post

7 Мали промени кои ќе направат разлики во вашиот претприемачки живот

Понекогаш малите работи може да доведат до големи разлики во вашиот претприемачки живот. Тие не се нешто што ќе бараат големи одрекувања од вас, ниту пак преголеми ресурси.

промени

Едноставно ќе можете да започнете со имплементација уште денес и да ги чувствувате бенефитите утре.

Веројатно сакате да бидете успешен претприемач. Сакате вашата компанија да биде успешна компанија. Сакате да бидете успешни и во исто време да имате повеќе време за вас и за вашето смеејство. Не е едноставна работа да се изменаџира за да се постигнат овие ваши посакувања.

Но, со силна волја и јасни чекори кои треба да ги преземете, навистина ќе можете да направите голема разлика во вашиот претприемачки живот. Тука сакам да презентирам 7 мали промени кои ќе можете да започнете да ги имплементирате уште денес.

  1. Бидете позитивен и пренесувајте позитивност во и надвор од вашата компанија. Никој не ја сака негативноста. Тоа е факт. Па зошто би сакале да пренесувате негативност во и надвор од вашиот бизнис кога знаете дека тоа не е добро за вас. Бидете позитивни колку што можете повеќе дури и во моменти кога сте преполни со негативна енергија. Само на таков начин ќе можете да ја трансформирате таа негативност во взаемна позитивност и многу поздрава работна средина која носи резултати за успех.
  2. Бидете концизни и јасни со сите лица во и надвор од вашата компанија. Можете ли да направите нешто, доколку не го разбирате лицето кое ви кажува што треба да направите? Веројатно не. Како купувач, дали купувате одреден производ или услуга од продавач кој не знае да објасни ниту да го зголеми вашето разбирање за вредноста која ја купувате од него? Веројатно нема да купите од такво лице. Затоа, секогаш обидувајте се да бидете колку што можете поконцизен и појасен во сите ваши активности кога работите со други луѓе.
  3. Не дозволувајте си го луксузот да ги игнорирате проблемите, решавајте ги. Компанија без проблеми е компанија без пазар. Еден претприемач без проблеми е (не)претприемач без бизнис. Мора да разберете дека пробелмите во вашата компанија значат живот за вашиот бизнис. Без преоблеми, нема подобрувања. Без проблеми, нема иновација. Но, исто така и без решение на тие проблеми ќе нема ниту подобрувања ниту иновации. Затоа, не смете да си дозволите да ги игнорирате проблемите, мора да ги решавате доколку сакате континуирано подобрување и иновации во вашата компанија. Тоа е вашата задача како еден претприемач.
  4. Користете системи кои ќе ви помогнат да ги знаете мерките во вашиот бизнис. Без еден систематски пристап кој не дозволува целосен хаос во вашата компанија, не можете да очекувате дека вашиот мал бизнис ќе биде на вистинскиот пат кој води кон успешноста. Мора да креирате системи поддржани со соодветни процедури кои ќе ви помогнат да дизајнирате, следите и ги анализирате вистинските мерки кои ќе ви кажат колкава успешност како претприемач имате, или каков е прогресот на вашата компанија кон целите кои сакате да ги реализирате.
  5. Креирајте вистинска вредност за вашите купувачи и надминете ги нивните очекувања. Мора да ги откриете тие работи и да ги интегрирате во вашите дневни рутини со цел постојано да ги надминувате очекувањата на купувачите. Примарната цел на вашата компанија е да креира нешто навистина вредно за купувачите. Ако знаете дека е така, зошто тогаш не започнете многу посериозно да работите во креирање и испорака на вредност за купувачите.
  6. Едуцирајте ги и помогнете му на вашиот тим да ги заврши задачите кои треба да ги заврши. Како еден претприемач, сам нема да можете да постигнете онаа што сакате да го постигнете. Од друга страна, имање на тим на кој можете да се потпрете не гарантира успех за вашата компанија. Вам ви требаат едуцирани и вешти индивидуалци кои ќе стануваат се подобри и подобри преку ваше искуство кое ќе им го трансферирате и нивното сопствено искуство што го стекнуваат работејќи за вас. Мора да започнете да работите на нивна едукација доколку сакате да ги почувствувате вистинските резултати од нивното најмување.
  7. Ефективно менаџирајте го вашето време. Претприемачка кариера не е нешто едноставно што може да се постигне преку неколку чекори кои ќе ги применувате секојдневно. Ќе имате многу задачи кои треба да ги завршите, дури и некои за кои никогаш до тогаш не сте помислиле дека ќе мора да ги работите. Во такви услови, повеќето претприемачи страдаат поради намалување на нивната сопствена продуктивност што едноставно значи губење на тлото под нозете. Мора постојано да работите во подобрување на вашата сопствена продуктивност преку ефективен менаџмент на вашето претприемачко време.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*