post

75 Прашања за стартап претприемачи?

Стартап фаза на еден бизнис претставува една од најсложените и најинтересните фази.

Ќе го бидне или нема да го бидне?

Се она што ќе се изгради во оваа фаза ќе ја отсликува силината и издржливоста на темелите на бизнисот.

Во овој пост издвоив 75 прашања кои еден стартап претприемач ќе треба постојано да си ги поставува.

  1. Што е она што го работите?
  2. Уште колку ви треба за да го спремите?
  3. Мислите ли за идните купувачи?
  4. Како го поминувате вашето време?
  5. Го поминувате ли со вашите идни купувачи?
  6. Какви луѓе ви се потребни?
  7. Дали познавате такви луѓе?
  8. Каде ќе ги најдете?
  9. Како ќе ги придобиете?
  10. Како ќе ги задржите откако ќе ги придобиете?
  11. Какво ќе биде нивното влијание на вашата работа?
  12. Што е следното што ќе треба да го направите?
  13. Дали сте спремни да го вложите вашиот живот за тимот кој го создавате?
  14. Колку голем треба да биде тимот кој го создавате?
  15. Можете ли без нив?
  16. Колку пари ќе ви бидат потребни?
  17. Како ќе ги набавите тие пари?
  18. Како ќеги вратите тие пари доколку позајмите?
  19. Можете ли да искористите некои други опции за обезбедување на пари за финансирање на вашиот бизнис?
  20. Дали забележувате промени во визијата во однос на истата пред да започнете со првиот чекор за нејзина реализација?
  21. Како обезбедувате следење на вашата визија од страна на сите членови на твојот тим?
  22. Дали патот кој го следите ве доближува или одалечува од таа визија?
  23. Треба ли и што треба да промените во патот кој го следите за да се доближите до визијата.
  24. Дали го гледате купувачот како го користи вашиот производ или услуга?
  25. Задоволен ли е?
  26. Ве прашуваат ли кога можат да го купат вашиот производ или услуга?
  27. Забележувате ли дополнителни нивни проблеми во тие прашања?
  28. Колку пари е спремен вашиот купувач да плати за решавање на проблемот кој вашиот производ или услуга го решава?
  29. Каква е вистинската вредност која ја нудите?
  30. Имате ли бизнис модел?
  31. Дали тој бизнис модел претставува “одржлив” бизнис модел?
  32. Како сите елементи функционираат во вашиот бизнис модел?
  33. Знаете ли што е пивотирање?
  34. Знаете ли кога треба да имплементирате пивотирање?
  35. Има ли потреба од пивотирање?
  36. Што треба да пивотирате?
  37. Што после пивотирање?
  38. Како сте платени?
  39. Дали сметате дека сте премногу или премалку платени како основач на стартап?
  40. Како ги гледате вашите производи, како збир на карактеристики или како збир на корисности?
  41. Имате ли “да направам” листа?
  42. Како оди нејзиното спроведување?
  43. Ги завршувате ли навремено и квалитетно работните задачи?
  44. Што е со вашиот тим и нивна “да направам” листа како и навремено и квалитетно завршување на работните задачи?
  45. Иматели дизајнирано процеси?
  46. Дали и како функционираат тие процеси?
  47. Има ли “тесни грла” во тие процеси?
  48. Кои се тие “тесни грла” во тие процеси доколку ги има?
  49. Што треба да направите за да ги елиминирате тие “тесни грла” во процесите?
  50. Ги знаете ли вашите суштински компетенции?
  51. Ги имате ли сите потребни суштински компетенции за вашиот бизнис?
  52. Треба ли да ги надополните суштинските компетенции на вашиот бизнис?
  53. Како ќе ги надополните суштинските компетенции во вашиот бизнис?
  54. Што е со знаењето?
  55. Како го стекнувате знаењето потребно за вашиот бизнис?
  56. Како го распространувате знаењето во вашата компанија?
  57. Како го имплементирате знаењето во вашата компанија?
  58. Кои се вашите клучни индикатори за перформансите?
  59. Како ги следите тие клучни индикатори за перформансите?
  60. Како донесувате одлуки во однос на тие клучни индикатори за перформансите?
  61. Колку време ви треба да донесете одлука гледајќи во тие клучни индикатори за перформансите?
  62. Доколку сте надвор од вашиот бизнис можете ли да ги гледате и следите перформансите на вашиот бизнис?
  63. Ја знаете ли вашата продажна и маркетинг инка?
  64. Ги знаете ли стапките на конверзии во продажна и маркетинг инка?
  65. Функционира ли се онака како што треба во тие инки?
  66. Треба ли нешто да промените?
  67. Ако треба да промените како ќе промените?
  68. Кога последен пат сте ги тестирале инките?
  69. Уживате ли во онаа што го работите?
  70. Како го поминувате времето за уживање?
  71. Си дозволувате ли време за уживање?
  72. Доколку сте отсутен еден месец може ли бизнисот да функционира онака како кога сте тука?
  73. Знате ли зошто може да функционира доколку може?
  74. Знаете ли зошто не може да функционира доколку не може?
  75. Што треба да направите за да бизнисот функционира нормално и без вас?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*