post

5 Правила за секој претприемач

Можеме слободно многу повеќе правила да презентираме тука, но сепак се одлучив за 5 основни правила кои секој претприемач би требало да ги знае и почитува во секојдневната работа.

правила за секој претприемач

Да, можеме да дефинираме навистина многу правила, многу насоки, многу идеи, многу приоритети, многу активности… Тука сакам да презентирам пет, само пет правила кои можеби ќе го сменат начинот на кој го практицирате претприемништвото во вашиот бизнис.

Правило број 1: Добра идеја не гарантира успех

Точно така! Веќе повеќе пати пишував, зборував во некоја од епизодите на подкастот „претприемачки пат” бизнис идеја има потенцијална енергија, но бизнис идејата сама по себе и со огромен потенцијал не гарантира успех на една компанија. Тука не станува збор само за идеја за нов бизнис, или пак идеја за нов производ/услуга, тука станува збор за секаков вид на идеи од идеи за секојдневна работа до идеи за подобрување на процеси во компанијата.

Така да, добро оваа правило секогаш да го имате на ум бидејќи едноставно не смеете да застанете само на добра идеја, таа треба да се имплементира, да се подобри и прилагоди во самиот процес на имплементацијата и да се обезбедат услови за користење на поволностите штѕо имплементацијата ќе ги обезбеди за вашиот бизнис.

Правило број 2: Добар бизнис план не гарантира успешна реализација на бизнис идеја

Се смета дека трансформација на една идеја во добар план ќе гарантира успех. Но, практиката покажува дека тоа не е баш така.

Добар бизнис план повторно е само средство за трансформација на бизнис потенцијалната енергија во идејата во кинетичка енергија, но сепак не е нешто што како прво ќе гарантира имплементација за да се успее. Постојат многу нереализирани добри планови, но и лошо реализирани добри планови.

Затоа, не сметајте дека вашата работа е завршена по подготовка на плановите. Вашата работа штотуку започнува.

Правило број 3: Добар маркетинг план не гарантира и успешни продажби

Често пати добрите бизнис планови содржат и маркетинг план и план за продажба. Но, маркетинг план како еден добар маркетинг план нема да гарантира успешна трансформација во план за продажба, ниту пак ќе гарантира успешни продажби.

Зошто?

Затоа што планот како прво треба да сзе имплементира, како второ планираното често пати не е исто и со реализираното и како трето често пати маркетинг планот се базира на историски податоци и нереални проценки за иднината.

Правило број 4: Секој претприемач е во бизнис со продажба, затоа продавајте

Без разлика за каков бизнис станува збор, секој претприемач е во бизнис со продажба. Мора да се занимавате со продажба и тоа е факт. Добра идеја, добар план, добра иновација и добар маркетинг план без добра продажба значи и залудно потрошено време и пари во непродуктивни активности на вашиот бизнис. Бидејќи на крајот се се мери во приходи од реализирани продажби.

Правило број 5: Осигурајте дека никогаш нема да ви недостасува готовина

И како петто и последно правило кое сакам постојано да го имате на ум е дека без готовина и тоа во доволен износ бизнисот нема да може да функционира. Да се има готовина ќе зависи од вашиот потенцијал односно онаа што тековно го имате, од потенцијалот на инвеститорите, од потенцијалот на постојано генерирање на приходи

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*