Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

post

Најголемиот предизвик на семејниот бизнис 2018

На 19 јуни ќе се одржи четврта конференција за семејни бизниси “Најголемиот предизвик на семејните бизниси”.

Tеми на овогодинешната конференција се:

  • Принципот е тој, разликата е во нијансите – Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис трасфер поминуваат стотици години – Мирела Алпеза, Хрватска
  • Вакаилионака,ќеВенаследат,некабидеподВашиуслови!–Какогопренесовводењето на Адижес Институтот на синот – Ичак Адижес, Санта Барбара
  • Големи беа чевлите на тато… морав брзо да пораснам – Моето искуство во превземањето на компанијата од татко ми, основачот – Аднан Мисимовиќ, БиХ
  • Пренос на наследство на втората генерација во пост-транзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси – Борис Вукиќ
  • Претставник на македонски бизнис сектор од највисоко ниво
  • Дискусија – „Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис трансфер“
  • SpeedDating

Повеќе детали можете да најдете на веб страната на конференцијата.

post

Во тек е реализација на проектот: Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни секторски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор

Проектот е поддржан од програмата за „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, проект финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

Продолжи…

post

Избрани најдобрите бизнис идеи за социјално претпријатие

Избрани најдобрите бизнис идеи за социјално претпријатие

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организираше натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво“ EuropeAid/136315/ID/ACT/MK како дел од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV).

Финалето на натпреварот се одржа на 24.10.2017 година во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво (ПСМ инкубатор). Тимовите од максимум 5 члена од ромска етничка заедница кои се пласираа во финалето ги презентираа своите бизнис идеи пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ги избра најдобрите три тима, и тоа:

– Прво место освои тимот со бизнис идејата: „Списание и уметност“
– Второ место освои тимот со бизнис идејата: „ Градежно внатрешно уредување“
– Трето место освои тимот со бизнис идејата: „Облека за деца“

Победничките тимови ги освоија следните награди:

– Прва награда (награден фонд во противвредност од 700 евра која се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)
– Втора награда (награден фонд во противвредност од 600 евра која се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)
– Трета награда (награден фонд во противвредност од 500 евра која се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

На наградените тимови им ја честитаме победата и им посакуваме успешна практична реализација на нивните социјални претпријатија.

status

Повик за учество на натпревар за социјално претприемништво за млади Роми

Повик за учество на натпревар за социјално претприемништво за млади Роми

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организира натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво“ EuropeAid/136315/ID/ACT/MK како дел од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV).

Тимовите од максимум 5 члена од ромска етничка заедница кои се заинтересирани да учествуваат, потребно е да аплицираат онлајн, со пополнување на кратка апликација за нивната бизнис идеја за социјално претпријатие, најдоцна до 20.10.2017, на следниот линк:

Аплицирање на натпреварот

Добиените апликации ќе бидат оценати од страна на стучно жири, а најдобрите 8 тима ќе добијат сертификати и ќе се пласираат во финалето на натпреварот, кое ќе се одржи во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво, ПСМ инкубатор (16 Македонска бригада 13б, Скопје), на 24.10.2017. На финалето на натпреварот, тимовите ќе имаат можност да ја претстават нивната идеја за социјално претпријатие пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ќе ги избере најдобрите три тима кои ќе бидат соодветно наградени:

Прва награда (награден фонд во противвредност од 700 евра која се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Втора награда (награден фонд во противвредност од 600 евра која се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Трета награда (награден фонд во противвредност од 500 евра која се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Консултантските сесии со експертите се наменети за понатамошен развој и практична реализација на социјалните претпријатија, на следните теми:

– Развој на бизнис модел;

– Менторство за финансиско планирање;

– Менаџирање на ризик;

– Ефективна комуникација и маркетинг;

– Развој на бизнис план;

– Подготвување за претставување на бизнис идејата пред борд на инвеститори;

– Можности за дополнително надворешно финансирање.

status

Обезбедете учество на натпреварот Get In The Ring 2016

Обезбедете учество на натпреварот Get In The Ring 2016

gir-ncdiel

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) во соработка со Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука на РМ, Министерството за економија на РМ, Град Скопје и главниот покровител на настанот фондацијата Македонија 2025, и во 2016 година го организираат натпрeварот „Get In The Ring за средни училишта“. На натпреварот ќе бидат обезбедени награди за победниците, како и сертификати за тимовите и менторите кои ќе се пласираат во полуфиналето на натпреварот (16-те најдобри тимови кои ќе ги избере стручното жири).

Од секое училиште можат да се пријават максимум до 2 тима од ученици кои се во завршните години (III и IV година), додека секој тим може да се состои од максимум 4 ученици (+ментор/и).

Продолжи…

video

2 Минути претприемништво во петок: Да започнам или да не започнам бизнис

Како прво видео во серијалот две минути претприемништво во петок зборуваме за одговор на прашањето дали да започнам или да не започнам бизнис во моментов.
status

Глобалниот натпревар Get in the Ring објави повик за стартапи

Глобалниот натпревар Get in the Ring објави повик за стартапи

GITR најава

Интернационалниот натпревар за стартапи Get in the Ring во организација на НЦРИПУ (NCDIEL) објави повик за аплицирање за националното финале, кое ќе се одржи на 5.11.2015 година во хотел „Александар Палас“ во рамки на 10-тата Европска недела на мали и средни претпријатија. Краен рок за аплицирање е 25.10.2015 година. Право на учество имаат сите стартапи кои не се постари од 8 години и имаат иновативен и скалабилен бизнис модел/идеја погодна за презентација пред борд на инвеститори. Победниците (двата првопласирани тима) ќе ја претставуваат Македонија на регионалното финале во Софија, а за првите три места следат и награди од нашите партнери (прво место – €1000; второ место – €600 и трето место €200).

Продолжи…

post

Епизода #36: Зголемување на вашата моќ за набљудување

Како еден претприемач постојано се наоѓате во ситуација на набљудување без разлика дали станува збор за планирано експериментирање или секојдневната работа.

Набљудување

Во оваа епизода зборувам за “Зголемување на вашата моќ за набљудување”. Набљудување е кога следите што се случува околу вас и вашиот бизнис и колку сте подобри во набљудувањето, толку подобри податоци и информации ќе можете да соберете кои ќе ви бидат од непроценлива вредност кога донесувате клучни одлуки за вашиот бизнис.

Продолжи…

audio

Епизода #35: Користење на информациска технологија за поттикнување на иновации

Денес едноставно не смееме да имаме изговор за некористење на информациска технологија во секојдневните деловни активности, особено иновација.

претприемачки пат 35 - користење на информациска технологија за иновации

Во оваа епизода ќе зборувам за користење на информациска технологија за поттикнување на иновација во вашиот бизнис. Можеби веднаш ви звучи како нешто сложено, нешто што бара висока технологија и нешто недостапно во моментов за вас како еден мал бизнис. Но, верувајте имам искуство со некои бизниси користејќи ги нивните постоечки ресурси, малку креативност и имплементирање на процес на експериментирање да успееме да иновираме сосема нови процеси, да подобриме постоечки процеси и тоа да резултира во зголемување на приходи од 200-300%.

Продолжи…

post

Како да се справите со прекини?

Прекини претставуваат неизбежен дел од секојдневна работа на еден претприемач и тоа е факт од кој нема бегање. Прашање е дали ефикасно се справувате со нив.

справување со прекини

Сигурно сте почувствувале што значат прекини во вашата секојдневна работа. Во моментов веднаш ви доаѓаат на ум зборовите непродуктивност, неефикасност, одложување, пробивање на рокови…

Продолжи…