post

8 стапици за продуктивност

Продуктивност е да се биде во состојба да се направат работите за кои што не си бил способен претходно. ~ Jim Manzi

 

Стапици за продуктивност

Стапици за продуктивност

Продуктивност е движечка сила за еден претприемач која не смее да се стави на страна. Навистина премногу се трудиме да ги постигнеме зацртаните цели, и најголемиот проблем не е тоа што не се трудиме, туку стапиците во кои навлегуваме а кои и штетат на продуктивноста. Но, од друга страна продуктивноста е нешто што често е напаѓано од самите нас или надворешните влијанија кон неа.

Како надополнување на 50 правила за бизнис продуктивност, во овој пост ќе опфатиме 8 стапици кои може да се јават како непријатели на вашата продуктивност доколку не се менаџираат на вистинскиот начин.

1. Прекини и одвлекување на внимание

Колку и да сакаме да немаме прекини или сили кои го одвлекуваат нашето внимание сепак ние сме живи луѓе, кои не се сами на овој свет, кои комуницираат, кои размислуваат, кои едноставно се наоѓаат во околина која не мирува (не дај нбоже да мирува).

Едноставно понекогаш не може да се избегне чувството дека токму кога ќе навлеземе во сопствената продуктивност за некоја важна работа и започнуваме да сме задоволни од самите себе (бидејќи една задача од листата ќе биде завршена) заѕвонува телефонот, се појавува нотификација на компјутерот за примен email или од некој социјален медиум, во канцеларијата влегува колега…

Во една таква ситуација, мозокот мора да ја „смени брзината“, да се пренасочи на други проблеми и можни решенија, се губи фокусот кон она што во моментот се работи и се губи динамиката која е фатена во процесот на работата. Исто како да запреш една автоматска машина која во најголемо произведува (ќе бара повторно штелување, промена на алат, подмачкување, рестартирање…).

Кога еднаш таквите прекини и одвлекувања ќе се појават тешко дека може да се направи нешто за да се спречи намалување на продуктивноста.

Затоа, најдобро е превентивно дејствување преку елиминирање на можните прекини и одвлекувања кога се наоѓате во еден таков момент на највисока продуктивност за задачите кои во големо влијаат за исполнување на поставените цели. Едноставно ја затворате вратата со клуч до кој никој освен вас не може да дјде.

2. Префорсирање на листата со задачи

Листа на задачи или уште како се нарекува To-Do листа е нешто што го обликува нашиот работен дел од делот (доколку сме доследни на истите). Мислам дека не постои човек кој ја нема таа особина за преголема посветеност или преголемо форсирање за повеќе и побргу завршување на нешто. Обично мислиме дека доколку повеќе активности спакуваме за еден ден ќе бидеме повредни и попродуктивни. Но, сепак ова е контрапродуктивно, а од друга страна креира стресна работна околина и едно брзање од наша стрна без доволно внимание да посветиме за важните елементи од работниот ден.

Едноставно мора да си ги спознаете сопствените капацитети и потенцијали. Доколку успеете во овој дел кога ја правите листата научете да кажете тоа е доволно за тој ден. И секако фокусот нека биде на најважните активности – оние кои во најголем дел учествуваат во исполнување на поставените цели.

3. Email и обсесија да не се пропушти нешто

Email е навистна корисна технологија користена од бизнисот и еден претприемач. Како технологија или како една алатка е многу корисен за зголемување на продуктивноста. Но, нашата обсесија да не пропуштиме нешто или пак немање на соодветен систем за менаџирање на email пораки кои се за веднаш, а кои се за подоцна може да влијае на намалување на продуктивноста. Работата е јасна, 80% од пораките и не мора да бидат видени или одговорени веднаш.

Затоа, за целите на зголемување на продуктивноста исклучете ги нотификациите или целосно исфрлете ја можноста да отворите email порака, барем во времето кога вашиот фокус е на важни задачи заради исполнување на зацртаните цели.

4. Безвредни задачи

Сите задачи немат еднакво значење и вредност за исполнување на зацртаните цели. Некои пак можат да бидат завршени од некој ваш вработен. Постои опасност вашата To-Do листа да биде наполнета со некои вакви задачи кои едноставно ќе ви го одвлечат вниманието од важното и ќе создадат амбиент на притисок и стрес како последица од притисок. Ова е контрапродуктивно.

Обидете се секоја задача да ја оцените согласно важноста. Елиминирајте некои неважни задачи или делегирајте некои кои се важни но не приоритетни. Максимизирајте го времето кое ќе го поминете на она што е важно и во што сте најдобри.

5. Социјални медиуми

Иако социјалните медиуми во многу аспекти се корисни за бизнисот (градење на односи, промоција, брендирање, прибирање на информации…), но, без соодветно менаџирање на нивното користење може да бидат контрапродуктивни одземајќи многу време.

Затоа, првин проценете за некој социјален медиум дали има вредност за вас како личност или вашиот бизнис. Оние во кои ќе утврдите вредност продолжете да ги користите но во сесии од 5 до 15 минути во точно определено време кое е вон времето на извршување на најважните активности од вашата To-Do листа.

6. Слаба енергија и желба за постигнувања

Личната енергија и желба за постигнувања се еден вид на невидливи фактори кои учествуваат во зголемување на продуктивноста. Без доволно енергија во вас самите и желба да постигнете нешто не можете да очекувате дека ќе бидете продуктивен.

Затоа обидете се кога работите да ги исполните сите предуслови за повисока ваша лична енергија преку доволно спиење и здрава храна заради обезбедување на здраво чувство како и соодветна социјализација која има потенцијал за зголемување на лична енергија. Од друга страна секогаш кога ќе почувствувате дека енергијата ви се намалува подобро е да направите пауза заради враќање на посакуваното ниво.Читање на книги е нешто што исто така може да ја зголеми енергијата кај вас.

7. Недостаток на јаснотија

Иако често пати во делот на продуктивноста се заборава јаснотијата сепак таа има големо влијание на самата продуктивност. Многу е потешко да управуваме нешто што не е јасно, а тоа пак од друга страна е контрапродуктивно.

Затоа мора да бидете прецизни во однос на тоа што сакате да направите, што сакате да постигнете, кои се одговорностите, какви стандарди и правила постојат, кои се роковите на завршување (постигнување) на нешто.

8. Мултитаскинг

Погрешни се претпоставките дека можеме да се насочиме на повеќе нешта одеднаш и со тоа да бидеме попродуктивни. Некои работи може, но мултитаскинг на важни бизнис активности може да биде контрапродуктивен.

Затоа обиди се да работиш на една важна активност во соодветно време, по успешно завршување и соодветен одмор заради енергизирање помини на втората важност во листата која следува.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*