post

5 Тактики за стратегија за турболентни денови

Минатата недела пишував за стратегија за турболентни денови, денови кои не се баш онакви какви што посакувате, кога едноставно работите започнуваат да се движат во негативна насока.

стратегија за турболентни денови

Онаа што можевте да го заклучите од тој наслов е дека турболентните денови се повеќе сигурност отколку случајност. Зошто? Едноставно поради неизвесноста. Доколку сакате да слушнете нешто повеќе за неизвесноста би го препорачал последниот подкаст од „претприемачки пат” насловен како „Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете”.

Едноставно поради фактот што неизвесноста предизвикува постојано да се наоѓаме во турболентни денови, доаѓаме до еден сосема јасен факт, а тоа е дека вашата стратегија за турболентни денови станува генерална стратегија за вашиот бизнис воопшто.

Во овој наслов сакам малку да навлеземе во 5 тактики кои би требало да ги користите кога подготвувате една ваква стратегија.

1. Излезете надвор од рамките на вашата индустрија или пазар

Често пати забележувам како повеќето претприемачи цврсто се врзуваат со сопствената индустрија и сопствениот пазар кога станува збор за обликување на нивната сопствена стратегија.

Тоа го прават конкурентите. Нашите купувачи се однесуваат така и така. Така и така ни велат снабдувачите. Купувачите не изразиле желба за такво нешто…

Ваквите изговори водат до тоа да повеќето компании изгледаат сосема исто во сопствена индустрија или пазар. Тоа пак од друга страна доведува да конкурентноста единствено се базира на цените, што пак претставува отворање на портата за турболентни денови.

Затоа, излезете надвор од границите на вашата индустрија или пазар и видете што функционира таму, какви иновации се случуваат, кои се трендови… Овие прашања можат да ве подготват да станете лидер во обликување на вашата индустрија или пазар.

2. Избришете ги сите граници кои постојат во однос на сите ваши вработени

Слично како со првата тактика целта на оваа е да обезбеди дека нема да постојат ограничувања кога станува збор за идеизација во однос на идниот бизнис модел на вашиот бизнис, во однос на идните процеси или пак во однос на идните произвди или услуги.

Едноставно идеите се добредојдени од било каде, во однос на било што и од страна на било кого во компанијата. Тоа е правило кое ќе обезбеди да креирате компанија која постојано ќе се прилагодува и ќе стане или опстои како лидер на пазарот и во индустријата.

3. Користете мерки кои ќе бидат прилагодени со растот на компанијата

Една грешка која ја забележувам е да стратегијата не содржи индикатори и мерки кои ќе се следат заради имплменетцаија на истата. Кога постои таков случај доаѓаме во ситуација да не знаеме што значи успешно спроведена стратегија.

А, кога не знаеме што значи успех, не можеме ни да очекуваме дека сите ќе се потрудат за постигнување на успех. Конфузноста е најголемиот сојузник на оние кои не сакаат да работата.

Од друга страна, различните фази на животниот циклус, разлините промени во бизнис моделот, во процесите и во производите или услугите бараат различни мерки. Не дозволувајте си го луксѕузот да мерите нешто што не е соодветно со тековната состојба во која се наоѓа вашата компанија.

4. Не заборавајте на градење на силни мрежи во внатрешноста но и надворешноста

Едноставно силните мрежи во внатрешноста но и надворешноста на компанијата се едни од најзначајните темели за обезбедување на континуиран раст и развој на компанијата. Затоа вашата стратегија мора да содржи тактики кои се поврзани со мрежи, вмрежување и односи во внатрешноста но и надворешноста на компанијата.

Силни врски помеѓу вработени, со купувачите, со снабдувачите, со сите чинители околу вашиот бизнис обезбедува полесно справување со проблемите кога ќе дојдат турболентните денови.

5. Дозволете експериментирање

Како што веќе зборував и во претходно споменатата епизода на подкастот „претприемачки пат” и тука ќе споменам дека експериментирањето е основа за успех во денешно време. Помина времето на учење, па планирање па спроведување. Сега се бара експериментирање преку имплементирање со се помало влијание на планирање како функција. Едноставно, ако се навратам на почетокот од овој текст неизвесноста е се поизразена, а силна неизвесност едноставно ја намалува улогата на планот онаков за каков што знаеме или не учеле.

Затоа вие денес планирате експериментирање, кое пак ви дава фидбек информации и знаење за следни итерации и подобрувања. Оваа мора да биде содржано во вашата стратегија за турболентни денови.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*