post

5 Лимитирачки фактори за еден стартап

Секој жив организам го потпира својот раст и развој како на внатрешни фактори на тој жив организам, така и на надворешни фактори во кои живее тој организам. Иако таквите фактори можат да бидат во голем број сепак, како и во се останато и тука важи 80/20 правилото.

Што е она што може да го лимитира еден стартап за да стане успешен бизнис? Доколку ги расчленуваме тие фактори би добиле сигурно илјадници, кои и се проучуваат од страна на универзитетите и научните кругови со цел да се добие еден совршен пат кој би требало да го изоди еден претприемач. Но, мора да признаеме дека досегашните искуства кажуваат дека не постои нешто такво.

Сепак тука би сакал да ги напоменам едни од најважните фактори во групата 80 од 80/20 правило кои може да влијаат лимитирачки на еден стартап.

#1 Бизнис идејата

Бизнис идејата доколку не е добра, нема да помогне ниту пазарот, ниту претприемачот, ниту бизнис моделот, ниту вистинскиот тим кој ќе ја спроведува. Таа бизнис идеја мора да биде на вистинско место, во вистинско време наменета за вистински луѓе. Бизнис идејата мора да реши проблем за кој се бара решение, но и за кој барателот на решение е спремен да плати.

#2 Пазарот

Може да имате одлична бизнис идеја, но доколку пазарот сеуште не постои, или пазарот сеуште не е свесен за потребата од таков производ или услуга или пак е свесен но сеуште не чувствува потреба од задоволување на таква потреба ќе постојат ограничувања. Не значи дека овие ограничувања ќе бидат кобни за бизнисот, но значат дека ќе треба да постои многу поголем ангажман и многу повеќе активности во однос на пазарот.

#3 Бизнис моделот

Бизнис моделот ја опишува вредноста и начинот на испорака на таа вредност до купувачот. Грешките во бизнис моделот може да предизвикаат појава на лимитирачки фактори за развој на бизнисот. Но, сепак бизнис моделот е една динамичка алатка во рацете на претприемачот која овозможува лесно прилагодување со цел на избегнување на појава на такви лимитирачки фактори.

#4 Претприемачот

Иако во листата е како четврти, не значи дека е помалку важен од претходните. Вештините, знаењето, искуството и образованието на еден претприемач доколку недостасуваат може да се гледаат како лимитирачки фактори за еден стартап.

#5 Вистински тим

Ниедна идеја не може да се реализира без еден вистински тим во составот на еден бизнис. Од развој до испорака на производот или услугата ќе биде зависно од тој тим. Недостаток на вистински тим може да има многу лимитирачка улога во развојот на еден стартап во успешен бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*