post

6-ти Слој за Успех на Еден Претприемач

Стигнавме до последниот слој за успех на еден претприемач. Овој слој согласно анализата која ја спроведовме претставува микс од повеќе елементи кои имаат влијание на успехот, но сепак тоа влијание не е круцијално како оние првите слоеви.

Талент

Зошто сметам дека талентот не е на прво место за еден претприемач да биде успешен? Наједноставно кажано затоа што не постои специфичен претприемнички талент кој е потребен за да може да кажеме дека тој е претприемач со вроден талент. Различни бизниси имаат различни претприемнички потреби за одреден вид на талент. Некој бизнис бара повеќе финансиски талент, други од менаџерски талент, трети пак талент за квалитетна аналитика, а повеќето бизниси од сите типови на можни таленти. Значи бизнисот е микс на таленти, кои претприемачот или пак менаџерот треба да ги управува за да го извлече максимумот.

За талентот и бизнисот можете да прочитате и во Бизнисот е една обична игра.

Чесност

Да се биде чесен е втора потребна карактеристика, при што не може да се каже дека само чесните претприемачи се успешни претприемачи. Постојат многу примери на изградени бизнис империи каде чесноста не постоела како карактеристика кај претприемачот. Затоа и не ја сметам како нешто без што не се може. Но, сепак треба да се нагласи дека во многу ситуации кога си чесен, можеш да добиеш и повеќе корисности како од твоите потрошувачи, така и од твоите снабдувачи.

Врски

Неизбежен елемент во нашето општество. Да завршиш најмала работа треба да имаш некоја врска особено во администрацијата. За најбаналните работи како вадење на матична книга од родени или пак лична карта бараме некој познат кој ќе ни ја забрза постапката. Тоа е нашето општество. Во едни вакви услови на стопанисување врските можеби можат да имаат големо влијание на успешноста на еден претприемач.

Кога сум кај условите за стопанисување и малите бизниси можете да дадете свој придонес со пополнување на анкетата за истражување на услови за стопанисување на малите бизниси во Македонија која ќе биде достапна уште кратко време.

Среќа

Некој навистина верува во среќа, иако јас лично не сум некој кој верува и сака да се базира на среќа во бизнисот. Но, понекогаш навистина е потребно да се поклопат коцките за да се постигне некој успех.

Ова би бил последниот напис од овој серијал на фактори кои еден претприемач го прават да биде успешен кој го започнавме уште во Успешен претприемач – одлучувачки фактори. Ова не значи дека нема да се занимаваме уште со оваа тематика.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention 6-ти Слој за Успех на Еден Претприемач - Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: 6-ти Слој за Успех на Еден Претприемач – Стигнавме до последниот слој за успех на еден претприе http://ow.ly/16SSKS […]

Speak Your Mind

*