Маркетинг и продажба всушност претставуваат процеси со кои еден бизнис или пак еден претприемач влијае врз потенцијалните или тековните купувачи. Како предходница на утрешниот напис од серијалот за маркетинг средства сакам да споделам едно добро видео.
Иако видеото претставува промотивен материјал од истото ќе можете да ги видите шесте принципи на влијание според Д-р Robert Cialdini. Погледајте го видеото кое е помалку од 10 минути.
Значи како основни принципи на влијание Д-р Robert Cialdini ги издвојува следниве:
- Реципроцитет. Дади за да земеш, земеш … и земеш.
- Реткост. Луѓето сакаат повеќе од работите кои може да ги имаат помалку бидејќи се плашат дека нема да остане за нив.
- Авторитет. Авторитетот ја намалува неизвесноста при донесување на одлука за купување.
- Конзистентност. Луѓето сакаат конзистентност во она што им е ветено дека ќе го добијат.
- Консензус. Единката го следи мнозинството. Во кој ноќен клуб излегуваат сите таму одат и поединците. Затоа е потребно да им се даде доказ за сличните како нив зошто ве одбрале Вас и како сте им помогнале.
- Допадливост. Луѓето ќе им дадат доверба на оние кои ги знаат и кои им се допаѓаат на некој начин.
Тоа се 6-те принципи на влијание според Д-р Robert Cialdini кои подетално се разработени во неговата книга: Influence – The Psychology of Persuasion .
[…] За доктор Robert Cialdini веќе пишував на претприемач во 6 принципи на влијание каде можете да го видите и видеото со овој врвен […]