајте да погледнете и кај нив.

16. Побарајте кај негигантите.

Креативноста на другите претприемачи на мали бизниси како Вас ќе може да ви покаже некои можни идни патишта за Вашиот бизнис.

17. Изберете добар тим.

Тим со кој ќе работите може многу да ви помогне околу идеите. Затоа изберете добар тим и искористете го.

18. Побарај помош или мислење.

Никогаш немој да мислиш дека си најумен и дека нема да имаш некаков проблем. Кога си во фаза на бреинстормирање на бизнис идеи подобро е да побараш помош и мислење од некој отколку да дојдеш до лоши идеи што ќе произведат лош бизнис.

19. Социјализирај се.

Социјализација, социјализација и само социјализација може да биде замена на онаа познатата Ленинова учи, учи и само учи. Колку повеќе бидеш социјализиран толку повеќе бизнис идеи ќе имаш.

20. Застани за еден момент и биди твој иден потрошувач.

Погледни во однос на се но од аспект на еден потрошувач на твојот бизнис. Ова е непроценлив извор на бизнис идеи.

Ова беа првите 20 совети, одете на вториот дел со останатите 20 совети од 40 совети да бреинстормирате добра бизнис идеја.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] пост е продолжеток на вчерашниот пост за 40 совети да бреинстормирате бизнис идеи. Во тој пост опфатив 20 совети за бреинстормирање на […]

  2. […] Премногу време еден претприемач троши на планирање, генерирање на идеи, маркетинг, продажба, истражување и развој, финансии… […]

  3. […] Премногу време еден претприемач троши на планирање, генерирање на идеи, маркетинг, продажба, истражување и развој, финансии… […]

  4. […] Бизнис идеите доаѓаат од мозокот на еден претприемач. Добра бизнис идеја доаѓа кога вашата креативност е на високо ниво. Но, не сме секогаш креативни. Или пак, кога сме креативни може да се случи (што и почесто се случува) подоцна да ги заборавиме идеите затоа што не сме ги запишале. Во вакви случаи идејата се губи и веќе не е актуелна. Секој добар бизнис се базира на добра бизнис идеја која е резултат на креативноста на претприемачот. […]

  5. […] 40 совети да бреинстормирате бизнис идеи – Дел 1. Бреинстормирање на бизнис идеи претставува навистина еден креативен процес во кој учествува еден претприемач. Во овој пост се дадени првите 20 совети за бреинстормирање на бизнис идеи. […]

Speak Your Mind

*