Неделни Билтени
Регистрирај се за неделни билтени на претприемач. Ќе добиете 10 Бесплатни бизнис темплејти, 10 видео материјали за изработка на веб презентација и калкулатор за анализа на готовински тек.
Вашето Име
Ваш Email
Почетна Започнување на бизнис Бизнис идеи 6 СОВЕТИ ЗА КРЕАТИВНОСТ ЗА ДОБРА БИЗНИС ИДЕА?

PostHeaderIcon 6 СОВЕТИ ЗА КРЕАТИВНОСТ ЗА ДОБРА БИЗНИС ИДЕА?

Бизнис идеите доаѓаат од мозокот на претприемачот. Добра бизнис идеа доаѓа кога вашата креативност е на високо ниво. Но не сме секогаш креативни. Или пак, кога сме креативни подоцна ги забораваме идеите затоа што не сме ги запишале. Во вакви случаи идеата се губи и веќе не е актуелна. Секој добар бизнис се базира на добра бизнис идеа која е резултат на креативноста на претприемачот. Како да ја поттикнеме креативноста во секој од нас за да дојдеме до добра бизнис идеа која ќе се трансформира во успешен бизнис?

Постојат различни конкретни начини за максимизирање на креативноста заради изнаоѓање на одлични бизнис идеи. Следниве совети може да ви помогнат во самиот процес:

  • Имајте бележник секогаш кај себе. Никогаш не знаете каде може да добиете добра бизнис идеа за малопродажба. Дали кога ручате, гледате телевизор, одморате, слушате радио, возите автомобил или велосипед. Доколку не ги запишете нема да ги запомните. Бележникот или нотесот не мора да биде некој голем, доволно е да имате мал нотес кој можете да го носите во џеб, парче хартија и пенкало. Идеите можете да ги заведувате и на лап топ доколку го имате кај себе, можете да го користите вашиот мобилен телефон како бележник бидејќи скоро секогаш ви е при рака. Скоро и да нема мобилен телефон без софтверска апликација за бележник (Notes).
  • Сменете ги рутините во вашиот живот. Секогаш кога правиме нешто во секојдневието го правиме врз основа на некои рутини или по автоматизам. Она што го знаеме го правиме без размислување. Но, дали ќе биде исто ако не го правиме тоа на истиот начин? Доколку ги смениме рутинските работи во нашето секојдневие ќе ја поттикнеме нашата креативност. Веднаш ќе се соочиме со некој проблем кој ќе треба да го решиме што ќе бара креативност од наша страна. Се што ќе не оттргне од нашето нормално опкружување ќе на наведе да ги гледаме работите на нов prasalnikпоинаков начин.
  • Разгледувајте. Кај и да одите или патувате, разгледувајте околу себе, следете ги работите како се одвиваат кога купувате нешто, кога читате нешто, кога јадете во ресторан, кога сте во кафеана и пиете пиво со пријателите. Започнете да се прашувате за тоа што го гледате и зошто го гледате тоа. Сето оваа ќе ја разбуди креативноста кај вас.
  • Вмрежувајте се. Без сопствено вмрежување уште во оваа фаза од вашиот бизнис шансите за успех се мали. Сретнувајте различни луѓе, запознавајте се со нив, разменете искуства и сето тоа ќе доведе до нови идеи. Не заборавајте го интернетот преку кој можете да се допишувате и да разговарате со луѓе од различни краишта на светот. Отворете акаунт на Facebook и полека но сигурно ширете ја сопствената мрежа на пријатели и разговарајте за темите кои ги размислувате. Искористете ги сите тие различни размислувања. Ова е уште подобро бидејќи ќе креира и потенцијални потрошувачи за вашиот иден или постоечки бизнис.
  • Реиновација. Земете различни производи додавајте им некои својства, како на пример, додадете на фармерки некој каиш од стари алишта кој вие ќе го изработите. Дали ќе ви се допадне креацијата? Комбинирајте 2 или 3 производи во еден. Сигурно во вашата блиска околина постојат илјадници производи кои ги користите или не ги користите. Размислувајте за друго користење на тие производи. Сето тоа помага во креирање на конечната бизнис идеа.
  • Користете ги местата кои ја зголемуваат креативноста. Кога возите сами секогаш размислувате за нешто и во тој момент креативноста ви е на високо ниво. Обидете се да запомните нешто (бидејќи додека возите не можете и да запишувате) и потоа запишете ја идеата. Според повеќе истражувања најкреативното место за човекот претставува купатилото под туш или во бања или пак на WC школка. Околу 90% од мажите потврдуваат дека на WC школката им е најголема креативноста, за разлика од жените кои имаат различно мислење за оваа место. Како места за извор на добри идеи се и здодевните состаноци. Секој состанок кој е долг, на кој се забегува од темите допринесува да вашиот мозок заскита на покреативни работи. Ова се само дел од местата за кои се смета дека ја зголемуваат креативноста, но секоја личност има различни места. Затоа пронајдете го вашето место и искористете го за креирање на бизнис идеи.

 

Запомнете дека добивањето на добра бизнис идеа доаѓа од различни извори. Обично бизнис идеата е резултат на мината или сегашна кариера, хобито, личниот интерес и активностите во слободно време. Понекогаш идеите се резултат од идентификација на идни трендови или пак од наоѓање на некој проблем и негово решение.

За да се добие добра бизнис идеа потребно е креативноста да е на високо ниво, односно да му допуштите на вашиот мозок да биде креативен. За да креативноста биде на високо ниво потребно е да се ставите надвор од позиција на нормалните рутини на вашиот живот.

Последно освежено ( Петок, 26 Декември 2008 20:32 )